Ајде женски, можеме и без благо...нели? Според диета на Иренна сепрепорачува благо да се јаде наутро, така и јас правев во почетокот и си ја задоволував потребата за благо. Сега доручкувам претежно овошје и мусли, и вака ми е поубаво. До ручекот може да каснам и житарка-Витанова или тие на Виталија и толку од благото. Практикувам муслите да ги јадам со јогурт, некако не сум обожавател на млеко. Вчера вечерав една краставица и патлиџанче, ги прелеав со јогурт (инаку само Баланс пијам) Денес доручкував шпагети само со вегета. За ручек уште не знам, ќе видиме, најверојатно ориз ќе си сварам. Ме интересира дали смее да се јадат погачи, пити и зелници...секако мало парченце. Свеки моја месеше вчера зелник, а бе како мириса ама се воздржав не пробав. Смеам ли барем за ручек да поткаснам со салата заедно? Што викате? Смеам
лолита, не е препорачано во диета Hо, од едно мало парче пита, ништо нема да ти биде, доколку си физички активна и зашто за ручек да го јадеш? подобро сега, посабајлечки лапни си го, па за ручек направи си некоја домашна супа со салата, бидејќи веќе си внела калории, ручекот и вечерата нека ти бидат полесни
Добро е тогаш, да не ми паѓа мотивацијата Фалаааа Лудо Денес од сабајле ќе јадам житарици за казна 2 и пол лажици За ручек ќе видам што ќе си направам ... ама ќе бидете навремено известени.
Jас, не сум јас ако не се пофалам чичко ми од село ми донесе 2 огромни гајби домати, ама домат огромен, да те тресне да се онесвестиш огромна гајба цреши мх мх ..... и гајба краставици! како ми погоди се да живее Cтрумица сега сакала-нејќела ќе си кркам ова! јас јадев цреши цреши едно чудо цреши за појадок, какви се големи, црвени зрели, мх мх
Пообилен појадок - па сабота сме . Геврече едно малецко, банана, 150 гр. цреши, витанова [за прв пат блашко од вторникот неам јадено ]. Се на се околу 500 [130+80+150+105] kCal. Ми преостануваат уште 700 kCal [за викенд +200 kCal си додавам]. 400 ручек и 200 вечера. За ручек 2 парченца стек = 200 kCal [праени со Маги], значи месото му испаѓа 230 kCal и 70 калории некоја салата. Значи 300 kCal. За вечера краставица, патлиџан и пола кисело млеко [30+50+100] 180-200 kCal. Фала Богу, значи пак испаѓаат 1000 kалории ако се придружувам како шо треба.
Ова ви е линк за Нутрициона табела на јајца, масла и масти со калории пресметки се, за 100 гр http://www.kulinar.mk/TabeliStatistiki/ ... -Proizvodi едит: има и за зеленчук, месо, пијалоци на истото ќе видите всушност.
Да на пола, инаку нема 300 калории дека - 100 гр = 55 калории. 350 грама е целото значи 55х3+30=195 калории е целото.
аааа јас мислев од она од 500 грама пошто обично се од пола литро и по 60 калории се, ова твоево кое е? не сум начекала од 350мл! шо пари е едит- цела се испобркав јас по 1литро ги рачунав! да да, пола литро е 300 калории! едит- оваа е најубава тука има и колку калории трошиш итн http://www.dijeta.net/006_tablice-alati.htm
Хелоу девојки... Абе глеам низ сајтов мали гевречиња (гевречињата - мојата слаба точка, што ретко ми се случува да каснам зашто мислам дека ако почнам нема да запрам) ама какви се тие мали и толку малку калорични. Па еден геврек до го мереш на дигитална вага сигурно има околу 100 грама (пробано) ако не и више. А во 100 грама тесто (било какво) има околу 350 кцал. И сеа прашањето ми е, какви се тие гевречиња ЧД Инаку, страдав од компулзивно прејадување до пред некое време, а тоа го навлеков зашто бев опседната со диети и изглед цел живот (не дека сеа не сум,ама...) и се мачам да ослабам 5 кг. и заради нив цело време ми се случува тоа прејадување, па јојо ефект, па дупли тренинзи...и нон стоп сметав калории и запишував, буквално бев опседната со храната... ама една недела не сум броела ништо (ипак внимавам како се хранам) и одма сум симнала 1-2кг. Така да со Вас сум, колку и да се трудам да не мислам на храна, диети, калории, сепак тука сум... ЧД
Епа обично геврече има по 150 гр. од кои има вода и воздух, така да има стаено малце брашно и нешто за да нарасте и според некоја проценка едно има околу 130-150 кCal. Еве мислење за kCal на ѓеврек од друг член: Епа @ЈОКА струмичконо - најубаво кисело млеко! Пакувањето му е 350 gr. значи [195] 200 kCal. За број на истрошени калории исто ви препорачувам ZDRAVA KRAVA: CLICK. @:* *Зборувам за поголемото пакување, она помалото има некои 150 gr.
Девојки јас вчера направив грев... изедов една крембанана и после кај баба ми изедов една мала наполитанка Ај наполитанката, ама кога видов дека крембананата има 360 калории коса на глава ми се крена. Како и да е, вежбав два пати вчера, сигурно сум потрошила нешто од тоа, зошто убаво се испотив. Сабајлево мајка ми ме натера да јадам од питата со мелено месо што ја купила(да не сум гладувала ), и изедов два реда со јогурт, и после тоа ленено семе една лажица, сомелено во мојата уста. Мислам дека тоа питата ми беше доволна за цел ден, до крај на денов ќе јадам само нешто овошје,зеленчук, ептен ако ми се пријаде приквечер ќе изедам некои 50 грама мусли. И ќе вежбам секако П.С- Почнаа да ми кажуваат луѓе дека сум ослабела! Јееее! И од сабајле си се гледам во огледало, и си се смешкам, стомакот ми е една третина помал.Не дека е некоја голема разлика, и така од сабајле секогаш ми изгледа послаб, ама сепак има напредок овие две недели!
^^ Хм, не знам , дај Боже да е така, ама тука на ова најлончево не пишува колку грама, само дека има 360 калории...
една крембанана мислам дека е 20 грама! и на 100гр е 360 така да не се секирај! ако е 20 грама 1 крембанана тогаш има 72 калории
Страв и ужасии да го фати човек кога ја чита темава. Вие броите калории, нон стоп, на се' живо и диво? И ви прави разлика некој производ за 50-тина калории плус? That is like... so annoying. И дај не се притрешавајте за едно крем бананче или ред црно чоколадо, смешно е и срамно е, ако сте мавнале пола или цела милка, или огромно парче торта тогаш обратете се. Ова почнува да наликува на drama queens, што е наредно? Леле, лизнав една голтка повеќе вода, што ќе ми се случи? Имам чувство дека некои кои стварно немаат потреба од ригорозна диета, а се потресуваат до небото ко да си играат мајтап со нас... For real.