Девојки јас од денеска ја почнувам диетата на Жан Митрев по препорака на друг доктор кој ми ја даде поради апчинја кои ги пијам...Има ли некој што ја држи сега да ми прави друштво...А и да ви кажам дека одкако ке ја завршам оваа 3 недели одма после незе ми даде и друга кој морам да ја почнам веднаш по оваа и таа 3 недели па пак ова и така наизменично....
Поздрав до сите диеталки и баш ми е мило што повеќето од девојките со кои слабеев ја достигнуваат целта. Јас ослабев многу и сега сум 54-55 кила 167 см и тоа веќе едно 6 месеца (стап се направив). Веќе не пазам што јадам и пијам, а тежината ми е иста. Најголема мотивација ми беше форумов и сите оние кои не веруваа дека ќе успејам како мажот ми и скоро сите блиски , па затоа и јас сакав да бидам мотивација за вас. За сите кои сте при крај до посакуваната тежина мој совет е да не се откажувате. Знам дека веќе ви е доста од диети ама толку сте издржале, издржете и уште малку па после земете здив, оти верувајте дека е многу подруго чуството без тие нелоку килограми.
Со среќа еххехе јас искрено ја држев таа ама толку ми беше тешка едвај ја издржав, се надевамм ќе издржиш а ме интересира која друга диета ти ја препорача после оваа ако може да пишееш поздрав
Фала Судика тежок прв ден посебно зошто не сум баш некој љубител на кисело млеко ама истуркав некако сега планирам да си легнам зошто почнува да ми се пријадува А втората диета која ми ја даде докторката еве ја 1.Шпагети со сирење 2.Ориз со сирење 3.Ќофтиња на скара со салата 4.Ќофтиња на скара со салата 5.Ќофтиња на скара со салата 6.Свински кремендали со салата 7.Свински кремендали со салата 8.Свински кремендали со салата 9.Пилешки стек со салата 10.Пилешки стек со салата 11.Пилешки стек со салата 12.Варен зеленчук 13.Варен зеленчук 14.Варено телешко со салата 15.Варено телешко со салата 16.Зеленчук 17.Зеленчук 18.Варени компири со салата 19.Варени компири со салата 20.Овошје 21.Овошје 22.Ориз со кисело млеко 23.Ориз со кисело млеко 24.ТОРТА !!!! Ако почнис да ја држиш известувај ме како напредуваш...поздрав
Ко нарачана. И јас се враќам на ЖМ. Ќе терам исто ко летоска. Прво колку можам на ЖМ, а после тоа на УН. Минатиот пат за 10тина дена, симнав 6 кг. Ама си ги вратив, поштено. Прекинав со диета, и си почнав по старо. Иначе, јас не ја држам конкретно ЖМ, туку со измени. Од сабајле не јадам овошје и двопек, туку ѓумбирот го пијам. За ручек, киселото млеко го менувам со јогурт. Таму ако пишува краставица и домат, јас правам салата од двете, со малку зејтин и сол. Кога пишува 2 јајца, јадам 1. Оти страв ми е од камења во жолчка, оти тоа ни е нешто како наследно... Понекогаш ако нема јогурт, јас пијам. Без двопек, овошјата... Абе ова моево не е ЖМ. Јас си измислувам, што ми е полесно. До сега, идев скоро секој ден пешки 3-4 автобуски станици. А сега за распустов... ќе трчам по скали у влез.
Значи ако влезам у некоја зграда летоска и видам некој како си трчка по скалите, ти си! Јас сум тука, само да знаете, се хранам здраво, да не умрам млада од рак. Лита е темава, сите ослабевте, мачиња се напраивте и сега трт! Еее, лани ова време, растуравме сите.
Одамна не сум пишала во темава, а и на форумов ме нема во последно време. Сега да се зачестам малце со пишување, срам да ми е Веќе месец одам на зумба два пати неделно, и многу сум задоволна од танцов. Сега ќе почнам + со трчање. Инаку открив една многу интересна апликација од андроид за трчање, па да си се забављам малце. Couch to 5k: Ова ќе го користам затоа што се знам себе си, ќе се исфорсирам од одма и после ќе немам душа да трчам веќе. А вака, со виртуелно тренерче да ме контролира преку слушалки, па и поинтересно е. И музика од плеерот ти пушта. Баш апликација каква што барав. Моментална килажа: 54 Посакувана килажа: 50 Главна цел: да го стегнам телово, да го тргнам целулитов, активен живот. Од утре на патека
Не ја држам оваа јас, ноја имам држено оваа, инаку пошо има по три пати исто месо да видиш како ти се одјадува... инаку се слабее одоваа ако држам ке ти кажам
Ете ме Елена денеска втор ден хаххахха многуууу....ама и јас да ти кажам направив некои измени двопекот го исфрлив на утро чаша млака вода со лажица јаболков оцет овошје кога како не сум баш некој љубител и кафе без шеќер е сега и денот со сирењто кога ке дојде не знам што да правам сирење не јадам никакво ама си викам пак кисело млеко да јадам...а кога сме кај физички активности хахааа нема многу одам пешки и јас и качувам скали али ова не е Скопје брее ... поздрав
Здраво! По успешно завршена УН диета се префрлувам во оваа тема. Нема да го држам типичното Ун одржување, туку си направив моја верзија. Веќе повеќе од 2 месеци, задолжително ѓумбир пред појадок. Појадок овошје. Ручек најчесто тоа што го има дома, ама гледам да не е пржена храна, без мешање на скроб, протеини и јх, без леб и многу салата. Вечера салата. Планирам да почнам со вежбање и зумба и до крај на летото да ги намалам и овие 10 кг. што ми останаа и да се стегнам малку. Поздрав!
Јас да сум на ваше место би го слушала Стеф Шеф што ви кажува, пошо го знам човеков од ваму од онаму, небитно. Некогаш не му е добар начинот на кој ги кажува работите, ама е во право, премногу, а башка што очигледно ви дели совети за без пари кои ги применувал на себе и му успевале. А рака на срце не е нешто кое успева само на одредена категорија на луѓе, зошто не ви кажува одредена диета, туку цел еден начин на постигнување на цел... Гледам човекот се труди, ама вие некако не го пратите што ви пишува.
Уфф баш ми треба некој груб совет како да го издржам денеска денов вечерав пред 15 мин 125гр варено телешко и еден портокал ама мртва гладна сум да ти е... и диета и се не могу више
Јади цел ден карфиоли и салати и печени компири и на крај Spoiler Смоки и нутела Ми иди сама себе да си се натепам.. Абре кај ми отиде истрајноста и мотивацијата!!! Ова колку да си се издушам, од утре јово на ново.
Јади зеленчук направи салата од домати,краставици,кромид стави маслиново масло + земи пилешко,туна или урда. Ќе те издржи повеќе. А како ти е планот за исхрана?
Лимоните се многу скапи, па сабајлево исцедив портокал + ѓумбир. Преубава комбинација, многу поприфатлива, иако знам дека портокалот е мнооогу поблаг од лимонот. Сношти во чаша (200 мл) си ставив 1 и пол лажиче чиа, 2 лажици овесни снегулки, 1 лаж. овесни трици, пола лаж. цимет, 2 коцки темно чоколадо 75% сецкани и останатото млеко. Денес одлично ми дојде за појадок, ќе видиме колку ќе ме држи Грбот од вежбите пополека ми попушта (сама си се масирав), па вечер се надевам дека можам да извежбам. Морат да се ослабит, не за другите, туку за мене, бидејќи со години пекам и зборувам и се нафаќам и попуштам. Nobody said it was easy... ама не е ни невозможно. Ми се чинит дека водењето здрав начин на исхрана и живот ќе те научит на дисциплина, ќе те направи способен да владееш со телото и умот.
На Ж.М диетата ја држам...и знам дека немаш баш добро мисленје за диетиве ама мене ми е препишана од доктор заедно со апчинја кои ги пијам (хормонални) и баш ради тоа си ја мачам душичкава...среќа дека сум голем инаетчија па сношти издржав...ке видиме денеска кко ке биди
Доктор не е нутриционист советувај се со некој што има знаење од исхраната. Ти препорачувам New Nutricionism или ако имаш било кое прашање спремен сум да ти помогнам.
Здраво StefChef.. јас сакам да се посоветувам со тебе, ако можеш да ми помогнеш... Ми треба твој совет во врска со исхраната, каков режим на исхрана препорачуваш и каква физичка активност за слабеење.. Сакам да ослабнам, имам вишок 20кг, и само пребарувам и правам различни глупави диети, а никоја од нив не дава трајни резултати.. Најголем проблем ми се лебот и тестенините, нив ги обожавам, благо многу ретко јадам, а месо скоро никогаш.. Дај ми некој совет, почнувам од утре, и таму до средина на август, додека да одам на одмор ми е рок.. тенкјуу