Да не знае некој колку калории има во пченкарно лепче оние сто се со кружна форма сто се продаваат во продавница(мислам знаете за какво зборувам)
Во 30 грама лепче има околу 120 калории од прилика, сега не знам колку му е тежината на тоа, ако ја знаеш точно - пресметај. Ако е 100 гр. = околу 400 кал.
јас обожавам тиквички и наместо да ги пржам, јас ги сечам на кругови и ги редам во тавче (на хартија за печење) и ги печам. Без зејтин, без сол. Преубави се. После може како сакаш да ги јадеш, со оцет и лукче или со кисело млеко. Јас оцет не користам, ама затоа си правам салата со тиквички, домати и балсамико.
Реков дека ќе се вратам да се пофалам или пожалам, па еве... да се пожалам Дека сум подисциплинирана нема збор. Благото ми е видно намалено, а и со солено не се прејадувам веќе некое време. Минатата недела од понеделник до среда ослабев едно кило, ама од четврок вечер ме фати некоја лоша серија кафани и ме врати на почеток. Сепак имајќи предвид дека од четвртокот не сум излезена од по кафани, резултатот воопшто не е лош. Фала богу денес мислам дека беше последен ден, а следна опасност којашто ми се заканува е дури во недела. И петок, ама преку ден, па до вечер ќе се потроши. Ова кафанчињава многу проблеми ми прават. Никако не можам да ги елиминирам. Со внимавање можам само да успеам да не се здебелам, ама не и да ослабам.
И јас многу ги сакам печурките а особено тиквичките.Отприлика на околу 200гр. има ставам 1 лажичка веѓета и 1 лажичка маслиново масло,ги промешувам,ако имаш грил тава најздраво е на неа ако не на фолија и во фурна.
3-ти ден...Супер ми е, се навикнав на диетата Единствена грешка ми е што изедов плус пола кајсија, ама си се тешам дека зелена беше и кисела хихихи Не е воопшто тешко како што некои велат за кардиолошката
Мислев да не постои некој начин без масло. Зашто сум слушнала дека маслиновото е убаво за салати, но не и за пржење. Фала многу, ќе смислам нешто ,
^ Јас ги динстам - една мала лажичка маслиново масло и остатокот вода. Ставам зачини што ќе ми дојдат на рака - бибер и една италијанска мешавина што во се живо ја ставам. И сол, вегета не користам. Не е без ич, ама малку има маслиново. Можеш и прво да ги свариш, па да им додадеш ладно цедено на крај, само стави зачини.
Морам малку да се стегнам пред да отидам,не за друго секси да му бидам за него не за некој друг.Имам еден месец на располагање има да се направам топ.Која диета ја препорачувате?
^^^Чим е таква работата, трк дотаму, се почнува рано наутро, се чисти, па им се носи постилка, па кофи со вода, па се молзат, па им се носи храна, па пак се чисти, се носи вода...итн итн. Има сучка да се направиш, ќе ти дојде као пракса ова, а и ќе се стегнеш заедно со мажето Крава диета, ем продуктивно ќе го тепаш времето ем немаат ваљда интернет и ќе се куртулиме од тебе
Во тебе дете лежат тешки комплекси и ги изразуваш на трагичен начин, а јас искрено се надевам дека имаш стварно 15 години, инаку би те пратила сместа во некоја установа.... Не дека сега опцијава не ти бега... Ролај на кеј, вози точак, жешко е пред монитор да седиш. Грее.
Ич да не се секираш, да видиш како ќе се стегнеш копајки ниви по цели денови. Spoiler Сериозно дај одј*би, го отупе више
Уфф женски има шанси да се здебелам ако јадам по 1-2 средно големи банани дневно, не секојдневно но еве овие 2 дена ми се случи да изедам по 2 банани дневно не дека беа големи и затоа две изедов уффф белки неможам да се здебелеам од тоа
Девојче, не се нервирај. Нема ништо да ти биде. Ако трошиш повеќе калории дневно, нема да ти смета воопшто. Ехее, јас во овошниот ден со Ун, ми се имаше случено и 4 банани да изедам. Па пак слабеев. Само гледај да ги јадеш порано, сабајлечи. За да имаш време да ги истрошиш. Башка овошје е. Не се наполитанки или нешто благо, па да му ја мислиш. Можеби имаат повеќе калории, ама сепак. А додека уште нема лубеници, ќе си јадеме друго овошје. Не му ја мисли толку, не се нервирај за се'. Луѓе сме, грешки правиме. Само да не се претерува. Види и што најдов на интернет: Јадењето банани како дел од вашата исхрана нема да ве здебели! Тоа е резултат на присуството на големи количини на вода во нив. 94 грама од вкупната тежина на бананата е вода. Всушност, бананата ќе ви помогне да ја одржувате формата бидејќи ќе се чуствувате заситени за подолг временски период. Но јадењето на банани без граница секако дека ќе влијае негативно на вашата фигура. Јадењето и на најздравата храна во неограничени количини здебелува. Клучот е во умереноста.
Снегче остај ти што зборат ако на тебе ти е ОК тогаш е ОК. Јас ја држев до скоро. Прво 15 дена и ослабев 6 кила а после само една недела и ослабнав само 2, и тоа јас сум баш од тие што се измегу 50-60 кг и што немаат некој голем вишок.. Не е лесна ама не е воопшто штетна како што велат некои., ако се држи како што треба секако. Дури мислам дека од толку јајца јадење ми се подобри крвната слика шо никогаш во животот не ми била подобра.
Знаев дека ке дојде и овој ден ... Одамна ми се немаше случено ама ете Денес станав порано и јадев 100 мл баланс јогурт и 5 интегрални колачиња (колачињата вкупно беа 250калории) и потоа изедов 2 банани но не многу големи и многу ми се спиеше а од 1 требаше на базент да одам и си легнав и кога станав накај 12 јадев околу 200 грами домати една голема краставица и 5 праски и малку цвекло.. Еве што не чини кај мене мешав овошје и зеленчук дали смета многу мене едноставно ми е убаво така и на базент ништо не јадев бидејки бев најадена и сега се вракам дома и изедов уште 2-3 мали праски и една помала краствица и 2 домати и едно интегрално колаче иии сега на крајта изедов 2 реда чоколадо уууууфф Зошто ова мораше да ми се сличи и вчера бев на базент и вчера исхраната ми беше пореметена но денес ова со чоколадото го достигнав врвот :'( :'( не ми требаше но незнам ете оддамна не бев вкусила чокалодо и некако од кај знам ете одеднаш ми дојде Мислев дека не сум веке на училиште па ќе можам повеќе да раководам со исхраната но после овие 2-3 дена што ми се никакви ама посебно еве денешниов јас незнам што ќе правам.. Мене исто така маана ми е што јадам многу многу зеленчук и овошје можам цел ден да бидам на зеленчук и овошје и може баланс јогурт ама ете незнам денес што ми беше.. Незнам како да продолжам, што да правам?
Kolku kalorii imaat pukanki i dali.mnogu deluvaat koga si na nekakov rezim? Se mislam podobro da jadam pukanki odkolku cips
Според мене далеку подобра опција се пуканки отколку чипс или смоки. Само што пуканките се комплицирани за правење . Лом ќе ми го направат шпоретот. Па си најдов алтернатива. Јас од кога почнав да слабеам зависна станав од сончоглед и кикиритки. Значи многу ги јадам. Знам дека кикиритките се многу мрсни ама мене некако ми пријат и добро ме држат. Ме полнат со енергија, а не приметувам да ме здебеливаат додатно.
^ Што нема да те држат кога во 100 грама кикиритки околу 600 калории има Знам кога држев јас диета од нив бегав како од ѓавол, а заразни се, ако почнеш нема сопирање. Едит -Сега проверив и за сончоглед, исто, 100 грама(само семе) скоро 600 калории