Јас од секогаш си имам средно меше али нозеве и задников...Големки ми се а не знам како да ги ослабам во најкраток можен рок. Ве молам помогнете ми почнав да се разочарувам...
Ја пак се вратив на 64,8 аххх пуста јас, малку ќе се опуштиш и одма оп. Многу сум тажна....ама дапоминат празнициве и после 6ти пак се ставам на режим.
Па се дур се гледаш во вагата а не во огледало и не градиш убаво тело со интензитет ќе си останеш таква како што си. Едуцирај се за активна маса,тренинг каков треба да направиш за да изгледаш како фитнес тело. Нема правила и почни да вежбаш.
Епа еве веќе ова ќе ми биде IV-ти месец од денес. Се на се успеав некако да симнам околу 12-13 килограми. Знам дека не е многу, и мене ми требаат уште бајаги ама сепак... Моментално сум 69 килограми, па бар уште 5-6 минимум ми недостигаат за да бидам рибетина. Се шалам, нормално...Имам јас време до тоа ама како и да е да ти кажам искрено задоволна сум од успехот кој го постигнав. Иако можеше и повеќе секако ама тоа е. Имам цело лето на располагање, вклучувајки го и овој месец за да го постигнам она што навистина го сакам и према тоа не му ја мислам многу. Денес си зедов слободен ден, а на велигден исто така. Ама затоа после нив следува овошен ден за минимална детоксикација на организмот, па се надевам дека нема да ми се налути за шоковите кои му ѓи приредов. Инаку, не држам УН диета. Здрав режим на исхрана имам. Наутро овошје, на ручек некоја манџичка со салата, или месо со салата и тоа е. Таа е таа комбинација во главно. Башка вежбам многу, ама навистина многу и не планирам да правам некои големи рестрикции во исхраната за потоа да симнам 30 килограми а да вратам 40. Не, не, благодарам.
Јас денес појадував кришка лебче со салата од домати. За ручек имам леќа и салата, а за вечера најверојатно ќе дробам марула.
Арно рече. Овие се повеќе од доволно во текот на еден ден. http://www.youtube.com/watch?v=1919eTCoESo
Брее никој нема да пише на темава веќе трети ден по ред од строгиве диеталки. Spoiler Сите сме се фрлиле на јадење или мене ми се чини?
Ќе се расплачам од нервоза пошто страшно е колку имам изгубено мотивација, дисциплина и се остало. 2 дена ќе бидам супер, здрава, избалансирана исхрана, 3тиот се фрлам на јадење како да сум гладувала со месеци. Ужас, ужас најголем! Нема смисла повеќе ова, од моиве глупости со 2 дена нејадење па 5 јадење ко стрвно говедо дојдов до 58 кила. Од понеделник ја почнувам медицинската, кој сака да ми се придружи - слободно. Поздрав диеталки.
Здраво ,драги форумџики и јас еве веке една година се нервирам што сум дебела и ми смета тоа,но никако да започнам.А сега сум цврсто решена.Имам само 14 год.,висока сум 154 цм,а имам повеке од 70 кг идам накај 80 што е навистина страшно .Овој пат сум и психички и физички спремна и ако се откажам очекувам ќотек од вас. Сакам до септември да ги намалам килограмите и да стигнам до 50 кг,доволно ке биде. Моето најголемо искушение ке биде утре.Бидејки ке одиме на ручек кај баба и дедо и ке има и јагнешко месо,руска салата,печени комири,чоколадна торта,пита со спањак.....Намерно сакам да почнам од утре бидејки ако го издржам ова,тогаш ств лесно ке иде. Ја почнувам најефикасната и најлесната диета-УН диета. Тука сме сите заедно да си се бодриме. Добро ве најдов.
Jас си се ослободив овие 3 дена. Многу јадев - кифлички, торта, кременадли... Од утре почнувам 7 дневна диета која ќе ми се состои со (јајца) салати + благото неизбежно мора да го изедам. Исто така ќе внесувам јогурт. Месото го оставам целосно на страна. Ќе го конзумирам ретко. А туната секако дека ќе си ја јадам. Ама и таа ќе ја заборавам оваа недела. Се плашам да се качам на вага!
Несакам да ме сфатиш погрешно, но мој совет би ти бил да не почнуваш од утре. Туку од задутре. Сепак ти не си под казна за да паѓаш под искушение, па после извесен период да станеш уште по тажна и депремирана ради тоа. Барем јас така се чувствував, и уште се чувствувам бидејки ме чекаат бар уште 4 месеци исцрпна работа, балансирана исхрана, вежбање итн. Затоа остави, нека минат празниците. Ќе почнеш и се ќе биде океј. Верувај ми. Поздрав до тебе.
Те разбирам,но за мене ова би било голем успех ако јас го успеам тоа утре и навистина ке бидам горда на себе. Поздрав и до тебе.
Секако, тоа е твој избор. Јас само сакав да ти дадам совет за да не се мачиш. Ако така сметаш дека ќе ти биде полесно, во ред. Но, запомни... Не е толку важно како изгледаш туку како се чувствуваш. Се до оној момент додека расположението не почне да се манифестира врз основа на надворешниот изглед. Како и да е, со среќа за утре.
Ти благодарам од срце за советот . Искрено да битна ми е убавината нема што да лажам но побитно ми е здравјето.Ми смета вишоков,а и не здраво толку јадење,секако за еден ден нема ништо,ама кога ке одлучам,одлучено е.
Почни од сега за подобро утре,за телото да ти рече благодарам за таа промена. Бидејќи си младо девојче и твоите контролираат што да јадеш,голем дел од твојот проблем е во тоа ти самата да направиш промена за СЕБЕ и да почнеш да се храниш поздраво. Значи замени ги сите оброци дома со здрави и ако е можно почни самата да си готвиш. Еден здрав оброк ти е 50 денари за разлика од сендвичарите или били што кое кошта 2 пати повеќе и се празни калории. Почни да ги откачуваш сувомеснатите производи и благите работи и дозволувај си еднаш месечно да јадеш што ти душа сака. За активноста ти препорачувам прво да следиш некоја фитнес програма и да дигаш тежини што се потешки од твојата ташна(иначе не се важи) Без разлика што си 14 години нема научни истражувања што кажуваат дека фитнесот е штетен на тие години баш спротивно фитнесот подобрува инсулин сензитивност,нешто што ти моментално ти е проблем и што и да внесуваш храната се претвара во масти. Трето конзумирај повеќе протеини во твојот случај 100 грама протеин ти е доволно бидејќи сметам дека си некаде 30% телесни масти. Гледај да ја задржиш мускулатурата и ако можеш полека накачувај. Не грижи се не се правиш ѕвер ако вежбаш интензивно баш спротивно вежбањето интензивно дава најдобри резултати,за разлика од аеробичните вежби кои топат само во моментот и не ги подигнуваат одредени хормони што ја подобруваат оксидацијата на мастите(хормон за раст итн). За било каква помош тука сум да ти помогнам,а првиот чекор е ти самата да си почнеш да си мислиш на себе и така твоите ќе ги променат навиките. Ако си цврста во твојот став и видат бенефит и другите ќе следат,само ќе кажам мајка ми беше 70-80 кг и сега од кога се промени со исхрана и почна да биде активна изгледа помладо. Си дозволува колачиња но сепак е активна . Така да проста ти е математиката,но одлуката е многу потешка
Знам дека многумина ќе го сфатат мојот пост како солење памет, ама ќе си дадам за право да го направам тоа. Знам дека ќе си помислите, лесно е да се збори од страна, дека треба човек на своја кожа да почувствува пред да почне да дели совети. Епа еве сум, не сум љубител на режимска исхрана, строго дефинирани оброци и строго дефинирани состојки. Се хранам како што ми дозволува средината, во секој случај се трудам да е што е можно поздраво. Ама луѓе, ништо нема ефект без вежбање. Се жалев и јас, викав дека немам време, копнеев по средношколските денови кога знаев да поминам и по час и половина само на орбитрек, не сметајќи ги и останатите справи. Ама денес, кога се ни е на дофат и на еден клик на копче, навистина е штета да не вложиме малку труд во нашето тело. И јас живеам динамичен живот, ме стемнува на факултетот, ме разденува над компјутер. Таков ми е факултетот, сама си го бирав. Ама на крај, половина час е сосема доволно за да се постигнат завидливи резултати за многу кратко време. Денес барем има видеа колку сакаш, 100тици видови на вежби. Точно, не секој може да вежба се - ама за секого има по нешто. Само труд, и за многу кратко време ќе ја облечете маичката на риги што до вчера сметавте дека ве прави дебела, ќе ја облечете затоа што го истакнува тоа што имате да го покажете. И нема да барате силиконски градник за фустанот, затоа што тој совршено ќе ви прилега и без него. Ќе заборавите на спојлерите и ќе се гордеете со вашиот задник. Ќе изгледате секси и ќе се чувствувате секси. Ова никоја диета нема да ви го овозможи Spoiler Ова реклама за ТОП ШОП
Бар половина час понекогаш не е доволен...За секого е индивидуално е тоа, да знаеш. Јас зборувам од лично искуство дека се придржувам кон балансирана исхрана, здрав режим на исхрана и вежбам на орбитрејк 60-80 минути и плус уште 30 минути пешачам во денот, па повторно не ѓи има посакуваните резултати. Така да, за нас со сало, како и екстремно дебелите потребно е вежбање до максимум, или бар вистински вежби според обликот на телото. На пример за мене, орбитрејкот и стомачниот танц се идеална комбинација на вежби. Кардиото само ми го зацрвстува салото, и не ми го топи и покрај огромната количина на вода која ја пијам. Кога велам огромна мислам на 3-4 литри на ден. Така да за секого е индивидуално. На пример кај мене ѓи нема оние резултати кои ѓи посакувам бидејки има денови кога покрај овошје за доручек, манџа и салата, јадам и по една кришка леб и по неколку реда чоколадо. Но, пак има резултати! 4-5 килограми од месец. Понекогаш си замислувам што би било кога би ѓи минувала деновите строго со рестрикции, дефинитивно би биле повеќе симнати килограми и топење во обем. Така да, се треба за слабеење. Но, сепак колку и да не сакаме да признаеме дека еден нездрав метод (кавитација), и неколку третмани би можеле да направат чудо во обемот. Но, не секој може да си го дозволи тоа, бидејки сите знаеме колку пари имаме во џебот. Инаку, јас не се жалам бидејки и со 64 ќе бидам рибетина. Едноставно откако почнав да вежбам телото почна пополека да ми се оформува. Ми се подигна задникот, ми се зголемија градите, ми се стесни половината. Само колковите попспоро одат, ама и тие ќе се средат за месец до два во потполност. Така да килограмите не се секогаш идеалното мерило. Се зависи од конструкцијата на телото и гените.
Spoiler И нормално, секогаш се тргнува од предпоставката дека тој што соли памет има, и од секогаш имал совршено тело и не ги разбира оние што се мачат со вишокот килограми... Зарем мислиш дека цел живот можеш да живееш на салати и овошје? Нормално е да си дозволиш и благо и леб понекогаш. И нормално дека не се сите вежби за секого, и нормално дека со сувопарно вежбање на мускулите или само со кардио нема да постигнеш никакви резултати, ама не значи дека тоа не можеш да го постигнеш и дома. Интернетот е преполнет со информации, мислиш дека некој вчерашен плачко може повеќе да ти каже ја твоето тело отколку ти самата? Се ни е на дофат на рака, а ние секогаш го избираме тоа за кое што е потребно најмалку труд. Затоа што посегнуваме по диети и апчиња за слабеење, а не го знаеме значењето на зборовите диета и калориски дефицит. Spoiler Би направила паралела тука со она што го гледаме по темите за секс и бременост Затоа што нешто функционира кај еден, не мора да значи дека ќе функционира и кај друг. А за вежбањето, ќе знаеш дека си ја постигнал целта за денес кога од тебе ќе се цеди пот, а мускулите ќе ти пулсираат, кога задоволно ќе идеш под туш и ќе ја почувствуваш секоја капка што паѓа врз тебе, тогаш ќе знаеш дека си направил нешто.
Незнам во која тема требаше да се обратам но мислам овде е најсоодветно.. Денес баш се зачудив кога видов шише синалко жолт газиран сок и пишуваше калории колку ги има во 100 мл и видов имаше само 40 калории а додека пак во битолски баланс јогурт во 100 гр има 52 калории значи дека има повеке а каде каде е поздрав јогуртот а колку само се збори дека газираното е штетно дебелее... Не ми е јасно ова може некој да ми го појасни? Исто така е и со некои овошја што се препорачуваат за слабеење и со нездравите слатки,грицки.. пример јас можам да внесам 500 калории со јадење на пример 1-2 банани, 3 јаболки и неколку портокали или пак можам тие 500 калории да го внесам преку чипс или некои слатки само што ова ке биде во помала количина... не сфакам???
^ Сокот има ,,празни'' калории, т.е беспотребни шеќери што дебелеат. Не можеш да правиш споредба измеѓу јогурт и газиран сок... Каде, каде е јогуртот поздрав и покорисен.