Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    E во право си, една ресана, крембанана, ред чоколадо ништо нема да ти направат, не треба толку да се потресувате :D работата е да не изедеш цела Mилка + со 25% гратис! :lol:

    инаку јас најдов рецепти (ама на англиски се) од она шоуто на бигест лузер :)
    и си направив еден сендвич :smirk:
    со интегрален леб, краставици, марула, патлиџан и сирење (ама крем со малце маснотии)
    уф уф уф, ама се најадох, супер појадок!
    не можам веќе само таратори да јадам :lol: и јас сум човек ми се јаде :D
     
  2. gaga.rocks

    gaga.rocks Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    35
    Лудо дај кажи некои рецепти, или дај страната ме бива за англиски.
    Јас чекам 14ч. за да ручам.
     
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Hемаш одредена страна, зашто нивната главна се плаќа!
    пиши си на англиски б.л рецепти ќе ти отвори повеќе страници, кои не се поврзани со нив а имаат нивни рецепти! A најубаво кажуваат на шоуво секакви рецепти даваат, и многу корисни совети даваат општо ! :)
     
  4. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Jас денес ок бев,не се прејадов,јадев пола од се,сега вечерав пилешко на скара,салата и чаша розе вино(сега знам дека виното не е убаво,ама не сакам да сум престрога) лани бев престрога и си вратив 10кг и затоа сега вака :D :D
    Cакам да купам другава недела ленено семе и јас да пробам што чудо е :wasntme:
    инаку добив коментари дека сум ослабнала :rofl:
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  5. gaga.rocks

    gaga.rocks Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    35
    Кога го емитуваат?

    Колку чинат овие прозиводи?

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  6. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Тие производи да не ти пишувам одделно за секој се од 150 денари до 300 денари( може не се ни до 300) зависи кој, тие житариците(муслито) се 190 мислам дека. :)

    Инаку шоуто го даваат на прва кај 1 часот попладне. :)
     
  7. Extraordinary.girl

    Extraordinary.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    421
    ПоДршка и од мене :)
    Еве го мојот план за диета - пред појадокот пијам млака вода со природен јаболков оцет, појадокот се состои во мусли нестле + обезмастено млеко и ленено семе (обично појадувам накај 11h). По појадокот кафе, несс турско или еспресо без шеќер со малку млеко. Накај 13h јадам некое сезонско овошје било што, сега моментално има голем избор. Потоа во 16h ми е време за ручек, јадам варен зеленчук, пилешко или соја (сојата е чист протеин со 0 холестерол, али сепак треба умерено да се конзумира) и чаша јогурт со мала масленост. Вечерата ми се состои во јогурт/сирење и некој зеленчук (краставица, патлиџан, лути пиперки полезни за луѓе со бавен метаболизам како мојот), а кога чувствувам потреба од повеќе храна во јогуртот ставам и овес. Вечерата ми е најдоцна до 19h. Чаеви незасладени, вода, кафе, меѓу оброци - неизоставен дел. Со овој начин на исхрана, незнам колку здрав, сакам да намалам 6-7 килограми, да стигнам негде до кај 50тина, пошtо и не сум нешто мн висока, скромни 164cm :worried: самокритична сум од 1 до 10, 148 и увек морам да си најдам некоја замерка, посебно за изглед. Овој пат сум решена, имам цврста волја, па да се надеваме на добри резултати. Сега за сега неможам да бидам многу физички активна, имам за учење овие денови, али да помине матурава, се договорив со сестра ми да пешачиме секој ден по 8км.
    Успех девојки :)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    1.083
    Јас калории не бројам :shake: Е уште тоа да го правам и да збеснам!
    А и не ми оди многу математиката :D
    Само кажете ми за јајцето..дебели..диетално е?
    Сите различно ми кажуваат.. :|
     
  9. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Ја колку што знам, белката било поубаво да се јаде, ама варено јајце, пржено сигурно дебелее, е сега дали имала помалку калории од жолчката или како не разбрав :D
     
    На viki44e му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    жолчката има повеќе калории од белката, и помасна е, ама се на се од 70-90 калории има во едно јајце :)
    едит- јас ги пржам на тефлонско, без зенјтин! исто му доаѓа ко вареното во калории :D
     
    На viki44e му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.223
    белката на вареното јајце не е воопшто калорично и не дебелее, додека жолчката е многу калорична(ова е ако секоја калорија се лепи на тебе-лош метаболизам).....
    но едно јајце варено е исто како да си изела две поголеми јаболки што значи нема да те здебели во никој случај ....ке ти го подобри метаболизмот(варењето)....а и затоа што го препорачуваат во замена на месото тоа е идеално за диета
    а не се јаде секој ден затоа што никој и онака не ти препорачал да јадеш месо секој ден(тоа ти е исто) а + и фактот што е лето и јајцата се склони на расипување!
    јас јадам до 3 неделно за мојата диета ;)
     
    На viki44e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. gaga.rocks

    gaga.rocks Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    35
    Ох ох се најадов 2 парчиња [-ченца] стекче со маги и краставица со патлиџан.
    300 калории. Вечера накај 7-8, а и немора :D.
     
  13. gaga.rocks

    gaga.rocks Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    35
    Сончогледот колку има калории?
     
  14. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Требаше супа, ама бидна компир манџа :D ,не јадев леб ама морав да пробам од питата на свеки :lol: и салата -зелка+краставица.

    Добро да прашам колку калории дневно би требало да се внесуваат...
    Никогаш не сум броела, не сум се потрудила да научам, ама да прашам не ви е напорно и не ве нервира секогаш и на се`да рачунате калории :^)

    Па од кај знам јас секое парче од било кој производ колку грама е...или користите вагичка, мерило за течностите-на пр. за млеко, јогурт итн.итн.
    Не сакам никоко да навредам само се интересирам.

    Јас не бројам калории, само ја намалив количината на храна што ја јадев претходно и малку заслабнав, го исфрлив лебот (освен кога јадам течна манџа како на пр. гравче, грашок, зелка...тогаш јадам само по една кришка, не можам овие манџи да ги јадам без леб...грдо ми е, го намалив благото, и колку толку ја сменив храната-на пр. веќе не јадам пици, лазањи, пастрмајлии, зелници, палачинки, не јадам сувомеснато-ништо, никаква салама, не јадам мајонез, кашкавал, маргарин...
    Сега повеќе јадам овошје и зеленчук и пијам многу вода.
     
    На zhap4e и ludoto19 им се допаѓа ова.
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Aбе, ни јас не ги бројам калориите, туку од онака, што знам на пример кој произбод колку калории има на 100гр, одприлика знам колку сум внела :D
    добро, не треба да се навлага до калорија, но, сепак треба една представа да се има колку калории внесуваш, и колку калории има секој продукт!
    на пример, ти може да си мислиш е, кикирики или сончоглед нема тоа калории, а уствари фулл полно!
    или за густите сокови! затоа треба да се знае по малце :D
    Hе сега експерт да бидеш, ама кога веќе си на диета, колку толку да знаеш колку калории има тоа што го јадеш! ;)

    Mногу :)
     
    На gaga.rocks му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Лудо, ги ѕирнав линковите што сте ги постирале и за некои производи останав вака :o, затоа прашав..
    Колку калории пожелно е да се внесуваат?
    Чисто информативно да знам...да не биде работава на диета сум а внесувам на пр. 3000 калории дневно. :lol:
    Еве на пр. за кикириките, стварно биле калорични, а јас пред некој ден си седнав мајсторки си се најадов...си викав -ај кикирики не дебелеат...
     
  17. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    зависи каква диета!
    имаш некои |( глупи диети со 700-800 калории, што се многу грешни! за да се топи салото најмалце 1000 калории на ден треба да се јаде!
    Aко си поактивна, 1200-1300 калории :)
    Jас најчесто 1000че :D
    едит- Kога не си на диета, зависи! пак зависи од тоа колку си активна :D до 2000 калории
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    http://caloriecount.about.com/calories- ... rams=144.0

    Во 114 гр сончоглед има 841 калорија ццц
    Ама јас грицкам ко луда сончоглед :(
    ама па помалку јадам од се друго, плус не доручкувам прв оброк ми е по 14 саат.
    Ич не можам пред тоа време да јадам. Најмногу јадам јаболко или портокал.

    Лолита 1200 калории дневно се нормално потребни за секој човек, за оние нормални функции, но оние што се на диета и што немаат баш физичка активност треба минус 300, значи 900 калории, ај да речеме и 1000.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Во зависност од полот, тежината, висината и физичката активност треба да се внесуваат калориите, имаш и табели по нетов за да си провериш.
    Еве тукаможеш да провериш точно имаш и други калкулатори од десна страна ;) , ама знам дека повеќе од 2000 за женски не е дозволено.
    ЕДИТ: П.С (еве според таа табела мене што ми пишува)
    Според внесените податоци за да ја одржувате вашата моментална маса вие треба да внесувате околу 2023 калории дневно.

    - За слабеење околу 1618.1375 калории дневно.

    - За екстремно слабеење околу 1214.1375 калории дневно.
     
    На lolyta777, zhap4e и ludoto19 им се допаѓа ова.
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Оу мај гад, знаев дека има многу ама не знаев дека има толку многу. :D А една другарка на диета као демек, се отепуваше од сончоглед јадење. Па се чудеше, како не слабеела а цел ден само на едно јаболко и на сончоглед била. Значи, поарно да си купела тост или лепиње. Едвај чекам да и го кажам фактот околу калориите, ме убедуваше дека немал многу. :rofl:
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.