(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. the-girl1

    the-girl1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.297
    Допаѓања:
    664
    Девојки да ви се пофалам и јас :$
    Изгубени 11кг. и околу 20 и нешто см во обем за 4преку сила 5месеци.
    Ќе продолжам и понатаму.
    Целта ми уште 9-10кг.

    Многу сум среќнааа. :rock:
    Скоро сите ме забележуваат и ми викаат лелеее д-грлл колку си ослабелаа.Бравоо бе! :lol: А јас: :$

    Поздрав,девојки. :*
     
    На Buttterfly, Daisy.E, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  2. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Од овие мои игри со бројки на вага, жими мене ми иде покољ да направам, смачено ми е многу, ептен!
    :(

    Денеска бев и у теретана, ко ме тјеро, ќе пукнев едвај додржав.
    Повеќе ме убиваше психичкиот напор него ли физичкиот, ама веќе готово е, уплатив, и месецов ќе го терам таму, па мајка Јана била...

    Пак имам доста за симнување, многу се поправив и во лицето, батали раце и нозе, лицето ми е најкритичниот дел секогаш, прво таму ми се рефлектираат накачените кила, ужасно, ми доаѓа да се затворам у некоја соба со трева, брокули и вода до мене, да џвакам хлорофил и да ќутам!
     
    На prettyliar и Hipster им се допаѓа ова.
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    У право е стефшеф во врска со вегетаријанството, и мене не ми е јасно како тоа не јадат месо, а јадат риба.
    Знам, знам дека има катаљон врсти на вегетеријанство, ама мене искрено ми е лицемерно да речеш дека не јадеш месо зашто ти е жал за убивање на животните, а јадеш риба, зашто и таа е животно.

    Знам лично една веганка, што не јаде ништо ама ништо освен одредени видови на овошје и зеленчук, не пие кафе, за алкохол муабет да не правиме, и можам да ви гаранатирам дека е 6 пати понездрава од мене што ги имам сите пороци(добро не се дрогирам де).

    Имаше некоја табела некаде прочитав дека не знам 100 грама сланина може да е поздрава од еден бејгел со некој намаз, ако е месо, ама ако имаш физичка активност ќе ја стопиш у таа смисла.
    Не сум биолог/нутриционист ама колку што ме држи меморија на телото му требаат протени, масти во одредена количина. Башка не секое месо е нездраво, мисиркино и пилешко и телешко посебно ги препорачуваат и доктори, посебно телешко и на мали деца да се дава.
    Млеко и јогурт посебно не може никој да ми каже дека е нездраво и не треба да се конзумира.

    Од вегетаријанство се слабее, да ама само крвна слика може да ослабе ништо друго.
    Ако правилно се распределат оброците и се вежба секој ден по 1 час е сосема доволно за да имаш здрав живот и убав изглед.
    ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ е најдобар начин до убаво тело и за здраво слабеење. Дава енергија и едноставно полн си со живот.
     
    На mihaela55555, StefChef и anabel-a им се допаѓа ова.
  4. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    ^ Одма ми текна на д-р Бибан, строга вегетаријанка, али понездраво не можеше да изгледа. Ми има некоја жолта фаца, уморен изглед, да те исплаши, не дај Боже некој ќе помисли нешто и е, а проповеда здрав живот, здрава исхрана, изведува некои чудни потези со кунг фу Предраг, ин хелоу боди хелоу гоус, као демек здрав животен стил.

    И јас сум за тоа дека на организмот му треба дневно одредена количина од се, масти, јх, протеини, и не би си ускратила месо, колку и да не го поднесувам многу, ама тоа е веќе друга тема..
     
    На StefChef, Divinebutterfly и Hipster им се допаѓа ова.
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Taa e онаа од 8ка нешто за здрава храна?

    Таа е од сите нас поболна, баш мајка ми кога ќе ја види и се превртува желудник, дека она пропагира здрава храна а изгледа со едната нога во гроб, можда претерувам малку ама не ми изгледа пуна со елан.
    Јас со сало на мене и вишак кила, изгледам сто пати бољи и се кладам дека сум поздрава.

    Нас не ни е проблем толку месото и млечни производи, колку што ни се конзерирана храна, вештачките адитиви, хормони и што се нема во хранава што не гои и качува и холестероли и се.
    Како порано биле и поздрави не биле толку дебели, а сега од таа никаква храна што ја јадеме, прскано овошје и зеленчук и какви се не други хемикалии кои се употребуваат во храната, само да изгледа поубава на лик и повкусна, ама без хранливи вредности.

    Ако ви се јаде месо јадете си, сеа не претерано секој ден, ама еднаш до два пати неделно е препорачливо.
    Али без вежбање ништо не праиме, не е за мене тоа здрав живот, колку сакате масно не ставајте во вас џабе. И јас така викав, се улежав, се скржалаив од лежење, ама кога ми дојде нож до коска и кога почнав здраво да вежбам секој втор ден, се осеќам ко нова личност, ем осеќам промена физички ем психички, а дооолго време се лажев дека со нејадење и диети се слабее, да ма краткотрајно и нездраво.
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Леле јас си се туфкам пошто го промашив овај месец,па ми се врати мешето,ама сега пак почнувам,мора. Дојде одморот и со моите си прекршив се,со нив заедно јадиш и се и тоа е...после фатија средби,свадби и ојдов по петлите... Ајде од утре почнувам со диетата пак,еве секако и денес не јадев нешто посебно. А и орбитрек ќе треба да го вртам. А и да си ја посетувам темава,инспирација ми сте :sun:
     
  7. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Таа од 8-ка беше поздрава кога почна него сега,но тоа е кога убаво ја испрале со книгата што беше сирова храна и 80% да човек јаде јаглехидрати што е апсолутно грешно.
    Човекот е адаптивно суштество и најдобрата исхрана за него е таа што ќе ја најде.
    Се што ќе јаде мора да се троши така сме дизајнирани,ако се складира повеќе време и не се троши има проблем со метаболизмот и одредени хормони како инсулин и лептин.
    Инсулин сензитивноста се намалува кога јадеме премногу јаглехидрати и не сме активни + ако јадеш премногу шеќер иде во системот на награда и стануваш се повеќе лептин отпорен.
    Луѓето што се лептин отпорни не чувстуваат глад и затоа се дебели,во тој случај само протеинска храна и зеленчук им е решение.
    Протеините бавно се апсорбираат и затоа протеинските диети фунцкионираат за луѓето,затоа што ги прави сити.
    Проблемот денес е животните навики и стилот.
    Која исхрана да ја избереш ако не ја трошиш џабе е.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Јас мислам во ред е..
    Јас сум 166цм со 56 кила... :tmi:
     
  9. macence4

    macence4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    416

    дрзеше диета или режим на исхрана.
     
  10. macence4

    macence4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    416
    јас да се пофалам дека за две ипол недели ослабев 8кг.се надевам дека нема да се вратат.и плус трцам секоја вечер..позз
     
  11. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Тоа што го правиш не е здраво и не е издржливо.
    Не ме разбирај погрешно но за 2 недели 8 кг се премногу...
     
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Ајде и ваму да ви пишам збор-два.
    :D

    На сета мака, ако ништо друго, барем симнав некој грам. Поимот далечина ми доби нова перцепција. (Хинт- од Ново Лисиче до Ѓорче можам да стасам сега за 25 минути со точак, Бог да чува, далеку било, глупости) :rofl: Тука сум една од послабите, :rofl: на работа сите која од која, по и по пу-пу-пу машала. Гледам дека екстремната дебелина е многу голем проблем во западниве земји. Кога купувам нешто алишта не сум најголемиот број, и знаете што - си го засакав телото многу повеќе. Знаете, видов секакви - тетки што се трипати поголеми од мене, тетки петпати поголеми од мене, чичковци кои нарачуваат по три големи сендвичи и 20 чикен нагетс за да се најадат... Јадат, а богами во последниов месец и јас јадам со нив (немам избор) - ѓубре. Е ова е таа брза храна, макарони за 3 минути, пица за 2 минути, хамбургер чие што месо се чува на температура од -27 степени и е спремно за послужување за 300 секунди... помфрит што се пржи за 2 минути и 57 секунди од истата минусна температура... Страшно, одвратно.

    Јадењето во Македонија е вистинско богатство, ма каква брза храна, која брза храна ја имаме ние во Македонија? Лепчето во сендвичот од кај чичко Стоилко не е како памук, плескавицата е од месо на кое му треба време да си се испече, компирите се вистински... Знаете, сега гледам дека ние всушност се храниме мнооогу, ама многу здраво. Зошто немаме сите 50кг? А зошто би имале? :^)

    Целата фама околу слабеењето се кладам дека е повеќе наметната од медиумите и продавниците за облека. Значи не сум бре јас, екстра пута четири пати ларџ... во Кина, можеби да. Тука таа величина е за моми со 150+ кг, за моми со 79 (да бе дами, 79, ами како :D ) кила како мене, сигурно не е. Не викам дека сум ни С величина, него сфатив - едноставно сум си нормална. Мидиум, ларџ.

    Цицките ми биле како пирамиди? Мевот ми висел? Оооооооо какви се' не цицки и газови и стомаци и бутови не видов тука. Катодни цевки, олуци, оџаци, пирамиди превртени, пирамиди нормални, квадрати, правоаголници... Супер сум си била јас бе. Баш ми е фино тоа што го имам на мене. :D

    Друга добра работа - еднаш засекогаш мислам дека ќе одјадам прженици и мрснотии и секакви тракатанци. Ми фали овошје за појадок, салата за ручек, ми фалат манџички, пинџури, ми фали нашиот леб за кој упорно тврдев дека не чини. СУПЕР СИ Е! :D Ова ако е леб, па уште и здрав и нормален, јас сум Хајди Клум.

    И така... јадете си, некогаш и лепиње од сендвичарите, и манџички, и се' по список - баш сме згодна нација. ]:)
     
    На Buttterfly, Hopeful, Maja06 и 16 други им се допаѓа ова.
  13. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Си даваш изговори само,секој кг на тебе не е потребен.
    Има нормална вредност за телесни масти треба да се движи 25-31.
    Не се работи за изгледот се работи за здравјето.
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Моментално, покежуал околу тоа дали си давам, или не си давам изговори, ама не можам да бидам. :D Да ми рече некој ,,најдебела си,, и да ми рече друг ,,најзгодна си,, - не ми чуе веќе, толку многу изнаслушав за месец и пол, што ама баш ништо не ме тангира веќе освен самата јас и моето мислење. Многу самобендисана станав, јебига. :geek: Нивото на толеранција ми е растегнато до максимални граници, така да твојот пост ќе го сфатам само добронамерно, и како добар повик за дебата. (Малку и досадно ми е, тоа плус)

    Не ми беше мене целта да кажам јас дали сум слаба, дебела, треба да ослабам, здебелам... Секој со својата приказна и позадина. ;) Целта ми беше да потенцирам колку притисок се создава од сите страни за жените да изгледаат ПРЕСЛАБО, да немаат грам масти на нив, само коски и само кожа, кога апсолутно нема никаква потреба за тоа. Се согласувам дека здравјето е најбитно, и гледај чудо - моментално сум најслаба од последниве 5 години, ама сум толку крш во здравстен поглед, што мислам дека ќе ми требаат месеци од септември за да се доведам во ред. Здрава храна, да, за да бидеш здрав, но никакво опседнување за некојаси совршена фигура и гладување и секакви глупости за кои можам лично да потврдам дека сме ги поминале половина и повеќето од тука.

    п.с. Чисто информативно, БМИ ми е 28. Вундербар! :D
     
    На Hopeful, WarriorAngel, SexiLy и 4 други им се допаѓа ова.
  15. pato

    pato Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Донекаде си и во право да не збориме за надворешниот изглед туку за здравјето ако си здрава и имаш 70кг се храниш 80% здраво а останатите си дозволуваш на себе леб или од кај стоилко нешто или што душа ти сака тогаш Браво за тебе ,но ако имаш 45кг коска и кожа не јадеш ништо тогаш тоа е нездраво.Е сега незнам дали знаеш но ние сме најдебел народ на Балканот секако не сме како американците кај нив се е процесирано,со хормони со хемикалии и сите други глупости но полека тоа и кај нас доаѓа сеуште не е до толку ама за некое време и тоа ќе биде и кај нас.Поновиве генераци зборам за дечиња од градинака,право одделини се се по нездрави (го кажувам ова затоа што го гледам секогаш кога одам да ја земам сестарми од школо).Мислам дека не треба да спиеме на тоа уво дека има и полоши од нас и да се уништуваме себеси.
     
  16. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Убав пост Дузи и во право си. Девојчињата ги комплексираат од мали преку медиумите со слики на фантастични фотошопирани нереални женски тела и модели на кој коските им се гледаат од неухранетост и истите тие девојчиња кога ќе потпраснат единствен интерес и комплекс ќе им биде сопственото тело без да знаат дека е ем здраво ем убаво женско да има салце на одредени места и во никој случај не треба да се стреми да биде дефинирана како машко.

    Страшно е тоа што им се прави што иде до толкав екстрем ако листот на ногата малку им се зголеми ги фаќа паника дека немаат убава нога, или ако добијат малку (здраво) салце на бутови ги фаќа паника дека се дебели, така да твоево личи како некое будење и ослободување од сите (телесни) комплекси :) .

    Пс. Честитки за брзината Н.Лисиче-Ѓорче, изгледа си побрза од мене :D.
     
    На Hopeful, WarriorAngel, Chica.Loca и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Дузи има смкнато едно минимум 10 кила вака од око гледано, и сеа се прави важна тука. :D Јас од Ѓорче до Карпош 4 пијам литро вода и се потам као пола ден дрва да сум цепела кога сум со точак, до Лисиче мало морген ќе биде. Ти сеа од Дојчландија право на Тур де Франс комотно можеш да продолжиш авантурите, а кога ќе се вратиш Груевски и делегација на аеродром ќе те чекаат со нов точак и комбиниран од Вили. :D

    Јас еве ме трети ден, не сум сигурна што точно правам, сега ќе пуштам некоја серија и ќе повежбам на орбитрекот некои си 40 минути додека трае, не го можам кејон ми иде да се фрлам у Вардар или да продолжам со џогирање на другата страна, па да излезам некаде кај автопатот и да фатам џаде и чао џаци, тоа беше тоа..

    ...Еве мајка ми ми оставила и ливче што да купам од продавница накај дома коа ќе сум доаѓала. Тоа беше мојата кратка неславно завршена кариера, кејот и јас...

    http://www.youtube.com/watch?v=lF554o9TkjU
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.973
    Допаѓања:
    164.351
    Заради промена на динамика, морав малку да го сменам начинот на исхрана, ама...за 4 дена одеднаш намалив 2,5 кг, мислам почувствував и промена воопшто во целото тело (до душа рано е да кажам, не долго се придржувам на ова,но нејсе, чувствувам промена веднаш! и тоа многу ми кажува). Не знам можеби некому ќе му помогне.
    Што се случи...Начинот на кој си јадев претходниот период (пишав мислам дека на темата за Целулит) според условите престана да ми одговара и почнав да снемувам енергија, алтернативата беше да јадам нешто екстра калорично и нездраво за повратување на енергијата ви доцно попладне, но успешно одбивав некое време. Ми падна имунитетот. Сега што почнав да правам? Рано станувам, со тоа што пијам таблета, се спремам и за половина час спремам појадок. Се состои од кајгана чиста, со двопек 2 до 3 парчиња, млечен намаз, јогурт (мене ми оди и не ми пречи, избегнувам пресно млеко и онака,а имам потреба од калциум да не набројувам зошто,па освен суплемент ми треба и од храна) или двопек со маргарин со ниска масленост и мед или џем, плус овошје или кајгана со зеленчуци, пиперче, доматче, свежи шампињони што ми дојде, зачинче некое, кари или оригано, со јогурт и двопек или обичен леб, житарици со јогурт,плус овошје, варени јајца со леб со путер или намаз, или правам шејк од јогурт, житарици и некое овошје во блендер со лажичка ленено брашно и лажичка масло од кокос,белка од јајце,ПЛУС овошје свежо и ако мислам дека ми е малку каснувам и едно парче двопек (или кришка леб,ама од оној на Жито лукс со маслинки). Млекото престанав да го конзумирам, само јогурт и намази (кој како сака нека збори дека се калорични и масни и не знам какви,јас не гледам проблем од нив се додека се една голема лажица,не целосно полна), чат пат сирење, ама да не биде премногу масно и старо, претежно гледам да е младо сирење. Едноставно појадок ко појадок, битно да е ОБИЛЕН и екстра калоричен (и ова кајганиве се пржени сите или на тефлон без масло или тоа е со кокосово масло, една лажичка, потешко согорува од другите масла и не прави никаква разлика тоа што е изложено на топлина, ШТО МНОГУ,ама МНОГУ ми се допаѓа). И што се случи? Сита сум цел ден... ништо не ми се јаде. Ако ептен ми се пријаде, една банана или праска или моркови или краставица си ја завршува работата. Ручекот ме фаќа во 6 попладне, било што има за ручек по дома без леб со салата, тука не доаѓаат предвид летни прженици, мора да е нешто манџасто или некое варено мевце со прилог од зеленчуци или ориз или компир со зачини. Ме смеам да конзумирам соја, а додека соја сосот многу ми го препорачуваат во случајов, не правел сметња,па си го ставам во оризот и компирот по една мала лажичка за шмек. И толку е за денот.
    Не сум љубител на благо, ама си ги правам кокосинките што ги ставив на темата за Тироида. Па инсистирам барем едно топче на ден да каснам од тие причини, добро е за мојот проблем,а не верувам дека на здрав човек ќе му донесе лошо,туку напротив. Ма да моите премногу ги сакаат, па само ми ги јадат и секој ден ги правам и тврдат дека многу ги заситуваат и скроз дека им ја намалуваат желбата за друго благо.

    Мислам дека си докажав на себе си колку е важен појадокот . Порано се занесував со мислата, како не, не ме најадува, што се занесуваат сите. А тоа било овошје само или само житарици со јогурт за кои сум се молела да ги јадам и тоа пет лажици,па сум огладнувала во рок од еден час. А и реално, самото тело не ми бараше храна наутро, па уште и невкусна или како што овошје ете сум ограничена колку можам да го напикам,не ми оди едноставно,па ептен ме одбиваше од помислата. Пре ќе гладувам цел ден до ручек него ли да појадувам и да се залажувам дека тоа е ок. Мене ми се копаше желудникот дупло повеќе од едно јаболко или еден портокал, него ли гладна да седев. Веројатно се лачат желудочни киселини за да варат,но храната е малку и прави проблем...
    Знам дека сега за сега вака ми оди ко што знам дека ако ме фати стресен период ќе заборавам и на појадок и на се живо,не си ветив дека засекогаш вака ќе терам,ама сега за сега идејата ми е...да продолжам вака најдолго што можам за да ми прејде во здрава навика. Ма да проблемот мислам дека сам ќе ме натера да го применувам долго. Од убаво не бегаме сигурно,само од непријатно, а мене вака навистина ми е убаво.

    Така што...не се плашете да лапате поише за појадок. А и некако порасположена сум откако ми се вакви појадоците.
    Ах и не знам што ми е. Од кафехолик, деновиве ми се чини дека е од појадоков... замислете пијам само едно, преку сила две кафиња...а пиев помеѓу 4 и 6 кафиња... Изгледа не ми треба таков *насилен* начин на будење на телото зошто си има доволно енергија за цел ден.
     
    На Maja06, teddybear, Hipster и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Oва што го напишала Лилит погоре е преточно, потпишувам со две раце.
    Појадокот е страшно многу битен, а се занемарува до степен на постојано избегнување, што води само кон таложење на килограми и спиење на уво дека нема врска што не сте појадувале... Истото се случуваше и со мојот организам, имаше период подолг кога си дозволував пообемен појадок со голема нутритивна вредност, најголемиот дел составен од цела чинија овесни снегулки со малтекс, сето ова попрскано со мелено ленено семе, 2,3 реда црно чоколадо за готвење со 70% какао, 1-2 овошки од типот праски или било кое друго сезонско овошје и цела огромна шолја какао. Знаев доста често и некоја житна плочка да смачкам на крај или некое јаткасто овошје, од типот неколку бадеми, оревчиња...Јаглехидрати главно, доручеков ми даваше инстантна енергија која продолжуваше да се развива во текот на целиот ден. Тврдам дека бев многу порасположена, многу посита и имав енергија огромна и да немам јадено по цел ден, и најбитниот дел - јадев нормално и слабеев.

    Во просек секој од нас спие од 6-10 саати, а земајќи ги во предвид и саатите кога сме го прескокнале доручекот и сме преминале директно на ручек - ние го имаме изгладнето, прегладнето организмот. Со преминување директно на голем, обилен ручек составен од свега свачега, му вршиме несвесно огромен шок на организмот, сами сме си најголеми самодеструктивци, добро е што уопште некогаш не крепи снагава...
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Ма глупости, се потела од Ѓорче до Карпош, тоа тепсија рамно... :rofl: Размислувам со точак да си дојдам, мислам Бог да чува, летово вкупно ќе поминам околу 1000км, само куферите ми се проблем. Се зафркавам за ова, ни во лудило. Цел живот не сум сакала и не сум возела точак, ама сега си наплатив салам. :D И не сум толку ослабена колку што сум стегната, газојни и нозојни, пу пу машала, тоа развивам. Е да, стасувам растечена на работа, саде трењерки и патики носам, ама што да правам. Овие шајзињава тука ги прават горништата да изгледаат рамно. Ни требаа неколку дена да укопчаме дека не е до нас, дека е до патот - цркнавме. ]:)

    Комшиите, воедно и колеги, ни се смееја како тоа ни бил тежок патот, рамен бил. Рамен, аха, мај ас. Одеа дечките со кола на работа. Иронијата е, што колата им се расипа и почнаа и они со точак да одат. А, бе, да видиш како рамен бил со кола, ама со точак, ауу, колкави горништа имало... Е имало сестро, имало. Циркузи. Ај барем за назад како на моторчиња сме, не ни мора да вртиш по многу. :D

    И ви викам, не се замарајте воопшто, мислам дека знаат на која екипа и се обраќам од темава :D . Тука ние сме едни од посредените, поубавите и позгодните девојчиња. Точно дека и кај нас набрзо ќе дојде тој проблем со брзата храна, ама моменталната храна не е ни одблиску со такви карактеристики како што е тука. Баш вчера се чудевме каков кашкавал јадеме дома, 90-100 денари, пола кило... Наводно е млечен, ама што има внатре, еден Господ знае. Како и да е, на крај краева, секој за него си одговара и решава со што и како и зошто ќе се исхранува. Јадете овошје и зеленчук, многу треба да сме среќни за тоа, не знаете колку ми фалат нормални патлиџани.
     
    На Hopeful, teddybear и anabel-a им се допаѓа ова.