Јас пак на зумба одам,вежбам кога можам,а и почнувам пак со диетата,малце ја кикснав,не се мрдав со килограмите пошто и не се прејадував,ама сега продолжувам со слабеењето. Можи до летото ќе е подобро
Ах лелееее ке се убијааам.. минатите три дена бев на екскурзија и знаете потешеко е да се внимава на исхраната и денес(дома сум) јас за доручек внесов нешто повее од 600 калории кога пребројав свест ми се заврте си реков ај да ке си кпувам штрудла дома имав севн дејс кроасана ама од тие до вишна и ванила и тие биле околу 350 калории (на интернет видов оти на кесичката не пишуваше) изедов од најлепше желе чоколатце 22 грама тоа е 150 калории и малку 1 ред милка чоколадо со лешници и кога пребројав дојдов до 600 и кусур калории ама јас мислев кроасаната е помалку калорична и затоа земав и чоколадо малку уф лелее овааа недела ми беше никаква од понеделник почнувам многу по строго
Луѓе а цедевитата би ја препорачале ли? Не држам препишана диета, онака само си пазам на исхрана. Ама сакам побрзи резултати, па затоа се трудам да јадам најминимално што можам. Ама во кафич што пиете обично? Само вода, некако не ми иде. А на кафиња, газирани сокови, не ни помислувам. Па цедевитата ми онака изгледата најдобар избор или?
Цедевитата не се препорачува доколку внимавате на исхрана, калории и итн. Има вештачки шеќери. Шумливите или природно исцеден сок се подобра варијанта, за надвор пример, подобро земете цеден портокал, барем природни шеќери и витамини се во прашање, и препорачливо е да не се внесува ни цедено овошје после 19 ч. Сепак, можете чај, минерални води, кафиња со кафеав шеќер...
Ако следиш калории и ти се во дневните потреби зашто да не. Нема врска кафеав шеќер и цедевита. Кафеав шеќер барем кај нас се произведува со додавање боја или маласа + бел шеќер. Ако веќе сакаш благо а да нема калории ти препорачувам натрен или стевија.
Ќе си пукнам. Одамна ме немало овде, воглавно затоа што немав потреба. Си одеше се по текот, прекршоци се правеа, ништо страшно и големо. Фатив алергија, па имав забрането доста видови на јадење, се хранев скоро па без протеини. И резултатот е 2 кг плус. Ете го мевот, рипна. Ми е мака многу, затоа што знам колку ќе биде тешко и со овие 2 кг за симнување/. Јас да се пожалам само, мерките што ќе ги превземам ги знам
Да си запишам во форумскиов дневник! 7ми ден без леб и тестенини; а денес ни благо не каснав (освен пола лажиче мусковадо во кафето). Пак си бројам и калории, ама овој пат дека не јадам леб и тестенини забележувам дека ми останува простор за уште 1 обилен оброк, ама нејќу бре! Одиме до крај! Само, сношти скокав на јаже (400) и така малце левата нога ме боли, па денес паузирав. Да напоменам, јаглехидрати јадам на сабајле (овесни снегулки +рафинирани трици (2-3 лаж) + ленено семе со јогурт), евентуално малце за ручек; ручекот ми е протеински, а вечерата салати и понекогаш парче сирење. Вода пијам 1,5 л. Вежбам 3 часа аеробик (неделно) и 3 часа пилатес (неделно). И најважно од сè - денес си купив пантолони бр. 36, а цел живот купував 38! Ете така! Важно е да се фати ритам во исхраната и да се балансира истата
Ааај нај хепи на свет сум, точно 10 килограми помалку, славам денес Незнам за точно колку време баш ќе си ги прочитам мислењата на темава наназад од кога почнав со диети и со 78 килограми, за сега да сум 68 (се радувам ко мало дете на чоколадо ) Секако имам уште 10 за симнување но ова ми е рекорд
Кој има вага од вас да се мерам? Јас појма немам колку сум,ама се осеќа по телото,почнува да се менува,јеееј! Ќе си продолжам со зумбата,а и орбитрекот ќе почнам почесто да го користам,еве и до диетата си се држам (на ирена) па ќе видиме Знам неможи наеднаш,ама до јули,август сепак ќе е подобро
браво за тебе,како успеа толку да намалиш и за колку временски период која диета што и како ако не тие е тешко пиши позз,и уште еднаш ти честитам
Мене кај и да е, ќе ми никне бавча во стомак! Од Велигден па наваму, не се сеќавам да сум каснала месо (ако не ја сметаме рибата). Татко ми само го полни фрижидерот со пиперки, патлиџани и краставици и мене тоа ми е доволно. Последниве неколку дена доручекот ми се состои од салата патлиџан и блага зелена пиперка + фета сирење (затоа што не е толку масно и калорично, а не е ни толку солено како мешаното или овчото да речеме). Секој ден тоа па тоа, ама вкусно ми е бре! Па и мало парче леб знам да си земам, па да си мацнам Од роденденот ми стојат неколку чоколади во шкаф, ама никако да дојдат на ред, затоа што им се фрлив на јагодите и црешите периодов. Само не знам дали правам утка со шлагот, бидејќи јагодите обично така ги јадам. За ручек денес имаме скуша, па сигурно ќе ја јадам во комбинација со некаква салата. Вечерата одамна не ја практикувам, а ако ептен ми се јаде - залажувам глад со рака пуканки или неколку маслинки (поим немам зошто, ама маслинките ме заситуваат). Течностите не ги изоставувам - шолја зелен чај со цеден лимон после прво станување, а во текот на денот уште 2 литри чај против инфекцијата. Пишав пред некој месец дека и откажав љубов на вагата и еве од тогаш се немам качено. Така што, поим немам како стојам со килажа. И не ни сакам да знам. Само знам дека облеката почнува да ми виси, а вечер закажав кај една шивачка за да и однесам пар фармерки и пар пантолони за да ми ги стесни. Ги држев со каиш што ги држев, ама не ги бива веќе, почнаа да ми висат како торби А не ми се толку одамна купени, година/година ипол максимум.
Од велигден не јадам леб и благо, сакам да ослабам во стомакот имам вишок едно 5 килца, не е многу... порано се дебелев само во бутовите и газот но сега се ми оди во стомак, а колку убав стомак си имав Мислам дека сите 5 кила вишок ми се таму... Одам и на аеробик цел месец, сега ке продолжам на фитнес и ке го снема ке видите
Јадев спотре ун диета, но и броев калории, поточно паралелно држев нискокалорична диета, не внесував повеќе од 500 калории(просек некаде ми е 300 калории дневно) исто така вежбав на орбиттрек и трошев што е можно повеќе калории од она што сум внела, а за време незнам точно по мислењата шо сум ги пишувала тука има некаде околу месец па можеби и два
Да ви кажам право осеќам дека малце се стегнав,па продолжувам Ме фаќаат кризи понекогаш за благо,ама пак,гледам да е само за доручек и тоа малку (таква си е и диетата).Иначе еве една мотивација од мене,не дека сакам толку мускули,не ми се ни цел,ама затегнување даааа Зумба му било мајката ВЕќе 5-6 тренинзи направив,убаво е
девојки јас би ја споделила и мојата сторија за слабеење..Висока сум 182cm и имав 85 kg односно бев подебелка Би сакала да ви го кажам ова затоа што ослабев скоро 11 kg во рок од нецели 2 месеци без некои строги диети и правила односно едноставен режим на здрава исхрана..ево што правев:за доручек јадев овошје или варен геврек со чашка јогурт,за ручек обавезно супа па потоа било што варено гравче,компир манџа,грашок,стек итн и за вечера исто така овошје..за ужинка јадев VITALIA од 1 до 2 најмногу оние што се granula bars со бадем,лешник,брусница и ЦРНО чоколадо...бев физички активна-пешачев по 9 km на ден (4-5 пати неделно зависи од слободното време) и бидејќи имам сибирска хаска таа многу ми помогна во оваа физичка активност бидејќи е стално расположена за брканица хехе така да ви препорачувам строгите диети да ги заменете со некој ваш режим што ви одговара сигурна сум дека ке имате позитивни резултати..Јас ќе продолжам бидејќи имам желба да ослабам барем уште 5kg...поздравв
Не треба да ослабнаме, треба да си го доведеме телото во неговата совршена состојба. Вистинскиот цут на телото е оној со облини и женственост: Ретко да е нешто поубаво од чувството дека сте секси и посакувана! Па дури и во моментите кога ви се гледаат само стапалата или косата...
Јас веќе не спаѓам во оваа категорија...но по породувањето сигурно ќе биде пак турбо за да се вратам во форма. Како и да е сепак ќе ве читка и пишувам понекогаш.
http://www.youtube.com/watch?v=XomQLhjCYYk Spoiler Денес јадев Доминос, ама од утре одиме построго. Нова диета, нова цел!