Сите препорачуваат да не се јаде после 19 h ама јас станувам во 3-4 попладне и си легнувам во 5-6 сабајле, и уживам во тоа..колку и да си се заречувам ке станам ке трчам ова она..не бива...Може да вметнам некои вежби во наредниот период во кој планирам да ослабнам, но незнам како да искомбинирам во период од 4 попладне до 5 сабајле што да јадам и што да конзумирам , зашто мене попладнето ми е како сабајле ,а вечерта како попладне и се така...сабајлето како ноќ си го преспивам... е сега , што би ми препорачале , кога што да конзумирам малку безвезе звучи ама таков ми стана режимот, сега овие 2 месеци да си се изнаспијам и да си уживам зашто од септември со факултетот пак ...ке биде измачување како и претходната година , рано станување и сетоа тоа..и одвај чекав да дојде летово да се изнашетам и изнаспијам само уште ми фали да ослабнам ..па затоа и незнам што да јадам а што не
Пааа... не се справувам баш некако, се мачам Јас немам време преку ден да спијам - на работа сум, а попладне имам други обврски, па цел ден главно во трка со времето го поминувам. А ми се спие - за на Водно станувам во 5.20, за да стигнам да се качам, да се вратам дома, да се средам и во 8 да бидам на работа. Обично сабајле многу ми се спие, ама првото кафе на работа ме освестува, па после веќе е полесно. Никако не можам да сум наспана, за да се наспијам треба да си легнам во 9.30-10, а тоа не ми се случило до сега. Затоа ако некој ден ептен многу ми се спие не одам на Водно, ако вежбам дома можам во 6.30 да станам, или па воопшто да не вежбам тој ден. Гледам барем 4 пати во неделата да одам на Водно, а другите денови да вежбам или да одмарам. За викенд спијам повеќе, да надокнадам Денес не можев да отидам на Водно сабајле. И онака денов ми е предолг - одма после работа имам едно полагање, па после еден службен состанок што ќе ми трае до кај 10.30 вечер и после сум на роденден. Уште да станев сабајле во 5.30, ќе беше неиздржливо. А прашање е и утре дали ќе одам ако си легнам денес на полноќ...
Што има повеќе ефект за губење калории : трчање или сепак треба да се прават некои вежби ? Сакам побрзо да ослабам ( барем килограм неделно) . Претходнава недела трчав секој ден по 40-тина минути ( темпо трчање ) . Денес решив да правам некои побрзи вежби. Но, не се уморив толку како шт се уморив при трчањето . Дали ако повеќе потиш при вежбање значи дека губиш повеќе калории ?
Кога ќе стигнеш ѕид во симнување килограми тогаш се додава интензитет. Спринтовите секако се подобри но не секој може да го прави со тој интензитет. Пред да почнеш да вежбаш интензивно,треба да имаш искуство доволно со вежбање. После тоа кога ќе добиеш искуство ќе осетиш голема разлика. Сега за сега додај и некои вежби со сопствена тежина
Стеф од тебе сакам малку постручен одговор. Конкретно за пченка Дали е штетна, колку е препорачливо на ден, калории и слично? Дали помага при намалување на килажата или за зголемување? И каква е најздрава? Фала
Не гледам зашто да не додадеш пченка во твојата исхрана. Нема храна која е штетна или е добра,храната е тука да се троши. Тоа не значи да се храниш само со брза храна,благи и празна храна без никакви микронутриенти,туку понекогаш да си каснеш некое чоколатце,да се напиеш алкохол(пиво,вино) да бидеш најнормален во твојот круг на пријатели. Се ако се прави во умерена доза е добро исто и со пченката. Пченката на 100 грама има 86 калории. Тука можеш да видиш со што е богата. http://www.whfoods.com/genpage.php?tname=foodspice&dbid=90 Плус сега имаше истражување како пуканките од пченката можат да бидат бенефитни за ако сакаме да стопиме вишок килограми. Бидејќи сакаме да внесеме што е можно повеќе храна што зафаќа многу простор во желудникот,таква храна се пуканките. Исто е и со компирот. Компирот има блиску калории како пченката и е многу бенефитен. На крајот на денот битно е да не сме дебели и да се одржуваме здрав животен и нормален стил. Затоа умереност да не се претерува
Драги мои дами јас само да ви кажам дека за се треба време и работа....јас за месец дена симнав 5кг. можда не е многу ама се зависи од организмот а ја сум задололна и продолжувам уште некои килце да симнам сакам...
Имам 58 кг., па сакам да ги симнам на 52-53. Пред две недели се решив да почнам да се хранам ептен здраво, затоа што имав мн неуспешни обиди кога си апнував чат пат и благичко, бело лебче, газирано, но сега ставив крај на сето тоа! 11та ден ми е без благо, газирано и без бел леб (црн може едно парче на ден) и почнав пред 3 дена да правам стомачни придржувајќи се до ова http://shrinkingjeans.net/files/2013/05 ... nge-01.png И уште нешто кој знае да ми одговори: Зошто пред тоа кога трчав 3-4 пати неделно немаше никакви резултати? Тоа го правев околу месец и ништо. Но, јадев и леб, благо по некое парче. Прашањево ми е дали трчањето придонесува повеќе за да се ослабне или само да се затегнеш? Јасно ми е дека се трошат мн калории при трчање, но ете кај мене немаше никаков резултат, дали оти не внимавав на исхраната, незнам..
Тоа е одлично. 5кг е препорачано за симнеш за 1 месец. Генерално подобро е да слабееш по 3-5 кг месечно,затоа што тоа е здраво и одржливо. Во тој процес на слабеење ќе научиш како да се контролираш со храната,како да се храниш правилно и да бидеш активна за да ја одржуваш тежината. Сепак продолжи напред со исто темпо,тие што слабеаат брзо ги враќаат брзо килограмите
Јас од денес ке внимавам на исхраната Сум се поправила во стомакот и колковите и тоа видно многу , сите ми рекоа дека сум се поправила па решив од денес благо да не јадам , ќе јадам салати - овошје зеленчук , ручекот најнормален , ржан и интегрален леб си јадам од секогаш и ке продолжам да го јадам , витамини внесувам и за навечер и сабајле за јадење најчесто корнфлејкс ке има Се надевам ке има некаков резултат
Јас внимавам веќе две недели. Втората недела ослабев 1.2 килограми, или вкупно 3.2 кг за две недели. Вторава недела само 3 пати бев на Водно, ме утепаа обврски. Инаку јадам стандардно - појадок мусли со јогурт, ручек што има дома со салата. Тоа го јадев и претходно, плус нешто благо по секој оброк. Сега избегнувам благо, освен кога има некој повод... и така вчера изедов 3 парчиња торта по 3 различни, но убави поводи
И мене оброците ми се како на Ариел, без тортите само али пак малку претерав со виното, мислам претходната недела 3 пати пиев по една чаша вино. Трчам на кеј 4 пати неделно, сега планирам и да идам во теретана другите 3 пати во неделата, до Октомври да немам грам салце. Трчам/џогирам недела ипол веќе, и има разултати да ви кажам, се осеќа позатегната кожа, не се тресе толку салце, има малку од малку резултати. Башка трчам со тренерката закопчана до врат, жива вода сум, а трчам претежно после 8, некогаш и 9 навечер. Километража од 4.5 до 5.5 километри кога како сум расположена и ме држат нозе, ама со паузи, немам толку сила и плус пушач сум, а тоа не можам уште да го откажам. Задоволна сум од тоа колку енергија ми дава, тоа невидено, се посилна и побрза сум, денес претркав еден згоден дечко со кондиција, веројатно тренира нешто, ама кога се уморив ме стигна за минута и ми се насмеа као кеч ми иф ју кен уан деј мај френд, уан деј На вага се неам качено, ама кај и да е и таму ќе има резултати.
^ И јас драга пријателице имам слична замисла, од 1-ви следниот месец да почнам комбинирано теретана и трчкање низ кеј, не знам стварно како ќе ја поднесам комбинацијава, затоа што ми е крајно монотоно и досадно едно те исто, во случајот трчањето, јас сум хиперактивно човече, многу сакам да скокам. Се надевам само нема за брзо време да се презаситам. За исхрана од сутра почнувам некоја модифицирана верзија на турбо УН, не знам ни самата што точно ќе правам, уствари не знам уопште што понатака....Битно листа со песни за трчање имам во мобилен, добро е од некаде да се почне. Доста се тешам.
Ќе издржиш, верувај ми ќе издриш и нема да ти биде досадно. Јас последниве 2 тренинга трчам сама, ми ја нема партнерката неколку дена и слушалките на уши и нема галје, дури и помалку паузи праам, не одмарам многу на пола пат, и побрзо завршувам. Скокај си бе, јас дека трчам на тоа мекото- земјата не на патеката, има многу каки од кучињата што ги шетаат тука(што страшно многу ми смета, но тоа друга прича) и наместо да ги заобиколувам ги скокам Ми се смеаат ама ич не ми е гајле. Решена сум до Октомври, риба ипол, имам и дополнителен мотив од само тоа да носам М гардероба не Л Комбинација верувам е напорна, ама што да кажам, кад се мора мора се. Ти немаш толку вишок ко мене, и трчање би ти било доволно. За 4.5 килиметра 300 калории се согорува, барем апликацијата моја така покажува. Тешко е на почетокот ама после се уходуваш, ние дури и се тркаме со другарка ми на заебанција на крај, за да истрчаме побрзо, трачање она здраво, не џогинг.
Женски здраво помина месец дена од кога почнав да забушавам со диетите, вежбањето и слично но се освестив дека е крајно време да се вратам на тоа што бев.. Од денес почнав да вежбам по дома повторно најдов некои вежби на јутуб се надевам веќе нема да забушавам а во поглед кон исхраната овој пат одлучив да не ми биде се здодевно и монотото но т.н. моја диета т.е. броењето на калории. Овој пат одлучив да експериментирам и да користам повеќе зачини во исхраната а еден од тие е и циметот. Пред година време неможем да го поднесам мирисот на цимет но незнам како се случи, па сега можамбез проблем да го конзумирам. Но како? Прееска пробав пола лажиче да изедам така без ништо леле луѓе мислам малку фалеше да се загушам. Вие како го конзумирате циметот бидејки што читав по интернет има многу здравствени придобивки а и помага во слабеењето. Исто така од сега ке ги правам некои здрави рецепти од овошје, зеленчук било што ем ќе ми биде забавно и плус ќе трошам време во нешто и така сум на распуст... Вие имате предлози за некои здрави, ниско калорични рецепти? А исто така приметив дека доколку готва храна за другите еве за домашните ако спремам некој брз десерт беднаш ми се намали чувството за глад. Инаку страшно обожавам да готвам Па јас сакав само да прашам како да го конзумирам циметот и по колку и дали имате предлог некои здрави нискокалорични рецепти ете баш како за лето поздрав женски
^ циметот може да си го мешаш со овошна салата, посебно со банана и јаболко иде. Јас си ставам цимет во кафето (нес) и има преубав шмек. Во продавница за здрава храна може да побараш мешавина од семенки за слабеење плус цимет внатре ставаат, па секој ден да си сркнуваш по една/две лажички. Инаку семенкиве се мешавина од семки од тиква, сончоглед, ленено семе и сусам. Може и со мед да го имешаш миксов, па да си ставиш во овошна салата и ќе имаш вкусен и здрав оброк.
Здраво.Јас сум другар на корисникот на корисничкото име Nutricionist,за да не отварам ново ми даде тој ова корисничко име.Од Скопје сум и имам проблем со тежината.Воглавно,поминав преку тежок психички период што резултираше со покачување на мојата тежина за 50 килограми плус.Јас сум 184 висок и бев 84 килограми,за жал сега сум 134 кг.Сето тоа почна од Божиќ па се до денес.Откако почина мајка ми,добив стресови и ослабев десетина килограми т.е станав 75 кг.Веднаш после 2 недели почина и татко ми од мака и срцев удар,така да јас 19 годишник останав сам со бреме на моето рамо-братчето мое.Од тогаш,паднав во депресија па најдов утеха во храната.Од тие пари што всушност останаа од мајка ми и татко ми за моето студирање,јас половина ги потрошив.Се затворив дома,јадев тостови,кроасани,пици,пастрмајлии,разни баници и слично.Исто така јадев многу благо.Од момче со прекрасно тело,преминав за само 6-7 месеци во неизмерно дебел човек.Луѓето не ме препознаваат па морам да се кријам од некои кои сум ги познавал порано. Мојот школски пријател Nutricionist,ми кажа дека благодарение на оваа диета ослабел.Јас му реков дека сакам онлајн подршка и тој ми рече не мора да правам ново корисничко име,само да се најавам дека не сум тој и да кажам се што имам проблем и да не кријам колку сум килограми и што сум.Е сега,ми раскажа се убаво за турбо УН диетата.Јас би сакал,неа да ја практикувам 1 месец па после да преминам на друга диета па после пак Ун турбо. Денес почнав со протеински ден. Се надевам,не ви смета шо сум машко.Позз