Чоек да не се пофали, боже, реков дека симнав 4 кила, следната недела уште 1, и одма после тоа си се опуштив, и сеа грам не сум мрднала подоле. Барем среќа не сум качила некое кило, ама не мрднав овие 7 дена подоле. Теши си се. Битно цреши се изнајадов за цел живот, што викаше прабаба ми, јади цреши да станеш како дршката. Aмин бабо амин. И така продолжувам без да се фалам, зашто контра ефект има кај мене очигледно.
И сеа као ајде да ослабам и нема да јадам...нема врска.. јас ослабев 5kg за месец и нешто, само што намалив од храна, не јадев леб, благо, повеќе бев на овошје во летен период, физичка активности и многу многу вода пиев.. подобри резултати ќе се добие на тој начин отколку на држење на некоја диета која после си има и свои последици.
^ Подобро е за појадок бидејќи житариците се јаглехидрати, а тие одлични за енергијата што ни е потребна наутро
Многу фактори диктираат како ќе го направиш режимот за исхрана. Една е активноста и каков вид на тренинг правиш. Ако воопшто не си активна,поголемиот дел од јаглехидратите можеш да ги надокнадиш од салати и овошје. Ако вежбаш вечер добро е после тренинг да имаш добар оброк од протеин и јаглехидрати за да го поправиш тоа што си го потрошила и да ги стопиш маснотиите. Така да има многу фактори што треба да ги знаеш и да ги примениш. Нема лоша храна,секоја храна е полезна ако се јаде умерено. Дури и алкохолот има бенефит(вино,пиво) ако се пие умерено. Само за пример ти давам што можеш да направиш ако вежбаш тежини. http://www.fitocracy.com/knowledge/out- ... r-the-bar/
Така се заоблив периодов, просто се чудам кога ќе се видам во огледало Денес една поранешна колешка ме сретна на улица и ми рече - пу, пу, машала И така од денес бек ту д фјучр - летна шема. Појадок: житарки со јогурт Ужина: овошје Ручек: чорба или сериозна салата (не само свежа, туку зачинета со туна, пармезан, јајца, моцарела, лосос - како кога) Вечера: јогурт, или евентуално свежа салата, ако не се издржува само со јогурт. Нека ми е со лесно, па ќе се пофалам / пожалам за некое време.
До вчера уво не ме болеше.Ама сега постојано мислам на слабеење.Од две причини.Првата е што решив да си го сменам животот,па ако веке си го менувам,да го сменам до крај.Втората причина е што сум по цели денови дома,немам што да правам,за малку ке шизнев,а уште почеток на распуст.Не ми се смејте,така е.Сега си мислам само за ова,читам на нет,на фемина..Од утре диета и ке вежбам,пешачам па така ем ке ослабам,ем поубаво ке се чувстувам,ем ке ја затнам устата на мајка ми,ем нема толку да ми биде досадно.4 во едно .Само не ми се смејте,ве молам. Се надевам за околу 3-4 месеци и јас ке пишам во тема успешни стории и ке ставам слика од пред и потоа .
А бе незнам зошто дикутирате кога кај секој човек си е различно. Ете јас кога имам најмногу обврски не вежбам ама па и не јадам, немам време. А сега ога неам ништо обврски па не вежбам и секогаш со најголемиот изговор сум ‘‘ немам време‘‘. А имам време да дремам на ФБ и на фемина а за вежбање не. Туку за друго дојдов на темава Имам дома едни слим апчиња купени не можев да ги најдам на нет слика ама ке ви текне сигурно на сите аптеки ги има на слика на излог, бела кутиичка со виолетов нешто зелено малку има. На слим им почнуба името важно околу 750 денари се. Дали ги има некоја пиено? Јас ги имам веке 3 месеци дома ама се сум почнала да ги пијам
Претпоставував... Инаку предходниот пост за во тема таблети ми беше ама залутал... Конечно за прв или втор пат во животот сум си на идеална тежина (додуша цел живот имав само 5-7 кила вишок и никако да ги симнев). Само што ја завршив медицинската и си викам додека сум во ‘диета фазон‘‘ да си издржам уште две недели со неа бар да си направам залиха од 2-3 кила ако ме нападне јо-јо ефектот. Ослабнав некое килце со медицинската и сега од утре ја почнувам пак . Плус на јаже скокам. Плус вежбам јога. Плус ове апчињава ке ги пијам. Какви се такви се кога се веке купени да ги искористам.
Јас сум малку офф топик ама да ве прашам како се на англиски вика "динстано пилешко месо" Пробав на google translate не ми се преведе или како на англиски го викаат динствуваното месо -.^ За ручек имам динстано бело месо со сос од печурки и треба да видам колку калории има а незнам како е на англиски .. помош?
Луѓе да ве прашам нешто.. Што е подобро за конзумирање ако сакам да ослабнам млеко со ниска млечна маст или јогурт со ниска млечна маст? Јас мислам ЈОГУРТ! Си го пијам балансот секојдневно некогаш и по пола кило испијам ама денес мајка ми купила од ова новото битолско млеко со витамини и морав да испијам 200-250 мл незнам колку еве сега пред легнување што се вика и имам такви кеселини и ми се гади толку мн што незнам од што ми е уууфф И мислам дека не е убаво толку млеко да се конзумира.. Можеби грешам??
Јас лично единствена разлика помеѓу млеко и јогурт,гледам во столицата. Млекото е некако преразредено и ми дава дијареа,а јогуртот колку и да го пијам,не ми дава ништо од тоа. Се е инвидуално и до вкусот но кога се работи за хранлива вредност разликата е никаква.
Лелеее мислам се покајав што ја испив таа чаша млеко сега имам мачнини во стомакот, подждригнувања (се извинувам за изразот ама незнам како да се изразам), киселини и така натаму и сеуште мислам дека од ова млеко ке се здебелеам ууууфффффф јас си пијам баланс + и се си е ок ама со ова незнам што ми е мислам нема да можам да спијам
Ни едното ни другото, и двете немаат врска со диетна или здрава храна а уште помалку со слабеење. Тие 1,5% масленост помалку не играат таква разлика туку многу повеќе твојата физичка активност и (не)консумирањето на јх, претежно прости шеќери и скроб. Внимавај со млечните производи воопшто не се така здрави како што се мисли .