(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. She.e

    She.e Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    46
    Издржав денес,суперрр ^_^ ^_^ .Пресреќна сум,а и нема ќутек од вас да јадам :P .Не ја почнав УН диетата,ама покрај толку јадење јадев само зелка салата и пола чинија варен ориз,не јадев ниту јагнешко,а пак баба ми направила и стек и ќебапчиња и баклава ;( ,ама ете издржав,а од утре Ун диеата.
     
  2. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    Девојкиии ај ве молам за мала помош. Дали е нормално да сум висока 160 а да имам 55 килограми?? Мислам дека изгледам мн дебело и мн ми е срам. :(
    понекогаш и плачам од што мислам и се оптеретувам дека сум дебела.. :(
     
  3. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277

    Ова последново што го напиша го чувствувам речиси секој ден, и многу е јак филингот. :nod:
    Инаку не мислев дека имаш идеално тело и сега најде тука да ,,попуваш'' на нас дебелите, туку едноставно сакав да кажам дека за секој е индвидуално, а ти се согласуваш со тоа.
    Се согласувам и со останатото во потполност.
     
  4. Girlinlove12

    Girlinlove12 Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Здравооо девојкиии !!!
    Прво честитки за таа што се сетила да отвори ваква тема,затоа што во денешно време има многу што се борат со вишок килограми.
    Јас сум висока 1.60 а тежев 84 кг што е стварно премногу...
    Почнував диети и повеќе од 1 ден не можев да издржам зошто бев буквално зависна од благо и леб :$
    Мразев да одам да купувам облека,се срамев да излезам во тесни фармерки,фустанче и сл.
    Но морав да се одлучам и конечно да почнам да се хранам здраво.Да бидам искрена најмногу ми помогна постот.Почнав да постам без масло,не јадев леб,и благо никако.Последните 2-3 недели од постот почнав да јадам по еден геврек,или само по едно парче леб на ден ( најдобро е црн леб )
    Ослабев 9 кг. за 7 недели,можеби не се многу за тоа време но барем има некаков резултат.Планирам да продолжам и понаката.Сега сум матурантка,па се надевам дека ке ослабам уште малку.
    Голема поддршка до сите.
    Само храбро,и одлучно.
    <3
     
    На Doozy и zhap4e им се допаѓа ова.
  5. iloveugirl

    iloveugirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    217
    Најпрво Честит Ѓурѓовден на сите оние што го слават :)
    Овие денови т.е. недела -.- 1ви мај,велигденски празници сите имавме богата трпеза...
    јас денес за ручек имав пилешки стек печен и компири печени значи комбинација од протеини и скроб и плус зелена салата. Сакав да ве прашам многу ли смета ак осум измешала протеини и скроб во еден ручек обично избегнувам да мешам така но ете тоа имаше... Јас сум на некој си свој режим не јадам бел леб т.е. за доручек најчесто житарици и јогурт или празно лиснато или мала штрудла потоа за ручек 1 парче црн леб со нешто комбинирано незнам што оти бев 2ра смена на школо и пред школо јадев дали со сирење или ајвар и за вечера што има дома направено и се разбира конзумирам салата и секогаш кога почувствувам глад јадам овошје... Овој режим знам дека нема да ми помогне но морав така бидеки друг избор немав бидејки цел април бев 2ра смена на училиште и доста потешко е но од оваа недела сме 1ва смена па ке видам дали со диетата на иренна или слично многу сакам и имам желба да го стопам салово на мешето и малку во нозете.... А за баксус во среда одам на 3 дневна ексурзија па така да дури во понеделник ке почнам со некоја диета.. Некој предлог? :)
     
  6. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Се шегуваш? Како е можно да прашуваш уште дали си дебела, па ти човече си врвот на дебелината со тие бројки! Уште си се оптеретувла и си плачела, јас мислам дека тоа малку е!
    Извини тинка-маче, ама кога ќе ми се избаци некој со вакви прашања во темава не знам дали да скролам или само да прочитам и да си седам мирна, ама вакво прашање да остане неодговорено па и уште игнорирано не бидува!
    Значи не можеме да ти кажеме дали изгледаш дебело затоа што
    1. Не те знаеме лично и не те гледаме на слика и никогаш нема да ги разбрам оние кои прашуваат по форуми- вчера имав секс, не знам дали сврши во мене дали сум бремена? или имам 50 кг, а висока сум 1 и 60 дали сум дебела? или вчера си ја изгорев раката пеглајќи, дали ќе ми остане рана?
    2. Секое тело, секоја градба на сечие тело е различна, па така да 2 различни личности со иста висина и тежина можат да изгледаат потполно различно. - едниот може да изгледа послаб на твојата висина и тежина, а друг пополно и подебело, ама сето тоа зависи и од мускулната маса(дали е вежбано и тонирано тело или без активност).
    3. Мислам дека колку и да изгледаш дебело решението не ти е да го прашуваш тоа по форум, туку да земеш и да направиш нешто со тоа ако не сакаш така да изгледаш. Лично јас со таа висина и тежина изгледам таман, речиси сум во топ форма блиску до идеално со таа бројка, но секогаш можеме да тежиме повеќе или помалку, да изгледаме подобро и од доброто, да изгледаме полошо и од лошиот изглед.
    4. Ако немаш вежбано, не е исклучена можноста да изгледаш малку пополно со таа тежина, но сепак зависи од твојата конституција, можеби имаш проблем со одреден дел од телото(т.е тежината не ти е рамномерно распределена) па затоа си изгледаш сама на себе дебело, а всушност, не може да бидеш којзнае колку дебел на 1.60 со 55 кг, уствари тргнувајќи од мене, не можеш никогаш да бидеш дебел со 55кг ако си вежбал, можеш само да изгледаш поцврсто или "порастресено".
    5. Ти пишува дека имаш 17 и разбирливо е да се грижиш за тоа како изгледаш па дури и да се притресуваш дека си дебела затоа што колку и да си слаб во тие тин години секогаш се гледаш себе си поинаку отколку што навистина изгледаш, па донекаде сфаќам дека си загрижена, ама верувај има многу лесно решение за тоа - здрав начин на исхрана(чисто јадење) и вежбање-друг спас нема! :nod: :nod: , а резултатите ќе ти станат јасни после 3 месеци интензивно вежбање, па ако го примениш ова ќе се сетиш што ти пишувала некоја си Лукс во некоја си тема. :nod: Никогаш не е касно(ова важи за сите што се двоумат дали да почнат да вежбаат) да се почне со нешто! Не е касно да почнете со вежбање, има сеуште време да се преземат мерки за подобар изглед. Секогаш е погодно време за започнување за грижа за телото, било да е редуцирана исхрана било да е вежбање, но никогаш не е погодно време да се жалиш, а си имал дадено време на располагање. Не губете ни секунда, ни минута, ни ден за да го промените вашиот организам, за да не биде после касно. Секој почеток е тежок, но после тоа нема ништо поголемо уживање од конфорноста во сопствена кожа, а за тоа вреди да се испотиш и да си ја извадиш душата со вежбање, знам дека ќе се согласат со мене сите од темата мојот фитнес ден. ;)
    6. Не знам дали си сериозна со прашањето и таа "мака" дали навистина те натерала да се зачлениш на фемина затоа што гледам дека си нова или без навреда сакаш да тролаш(не скокај одма, не те напаѓам, само претпоставувам) или па имаш други цели кои не се моја работа, те уверувам дека ако навистина се грижиш како изгледаш-ќе треба да преземиш нешто околу тоа, решението не е во пишување на форум секакви прашања без преземање активност, зошто можеш ти цело време да пишуваш, а со задник да не се помдрнеш е тогаш нема резултати.
    Темава е за поддршка, а вакви прашања делуваат спротивно од мотивирачки.
     
    На Mrs.Cuper и iloveugirl им се допаѓа ова.
  7. She.e

    She.e Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    46
    Колку се нервирам.Повторно не ја почнав УН диетата.Бевме на ручек кај другата баба и имаше свинско месо,а денес е протеински ден и се јаде месо,ама ако почнав да јадам месо тогаш ке немав контрола,во 10 часот јадев две мали јаболки,во 1 часот зелка салата и сега повторно си земав мало јаболко бидејки салатата не ме држи.Епа ајде од утре со УН диетата,задоволна сум што не јадев ниту компири пржени,ниту месо,ниту леб,само салата но сакам што побргу да ја почнам таа диета,а не да си играм играчки.
     
  8. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Значи, килограмите не се мерило. Јас и со 59 не се свиѓам како изгледам. Нормално дека покај диети, пазење на исхрана си треба и вежбање. Минатото лето доста ослабев ама бев многу опуштена секаде, сепак си треба и зацврстување на телото.
    Сега да ви кажам право, и јас не знам што правам. Од Н.Г навака се канам секој ден да почнам диета и никако :). Ама овие денови морам конечно, само да си пазам на исхрана, не мора Ун диети оти веќе психички се изморив од неа :D.

    Сакам да почнам да трчам деновиве т.е. ќе почнам. Баш ме занима вие кои сте трчале подолг период, за колку време отприлика се приметува резултати? Сега не којзнае колку, ама барем малку промена на телото кога се приметува.
     
  9. frofce

    frofce Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
  10. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    :wasntme:
     
    На Barca-Gril, Buttterfly, drugarka и 10 други им се допаѓа ова.
  11. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Комбинирањето на протеини и јаглехидрати е бенефитно,затоа што стимулира повеќе хормони кои се бенефитни за луѓето на диета.
    Протеинте стимулираат глукагон(брат на инсулинот) кој ги тера да се топат маснотиите и амино-киселините како гориво.
    Второ протеините не функционираат без подигање на инсулинот во телото и наместо да се искористат за задржување на мускулатурата,тие се користат како енергија.
    Трето протеините стимулираат ситост,затоа луѓето што пробале се имаат феноменални резултати што јаделе високо-протеинска диета,затоа што се чувстуваат сити.
    Четврто тоа е мит што нутриционистиве наши ни го дале и популарниве диети кој наместо да се фокусираат на што вели науката се фокусираат на своите идеали кој на крај не носат резултати...
     
  12. She.e

    She.e Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    46
    Искрено чудно ми е како издржав овие два дена.Ама од утре построго.
    Јас сакам да стигнам до 50 кг.,што нормално чудно им е на другите бидејки јас сум некаде висока 154 цм.Но мене таа тежина ми одговара.Со таа тежина јас ке бидам како риба.Сега јас воопшто не личам на тие кг што воопшто ги имам,да се гледа дека сум малку дебелка но не ми виси сало на сите страни.Инаку ме загрижува тоа што имам стрии на нозете и стомакот уште на овие години,навистина грозно :puke: ,а слатко ми беше кога си јадев брза храна,тестенини,благо...
    Посериозна не сум била никогаш во животот,но ме нервира тоа што моите ме демотивираат.Татко ми само вика
    свиња се зарекла гомна не јаде
    господе боже и уште ми викаат сите дома диета не ти треба доволно си слаба.А пред да ја почнам види колку си дебела,доста јадеш.Ај сега разбери ги?
    Ама не ги слушам јас нив,ке бидам упорна за да стигнам до целта.
     
  13. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Тоа е нормална реакција кај било кој што воопшто не сака да те види ТИ да се промениш.
    Зашто ова го кажувам.
    Мајка ми кога почнав да и променувам за наше добро да јадеме здраво и да бидеме активни се бунеше.
    Кога почна да гледа дека навистина ми е добро и она самата почна да се внесува во тоа и од мала промена во животот за 1 година ослабе 20 кг.
    Сега трча,пешачи и се чувстува поубаво од претходно.
    Така да единствено е да им викаш е дека и со вас и без вас јас ќе успеам,зашто на крајот на денот и вие некој ден ќе го направите истото :)
     
    На She.e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Freya123

    Freya123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    234
    Не најдов соодветна тема за моево прашање, па ај тука :) дали има поголем ефект ако при вежбање носам кеси околу стомакот или нозете?
     
  15. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Се што ќе изгубиш е вода,а водата ти треба за хидрација на телото.
    Мастите се топат кога правиш калориски дефицит(јадеш помалку)
     
  16. ma4enceEdno

    ma4enceEdno Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    465
    Нешто слично сакам и јас да прашам, само незнаев каде да пишам. Но сепак сакам да прашам како можам да го извадам вишокот на кожа, го имам од кога ослабнав на рацете,нозете и стомакот. Почнаа да ми се знаат мускули од кога почнав да вежбам,иако вежбам и кардио и со тегови, но пак имам како сало, што го викам јас вишок кожа. :worried:
     
  17. Girlinlove12

    Girlinlove12 Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2

    Здравооо

    Jas mislam deka najdobro bi bilo dieta voopsto da ne pocnuvas tuku da pocnes da se hranis zdravo ! Na primer ke konzumiras poveke ovosje,zelencuk,riba,pilesko meso.Najdobro e da ja namalis upotrebata na leb na edno parce (preporaka: crn leb),pij poveke voda,trcaj,pravi vezbi i sekako da namalis so blago.Ova navistina dava dobri rezultati.Mozebi nema da oslabis mnogu brzo no barem rezultatite ke bidat trajni
    Good luck !
     
  18. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    И да јадеш некогаш бел леб не е на штета.
    Значи здраво е да не си дебел,ако претераш со здрава исхрана ќе ти стане досадно и ќе отидеш во друга крајност.
    Се што бара посветеност и трпение.
    Не може секој да ослабне затоа има луѓе што се разбираат со тоа и со трудот и со сите работи го покажуваат :)
     
  19. the-girl1

    the-girl1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.297
    Допаѓања:
    664
    Еве ме девојки мене повторно овде.Од тие 8килограми што ги изгубив неколку ги вратив.Мене не ми беше целта 8кг,но ете неможев повеќе да издржам.Од вчера започнав повторно со диета,и овојпат целта ми е 10килограми.Се надевам дека ќе успеам.
    Поздрав и се читаме.:) :*
     
  20. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492