(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Е што е поздраво соиното млеко ???
     
  2. iloveugirl

    iloveugirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    217
    Напротив баш треба да се конзумираат млечни производи но да се стремиме кон оние со по низок процент на млечна маст.. Во нив има калциум кој е еден од поважните витамини во помагањето на слабеењето и плус ги зајакнува коските... Па сега можеби некој како пример јас не поднесувам млеко обично и еве ми затоа замена јогурт со чие што конзумирање се осеќам сито и задоволно и исто така немам проблеми со сирење и кашкавал но одамна немам јадено убаво кашкавал поради тоа што дома секогаш има полномасен кашкавал а сирење знам некогаш по едно парче да изедам...
     
  3. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Честитки за убедувањето иако те боли стомак и те подува пресното млеко тврдиш дека е здраво и треба да се консумира ;).

    На твоето прашање што е поздраво за слабеење доби одговор (не спомнав дека има и спротивни мислења и дека има студии кои покажуваат обратен ефект за слабеење) а колку се млечните производи општо здрави нека остане секој со своето мислење :).
     
  4. iloveugirl

    iloveugirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    217
    Убаво реков :
    значи штом не ми одговара пресното млеко имам замена за тоа- јогуртот. И да доколку организамот ти го поднесува пресното млеко ( а знам милиони примери на луѓе кои секојдневно конзумираат барем 1 чаша пресно млеко и се здрави како дрен) треба да го конзумираш но доколку сакаш ефект на слабеење тогаш полномасното млеко замени го со млеко ниска масленост ;)
     
  5. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Има студии со обратни резултати за слабеење. Нејсе, не те убедувам само споделив информација па кого го интересира има начин и сам да се информира :)
     
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Е сега ме загриживте. Не дека пијам млеко секој ден, но напати си имам мерак за една шоља засладена со лажичка мед пред спиење.

    А без јогурт не можам да живеам. Организмот ми бара едноставно. Во секое време има кај мене во фрижидер.

    Сега информацииве дека не се здрави ме подисплашија малку... :worried:
     
  7. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    Не знам кој ме нервира повеќе, дали оние кои шират паники и не убедуваат да живееме од лисја и вода, или оние кои ги слушаат и стихијно се водат по некои нови правила. Како може повремено пиење чаша млеко или јогурт да е штетно за твоето здравје па да те исплаши до толку да не пиеш? Претерувате веќе..
     
    На sesilija, Someonespecial и anabel-a им се допаѓа ова.
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    Би рекла - дури и здравото во ГОЛЕМИ количини станува нездраво. ;)
    Чаша или две млеко мислам дека е дури пожелно, посебно за нас жените, подложни на остеопороза во поодминати години, па сега изборот ви припаѓа вам.
    А за јогуртот - го препорачуваат и нутриционисти и доктори и гинеколози, влијае одлично на цревната флора, на прочистување и во борбата против инфекции. Како може да е штетен?
    ***
    Пред една недела видов бројка која не ми се допадна на вагата и малку се разочарав.
    Инстантно ја сменив исхраната, инвестирав во маслиново масло, квалитетен зелен чај, ситно овошје, непечени бадеми...
    Денот го започнувам со мала чаша смуди, со млеко масленост 1.5 и додавам лажица малини, лажица аронија и една капини. И 3 часа знам дека сум мирна.
    Кога ќе ми се пријаде си грицкам по некој бадем или печена соја.
    Ручам со мајка ми, она ја тера УН, па ручекот ни е ист, да не готвиме различни јадења.
    Вечерам салата или јогурт.

    Пијам по една ќесичка магнезиум, една мала лажичка малтекс дневно, 2 шолји зелен чај, ѓумбирот насабајле задолжително. И вода во просек 3-4 литри.

    И имаме договор со дечко ми.
    За секој симнат килограм - ми дава по 100 ден. а за секој накачен - јас му плаќам по 100 ден. од килограм.
    ВЧЕРА МУ СОБРАВ 200 ДЕН. за само една недела. :clap:

    И да не заборавам - вежбам секој ден.
    Ништо без тоа, кој сака нека рече, ама ништо без вежбање.
    :)
     
    На mimiiiii, Ammy.Lee, sweet-cherry и 14 други им се допаѓа ова.
  9. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    480
    Еве го мојот начин на исхрана:
    Јас повеќе од 2 месеци редовно го пијам зелениот чај по два пати дневно (првиот го пијам одма кога ќе станам и еден попладне).
    Обевезно да пиете јогурт (јас го препорачувам Balans).Или по едно кисело млеко(исто на Balans)
    Јадам сушени смокви,кајсии,сушена брусница без шеќер,ореви,непечени бадеми и по неколку зрнца сушена аронија (сите овие прозиводи си ги купувам од зелен пазар и за 300 ден.имам за цела недела :!: ).
    Не заборавајте да пиете колку што можете повеќе вода!
    Јас дури и го сменив начинот на исхрана.Нема повеќе брза храна,месени работи или бел леб.НИКАКО!
    Од сега јадам само зеленчук обарен на пареа во тава со многу малку сол без зејтин.Потоа си правам домашни чорби од брокула,тиквица и морков најчесто исто така без зејтин.Значи и зејтинот го отфрлив :clap: .Салатите ги јадам само сол (мислам на домат краставица,рендан морков,цвекло или зелка).
    Свежото овошје е исто голем плус за вас-особено јаболката.

    Значи за почеток:
    -Конзумирајте повеќе течности во текот на денот(чаеви,вода,природни сокови-најубаво од Јаболка,јогурт)
    -Јадете домашна припремена храна со што помалку зејтин во неа,помалку сол и останати зачини(може на почеток јадењето нема да ви биде вкусно али доволни се 2 недели за да го научите вашиот организам на таков вид исхрана)
    -Нема повеќе бел леб.Доколку неможете да го поминете главниот оброк без леб тогаш белиот леб заменетего со црн интергален леб со сончоглед.
    -Нема повеќе брза храна и нема оброци после 19 часот.
    -Јадете само бело месо и риба (и тие се вкусни ако се припремат во тава на пареа,а не во еден тон зејтин)
    -Доколку сте во можност зејтинот заменетего со двапати процендено маслиново масло.
    -Спортувајте.Јас пешачам и скокам на јаже.

    Бидете упорни и резултати сигурно ќе има.
     
    На iloveugirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. iloveugirl

    iloveugirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    217
    Знач секогаш ама баш секогаш мора да има дупка во водата!!! Јас до сега имам прочитано еден тон статии и не само на интернет туку и по списанија, телевизија за тоа колку е здраво пиењето на млеко и конзумирањето на млечни производи пак ке кажам за ефект за слабеење потребно е конзумирање на млечни производи со ниска масленост... И сега некој овдека доваѓа и ми кажува имало студии кои докажувале спротивно и што ти знам таму.. е ајде зошто јас за тие студии никогаш немам слушнато? Зошто се едни во милион. На некој му текнало од коњ магаре да прави цццц
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.928
    Допаѓања:
    203.183
    Пол:
    Женски
    Нема врска масленоста на млекото и јогуртот со слабеењето. Тие масти кои што ги содржат не дебелеат, дебелеат јаглехидратите, т.е шеќерите. И млекото и јогуртот содржат и шеќери меѓу другото. Инаку, кога ослабев најмногу (околу 20кг), мојата исхрана се базираше на полномасно млеко и јогурт. Тогаш не вежбав, ослабев со исфрлање на леб и благо. Ама и си бев помлада.
    А дека се здрави, баш и не се, јас млекото го исфрлив од исхраната, и многу поубаво се чувствувам. Јогурт ретко пијам, а од млечни производи не се откажувам. Ама најбитно е вежбањето. Без вежбање нема резултат, затоа што самата активност е најголем стимулатор на метаболизмот, конкретно нешто што 100% помага во забрзување на истиот.
     
    На anabel-a, ilipili, XMaN и 3 други им се допаѓа ова.
  12. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Фокусирај се на големата слика не на милион ситни детали како ова е штетно и тоа помага во слабеење,така ќе отидеш во друга крајност.
    Математиката е проста,колку помалку конзумираш и повеќе се активираш само така ќе ослабнеш.
    Пишувај што јадеш и држи си дневник за тоа.
    Остај ги милион мислењата дури и моето и држи се на својата исхрана што ти дава резултати.
    Кога ќе добиеш проблем тогаш прашувај.
     
  13. luncika

    luncika Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    171
    ИИИИИИИИИИИ !!!!!!! :o :o :o Сега гледав слики од мене, од минатото лето. :x Да не звучам глупаво сега, ама сум имала совршено тело!!! :doh: Навистина, како можев да си дозволам да стигнам до оваа тежина? Не личам веќе на себе. :fubar: Старите слики ќе ми бидат мотивација да се вратам пак на старо. Морам! ]:)
    Водам здрав живот. Уствари, имам само здрава исхрана. Прекинав со вежбањето и VOILA! :sweat:
    Ајде време е феминки! Можеме ние! Само без диети,апчиња и такви чуда... Јас мислам дека со вежбање ќе постигнеме многу повеќе :!: И малце поздрав начин на исхранување.
     
  14. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.648
    Допаѓања:
    2.476
    Oд утре дефинитивно и јас почнувам да се дружам со ун диетата. Цел ми е да ослабам 5/6 кг и што е најбитно да прекинам со брзава храна. Се надевам сега ќе ја издржам до крај без киксови :)
     
  15. iloveugirl

    iloveugirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    217
    Ако може помош или предлог ама побрзо побрзоо...
    Утре значи уште наутро одам за Скопје и цел ден ќе бидам таму но така по продавници.. И сега за доручек што да јадам немам да имам време дома да јадам житарици и јогурт... Што за појадок и после цел ден што ? Ќе си земам овошје но нема да можам цел ден на тоа.. Каде во Скопје поточно во Сити Мол и ГТЦ има некоја продавница, сендвичара или слиќно али да има готови здрави оброци (диетални) ? Претпоставувам дека мора да има нешто такво.. Значи буквално од 6 сабајле до 6 вечерта сум во Скопје.. Што да јадам цел ден ?
     
  16. Natence18

    Natence18 Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Да почнам од утре само на овошје и зеленчук да бидам.. Мислите дека ќе можам да ослабам 3 кила за две недели :)
     
  17. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Да за две недели ќе ослабнеш и повеќе од 3 кила. Ама немој, тоа е невидена тортура. Како ви текнуваат вакви идеи. Можеш два дена да јадеш умерено, а третиот да ти биде цел ден на овошје и зеленчук. Прави си такви некои комбинации. Ама не е здраво ти секој ден, цели две недели да бидеш само на овошје и зеленчук. Додади барем и нешто плус - јајце, јогурт, мед, јаткасти производи.
    Конзумирај и многу цвекло тие денови.
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  18. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Ќе си ги направиш оброците пред време и ќе си ги носиш со себе.
    Еден седнвич со зеленчук и пилешко може да ти заврши голема работа.
    Потоа имаш јогурти и разни други работи што можеш да ги спремиш.
    Ако имаш телефон со апликацијата myfitnesspal можеш да ги ставиш калориите и да видиш што внесуваш во тој период.
     
  19. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    6.047
    Допаѓања:
    5.499
    Пол:
    Женски
    Симнав за една година 15 кила, со тоа што скоро секој ден пешачам околу 3 км наместо да одам со бус. Првин се заморував после 1 км, али со тек на време и до 3 и пол стигнав. Исто многу забележав разлика откако почнав кога станувам да пијам ладна вода (колку и да не ми се пиеше), појадувам околу 2-3 часа после тоа, а вечерта последниот оброк ми завршува во 8. Кога станувам прво помислувам на јадење, али кога ќе испијам вода и кафе за расонување, поминува. Ми се пријадуваше навечер и тоа како, посебно ако се заседам на пц, али се е до навика. Најтешко ми беше кога почнав да намалувам со благото и грицките, али после некој месец веќе ретко посегнував :)
     
    На Ariel, kate21, Trendafilka и 2 други им се допаѓа ова.
  20. iloveugirl

    iloveugirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    217
    Женски дали е добро или не незнам.. Во последните денови сакам да јадам многу овошје ама во големи количини веке неколку пати ми се случи да изедам повеке од пола кило цреши и тоа во 11 вечерта незнам што ми е.. И еве денес си реков ајде за доручек 2 портокали и сега изедов уште 5 средно големи праски :x:x Мислам дека на овој начин посебно оти јадам вечерта овошје ке се здебелам уффф :@
    и некако неможам да си го средам распоредот на исхрана за доручек јадам 250-300 мл баланс со 2 лажици житарици и некогаш плус една банана или си исецкам краставица и тој доручек не ме држи ич незнам што ми е. Постојано се плашам дека така ке се здебелам :@