Значи девојки помагајте со некој совет зашто веќе сум очајна...досега не сум имала некој проблем со тежината..кога сум јадела повеќе веднаш ми се познавало во пределот на стомакот а особено страничните перничиња ама сум правела вежби стомачни и сл и сум го решавала проблемот веднаш по накачувањето на вишок од 1кг..знам дека за убаво тело треба да се внимава на исхраната и внимавам цел живот ама последните 2 месеца незнам што се случува со моето тело...висока сум 1м70цм а нормалната килажа ми беше 58кг до 60кг преку сила значи максимум арно ама за време од 2 месеца од 58 стигнав до 65кг и тоа незнам како кога дорурекот ми е пола филџан млеко со 4лажици мусли за ручек јадам ориз,манџи и сл и тоа мала количина и без леб воопшто а вечерата ми е најдоцна во 19 часот и тоа некоја салата или 1 пакетче кубети или бејкролс меѓу оброци јадам овошје зеленчук а притоа си вежбам дома скокам со јаже правам стомачни најмалку 2 пати неделно трчам во парк и незнам како накачив 7кг кога цело време се хранам како да сум на диета..многу се нервирам зашто никогаш не сум имала толку многу а и многу ми се познава..фармерките не ми стојат како порано...од што би можело да биде тоа...давајте некој совет...однапред ви фала и sorry за долгиот пост.
аххх... ве читам и ви завидувам што сте толку решителни со слабеењево... Јас никако да се ослабам, сите диети ми траат по 1 ден... за физичка активност да не зборам... а МОРАМ да ослабам ако сакан бебче морам, а сакам ненормално многу и пак не можам да бидам решителна. Премногу нервози дома премногу се замарам со тоа и немам мотивација за ништо иако имам целосна подршка од сопругот... Како да се решам и како да си останам доследна на одлуката дека МОРАМ да ослабам, како?
Од денес и јас почнувам.Јас издржувам,само тешко да се наканам да почнам.Размислувам која ке биде најдобрата диета за мене,лесна,а сепак со добри резултати.Не ми треба диета како 4 кг за 8 дена или две недели 10 кг,од вакви диети брзо се вракаат килограмите.
ААА женскиии Овие 2 дена некако исхраната ми е ЏМ! Посебно денес кога за доручек јадев краставици и патлиџани и 100 грама највеке павлака(со помалку масти) и оддтогаш јадев сладолед али незнам колку јас ке бројам 500 грами (а се молам да не сум изела толку) али незнам што ми ми беше ете дома татко ми купил куија сладолед и внатре со парчиња чоколадо и јас повеке барав чоколадо и него го повеќе јадев и така ке си бројам јас дека изедов 700-800 калории и сега можам слободоно да се утепам... Уффф оти ова мене ми се случува заврши учебната година и од понеделник почнувам на режим доручек јогурт и житарици(можеби само овесни) потоа едно парче овошје, па ручек што има дома и за вечера нешто полесно уууффф колку се само нервирааам
Ееее немој да се демотивираш доколку 80% од времето се храниш здраво останатите 20% можеш да си дозволиш да јадеш што сакаш
Ветив дека од денес почнувам со трчање и си исполнив. За почеток доволни ми се и овие 12 минути кои ги истрчав. Сакав да се 15 ама не успеав. Се разбира имав паузи измеѓу трчањето. Сега ги одмарам нозете, кренати ми се во вис . Ем по цели денови седев дома, ем ме мрзеше газот да го кренам од креветот. Ама ете денеска променив нешто. Идам под туш.
Ухуу јас да изгубам толку и тоа за месец, најсреќна ќе бидам Најозбилно, и повеќе од доволно е. Само продолжи така и се ќе си дојде како што треба А едно прашање до вас диеталки. Планирам да му откажам љубов на лебот. Ама имам стрвно газе што плаче кога ќе види лепче. И прашањето е.. двопек, и тоа црн дали е добра замена за лебот? Т.е сигурно прво така ќе почнам, бидејќи не можам нагло да го прекинам, ама со текот на времето да го исфрлам ли и двопекот? Или нема некоја разлика. Нема да држам некои посебни диети имам кажано, ќе си се водам како TheTribe по овој режим, па затоа да знам што да правам со двопеков. Хелп плиз
^^^ Јас не се разбирам многу, меѓутоа мое мислење е дека е подобро наместо црн двопек, да јадеш црн леб, со внатре такви дрндупки... Затоа што мислам дека двопекот може да ти го успори метаболизмот, поточно да си имаш проблеми за во веце. Иначе, јас кога одев во школо, одев на ден 6 автобуски станици пешки. Е сега за распустот... цврц Милојко. Ај Водно малку ќе помогне тука. Иначе, јас си приметувам резултати кај мене. Стигнав до 4тото дупче на каишот. А бев на 2рото. Додуша, не сум баш таква каква што бев минатото лето, ама ќе поработам на тоа. Имам уште 3 кг да симнам, за да бидам ко тогаш. И после колку што можам повеќе, да го соборам рекордот од тогаш.
Еленнаа златна супер си значи...се гордеам со тебе...додуша и со мене пошто јас и без никава физичка активност освем пешачење од примораност и јас преместив две дупчинња...е сега во килограми не знам да ти кажам од минатиот петок тие 4 сега не сум се мерела...Битно денеска го завршувам 5 ден од 2ра фаза така да уште една недела и готово со ЖМ па се префрлам на 24дневна да не ни е досадно хахахах
Девојки, и јас од утре Ви се приклучувам, од утре почнувам со диета, моја т.е јас ја смислив. Наутро ке јадам мусли со млеко, па овошје, за ручек ке јадам супа и зеленчук, месо, и за вечера ќе јадам овошна салата А, заборавив, и ќе возам точак секое сабајле, и многу ќе пешачам!!! Со лесно нека ни е на сите ..
Јас почнав сабајле и стомачни да правам,денес само 100,па колку ќе можам толку.Сега се вратив од Зумба,а и диетата ја држам,дај Боже пак да почнам да слеабеам Ќе се активирам уште повеќе сега САкам да си ја стигнам тежината од 53-54 па и 55 кила да се. А моментално немам вага да се мерам,ама ќе се осети тоа
Метаболизмот не се успорува со храна,постојат одредени хормони кој се криви за тоа. Ти препорачувам да прочиташ за грелин и лептин. Не е битно која храна ќе ја одбереш туку количината и активноста. Одредени храни како сувомеснатите производи сум против заради големите конзерванси што ги ставаат и затоа што не ставаат вистинската работа квалитетно месо. Благите и слатките исто така се ок ако ги јадеш во умерени количини. Тоа што сакам да кажам е дека и 1 сладолед да јадеш е добро само да не претераш во неделата. Исто и за сите благи и работи што се велат дека се нездрави,а можат да бидат бенефитни во одредени случаеви. Запомни премногу здраво не е здраво http://www.atletiks.mk/184-bodibilding/bodi-building/160-grelin-leptin
StefChef ти како искусен ке може ли да ми помогнеш... значи вака висока сум 1.68 и имам 57 килограми веке некое време ја држам ун диетата и ослабнав 4 килограми и исто така еве уште 2 дена и го завршив првиот циклус од инсенити AMA проблемот е што секаде слабеам па дури и спојлерите што ми се најголема мака ама стомакот никако да ми се повлече кога ке го повлечам се гледаат и стомачните што се малку оформени од вежбите ама нормално ми е како балонче а исто така имам и спор метаболизам,јадам многу овошје и зеленчук,црн леб(ретко бел) ама од благото неможам да се откажам едвај го чекам јаглехидратниот ден за да јадам благо и тој ден немам контрола на тоа... ке може да ми дадеш некаков совет каква храна да внесувам и некаков распоред еве веке лето дојде а јас уште мака мачам
За да стигнеш до посакуваниот облик и да ги стопиш маснотиите во делот каде што ти сакаш треба да додадеш и тежински тренинг. Бидејќи Insanity е кардио со висок интензитет,треба да додадеш вежби за да се обликуваат мускулите и да се одржат. Тоа ти е опишано убаво во статијава. http://www.atletiks.mk/bodibilding-...openje-masti/144-programa-za-topenje-masnotii Каде што Insanity е метаболички тренинг,тебе ти треба дигање тежини но да речеме 8 серии вкупно да се тешки и после одиш на метаболички тренинг. Друго исхраната треба да ти е средена и УН диетата нема да ти го даде тој резултат,затоа што тоа е диета не е балансирана исхрана за активна девојка. Додај во секој оброк јаглехидрати и протеини. Пример без броење калории ти е : Од сабајле житарици со 500 мл јогурт или 4 белки,овошје,овес и цимет и го ставаш во микробранова и испаѓа доста вкусно. После тоа кога ќе осетиш глад додаваш зеленчук и протеин(месо=пилешко,риба,мисиркино месо,урда(идеал шипка или младо сирење,белки) Тие ти се примарен извор на протеини и гледај во денот да внесуваш 100 грама дневно или 300 грама пилешко. 100 грама пилешко ти е една шака. Додај зеленчук за да го полниш стомакот со храна што е ниско калорична и те заситува. После секој тренинг јади еден убав оброк со скроб(житарки,компир,интегрален леб,кафеав ориз и од горе споменатите протеини). Мастите се знае што се препорачува маслиново масло,масло од репка,кокосово масло и ленено семе. Тука ќе најдеш колку треба да јадеш калории дневно и ти препорачувам полека да согоруваш маснотии. http://www.eatthismuch.com/
Да ве прашам нешто.. ке почнам за доручек да јадам баланс јогурт и во него потопени житарици и прееска отидов со супермаркетот и на големи полици од крај до крај житарици на нестле,виталија, гуд нејчр имаше едни српски(и најефтини беа) и се побркав толку мн што имаше.. Најпрво не ги ни погледнав тие што се на виталија кранчи со лешники,чоколадо,бадеми.. И ми фанаа око оти што се V for vitality на виталија и нестле фитнес али цените се за 250 гр виталијата беа некаде 97 денари мислам а оние на нестле исто така 250 гр и беа 135 денари.... А имаше пак исто така нешто фитнес на една српска фирма тие беа некаде 70 денари... А јас си зедов оние на виталија Слим & Фит 300 гр. некаде околу 100 денари.. Ова цените се значи Сакам да прашам кои житарици се така најдобри од која фирма или пак да си купам овесни снегулки само?
Фала Стеф за линкот www.eatthismuch.com, ептен е супер вака на прво видување Туку, сабајле се мерев и за 10 дена (балансирана храна и вежбање) само 0.5 кг имам ослабено. Тоа е малку, не е за фалење, ама колку што знам и толку е здраво да се слабее. Последните 3 кила се смртни, ама не губам надеж...
Јас чекам Стеф Шеф да ми врати на ЛП и повозбудена сум него ли кога чекам важен повик од љубовна природа,мајке ми.
Девојко, од напишаното ти најверојатно имаш проблем со варење на одреден тип на храна и затоа ти е стомакот подуен (освен ако не е тоа масно ткиво што не верувам). Можна е и уште една причина посебно ако јадеш многу благо како што спомна .
Колку шеф/цезар салатата е лоша за конзумирање, ако сакаме здраво да се храниме? Ми кажаа дека во неа има 650 и нешто калории. Точно ли е? Дали е опасна за здебелување? Еве ако цел ден сме само на неа.
Па гледај сегаде различно ја прават.. некаде ставаат и кубети во неа а некаде не а овде најштетен е тој сосот (прелив) како и да се вика бидејки има мајонез во него па нареден пат кога ке порачуваш порачај без преливот врз салатата бидејки во суштина салтата ти е варено пилешко месо, зелена салата, златна мешавина и некаде додаваат и кубети или слично.