(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.740
    едит: има повеќе типови на вегетаријанци
    Постојат повеќе видови вегетаријанци:
    Вегани - строго растителна исхрана (житарици, мешунки, овошје и зеленчук). Целосно ги исфрлаат производите од животинско потекло, па дури и медот.
    Лактовегетаријанци - покрај растителните продукти, јадат и млеко и млечни производи.
    Ововегетаријанци - покрај растителните продукти, јадат и јајца.
    Оволактовегетаријанци - покрај растителните продукти, јадат и јајца, млеко и млечни производи.
    Полувегетаријанци - покрај вегетаријанската исхрана јадат и бело пилешко месо, како и риба, но не јадат црвено месо.
    Песковегетаријанци - покрај растителните продукти, јадат и риба. Кај нас овој начин на исхрана е познат како посна иахрана.
    Пресна храна - јадат само сирови продукти, најчесто од растително потекло (овошје, зеленчук, ореви, семки, студено цедено масло за јадење, мед и житарки) Сметаат дека со готвењето на продуктите се губи големо количество од витамините, а се создаваат штетни канцерогени материи. Подготвуваат леб кој се „пече“ на сонце.
    Здрава храна - макробиотичарите спаѓаат овде, кои јадат храна базирана на цели зрна од житариците. Јадат само органски произведени продукти, без пестициди и без вештачко ѓубриво. Избегнуваат рафиниран шеќер, рафинирано масло и бело пченично брашно.
    Фрутаријанци - јадат само овошје.
    Радикални фрутаријанци - јадат само овошни плодови кои сами паднале на земја.
     
  2. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Јас не ја гледам разликата помеѓу риба и свинско или пилешко.
    Чим има мозок,тоа е живо суштество.
    Знам како се делат,но мене искрено вегетаријанец што јаде месо и се вика дека е вегетаријанец не е.
    Ај за млеко и за јајца ок,ама за месо и да се викаш вегетаријанец е хипокритско верување.
    Исто како јас да се наречам полувегетаријанец,јадам само бело месо.
    Поздрав сум од вегетаријанец и нема врска ако си вегетаријанец си здрав...
     
    На Ekstaza му/ѝ се допаѓа ова.
  3. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Не постои медитаријанска храна.

    Вегетеријанец е човек што се откажал од месо, тоа ти што го кажуваш е веган.
     
    На Ekstaza му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.687
    Јасно е дека постојат класификации во вегетаријанството, а дали нив Стеф ги прифаќа или не - нема врска, тие пак ќе си постојат.
    И изјавата дека е поздрав од вегетаријанец зошто јаде месо и пие млеко ама ич не е издржана. Тоа е исто како јас да изјавам: Јас Моира сум поздрава од Стеф, зошто не јадам месо. Џам свиткав со реченицава, зошто здравјето е толку релативна работа и 2 индивидуи не можат да се споредат меѓусебе.

    Штом си толку по здравата исхрана, тогаш сигурно знаеш дека протеини има и од растително потекло, прогуглај и ќе најдеш ако не си се заинтересирал до сега, зошто не е само месото и млекото на оваа планета.
    И твоите аргументи за црвеното месо, мастите и млечните производи не држат вода, посебно Не кога ги класифицираше како основа на „медитаријанската исхрана“.
     
    На Ekstaza, Treki, feminium и 2 други им се допаѓа ова.
  5. planet

    planet Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    73
    :bow: :clap:

    .. и секој организам различно го прифаќа губењето на килограми, некои слабеат побргу-некои побавно, некои повеќе а некои помалку иако практикуваат ист режим на исхрана за слабеење. Како здравјето, така и слабеењето е релативна работа на две индивидуи.
     
  6. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    ЈАС СУМ ВЕГЕТАРИЈАНЕЦ.Прво,едуцирај се малце за поттиповите во вегетаријанството па после дојди да правиме муабет. ;) Плус планирам на нутриционизам да се запишам.
     
  7. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    ЈАС СУМ ВЕГЕТАРИЈАНЕЦ.Прво,едуцирај се малце за поттиповите во вегетаријанството па после дојди да правиме муабет. ;) Плус планирам на нутриционизам да се запишам.[/quote]

    Морам да се вмешам. Што не ти е јасно? Веган е некој што не јаде продукти од животинско потелко, вегетеријанец е некој што не јаде никакво месо, песковегетеријанец е некој што конзумира само риба (од месо).
    Некој ги поставил правилата уште пред ти да се родиш. Ако не ти чинат, терај си по свое, ама не можеш да кажеш дека некој не е песковегетеријанец само затоа што рибата спаѓала во месо ;) А тоа што ќе се запишуваш или што нема да се запишуваш, задржи си го за себе.
     
    На Ekstaza му/ѝ се допаѓа ова.
  8. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.740
    За тоа што е вегетаријанство сите овде знаеме, дали ги признаваме “модифицираните“ вегетаријанци(видовите вегетаријанци) или не е сосем трето
    По прашањето дали се слабее со вегетаријанска исхрана- јас лично, лани летото бев на вегетаријанска исхрана 10тина дена(бев на семинар со деца од цела европа од кои голем дел беа вегетаријанци, па решив и јас да пробам, чисто од љубопитност) и за тие 10тина дена ослабев 3-4кг, но ослабев бидејки јадев мала количина на храна(за доручек само чај, за ручек најчесто даваа варен компир или грашок, и вечерата ја прескокнував, и постојано бев во движење)Затоа не сметам дека само со исфрлањето на месото и јајцата од менито може да се ослабее, потребно е редуцирање на количината, физичка активност и тн.

    Темаваза вегетаријанството е доста комплицирана, може да дискутираме на долго и на широко но да не ја полниме темава со офтопици(пред се темава е морална поддршка)
    Постои ли на форумов тема за вегетаријанска исхрана?? ако постои да се префрлиме таму
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  9. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Во право е Feminium, од вегетеријанство се слабее само ако се намалат оброците инаку тешко.

    Исхрана со сурова храна слабее многу повеќе зашто таква е исхраната што и да сакаш не можеш да ги јадеш најштетните продукти што дебелеат (маргарин, сувомеснати, скроб, бели печива, прегорен зејтин, зденка, еуро крем итн).

    70% жива храна со 30% готвена скоро секого ќе го ослаби на природен начин и плус ако има физичка активност ефектот ќе биде уште подобар :)
     
    На enaveko и feminium им се допаѓа ова.
  10. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Морам да се вмешам. Што не ти е јасно? Веган е некој што не јаде продукти од животинско потелко, вегетеријанец е некој што не јаде никакво месо, песковегетеријанец е некој што конзумира само риба (од месо).
    Некој ги поставил правилата уште пред ти да се родиш. Ако не ти чинат, терај си по свое, ама не можеш да кажеш дека некој не е песковегетеријанец само затоа што рибата спаѓала во месо ;) А тоа што ќе се запишуваш или што нема да се запишуваш, задржи си го за себе.[/quote]
    Да не ме помеша со другото девојче што ме напаѓаше?
     
  11. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Па јас ви го зборам тоа од старт,ама ајде...
     
  12. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Доста ги класифицирате храните на добри и лоши.
    Секоја храна може да биде бенефитна,ако се троши.
    Ние сме луѓе создадени за складирање енергија,која ако не се троши и целовреме се складира тогаш станува дисбаланс на хормоните лептин/грелин и затоа метаболизмот се забавува.
    Генерално мене ми е полесно да ослабам од човек што има иста килажа.
    Тоа е затоа што имам повеќе мускулна маса и хормоните знам како да играм со нив и да се одржувам :).
     
    На Hipster и sofijanoka им се допаѓа ова.
  13. malooto

    malooto Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    641
    Допаѓања:
    380
    колку калории има еден увијач? неможам никаде да најдам
     
  14. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Да,ти сигурно си мошне активен физички,и работата е што кај тебе полесно се согоруваат калориите... :)
     
  15. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски
    Кога запнавте со вегетаријанците , нема потреба од класификација , јас месо не сакам да јадам , не ми е убаво како гума да јадам :D Како ќе ме класифицирате не ми е гајле :D
    Риба јадам кога мајка ми прави полнета пастрамка и ради трудот не сакам да ја одбијам ...
    Сега мене некој да ми кажува дека е добро да јадам месо кога не го поднесувам е малку смешно.
    Јадам јајца , урда ,јогурт , сирење ( тоа поретко ) ..
    Јас повеќе од 15 години немам јадено месо , не се ни сеќавам кога последен пат сум јадела ..Не ми фали си одржувам тежина , балансирана исхрана тоа ми е најбитно . Само месото не спаѓа во неа ... Лично мене така ми одговара за друг не можам да кажам . Сума сумарум, за секого е различно , не може да има еден начин на исхрана погоден за сите луѓе .
     
    На sofijanoka и XMaN им се допаѓа ова.
  16. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Се е до тоа што внесуваш и калориите.
    Ако трошиш повеќе отколку што внесуваш,ќе слабееш.
    Ти можеш и да не јадеш и да слабееш но поентата моја е да задржам мускулатура и да топам маснотии.
    Кај слабеењето поентата е се да се топи и маснотии,мускули,гликоген и вода и затоа луѓето секогаш се палат на бри резултати.
    Поентата ми е самата ќе се едуцираш со што ќе стапиш на стапките на нутриционизмот.
    Колку и да се влечеш,каков сакаш режим дај им на твоите клиенти ако внесува тој калории повеќе џабе му е.
    Генерално протеини треба да се внесуваат кога се топи масти затоа што заситуваат и бавно се апсорбираат.
    А ако не конзумираш протеини не само што губиш волја за било што,нема никогаш да успееш без нив.
    Ќе учиш имаш уште за едукација ;)
     
  17. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    Да не ме помеша со другото девојче што ме напаѓаше?[/quote]

    За stefchef се однесуваше ова, my bad извини :)
     
  18. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    За stefchef се однесуваше ова, my bad извини :)[/quote]
    Океј. :) Али ја пишав дека ќе се запишувам на нутриционизам,па ме збуни малце.
     
  19. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Не сакам да се натегаме,си знам јас колку си знам,и ти исто.Крај на дискусијава. :)
     
  20. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Да бе,сега јас сум си се одредила за таков начин на исхрана од своја причина,ептен напнаа.Секој има право на избор.Не ви викам дека морате да бидете како мене,ги почитувам и вашите ставови и мислења но едноставно тоа што го правам е моја лична работа и без сугестиите на Стеф,јас пак ќе си бидам ПЕСКО вегетаријанка.Тоа е тоа.Поздравче,до сите кои се трудат да ослабат. :* :* :*
    А за вегетаријанството има посебна тема таму дискутирајте колку сакате.Јас ставам крај на темава. :D