Ај земете и одерете ме не стврано,земете и одерете ме таман ќе ви излези еден куп месо и сало за во зимата а бре не сум за тепање,туку да ме земиш и да ме тропниш од земја,така солидно,неколку пати.. милион пати зошто бе?зошто?немам карактер,немам истрајност во слабеењето јадам,јадам,јадам и јадам пу...срам да ми е,каде бе вака?до кога?сега во моментот голтам зелен чај-џабе,од ко се налапав ко прасе.Ама од утре...жими мене од утре јок јадење,се враќам пак на ѓумбирот,па макар и да се удам од ко ќе го допијам...и после сакам да немам стомак.Абре до 31 август има да го нема стомакот,на одмор ќе се сончам како риба на суво
6 месеци - 14 кила. Од 74, стигнав до 60. Пресилна. На лето ке вежбам, ке возам велосипед. Повеќе не сакам во килограми да слабеам , туку во конструкција. 1.68 последно бев висока што значи тамам ми се 60 кг. Spoiler Изум сум пустата се сама си пресметувам.
Сношти си реков нема да вечерам и после станав во 12 ипол се нагмечив ајвар и сирење. Две-три кила ќе смакнам до матура со ова темпо, аха.
Веќе не се најавувам во темава, да не бидам премногу драматична. :geek: Појадував кифла со сирење. Ручав ѓувеч, една мала порција, и вечерав овошен јогурт со едно мало колаченце интегрално. И пешачев, три-четири саати.
Ејј стигнав до вага конечно иииИИИИИ сапрајззз... 3 кила помалку Значи вежбање сакалоо... а јас се измачував со диети. За две недели 3 кила, предходната недела ја постев, ама количински не се ограничував ич. Пешачење секој ден 2-3 саати, вежбање пола саат саат и тоа е тоа. Си ја најдов формулата за слабеење по толку години талкање. Ај уште 3-4 кила и ке бидам таман
Дали гравот има многу калории? Прашувам за чист приготван без зејтин. Оваа недела зејтинот не го конзумирам. Денеска покрај режимот на исхрана започнав повторно со вежбање. По 20 минути на орбитрек, 97 калории стопени!
Денес појадував гранола од Виталиа, дека немав апетит многу, многу. Ручав макробиотски сендвич, и вечерав ептееееееен мааааала порција макарони со чаша јогурт. И пешачев, да,да, пешачев. Низ Скопје, и до железничка два пати, да си го барам новчаникот.
Во однос на диетите и вежбањето. Јас искуство со диети немам и не ги поддржувам затоа што само можат да го ослабнат организамот, да го нарушат имунитетот и да ослабне крвта. Додека пак од друга страна поддржувам здрава исхрана, која не подразбира само овошје и зеленчук. Значи мора да се јаде од се, од јаглехидрати, масти и шеќери, се тоа му е потребно на телото и тие мора да се внесуваат. Значи житарици, јајца, варено или печено месо со мала количина на масло (ладно цедено) и шеќер во форма на безкалоричен засладувач. Тој шеќер ќе ја задоволи потребата за благо ама нема да донесе дополнителни калории. Го препорачувам Стевиа на Виталија, околу 200 денари е 250 грама. Насабајле житарици и овошје, за ручек протеини јајце, месо, за вечера салата. Меѓу оброци нешто нискокалорично благо, житно чоколатце, направете си нешто со засладувачот .... белиот леб заменете го со црн интегрален леб, но јадете го само за ручек. Наутро е најдобро да се јадат житарици кои ќе ви дадат енергија за во текот на денот. Јадете ги со јогурт или со млеко со намалена масленост. Правете со шејкови со интегрален ориз и овошје, одлично е за наутро и за ужинка. Грицкајте интегрални грицки или бадеми, ореви, лешници (не во големи количини, една рака е доволно). За да се слабее мора повеќе да се троши одколку што се внесува, јасно, ама кога ќе си го добиете посакуваниот изглед ќе може да си јадете што сакате и да си балансирате колку што ќе изедеш толку да потрошиш. Ете јас го правев тоа, јас не внимавам на исхраната, јадам без ограничувања хамбургер, чоколади, пици, месо, компир СЕ. И цело време ја имав иделаната линија, без целулит, без да виси стомаче и спојлерче, ама јас сум динамична личност и постојано сум во движење. Трчање, возење велосипед, одев и на пилатес, пливање.... Се случи да имам проблеми со желудникот поради кои неможев да јадам еден период и премногу ослабев, за потоа кога си го излечив проблемот да се поправам нагло. Имам вишок од мојата замислена идеална линија. Од пропорции 90-60-86 станав 94-66-86 (од доле нагоре). Сега сакам пак да се вратам на истите, не изгледам дебело, сите ми викаат дека сум таман ама јас не се осеќам убаво, онака зголемена сум, расширена што се вика ама за висината не изгледам убаво, се осеќам ко Ким Кардашиан Не озбилно, на моите 165 ова се веќе претерани облини. Имам и целулитче на задникот и задниот дел на бутовите и ова се мерките што ги превземав пред 5 дена: - 6:30 една банана и еден саат трчање, туширање со антицелулитен гел + масажа - на работа сум нонстоп во движење (за среќа) + јадам интегрално печиво, јогурт со семиња, житарици, овошни јогурти, зелен чај со ѓумбир, правам и шејк за на работа со варен интегрален ориз или бадеми и овошје. - ручекот дома ми се состои од некоја манџа на мајка ми, месо, супи, салата.... - кога ми се грицка некој грицкам интегрални стапчиња или переци од Е вита или Виталија - вечерата гледам да ми е пред 7, ама искрено неможам да не јадам ништо до 12 саат кога легнувам бидејќи несакам да го расипам желудникот, а ужасно ме боли кога е празен. Секако тоа што го вечерам е салата без сол. - потоа накај 11 саат повторно трчам или пешачам околу 4 километри, па следи повторно туширање и масажа со талог од кафе. Пак не сум толку ригорозна со храната, знам да кснам и пржено компирче, пица и слично само гледам да не е тоа касно навечер. Несакам да се измачувам.
На 15 Мар 2013, кога се мерев имав 88 - кук, 74 - половина, 90 - гради, а сега сум 88 - кук, 71 - половина, 91 - гради. Задоволна сум како ми оди до сега. Лето хир ај кам .
Да ти кажам и мене ми беше чудно и затоа два пати се измерив да проверам. Можно е минатиот пат да сум видела погрешно, сепак еден сантим е разлика. Ама нека им биде толку растење, несакам повеќе.
Мене кога ми се зголемија - трудна бев Ајде, само напред, со лесно на сите диеталки, И НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ГО ЃУМБИРОТ
Можно е! Нема шанси, барем мислам . А можно да е од ѓумбирот. Така да делува позитивно за облини . Сега додека си правев лимонада ми текна дека кога одев на фитнес правев доста вежби за градите и рацете, па можеби градите ми се подигнале малце. И фитнесот највеќе го сакав за таа справа, само на неа бев. Некоја замена или идеја за вежби за подигнување на градите, ама да може да се изведуваат во домашни услови?
Исхраната е фактор за да добиеш подобра композиција и естетика кај Pectoris majoris. 2 грама протеин секој ден е потребно за одржување на мускулатурата. Тренингот треба да ти биде 3 пати тежински и да вклучува вежбање на цело тело. Поглени го линков за гради. http://motivirajse.wordpress.com/2012/0 ... %B4%D0%B8/ Вежби ца цело тело. http://karas4training.com/mk/training/d ... na-tezhina
Јас ги подржувам сите тие кои што држат диети и сакаат да ослабат.Ама тие што сакаат да ослабат затоа што нив им пречи тежината.А не тие што имаат комплекси дека другите им викале дека се дебели,па почнуваат да си мислат и дека се грди....глупости на квадрат. Кој може да издржи и го симне вишокот секоја му чест .А верувам дека секој може,ама не секој се обидел. Јас сум си дебелка.И супер се чувствувам.Имам и јас некое искуство со диети.Ама со болни диети,со изгладнување и сфатив дека така повеќе не иде. Искрено имам забележано дека дебелките иако не се згодни и секси се мн убави (зборам за лицето),без навреда..Слабите нормално се секси и згодни и имаат убаво тело,за разлика од дебелите,ама многу дебели имаат убаво лице.Не сакам да кажам дека слабите се грди,секако дека не,но сакам да кажам дека дебелите и покрај тоа што немаат добро тело имаат убаво лице.
Јас не се согласувам со тебе.Како прво и јас ги подржувам сите што сакаат да ослабнат ама не само со држење на диети туку со формирање на еден здрав начин на исхрана и воопшто здрав начин на живот и секако со вежбање.Е сега не е се во губењето на тежината бидејќи таа тежина ти пречи туку таа тежина ако продолжиш со таков начин на исхрана тоа за 20 год може и да те убие.А вежбањето е за да си ја повратиш самодовербата бидејќи ако претходно си мислела дека неможеш да направиш 10 склекови или да трчаш 15мин а сега го правиш тоа без никаков проблем сфаќаш дека ќе можеш да направиш и се друго во животот што си го посакувала а си мислела дека неможеш од разни причини.А башка е тоа што ќе добиеш тело на кое сите ќе завидуваат.Ова сега што го кажав го знам по себе не дека бев дебела ама од кога почнав со вежбање и со здрава исхрана почна некако да ми се зголемува самодоврбата која претходно и да ја немав.Значи се на се дека не е само губење на 15-20 кила туку враќање на силата,самодовербата,здравјето.Поздрав
Боље да љуља него да жуља. Девојките не ухранети имаат проблем со кожата затоа што со не балансирана исхрана не се внесуваат витамините Д,А,К,Е кој се витални за одржување на кожата
Како и да е,што сакате да кажете,мене едноставно не ми е гајле,не е се во надворешната убавина,затоа јас не се замрам дали сум дебела или не,ама тие што сакаат и се трудат навистина ги подржувам и со среќа нека им е. Секој си има свој живот и не знам зошто осудувате.Ако држела диета и вежбала доста и било била мн слаба,ако не била мн дебела,па што ви е вас гајле за туѓиот живот? Девојки,вие што сте почнале и што се трудите само напред и да не ве интересира што другите зборат.
Незбориме за надворешна убавина туку за здравјето и чувството после вежбањето и силата,самодовербата која ја имаш потоа