(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Ок дај ми факти за твоите тврдења?
    Ако веќе имаш аргументи што ги немаш во моментов,веќе идеш во псевдонаука или се базираш на анегдотични докази.
    Да објаснам нешто што еднаш засекогаш ќе биде откреиено.
    Има два типа на витамини,витамини што се растворливи во вода и масти.
    Витамините како Б,Ц кога ќе поминат термичка обработка ја губат својата хранлива вредност,но тоа не значи дека се штетни или предизвикуваат болести.
    Додека витамините како А,Е,Д,К се витамини кој тешко можеш да станеш дефицитарен зашто треба повеќе време да не ги внесуваш за да добиеш некој лош ефект.
    И кога ние ја обработуваме храната ние ја правиме посварлива за нашиот желудник,плус ако претераш со јадење на диетални влакна од препорачаното од 14-30 грама дневно не само што ќе добиеш подуен стомак нема шанси да вежбаш.
    Затоа не секогаш храната треба да биде здрава,понекогаш касни си колаче,благо или било каква процесирана храна.
    Телото не знае дали е тоа чиста храна или процесирана храна.
    Ако се претера се складира во масти.
    Клучот на здравјето е балансирана исхрана.
    И ако верувате во тоа дека готвената храна е штетна,тоа е ваш проблем,но кога ќе добиете некоја болест,затоа што не сте ја вареле некоја храна,тогаш ќе се тргнете од тоа размислување и ќе се потпирате на научните истражувања.
    Искрено жал ми е што секогаш во Македонија и пошироко на Балканот,луѓето веруваат во тоа што сакаат да го слушнат,а не тоа што науката го вели.
     
  2. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.740
    не ве следам од почетокот но колку што сватив дискусијава е дали храната( зеленчукот) е поздрава готвена или сурова
    Секако постои храна која мора да се приготви( пример компирот), но постои и онаква која може да се јаде сурова
    и јас стојам зад тоа дека суровата храна е подобра, ако ништо друго барем витаминот Ц го внесуваш, додека со готвењето незнам дали си читал за ова витаминот Ц го губел дејствието( истото се случувало и на температура во минус т.е. со смрзнување на храната
    исто така пеницилинот во суровата пиперка се губел со приготвување

    Готвената храна според мене не е штетна сомо не е толку корисна како и суровата

    Да се разбереме не зборувам за храна која мора да се приготви туку за онааа која е достапна сурова!


    Ако случајно промашив дискусија се извинувам

    и за витамините да се надополнам
    мислам дека готвењето на храната не е до тој степен за да зборуваме за дефицит на витамини и нивно разградување, сакам да кажам нема толку голема улога, со готвење се губат само ете тие мали ситници како пеницилинот на повисока температура Ц витамин и сл

    и уште еден едит: знам дека стеф мноогу им верува на статиите и америчките истражувања па еве
    http://mojtrener.mk/razlikata-pomegju-svezhata-i-zgotvenata-hrana/dieti/889
     
  3. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Ензимите се протеини да,но нашиот стомак веќе ги има.
    Има ензим за се и сешто,некој може да го нема ензимот за лактаза и да стане нетолерантен.
    Генерално и јас сум за истото што ти го кажа,дека сурово е подобро но не значи дека 100% да јадеш сурово е најдобро ;)
    http://www.youtube.com/watch?v=QytmKcH_GV4
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Јас малце потфрлив за време на одморот,ама ветувам,ќе си продолжам со режимот и вежбите и зумбата :) :wasntme:
     
  5. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    На SexiLy, Lilit, Mrs.Cuper и 10 други им се допаѓа ова.
  6. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Сакам да прашам тие што јадат мусли за слабеење,нели муслите се јадат со млеко а млекото зар не е калорично?Каква е таа математика? :?:
     
  7. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.791
    Допаѓања:
    2.555
    Пол:
    Женски
    Епа млекото ќе гледаш да ти е со најмалку масти и гледај муслите да ги јадеш како за појадок :)
     
  8. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Јас пак мислев дека се диетални и можеш да ги јадеш колку сакаш и кога сакаш.Значи ќе треба да барам друга алтернатива за навечер :^) Фала на одговорот секако :*
    Едит-Сега видов битолско млеко има помалку калории од самите мусли на 100г а калориите на муслите и грицките(трик парти микс) се скоро исти
     
  9. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Млекото ниско-маслено има 40 калории некаде од кој 3.6 грама се протеини,4грама јаглехидрати и масленоста варира.
    100 грама мусли зависи кој бренд има некаде околу 330-400 калории,зависи дали ќе стават јатки(повеќе калории) или повеќе овошје.
    Така да не гледам зашто би ги откажала нив :)
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.952
    Допаѓања:
    203.273
    Пол:
    Женски
    Муслите се најдобра варијанта за појадок со свежо исцеден овошен сок. Јас така практикувам веќе некое време и подобро ми е, отколку кога ги јадев со млеко. Ама јас купувам обични снегулки без додатоци, па ги мешам меѓусебно, додавам семиња, јатки и суво овошје, цедам сок и ги мешам. Поубаво здравје!
     
    На mims-89, mimiiiii, babymama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Грицките каде каде имаат повеќе сол од муслите.
    Може да ги споредуваш,но гледај да 80% од исхраната да ти е не процесирана храна,другото да си поткаснуваш што сакаш :)
     
  12. iloveugirl

    iloveugirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    217
    ее и јас ја решив мојата најголема дилема.. баш и тоа мене ме мачеше како може на 100 грама од производот еве житариците на виталија од 1кг во пакување што с епродаваат имаат некаде 380 калории а исто така и тие рибичките, переците имаат толку калории во 100 гр.... и се чудев што е...
     
  13. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    6.068
    Допаѓања:
    5.568
    Пол:
    Женски
    Еден совет од мене- корнфлексот (обичен, не чоколаден) или житариците јадете ги со јогурт, наместо млеко, многу е поздрав, помалце калоричен и помага во варењето :)
     
  14. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Ме интересира - зошто утринското вежбање е попрепорачливо? Во однос на она дека ти дава повеќе енергија во текот на денот или има нешто плус? Зашто калориите кои ги внесувам за ручек и доручек повеќе ги трошам, не седам во место, а по вечерата нема некоја можност да се потрошат, а освен тоа вежбање во 12 по полноќ ми е некако поиздржливо од 12 на пладне.
     
  15. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Кога е најдобро да вежбаш е лично твоја одлука.
    Вежбај кога ти најдобро се осеќаш.
    Генерално најдобро е во 4-6 часот,бидејќи тогаш имаш најмалку стрес.
    Кога си од сабајле освен што треба да вежбаш на гладно,имаш повеќе кортизол и нивото на гликоген е ниско.
    Ако сакаш да пешачиш е ок,зашто не ти треба нешто многу храна за тоа.
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  16. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    И јас вака правам. Имам приметено дека ако јадам житарки со млеко/јогурт ми се подувува стомакот, полн со воздух ми е, а со цеден портокал ми е многу и повкусно и нема никаков проблем со варењето.
    Најчесто купувам или само овесни или `ржани снегулки, па си додавам ленено семе, сончогчед, ем мене вкусно, малку калорично, ем на мешето убаво.
     
    На XMaN и Annath им се допаѓа ова.
  17. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Не знаев каде да ја поставам. :wasntme:

    Лубеница диета: За 7 дена 15 килограми

    Понеделник
    Појадок: Посакајте им на вашите добро утро, известете ги дека од денес сте на фантастична „лубеница диета” и оставете ги да ви завидуваат.
    Ручек: Прошетајте до пазарот на другиот крај од градот, купете ги двете најголеми лубеници што ќе ги видите, земете ги под мишка и пешки вратете се дома.
    Вечера: Испијте чаша млака вода.

    Вторник
    Појадок: Аспирин, а ако воспалението на мускулите е неподносливо, тогаш испијте два.
    Ручек: Изведете ги двете лубеници на прошетка! Покажете им ги знаменитостите на вашиот град, одете пешки и цело време носете ги под мишка.
    Вечера: Мала шолја незасладен чај од жалфија. Евентуално повратете.

    Среда
    Појадок: Земете една лубеница во раце, испружете ја пред себе, направете 20 чучњеви.
    Ручек: Тркалајте ги лубениците низбрдо, потоа пуштете ги и трчајте по нив. Ручајте 2-3 пати.
    Вечера: Насмевнете му се на огледалото. Позитивниот став е најдобра вечера.

    Четврток
    Појадок: Легнете на под, рацете позади глава, лубеница во раце. Направете 5 серии од по 20 стомачни.
    Ручек: Однесете ги вашите лубеници на Водно. Носете ги под мишка додека се качувате кон Милениумскиот Крст.
    Вечера: Кришка домат и свежа зелена маслинка. Чаша вода и насмевка!

    Петок
    Појадок: Качете се на вага, до сега би требало да сте послаби за 9 килограми. Споделете ја радосната вест со вашите, ама не и нивниот доручек.
    Ручек: Мх мх мх! Ручекот од средата баш ви годеше, нели? Со сласт се потсетувате... Частете се и повторете го тоа гастрономско искуство!
    Вечера: Мислете на храна добри 15 минути.

    Сабота
    Појадок: Фатете една лубеница со нозете, со раце фатете се за шипка и кревајте се и спуштајте во 3 серии од по 10 пати. Ако уште сте гладни, направете уште една серија!
    Ручек: Исечете една од лубениците, изедете 3 кришки. Остатокот изнесете го надовор и трчајќи фрлете го во ѓубре во контејнер на другиот крај од градот.
    Вечера: Фантазирајте дека сте згодни и витки. Плажа, стомачни мускули во бакарна боја, море.

    Недела
    Појадок: Покажете им ја својата нова линија на домашните, извадете им го низ тоа што не веруваа во вас.
    Ручек: Начнете ја и втората лубеница, почастете се и изедете парче од средината. Остатокот изнесете го и фрлете го во ѓубре, на другиот крај од градот.
    Вечера: Важно е да не ја прескокнувате вечерата, па затоа изедете 3 бадеми и еден лист зелена салата. Слободно по желба зачинете со вода.
     
    На Daisy.E му/ѝ се допаѓа ова.
  18. orinoco

    orinoco Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    88
    Интересна ти е диетава стварно, а дали некој ја има пробано?дали делува?
     
  19. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    824
    Мислам дека ама баш ич не е местото на т.н. диета овде. Можеш нема лоша намера ама овде има луге кои баш се трудат да ослабат и ова му доаѓа ко терање сеир.
    А он топик јас сеуште се трудам да најдам мотивација за вежбање. Ослабев околу 5 килограми за два месеци и сум задоволна, ама овој целулитов ме мачи сеуште.
     
  20. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Тоа ја искажува вистинската слика за како треба вистински да се испотите и да се тргнете од размислувањето дека сте на диета,наспроти тоа сте земале да се подобрите себе :)