^ Па овошјето не ти е добар избор навечер. Всушност не би ти го препорачала веќе после ручекот, јас барем така знам. Значи не по 16 часот. Се` што планираш овошно, консумирај го насабајле. Половина кг цреши калориски не е многу, ама количински некако... да не те премислувам, ама пробај полека да намалуваш количински. Денес ќе намалиш 100 гр. од оброкот, за некој ден уште 100... и така... почесто, НО помали оброци. Насабајле изборот ти е добар, само стави повеќе житарки отколку млеко. Малку погуста нека ти биде кашата, додади и некое оревче сецкано ако ти се наоѓа, бадем или лешник... Имај си и ужина помеѓу доручекот и ручекот, не чекај стрикнот 4-5 саати до ручек. Земи си едно житно чоколадо или 1-2 јаболка, пиј чај незасладен, полни го мешето. Не чувствувај глад. Салатите, варени јајца, јогурт, сирење, туна, стек и такви комбинации планирај си ги за вечера. Повеќе салата - помалку од другото.
Ти благодарам многу многуу јас повеке ставам јогурт бидејќи некако неможам без него можам без проблем цело шише да испијам (што се вика) а немам толку мерак на житариците па затоа ставам колку да не испадне не сум ич ставила. Да имам навика меѓу доручекот и ручекот да каснам некое овошје и секако пијам зелен чај гледам да испијам по 3 шолји дневно.. Можам да издржам цел ден на салати бидејки сега од зеленчук има се што ми душа сака но домашните не ми дозволуваат.. Знам дека не е добро овошје навечер и затоа од сега ни по една шака не земам цреши бидејки порсто неможам да се сопрам јадејки ги нив... Иденес до сега изедов 2 портокала и 5 средно големи праски и потоа ќе јадам 100 гр кафеав ориз и многу салата и толку за денес...
Дечки, јас сум -17 кила. Уште едно кило да симнам, и ќе бидам ко прошлото лето, што ослабев. Се исплатеше Водно, и покрај тоа што не одев до крстот пешки, туку по скроз друга патека. Па и за назад одев 3 автобуски станици пешки... Вода тече од мене. Црвена сум жар. А не се уморив, ама што се потам. Само што додека се симнував удолу, многу ме болеше стомакот во пределот кај жолчката. Прееска прекина, и сега пак почна да ме боли. Не знам дали е од умор, или е жолчката. Страв ми е. Башка баба ми, мајка ми и сестра ми се имаат оперирано од жолчка. И ми фуфка. Да не знае некој случајно, дали може да боли од замор? За секој случај ќе одам на ехо... Како и да е, вториов дел, не ми е баш за во оваа тема... ама ајт...
^И јас кога многу ќе се изморам ме боли кај пределот на жолчката но кога ќе седнам после неколку минути престанува.Ама пак ти оди на ехо чим уште те боли.
Еленче, најверојатно ти е од забрзано и неправилно дишење. Посебно затоа што викаш дека те заболело кога си се симнувала удолу. Ако ти е на грижа, поради тоа што твоите се оперисувани од жолчка, прегледај се... Сепак здравјето е на прво место.
Како да го снема овој дел тука што е заокружен? Исто ми е како на сликата и премногу ме нервира. Дали со правење стомачни ќе го снема или не, па да одам со диета?
Имам порано пробано така повеќе од 10 дена повеќе вода да пијам и само ми се поду цел стомак како никогаш порано, така да ќе пробам со стомачни .
Проблемот ти е во неправилното дишење. Многу луѓе мислат дека знаат да дишат како што треба,само со промена на дишење преку нос и издишување преку уста до крај ќе ти помогне многу. Кај ти се протеините?
Малку офф, ама... болките ми поминаа. Сигурно било поради неправилно дишење. Тоа гарантирам. За да ми биде полесно, пеев додека се качував (читај вриштев, кога немаше никој во близина, а немаше, освен со тие што бев). Некогаш едвај земав здив. Глупа навика ми е пеењево. Арно ми викаа. Ни на крај памет, не би ми текнало дека е поради неправилно дишење. А ете до што било. Како и да е, фала многу. Утре пак ќе пешачам негде. А после тоа, повеќе автобуски станици пешки.
Девојки, ми треба совет. Трчам секој втор ден според програма, почнав и со подобрување на квалитетот на мојата исхрана ама имам проблеми кога ќе дојде периодот на менструација. Желбата за одредени јадења кои не се пожелни периодов, е поголема и поголема. Благото го намалив минимално ама во тие периоди неможам да се контролирам. Незнам како. Што да земам наместо благо во тој момент? Другиот проблем ми се болките кои ми се наследни. Болките се неподносливи, најмногу што можам да направам е да пешачам низ двор. Неможам ни да замислам да трчам, а од друга страна не смеам и не сакам да си ја прекинувам програмата со трчањето. Пробав се против болки што на повеќето ви помага, но кај мене не реагира многу. Предлог?
како замена за благото можеш да конзумираш какво сакаш овошје.а за намалување на болките не би препорачувам ништо освен првите два дена само да одмараш додека имаш обилна менструација.после тоа постепено навикнувај се на стариот режим.
Пробај гаргара со вода и шеќер и не пиј Место да трчаш пробај возиш точак првите неколку дена а ако имаш големи болки тогаш првите 2 дена одмарај
веќе ми се плачи... ја држев ух диетата ама ништо пак си ги вратив килата... сношти дури и дечкоми ми рече одокулу дека морам да ослабам дека тоа е добро за мене а не дека него му смета.. незнам што да правам едно 25кг ми се за симнување... планирам до 1ви да ја држам 8 часовнана диета т.е да не јадам после 17часот ништо да го исфрлам лебот и благото од употреба...после тоа да продолжам со аткинсова еден мој комшија е пола чоек напраен од шо беше само да се консултирам со него пошто читам дека била штетна...ќе полудам...
Имам уште 12 дена од УН, и уште едно килце за сметнување 9 кила потенка сум, стегната, у пм, има да се прчам на море Значи, ова ми е за памет, значи сум можела, м, ем да ослабам, ем да не преослабам, ем да сум свежа и сита Организмов ми е тата мата научен, апетит имам доволно, лебот веќе одамна не го конзумирам(навистина, не се ни сеќавам каков вкус има обичен леб, не па црн, никаков, јееес!), јадам премногу, значи премногу овошје и зеленчук, не се лишувам од една топка сладолед, ниту од едно парче торта досега во ЈХ ден, пијам само чај, и се срамам што досега дозволив да се поправам и да се лутам на мојов метаболизам(додуша и сега скржав е, не дава ништо надвор ). Ќе ги истерам и деновите што ми останаа, чисто да не кршкам од планираното, и после сигурна сум дека нема да ми биде тешко да бидам гурман со многу мала количина на јадење Ма се преродив Spoiler Патем, иста сум ко чупчето на мојов аватар, ТАМАН Се што се сака се може!