(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Serpentina

    Serpentina Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    137
    Сите препорачуваат да не се јаде после 19 h ама јас станувам во 3-4 попладне и си легнувам во 5-6 сабајле, и уживам во тоа..колку и да си се заречувам ке станам ке трчам ова она..не бива...Може да вметнам некои вежби во наредниот период во кој планирам да ослабнам, но незнам како да искомбинирам во период од 4 попладне до 5 сабајле што да јадам и што да конзумирам , зашто мене попладнето ми е како сабајле ,а вечерта како попладне и се така...сабајлето како ноќ си го преспивам...
    е сега , што би ми препорачале , кога што да конзумирам :) малку безвезе звучи ама таков ми стана режимот, сега овие 2 месеци да си се изнаспијам и да си уживам зашто од септември со факултетот пак ...ке биде измачување како и претходната година , рано станување и сетоа тоа..и одвај чекав да дојде летово да се изнашетам и изнаспијам само уште ми фали да ослабнам ..па затоа и незнам што да јадам а што не :)
     
  2. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Палентата е полуготов производ направен од бело пченкарно брашно којшто ти уште еднаш ќе го загрееш (што е штетно). Ради сето тоа отпаѓа од класификација на здрава храна и слично делува на организмот како да јадеш бел леб (без глутен).

    Сепак ако повремено сакаш да си направиш ќеиф нема да имаш некоја штета :).

    Оригинал палента се прави дома од пченкарен гриз од цело зрно што го вриеш на тивко со малку вода околу 45 мин :)
     
  3. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    И како термичката обработка на една храна може да биде штетна за здравјето?
     
  4. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Се што е претерано не е убаво,ако сакаш да замениш некогаш можеш да пробаш да каснеш.
    Здраво е да не си дебел,а исхраната игра една улога од тоа.
    Умереноста е клуч :)
     
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Па скоро секогаш термичката обработка е штетна по здравјето :!:
     
  6. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Дали е добро веднаш по станување да се вежба (на гладно) ? Или на тој начин се губи мускулна маса?
     
  7. bastet

    bastet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    94
  8. iloveugirl

    iloveugirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    217
    Луѓе дали златната мешавина од конзерва е здрава односно дали може да се конзумира ако си на диета ?
     
  9. pato

    pato Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Нема посебно време за вежбање вежбај кога можеш а ако сакаш да вежбаш сабајле најдобро е 1 час по појадокот.
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Јас имам пробано да вежбам на гладно, ама дали затоа што ми беше навикнат организамот брзо од кога станам да појадувам, или можеби ме изморија вежбите, затоа што вежбам кардио со висок интензитет, ама почна да ми се врти и страшно да ме боли желудникот, па отрчав, каснав една коцка чоколадо и ми помина истата секунда. Си ги довршив вежбите и после веднаш појадував. Од тогаш си реков - вежбање на празен желудник - не...
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  11. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    На кој начин е полошо термичката обработка?
    Се губат нутриентите,имаш ли некој примери или се е чисто анегдотично?
    Пробај да јадеш компир или брокули сирово.
    Има пример дека готвењето е подобро и полезно за човекот,особено за доматот,кој кога се готви му се зголемуваат придобивките.
    Доста со псевдонауката...
     
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    ОК Стеф, како кажеш ти :)
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  13. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Зависи каква активност сакаш да правиш,ако правиш високо интензивна и ако си почетник ќе се онесвестиш,затоа што високо интензивните активности бараат гликоген како гориво и ако ти е празен гликогенот нема да имаш добри перфоманси и ќе се чувстуваш лошо.
    Од другата страна ако имаш искуство со вежбањето како тренер би препорачал од сабајле да пешачиш на гладно,но ако немаш се држиме на основата.
    Има многу фактори за губење на мускулната маса,едно е не адекватното ниво на протеини и друго е тоа што за да се случи деградација на мускулите(катаболизам) треба да не јадеш 48 часа и тогаш се користат протеините како гориво.
    Но тоа е сега друга дискусија што другпат ќе ја оставам на отворено да се збори.
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lattie

    lattie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Конечно од утре стартам со диетата на Жан Митрев се надевам дека ќе има позитивен ефект во комбинација со секој ден возење велосипед по најмалку 30мин, би требало да има ефекти.
     
  15. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Феминки, вечер имаме предавање за правилна и здрава исхрана и здрави методи на слабеење. Која сака да присуствува нека ми најави по пп, влезот е бесплатен :).

    https://www.facebook.com/SelfdefenseFitnessMK

    [​IMG]
     
    На Annath и DAngel им се допаѓа ова.
  16. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.196
    Мене лично брокулата свежа ми е многу вкусна и често се јаде со свежи сосови на база на јогурт ;)
     
  17. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    Секако дека свежата храна е подобра, но има примери кога готвената храна е подобра. Таков пример е морковот, мислам дека пожелите нутриенти во морковот се активираат по неговото варење.

    Друго има термички и термички обрабтена храна. Зависи за каква зборуваме. Ако е само сварен зеленчук во вода тој нема да изгуби многу од својата нутритивна вредност (може некои протеини само) но, ако збориме за пржење како термичка обработка не очекувајте дека од омлетот ке внесете исто протеини како и од вареното јајце.
     
    На StefChef му/ѝ се допаѓа ова.
  18. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Види јас не реков секоја храна што поминува низ термичка обработка е лоша,има одредени храни што се подобри во сирова форма отколку готвена.
    Но има многу примери каде што термички обработената храна е подобра.
    Пример патлиџанот и ликопенот,кој е многу добар антиоксиданс,подобар од витамин Е.
    Готвењето на патлиџанот ја зголемува таа состојќа и ја прави таа здрава.
    А тие што се во оној RAW mindset се само во заблуда дека се поздрави од луѓето што имаат балансирана исхрана..
     
  19. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    Така е StefChef и јас истото го кажувам. Немам барано на нет, ама на факс не учеа дека витаминот А на пример во многу зеленчуци е во проактивна форма а се активира по варењето.

    Инаку девојки јас пак ке ве дружам во темиве за диети . Таман се бев отарасила од вишокот килограми кога ооопп гледам пак нешто се опуштам. Сега одам на работа, па на држење диета не смеам ни да помислам. Останувам да се дружам со ѓумбирот (мада него повеќе од кејф го пијам отколку заради диета), нема да јадам ништо после 18 часот и секако секој ден трчање. Можеле стари жени по 80 кила да трчаат секој ден, јас да не можам.
     
  20. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Муабетот воошто не беше дали треба храната да се готви или не затоа што не е непознаница дека повеќето продукти се поздрави во свежа состојба со исклучок на неколку кои мораат да бидат термички обработени. Повеќето зеленчуци и скоро сите овошја се многу поздрави ако се консумираат во сурова состојба.

    Тоа што претходно го напомнав е дека еднаш зготвена храна не смее да се олади па пак да се подгрева затоа што станува штетна за организмот. Очигледно не секој чита внимателно што е напишано.
     
    На DAngel, feminium, ozbilnazena и 1 друга личност им се допаѓа ова.