(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    ‘^ Дузи џабе збориш,кога јас ќе се видам во огледало и не сум задоволна од тоа што сум, џабе и да се сите подебели од мене или не знам колку не убаво градени.

    Мене мотив понекогаш ми е мајка ми, жена на 50+ години, па искрено е послаба од мене и поубаво изгледа од мене.
    На овие 20 години можам да го помачам гзот, ако ништо друго барем секој ден да вежбам, трчам или било активност физичка да ја праам, и не само јас сите ние.

    Остај храната ко храна, некогаш претеруваме со диети(добро јас никогаш не сум држела некои ригорозни, ама пак некои вид на режими) туку не иде на овие години да се залежуваме и залажуваме дека сме топ,кога не сме, барем за себе зборам.

    Туку Лилит што стори со кафето 4-6 кафиња у ден, немој жено не чини до толку, арно си намалила 2-3 кафиња у ден е сесема океј и дозволено во граници на нормала.
    Јас се сметам за кафехолик, па не пијам више од 3.
    Е сега колку јаки ги праам тоа друг муабет, али пак 3 се доволно!



    А забораив да се пофалам кој белосветски малер сум.
    Тамн најдов теретана блиску, за ич пари да одам и се јавувам да прашам дали можам да почнам од тој ден и ми викаа таа ни пукна цевка, ништо ќе мораш од другата недела.
    И што да кажам сеа, малер,кога ќе почнам можеби ќе се сруши теретаната :lol:
     
  2. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.973
    Допаѓања:
    164.345
    ПОЧИТУВАНИ, јас би ве замолила да приложите докази на сајтот дека исхраната по крвни групи успева и е вистинита и ако може поддржано со статистички податоци од истражувањата на поголем примерок. Фала!
     
    На Hipster, StefChef и feminium им се допаѓа ова.
  4. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    236
    Јас сум висока околу 165 см некаде, а сум 63-4 килограми, а изгледам супер... Дури и кога бев 70 не изгледав дебело, така малце имав вишок.. А сега сум супер... Така да не се килограмите мерило.. Јас вежбам многу и сум народно речено затегната, така да мислам дека килограмите ми се од мускулната маса...

    Значи вагата не значи ништо, можеш и на 50 да бидеш бише...

    Едит за феминката над мене - статистички податоци неможам сега да барам а и не сум завод за статистика, но имам родители доктори и со свои очи сум гледала како тие диети функционираат, како на мене така и на други нивни пациенти. Значи различните крвни групи си имаат и различни карактеристики и нормално имаат различна потреба од материите, јас сум 0 и знам дека мене не ми се потребни многу протеини но ми е потребно месото...
     
  5. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    На секој му треба одредено количество протеини во денот.
    Плус исхраната базирана на крвни групи е тотално не подржана од научните кругови.
    Тоа е тренд и наскоро ќе си отиде,треба да се базира исхрана на инвидуалните цели,ако сакам да конзумирам сладолед ќе конзумирам но ќе си го додадам во мојот дневник за исхрана.
    Не можеш да го скршиш 1 закон на термодинамиката.
    Пробувај што сакаш но,секако дека исхраната богата со макро и микро нутриенте е подобра од брзата храна.
    Така да индивидуата што јадела до вчера во Вили секој ден,која и да е исхрана што има активност и правилен избор на храна ќе има подобра слика.
    Дека е до калориите провери ја диетата на Твинки.,
    Резултатите од тоа се шокатни,но мора да се каже дека е правено на 1-на индивидуа.
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.973
    Допаѓања:
    164.345
    Па никој не ти се обрати на тебе ко прво,а ко второ, се што е докажано од доктори лежи на докази, под претпоставка дека тие доктори не се надри доктори и се финта како за таблети. За толку и толку денови со толку и толку и толку таблети, ќе ослабете толку, еве луѓе што ослабеа. Еве на фемина од муабети, од искуства муабетиме, се друго што се нарекува наука, има и докази, има и статистика, има приложено причини за исклучок од просекот,а не претпоставки и индивидуални сведоштва. Во ред? И јас ослабев со медицинска што не ми дава за право да тврдам дека на сите успева. А друго е што ова со крвниве групи, 90 проценти од храната која тие ја препорачуваат за мојата крвна група или сум алергична или се докажало дека тешко ја варам,а не како што тврдат они дека полесно ја варам. И сега?
    Едино овие што се изрекламираа ти се родителите...па ти ја сфаќам бурната реакција.
     
  7. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    236
    Девојче не се тревожи толку јас никого не нападнав, мислев дека поставуваш прашање не дека се препукуваш со негоко...

    Апчињата се една работа, диетата според крвната група е друга... Ако сакаш толку големи докази оди кај некој доктор и ке ти објасне се, ова е форум не медицинска ординација или медицински факултет. А крај краева, ако не сакаш не ја применувај таа диета... Функционира таа, прашај кого сакаш што пробал..

    А моите не рекламираат ништо, не ни работат приватно, ако твоите родители рекламираат некакви услуги не значи дека тоа го прават сите ;)

    Немав време да ги читам другите постови детално, но браво за вицот да законите на термодинамиката :rofl:
     
  8. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    ^Значи ти се чудам на паметот и способноста што ја имаш да испревртиш работи и да ги однесеш кон сасвим трета насока, симнувам капа, те приметив и во друга тема, штета што кога пробав да го посочам тоа ми беше избришано комплетно мислењето. ;) Еве јас што имам испробано триљооооон диети до сега, некои завршувале славно - некои не, а со оние според крвна група не сум постигнувала апсолутно никаков резултат, ама ова не ми дава за право да зборам дека кај секого ќе биде вака, значи тоа е релативна работа и зависи од многу фактори...

    Не ми е јасно зошто така рипаш одма и тврдиш дека функционираат кај секого, кога ниту самата немаш факти за поткрепување, и јас можам да пишам тука дека ми никнале банани дома, али додека не го поткрепам тоа со доказ дека е така, ми останува само пишаното.
     
    На Hipster и feminium им се допаѓа ова.
  9. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Доктор не е специјалист за исхрана или нутриционист.
    Има голема разлика од доктор до нутриционист.
    Додека доктор може да ти даде препорака што да јадеш,нутриционист може да ти каже што конкретно ти треба и ти недостига во твојата исхрана и да ја балансира спрема твојот животен стил.
    А ако е смешно за термодинамиката калории се калории,каква сакаш исхрана стави се не можеш да го прекршиш првиот закон на термодинамиката.
    Калории внесени калории потрошени.
    Ти смеј се и продолжи да даваш лош совет,само до кога така ќе биде...
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    ^Како гласи првиот закон на термодинамиката?
     
    На Aniston и Serpentina им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.973
    Допаѓања:
    164.345
    Ау не е севте ова а? Епа девојче ако се доктори твоите подобро ќе биде да откријат што не е во ред со тебе.Да се надеваме дека нема да стане докторка, па дури ни ветеринарка.
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Serpentina

    Serpentina Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    137
    Дечки не се напињајте и расправајте...Само опуштено...уживајте во летово и не се оптеретувајте околу ништо....
    Јас точно до денес уживав во храната што ја јадам...но од понеделник се спремам да ослабнувам...утре ке изнакупам
    -праски
    -домати
    -краставици
    -брокула
    -лубеница
    И се спремам за некоја физичка активност малце да се разбие монотонијава од лежење по цел ден ! :)
     
  13. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.740
    Јеее си ја обожавам вагата :inlove: , деновиве бев на овошје, поточно
    01.08-овошје цел ден
    02.08-за ручек јадев месо на скара и печен компир, онака ништо
    03.08-овошје
    04.08-од утрово ништо
    не дека беше некоја диета туку онака спонтано :?: , во движење бев така
    и погодете што- 2,5кг помалку :party: :party:
     
  14. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.840
    Немој сега да почнеш нагло многу да јадеш зошто ќе ти се вратат изгубените кила.
     
  15. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.740
    ^ знам знам :nod: :nod: ќе си продолжам од утре со некоја режим, најверојатно со турбо ун, на него сум си навикната
    битно сега ми останаа уште 6-7кг до посакувана фигура :angel:
    ееј кога само ќе ми текне дека во декември некаде бев дури 80кг, а сега сум 63 ]:)

    Нај интересни се ми фаците на луѓето кога ме прашат како ослабе и очекуваат да им кажам дека од некој магичен чај,одлични таблети или пак волшебна напивка од оние што ги рекламираат по ТВ и јас почнувам со мојата приказна со УН диета, калориите и физичката активност-сите ја прават фацава |(
     
  16. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Енергијата не може да биде креирана и не може да биде уништена.
     
  17. D1A2N3I4

    D1A2N3I4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    42
    Пред нешто повеќе од 1 година бев 85 килограми, после 4 месеци успеав да ослабам 20 килограми.

    Денес наидов на една статија која е мотивирачка, а можам да речам дека зборовите во статијата кои ги кажува дечкото исто како јас да ги кажувам.
    Прочитајте !!! Можеби за некој е малку подогло, но одвојте време, прочитајте ја целата статија.

    На крај ќе завршам со истите зборови што ги има кажано дечкото и се однесуваат на сите кои имаат прекумерна тежина:

    "Сфатете ја вредноста на животот, затоа што животот нема реприза"

    Во продолжение линк од статијата
    http://grid.mk/read/news/505548412/4174 ... -kilogrami
     
    На Maja06 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    http://www.kurir.mk/magazin/scena/12557 ... strii-salo

    Значи чиста вистина кажува Џесика Алба. Сите се бориме со некои недостатоци и промени кои му се случуваат на нашето тело. Супер изгледа за нејзини години.
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_1096.JPG
      IMG_1096.JPG
      Големина на фајлот:
      140,4 KB
      Прегледи:
      251
  19. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.973
    Допаѓања:
    164.345
    Браво за дечково, ама искочи на повеќе сајтови истовремено. Се плашам да не е комерцијален текст по кој ќе следи нешто што дебело се наплаќа...
    И никад не го сфатив терминот - чистење? Како тоа чистење? Ако може некој да ми го објасни,сериозно прашувам.
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.