И јас се изненадив богами ццц пошто јас озбилно многу грицкам. Ама таа ако била само на јаболко и сончоглед би требало да слабее. Јас и така имам слабеено, кога сум немала апетит за ништо само сончоглед кога сум грицкала.. али кажи и. хахахах
во 100г: сончогледот 571кал семки од тиква 535 кал кикиритки 575кал ореви 715кал бадеми 596 костени 196кал 100г: чоколадо млечно 526кал чоколадо со лешници 556кал за готвење 510кал сладолед млечен 202кал 100г пилешки прсти 160кал печено пилешко 196кал варено пилешко 175кал салама 370кал шунка димена 255кал 100г: двопек 380кал кроасан 412кал чоколадни бисквити 400кал крофна 420кал јајце варено 80кал јајце печено 130кал (не пржено) 100г вино бело 78кал вино црно 76кал вотка, рум ,виски 226кал 100г ананас 35 банана 92 праска 41 јаболко 57 јагоди 33 портокали 45 суви смокви 254 цреши 59 ако фали уште нешто не е проблем ке ви кажам
Е сега да прашам, во 100 грама има толку, ако изедеш помалку од 100г значи автоматски си внел помалку калории така ?
Пресметав и еве што ми вика Spoiler Според внесените податоци за да ја одржувате вашата моментална маса вие треба да внесувате околу 1340 калории дневно. - За слабеење околу 1072.25 калории дневно. - За екстремно слабеење околу 804.25 калории дневно. Фала девојки Пилешкиве прсти ич не биле калорични... Утре пржам, готово..
Да Лукс, ако изедеш помалку ќе си пресметаш, колку калории се на база на тие сто грама и бројот на калории, нормално се помалку. Во линковиве што ги имаат дадено девојкиве на страната ќе видиш има можеби и такви за калкулации во грамажа, мислам и јас таков еден ставив, а можно е и да сум грешка пошто сто сајта прелистав денеска со калории ццц. Ама и сама можеш да пресметаш.
и уште нешто во врска со тоа колку калории треба да внесуваш-се е индивидуално знам дека е потребно да пресметаш, ти без диета колку калории внесуваш дневно и од таа сума треба на секои две недели да одземаш по 200кал за да стигниш до идеалната тежина. ...Да не речете дека може малку да филозофирам повеке, од каде ги знам овие работи и сл.... во 3та год средно имав 64кг а сум висока 162см , моите ме пратија во Белград (зошто таму е вујнами)на камп за ослабнување 10дена каде имавме предавања за сето ова ...кога си дојдов дома немав некоја дадено диета од нив само листа со калории и колку калории внесувам дневно. јас внесував без диета 3100кал и ми беше речено прво да намалам 200кал и тоа да трае 14дена потоа од тие(намалените) уште 200кал.итн. процесот на диета ми траеше долго -8недели .Дојдов до 53кг, до ден денес ги немам вратено кг (може едно до две-сега кога ке ставам 2кг се сметам за дебела )но никогаш повеке. Затоа ви ги пишев - од искуство Но не велам дека ова е најдобрата диета , на мене делуваше и јас сум задоволна ...а вие сами ке си одлучите што е за вас најдобро
Ама не е само до калориите, масти се цели, мрсно-пржено. Прженото е прво на листа на исфрлање жалам Подобро изеди нешто со повеќе калории ама да е здраво и природно, зашто тие калории не се лепат
Лолитке, направи ги печени, јас така правам кромиди прстени ццц помалку масло, всушност само намастуваш тава и ништо повеќе. Некоја таква тефлонска ако имаш, која не лепи или евентуално користи од оние што знам за печење пица хартии што се да речеме, мада немам со тоа пробано, јас на тава обична тефлонска без ништо ги печам
Нема шанса да внесуваш 3000 калории и да слабееш, невозможно е мислам, освен ако претерано тренираш, секојдневно по 2-3 часа, ама и тогаш многу ми се гледаат.
еве линк за бмр калкулатор, да си пресметате колку калории му треба на вашето тело нормално да функционира, во однас на тежината, висината и годините. 1200кал се препорачуваат при слабеење, а 2000 за одржување на тежината (ова е одприлика, тука зависи и физичката активност). е сега, мене ме бунат малку овие таблициве со калории...сите покажуваат различно . најубаво според мене е да се гледа на самата опаковка колку има. за девојките што не знаат како да ги израчунаат калориите во однос на грамови (мала математичка поедноставена формула Spoiler ако во некој производ има пр. 350 кал во 100 грама тогаш во 80г колку би имало 350кал-----------100гр х ----------------80гр х=350*80 / 100 х= 280 кал се извинувам за математикава линкот го заборавив хахах http://www.bmi-calculator.net/bmr-calcu ... ulator.php
Има разлика во возраста. Тоа е мислам калории за помлади кога сме, деца да речам. На овие години е подруго 1200-1300 кал. дневно е нормално, по она што ни зборувал инструкторов по аеробик, доколку не сме активни од кои вадиш по некои си 300-200. Математичару Мелани ццц од се што ми иде супер, само математика јок, кога ќе видам нешто со математика, само од гледање ми се врти главата ццц шала мала
Mалце офф топик, ама сега за 2 недели имам испит и за ова BMI треба да полагам,за калории, слабеење со вашите совети море 10ка ќе земам јас ! A мајка ми ми вика, ту, мори ништо не учиш Kако не учам зар ова овде не ли е учење???
ахххх и мене ме здоболе глава од калорииве...пресметки, чуда...затоа, тие што не сакаат да се замараат со бројки, само со диета кај што си пишува што на мени за дента...се си е израчунато таму. инаку денес ми е овошен ден...доручек јаготки, после парче диња, па портокал, и сега пред малку многу ми се пријаде па си направив салата со домати, краставица, рукола, ротквички, младо кромидче малку сол и маааалку маслинов зејтин....ако не го изедев ова ке умрев. ваљда пмс-ов порано ме нападнал месецов
хахха....што убав испит имаш ти....блазе си ти ај види таму во книгата што пишувале таму тоа стучњаците...па таму кај што грешиме да не опраиш
за прженото се сложувам и јас со тебе, но јас не напишав пржени -ништо од напишаното не е пржено туку печено, во пилешкото месо има најмалку масти а најмногу протеини кои ги има во секоа диета,а и треба да ги има (затоа ако не јадиш месо правиш замена со јајце кое е ист така полно со протеини за разлика од другото месо кое е полно со масти) а и зборував за 100г , а секоја порција во ресторан има отприлика 200г(зборувам само за прстите)и тие се пржени во македонски ресторан -на страна порциите се намерно направени помали... јас искрено кога бев на диета не ги конзумирав нив (како се печат незнам) но знам дека наведив во листата дека не е пржено туку печено (кај јајцата)
Јас денес полабава сум,ми се подслоши од сабајле,оние денови од месецот и у мир.Вежбав претходниве денови,така што денес не мрдам и си јадев јаболко,варено бело мевце и варени компири со малку сенф и грст цреши. Него вака за калориине...1500 е диета,1200 е строга диета,900 телото е во глад и дури е опасно ако е така повеќе од 10 дена.1800 се минимумот(пожелен и потребен за една просечно тешка и висока личност,ко горна граница и според годините се гледа и според висината и тежината) кој е потребен за нормално функционирање на телото во мирување,значи без физичка работа,туку потребно за создавање на топлина и за работа на органите,а за да се задржи сегашната тежина треба да си пресметате колку треба,еве за мене конкретно,си пресметав,ми се потребни помеѓу 2200 и 2500 калории дневно.За да се поправите еден килограм за еден месец,треба да внесувате 500 калории вишок дневно.
Јас денес почнав изедов соја 75гр. за ручок и една краставица за вечера и вежбав 45мин. се надевам дека ке има резултати
Не бе, не е можно. Јас бројам калории редовно веќе една година и едвај внесувам по 1200 калории, без многу пазење и пак многу ми се. Инаку мене самата апликација според тежина, пол, години ми пресмета дека треба да внесувам 1200. Јас просечно по 1000 внесувам и плус вежбам секој ден по еден час....така веќе година дена
грешка си лилит! 7700 калории има во едно кило! со внесување +500 калории за 15 дена ќе се здебелиш 1 кило