Честитки на сите за постигнатите резултати! Само продолжете така и без откажување! Еве и јас на рапорт Поминаа веќе 3 дена од како се враќам во форма полека Почнав редовно да вежбам, пешачење + вежби дома и од денес му кажувам бај бај на благото И уште една фото мотивација...
Многу се нервирам на режим на броење на калории сум и гледам да не преминувам 1200 калории но ете денес конзумирав скоро 1400 калории Знам каде е проблемот.. Во тоа што доручекот ми е многу рано во 9 часот и веке во 12 бев гладна а ручек немаше па друго јадев па ручек и така денес внесов скоро 1400 калории уууфф Женски идеи за здрав доручек ( за слабеење) ?
Треба да си испланираш оброци еден ден преходно, мене тоа мислам дека највеќе ми помогна и некако поцврсто се придржував за тоа. На пример, јас за појадок јадев парче леб на тостер со малце вегета и чаша јогурт, или парче леб со малце сиренце и домат, и многу често го внесував јогуртот за појадок и за вечера. Ако ми се јадеше благо јадев парче лубеница или еден сладолед докај 60 калории најдоцна до 13 часот. Ручав што и да е дома без леб, и јадев салата, а вечерав обично шопска или парче соја, нешто такво, со чашка јогуртче или чај. Лебот од исхраната не го исфрлив туку го намалив и го конзумирав за појадок, ако ми се јадеше крем, јадев и крем за доручек со кришка леб, јадев и бурек ама не цел туку половина од нормалното парче кое порано го јадев, јадев и ѓеврек со јогурт, си измислував лесна храна и ја комбинирав, си имав една ужинка после појадокот најдоцна до 13 часот, било да е овошка или сладолед, и никогаш не го надминував калорискиот внес, а се чувствував доста сито и енергично.
Доколку не одите на работа и станувате подоцна многу ќе ви одговара првото јадење да го имате накај 12 и тоа да е овошје. Се до ручекот можете да си каснувате овошје или пак кикиритки, сончоглед. За време на ручекот пожелно е да јадете салата заедно со главното јадење. Салатата е најубаво да ја подготвувате со маслинов зејтин и со малку сол. За вечера имајте повторно салата и секогаш кога ќе ве фати глад може да си каснувате кикиритки. Внимателно со кикиритките, велат дека многу се калорични! Spoiler Мене ми одговараат и затоа ги грицкам. Но јас може еве 4 месеци јадењето месо го сведов на ептен малку. На почетокот јадев почесто туна, сега и тоа не го практикувам често. Сега да не ме сфатите дека месо ич не конзумирам. Јадам ама го јадам во мали количини и почесто е домашно приготвено месо а не сувомеснати производи. Еве еден ден во неделата може да ми се погоди да јадам месо. Тестенини си јадам, умерено! Во новата диета ги имам доста денови и сега за сега не ми покажале негативни резултати. Чоколадо не јадам! Кога ми се јаде благо јадам правени торти - секакви или штрудла. Црно Чоколадо може да каснам. Лебот исто така не го користам. Некогаш јадам двопек (и ова веќе ретко го практикува)! Ама затоа ми се случува (ретко) да си ја почастам душичката со пица или пита. Бурек не сум јадела може добри 5 месеци, сакам да јадам ама ме плаши дека е ептен мрсен. И овие седум денови, со новата диета не смеам да јадам никако леб. Ѓумбир користев многу, ама овие неколку недели правам пауза. Татко ми од кај што ми го набавуваше не го продавале сега. Кога ќе најдам некаде пак ќе си купувам, сакам исклучиво свеж да го конзумирам. Најубаво е да си одберете диета која ќе ви одговара со вашите дневни обврски. Според мене за оние кои сакаат да бидат на диета, а одат на работа, многу подобра диета им е "диетата на Ирена". Таму има богат доручек кој дава енергија, а тоа на ним им е потребно за да бидат свежи на работа.
Зошто се 1400 калории многу? Па не се, нели 1200 му требаат на телото нормално да работи. Си внела 200 плус, ништо страшно, тие 200 калории лесно ќе ги извежбаш и готово
1200 калории не е точната цифра која му е потребна на едно тело кај секој е различно зависно од висина тежина и возраст, и може да се пресмета овде, плус, ова се калории потребни во мирување, значи минус физичката активност, т.е калории потребни за извршување на работата на нашиот организам ко дишење, работа на органи итн! http://www.dijeta.net/BMR-TDEE.htm
Абе денеска бев најјака мислам! - Станав и си направив нескафе со кафеав шеќер пола лажичка го пијам, си сварив Увин чај со пола лимон и си седнав да се расонувам на лаптопот, и опа после еден саат ми светна жичката у желудник за глад, таа опасна црвена темпирана жичка.. И станав (следува гревот) опаааа, крц на фрижидерот, се подади пустата рака по кашкавалот на дечко ми, секундарно го извадив и пресечив две парчишта и демек да го ублажам гревот, со нутри леб ги изедов додека гледав серија, демек да немам голема вина Будала една. И ајде после пак чај пиев со лимон, вода, вода, вода, и накај 5 ми се пријади страшноооооо, а во 7 дечко ми кокошка ќе донесе, да ручаме/вечераме со салата, ама часот беше само 5, и јас Си имам мотивациони слики од мене на позадина на лаптоп, кога бев таман, бомбастиЧна и во топ фит форма, си ги гледав, и ете ја силната волја и желба повторно си дојде при мене Пале тоа да! И станав, си напраив една лимонада и стаив и пола портокал и пола цитрон, и си се качив на орбитрекот и си го вртев со музика пола час, па правев некои вежби, и после со сласт си ја мелев кокошката без леб со салата. И еве ме сега, пијам вода и си правам чај со лимон за друштво додека учам. Утре сабајле одам на Водно у 9, екстра активности се што пожелни кај мојот свински бут и залежана задница со месеци, што морам да кажам жално и греота е оти е толку убава - а не одржана Ама се свестив. Малку треба само да почнам, и веќе навлезив, и калории си бројам, не опсесивно фала Богу, тоа никогаш не палело кај мене, туку отприлика гледам 1500 никако да не надминам. И затоа додека вртам орбитрек нонстоп мислам на гревот кој сум го направила тој ден, и вртам шо побрзо да го изфрлам Значи почнав со физичка кативност со здравиот режим, и не ме тепајте, ама планирам и некое апче да зеам, од аптека едни, од риба, не се како Слим Лајн никако, па ќе видиме. Решена сум и зацртано ми е, готово, нели Тренди душо ???? Јави се ајде и ти, почни да водиш дневник, попослушни би требало да бидиме.
Просто изненаѓена, ма шокирана. Не сум се измерила скоро 2 недели, и денеска ми дојде онака информативно да се измерам, да вдам колку не сум мрднала ни грам подоле,кога тоа 2 кила минус Не ми се верува,ама навистина не ми се верува, зашто не се силев да пазам којзне колку, баш и вчера пиев пиво и јадев малку чипс, а на матура пред некој денсе наљокав вино. Ама веројатно краставците се исплателе. Секоја вечер веќе 2 недели јадам за вечера краставица и малку сирење,пола парче, кравјо не многу масно. Не знам што ми е со краставиците, ама замена за грицки м стнаа, јадам една секоја ден само за вечера, некогаш и една за ручек(салата) Повеќе ме застуваат од зелена салата, која ја прејадов веројатно, а краставицата сега ми послатка. Ма да во последно време оброците ми се многу вегетаријански, саде пиперки, грашок, пченка, моркови и супа јадам. Лонг лив црешите ама ептен ме застуваат и ги мцкам како ужинка. Сувата папаја од виталија е полн погодок, слатка е многу, и дава енергија при учење, едно такво ќе мавнам и по 6 часа имам сила да учам без да јадам друго. Дали е многу топло па не ми се јаде, а може да е и тоа што ми се ближи испитов битен па неккоа немам желба за храна, ама делува позитивно. Никогаш во животот не сум имала повеќе желба за зеленчук посебно,се надевам дека ќе ми потрае уште 2-3 месеци додека го има, да јадам што повеќе. И не се мерам пак едно 2 недели, ќе остаам вака, зашто со пречесто мерење или ми се удира од глава кога ќе ослабам пола кило па се фрлам на частење,или се разочарувам дека не сум мрднала од место и пак јадам да се утешам. 60 кила, не сте веќе толку далеку, не сте
Абе знам дека 1200 не се точна бројка, ама сакав да и посочам да девојката да не се нервира толку. И јас не внесувам многу калории затоа што сум тревопасно животно, ама се приметува, многу се приметува дека кога ќе си ги земам протребните дневни дози значително ми се забрзува метаболизмот. Не се изгладнувајте, по форумот прочитав се и сешто, па и диети со просечен внес на 400 калории дневно. Премалку е, навистина е премалку. И точно, оние калории што се потребни да се одржи телото се дадени во мирување, значи плус секоја физичка активност троши дополнителни калории кои слободно можете да си ги додадете. Значи не сум екперт ниту за исхрана, ниту за вежбање, ама сепак мислам дека многу од девојките претеруваат со изгладнувањето.
Еххх ми треба малце мотивација денеска, теченн деннн убиствооо... си станав сабајлево и мислам дека додека спиеввв течен ден сонувавввв одд мака... и си земав си исцедив сок од цитрони и портоккали, кафе се напив, малце маџун и почнав 30 мин да праам вежбии, раце, нозе, рамења, склекови и го јавнав орбитрекот 1 сааат вртеевв се препотивввввв ама среќна за симнатите калории и сегаааа седамм подалеку од кујна... како ќе издржам незнам...а цело времееее ми сее вртиии у главаааааа шопскаааа амаааа немааа
Тие 2 килца што ги зборував претходно... Ги симнав, дури како од шала. Само малку се стегнав, неосетно малку. И таман е сега. И нели сакав уште 3-4 да симнам па веќе од јануари наваму...? И тие ќе ги симнам. Конечно добив појака мотивација.
Сега ке звучам малку поетично ама малку мотивација да му дадам на некој кој е пред почнување некаков режим. Spoiler Значи јас си бев девојка која секогаш мислела дека си има нормален изглед.Си се гледав и само си викав дека имам малку стомаче за разлика од другарките кои беа нормални.Значи сите ми велеа океј си малку стомачето и супер си. Значи изледав за нормално преку алишта.Но зад алиштата имав ужасен стомак , последната година моите нормални нозе станаа дебели , плус тоа без гради имав структура никаква.Од градите надолу цела бев рамна(во смисла немав струк никаков а имав огромни спојлери). Лани летото претрпив голем број лоши коментари за сметка на мојот изглед. Бев девојка која почнувала голем број замислени глупави диети и за 2 дена прекинував поради охрабрувачки коментари од другите мала си ке се развиеш , имаш време, сега растеш почекај да се развиеш бла бла Будала.Но тоа е тоа. Не почнав тогаш. Ми се случи лоша работа на систематски преглед лани во прва година кога ме измерија и тежев ужасни 74 килограми.Докторката ми кажа Ме гледаш јас сум полна жена не би сакала кога ке бидиш повозрасна да си како мене. Тоа ми беше уште една лекција. Всушост воопшто не се секавам како почнав.Знам беше 18.Ноември (недела) ужасен ден, сив ,ладен и случајно станав и и реков на мајками јас почнувам диета од денес.Татко ми само ме погледна бело и со неверување ми се насмевна. Тоа како да ми беше мотивација. Тогаш се почна.Секој 18 од месецот мене ми е лош ден и многу лош спомен..Не би сега за тоа. Уште другиот ден јас сакав да се откажам кога го видов слаткото од црни сливи како ми се смешка од фрижидерот.Но не..Тогаш ми помогна мајками. Кога и кажав на другарками за диетата не ми поверува.Ми се насмевна и ми рече ке видиме ама ајде ке те подржувам.Другите другарки прифатија океј со среќа но се неверување. Сите се сомневаја.Јас никогаш не сум била истрајна личност.Како што кажав ке почнев и се откажував. Плашливка сум во секоја смисла. Неможев да се замислам послабо , без стомаци, со убави нозе... Но ете почна. Првото мерење се случи после 14 дена и тогаш имав ослабнато 2 кила.Тежев 72.Само погледнав и слатко си се насмеав и нормално се пофалив.Тоа ми беше уште поголема мотивација.Веќе се гледаа моите послаби нозе , почнував да ставам каиш на фармерките.Второ вагање се случи на 29 Декември на роденден кај една другарка кога изедов се што ми се најде пред мене.Тогаш вагата покажа 70. Следното вагање беше некаде Фебруари месец кога тежев 66 кила.Тогаш и слика ставив ако се сеќавате. Имало и периоди кога ке си јадев повеќе и мнооогу се каев но никогаш не застанав.Едноставно нешто не ми даваше..Сега да не должам толку.. Претходната сабота направив 7 месеци како имам свој начин на исхрана и сум тотално нов човек.Тесните блузи ми се омилен дел од облеката, не се плашам да пробам фармерки и се радувам на секое ново парче облека уживајки како ми стои.Гледам нова девојка , плус тоа со нова фризура. Жими се ке се расплачам. Јас сум сеуште истата емотивна и плашлива личност но сега сите ме знаат како истрајна , издржлива, поубава.. Да јас сум многу среќна. Тежам 60 килограми.Висока сум 1.69.Имам тежина која ја посакувам но тука не застанувам. Летото е пред мене продолжувам да вежбам.Повеќе бројката на вагата не ми е важна.Сакам да имам убаво тело , цврти нозе, задник.. Опкружена сум со комлименти разубавена си, прекрасна си, многу си ослабена.. Знам. Убаво ми е. Јас продолжувам.Конечно ова лето ке ме видат во друго тело и со сто пати поголема самодоверба. Се извинував за долгиот пост.Не ми е да се фалам, добро малце, туку сакам да дадам мотивација. Многуте слики бифор афтер многу ми помогнаја мене.И секако Вие бевте огромна подршка иако не бев редовна на темата. Криво ми е што не се сликав со текот на времето, но како што кажав погоре не верував дека ке успеам. Многу среќа. Убава вечер.
BMR е колку твоето тело троши за одржување на живот,тоа значи дека виталните функции како температура(зашто сме топлокрвни суштества),одржување на срцето,мозокот бара енергија и таа се вика Basic Metabolic Rate и се додава уште еден индекс за активност и + 10 % за тоа што телото троши за да ја дигестира храната и ако стоиш или имаш активност што не бара вежбање со додава уште плус,можеш да согориш многу калории само ако направиш некои активности како стоење во место наместо седење. А дека девојките гладуваат види го девојчето подоле имало воден ден + има активност од 1 час и не знам што беше и после ќе биде гладна и не знаела како да се справи со тоа. Па нормално девојче дека ќе бидеш гладна има хормони што се регулатори на тоа и нема шанси да победиш ако немаш адекватна исхрана. После тоа води кон не-регуларности во исхраната како прејадување и враќање на килограмите. Како што сум рекол килограмите знаат да лажат,краен резултат е огледалото. Ако некој вежба треба да биде планирано и да се има цел. Девојките треба месечно со активност средна да слабеат до 4 кг притоа 4 кг се сало а не мускули...
Јас се исушив. Фармерки 40ка, добро, еластични се. Ама со мерак ги купив, така, се израдував троа. Не ми се верува кога се гледам во огледало, значи стојам и се гледам, као, не можам да си поверувам на очите. Уште малку и ќе немам спојлери. И ќе имам клучни коски (читаш ли АНАБЕЛО ). Дечко ми ме немаше видено една недела и кога ме виде, ми вика не ми се веруваше кога те видов, како да те исшмукале со правосмукалка, и во лицето и секаде. Некна си го мерев обемот, и конечно газот ми стана со поголеми пропорции од мевот. Единствената добра работа од сите глупости е ова. За начинот, односно, неначинот на моето исхранување, поточно неисхранување, нема да коментирам. Ќе кажам дека ми се лоши од поголемиот дел работи, ми се повраќа од се' живо и диво, па претежно сум на банани, сок од протокал, интегрален леб и кашкавал. Со друштво, ако изразат желба да јадат, јадам, џвакам, се трудам, се мачам. Дечко ми така ентузијастички ми дава поттик за јадење со некои чуда, вчера со него јадев палачинки, пица, такви ми ти работи. Срам да му е. Се зезам, се труди да ме нарани. Пробувам да си го најдам апетитот, сега се вртев 15 минути во КАМ и апсолутно ништо не ме бендиса освен кашкавал, сок од протокал, едни јуфки да се најдат кои се мислам дека никој нема да ги изеде, и албени. И не ви кажав колкава физичка активност ми следува летово, страв ми е да не ме препознаат по тоа, само да спомнам дека за три месеца ќе поминам многу, многу километри, одејќи, возејќи, трчајки ако доцнам , а измеѓу ќе работам по 9 часа. Ме гледате во септември како сучка исушена. :geek:
Здраво девојки, денес се разбудив полна со желба за здрав живот, да му дадам малку природно гориво на организмов наместо синтетички глупости Доручкував овошен јогурт со јаготка, а ручав пилешко стекче, варен зеленчук од онаа замрзнатата златна мешавина и парче сирење. Во меѓувреме локам вода, а се напив и едно турско од сабајле. Си ја гледам страничкава http://fitspo-girl17.tumblr.com/ и уште помотивирана сум да почнам да си го шетам кучето поредовно а и да го активирам јажето што само ми фаќа прашина. Целта ми е да го симнам слојчево масно и да го заменам со некое мускулче, со килограми решив да не се преоптоварувам.
Оно Дарко Илиевски се здебели, та за нас... Spoiler Поздрав до сите диеталки, тука сум, читам, ги поздравувам вашите успеси и упорност. Ама ме мрзи да пишувам, имам кажано се` што има да се каже на темава, сама на себе сум си досадна, не па на други. Ќе имам еден рапорт на крајот... Имам 4-6 кг за симнување и не ги сметам за трагедија. Напаѓам на повеќе фронтови - исхрана, физ. активност, масажа со кафе, антицелулитен крем, а од први ќе вклучам и посета на некој салон за вшмукување сало... Поздрав девојки
Девојче гладување не е ефективен начин на слабеење. Ако познаваш малку како функционира нашето тело ќе дознаеш дека телото има 3 горива од кај може да најде енергија. Прво иде гликогенот од мускулите,па мастите и после 48 часа мускулите. Би се согласил за тоа постење да го речеме само воден ден да се прави планирано а не со вакви ригорозни диети,каде што после ќе се отиде јо-јо ефект,затоа што хормоните секогаш ќе преовладат. На крај ќе се прејадете од вашиот воден ден,онаква диета,зелка диета и не знам каква диета. Просто е само колку луѓе ќе го ре-инвентираат тркалото е тоа е друга работа. Јас знам вие што правите и познато ми е се,нема нешто што не сум пробал. Од никаква храна 36 часа па се до аткинсова диета и разбрав дека единствено нешто што функционира е следење калории. Ми одзема малку време дур работам и ако не веруваш дека можеш да ослабнеш само со броење калории еве ти експеримент Така да на крајот на денот ако ти си во негативен калориски баланс(дефицит) секогаш ќе ослабнеш. Но мојата цел е топење масти и тоа секоја недела по ептен малку 0.5 кг неделно.
Значи без многу објаснување... не гладуваш... пиеш цедени сокови.... инаку година дена сум на диета - 32 кила со јадење... неможешш да ми докажеш ... и неможеш да знаеш што правам хаха ... како и да е... ти следи ги твоите јас моите начини кај мене има ефект... во секој случај не гладувам.