http://kajgana.com/kako-ultimejt-borcit ... -eden-chas Омг...овој нека ми се јави кога ќе има деца после таа жешка вода...
Ова се прави во невоља, имаш закажан меч а никако не успеваш да симнеш килажа и ако на мерење си потежок те дисквалификуваат . Не е поврзано со слабеење туку со привремено вадење на водата од телото (кратко време си полесен на вагата) и секако не е воопшто здраво да се прави често (ни ретко)
Малку е депримирачки да ослабеш 5 кила и никој да не примети Ваљда се работи за процентуално занемарлив дел од тежината, малтене статистичка грешка Ама денес стигнаа првите позитивни коментари. Баш кога ми се здосади од слични вкусови, а од друга страна не ми се јадат тешки јадења. Морам да поекспериментирам со зачини. Малку ми здосади и од внимавање. Од мантрање во себе дека нема да го изедам тоа прекрасно брауни, или дека нема да нарачам уште едно пиво... И кога сепак ќе го изедам браунито и испијам пивото, доаѓам до поразителен заклучок дека најверојатно ќе имам проблеми со тежината до крај на живот. Ги тресам рацете од моменталната криза и продолжувам според планот. Тешка е борбата против себе. А ако не можам да се сменам себе, како ќе го сменам светот?
девојки морам да ослабам 20 до 26кг ама ме мачи една работа. вишок кожа после слабеење. дали има некој од вас таков проблем? и како да проценам дали ќе ми остани вишок кожа после слабеењето? како да спречам тоа да се случи? пишувајте ми ваши искуства
Mече подобро консултирај се со лекар околу ова многу килограми сакаш да намалиш,и немој никако да применуваш строга диета или недај боже да се изгладнуваш.
Реално ќе имаш вишок на кожа.Тоа неможеш да го спречиш бидејќи неможеш никако да го согориш.Кај нас незнам колку има пластични операции а и да ги има сигурно се многу скапи.А и доколку се одлучиш ке ти останат лузни.Медицински гледано нема да ти смета се е тоа до естетика.
Јас ослабнав 25 кг и го имам тој проблем. За да немаш таков проблем не треба да идеш многу рестриктивно и да намалуваш 2.5 кг месечно. Ти зборам за масти не за тежина. Тоа ќе ти дојде 25 кг годишно и нема да ги имаш тие проблеми како што јас направив,за 2 месеци симнав некаде 10-15 кг и беше многу очигледно дека кожата не го прима тој стрес. После одредено време стабилна тежина кожата се враќа во нормална положба. Можеш да затегнеш со стомачни и со одредени вежби но кога ќе откријам што како ќе ти кажам
Што се однесува до вишакот кожа, јас откако ги симнав тие 40 кила имав сосем малку вишак кожа - да не речам ич, и убедена сум дека тоа беше така ради континуираното и редовно вежбање во текот на слабеењето. Значи, вежбајте! Колку што можете, толку, затоа што нема ништо поубаво од затегнато тело, а да не напоменувам кои се не бенефиции ги носи вежбањето, веќе излишни муабети ми се... Значи одберете си некоја активност што со елан ќе ја правите и придружувајте се кон неа, инаку џабе со сила. Мене месецов ми се пореметија некои планови па морав со Треблинка да започнам, од септември се враќам повторно на старите активности, со мерак што ги правам! Јас девојчици од вчера сум на Аткинс, со оваа најбрзо слабеам, баш и ради тоа ја одбрав, не дека имам некои посебни афинитети кон месо и општо кон протеините. Од месо бегам како од ѓавол, па на мени си ставив печена риба, туна, јајца, соја шницли, сиренце... Планирам следните 2 недели паралелно со вежбање да го одржувам ова темпо, затоа што иде критичен период со ајвари и зимници, па да се спремам за товење. Се зезам, ќе пробам да му одолеам некако на ајварот годинава, затоа што немам пари за нова облека, башка и есенскиве колекции почнаа да излегуваат, а ова раче не го собира у секој капут.
Arel bitno e deka nie samite primetuvame. Eve jas isto oslabev 5 kg, sega imam tocno 60 kg. I nikoj osven jas ne primeti Jas oslebev na toj nacin sto jadam se' ama umereno, ne drzam nekoja posebna dieta, jadam mali kolicini, ne jadam leb, izbegnuvam blago, t.e. ic ne jadam blago osven koga sme na nekoj rodenden kje si kasnam parce torta I ne veceram. Posle rucekot koj ni e nekade okolu 15c nisto ne jadam, osven semki ili soncogled. I da, mnogu, ama mnogu si go sakam Radlerceto edna limenka navecer vo dvorce ne mi bega I samo da dodadam deka fizickata aktivnost mi se sostoi od trcanje okolu maliov, klekni-stani, klekni-stani I op ete ti stomacni
http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/17752-podgotvete-vkusni-i-neobicni-salati-od-lubenica Оние што си држите некој свој режим, обавезно погледнете го линкот. Нема ништо поосвежувачко од салата што содржи лубеница во неа,а предлозиве тука се и богами здрави и погодни за диети на пример. Јас пред да ја почнам Аткинс, го пробав последниот пишан рецептич(сирење, лубеница, семки сончоглед и маслинки). ПРЕВКУСНО!
Денес на мени Кокошка печена со салата од домати и краставици. 11 ден според режимот на нутриционистот. Досега без грешка. Добив уште поголема мотивација кога се качив на вага и стрелката покажа - 6 кг Наведените кг ги изгубив за 3 недели, бидејки пред тоа ја држев Ун диетата. Но добро е, почнувам да добивам и коментари.. ппозитивни а јас те топам, ко шекерче
IT TAKES 4 WEEKS FOR YOU TO NOTICE YOUR BODY CHANGING, 8 WEEKS FOR YOUR FRIENDS TO NOTICE, AND 12 WEEKS FOR THE REST OF THE WORLD TO NOTICE.
и јас тоа си викам, ако слабеам пополека т.е. за една година да ги изгубам овие килограми тогаш не би требало да имам таков проблем и вежбање се разбира гледав пред некој ден, не се секавам на која телевизија беше, жена која ослабела повеке килограми незнам точно колку и за колку време зашто се уклучив покасно и имаше таков проблем па ми влезе во глава, медицински нема штета но неубаво изгледа, грдо. се надевам дека ке успеам да се доведам во ред ај те молам ако дознаеш некој начин пиши. позз
Имам еден проблем,а тоа е дека кога јадам неможам да се контролирам.Кога ќе речам дека сум на диета, навистина е така и издржувам колку сакам,ама ми успева само една диета - само овошје и зеленчук (за мене си кажувам оваа диета најмногу ми одговара и 10 дена да ја држам имам резултат). Е сега денес ми е 4ти ден и од сабајле јадев грозје и за ручек наместо зеленчук и овошје јас јадев 1 кутлач леќа . И сега се настрвив и сакам да го изедам цело тенџере.Но нека остане само на 1 кутлач.Знае ли некој колку калории има во леќата? Сега ми е криво што ја изедов, бидејќи сум на овошје и зеленчук само
Прво само на овојше и зеленчук не треба само да си ти фалат тука протеини и масти што во овошјето и зеленчукот ги нема.А за леќата воопшто немој да ти биде криво добро си направила а за калориите во 100 грама има околу 350 калории.
Режим за слабеење не е само овошје и зеленчук. Режимот треба да се состои од секаква храна и да има одредена активност. Проблемот со такви диети е тоа што се не постојани и се фокусира на губење тежина не се фокусира на топење маснотии. Вагата знае да лаже и не треба да се фокусираш на вагата,треба да се фокусираш на огледалото и на постојаноста со режимот. Во денот можам слободно да накачам 5 кг + или - ако играм со јаглехидрати и со електролитите. Балансот на водата е многу врзан со овие две компоненти. Така во денот треба минимум да внесуваш 0.8 грама протеин на секој кг,ако не си активна од пилешко,мисирка,белки,јајца,урда,млечни производи и исто така некаде 150 грама јаглехидрати. Тоа со овошје и со зеленчук нема да го постигнеш,зашто ќе имаш ситуации каде што пред тебе има вкусна храна и ти како ќе бидеш девица Марија и нема да потклекнеш. Мој совет е да почнеш да се едуцираш за калории и за правилен начин на исхрана. Инвестирај во една дигитална вага и на секој 15 дена направи по 3 дена одмор. Додај активност и ќе видиш како ќе имаш резултати. Само со такви глупи диети никогаш нема да го постигнеш тоа што го посакуваш. Ќе изгледаш многу полошо од претходно.
Јас би сакала да го прашам нешто СтефШеф бидејќи ми изгледа најзапознаен со нутриционизмот но ако може со малку по порсти зборови Вака бидејќи од март месец почна мојата битка до килограмите требаше да симнам 7-8 кг и ја почнав ун диетата но ја држев само 20 дена и ослабнам 3-4 кг. Потоа продолжив со некој мој режим бидејчи одев на училиште тој период бев 2ра смена и за доручек имав житарици и јогурт 1-2 овошки и потоа во училиште житна плочка и за вечера што има дома без леб. Тој режим ми траеше месец дена и тогаш го открив начинот на борење калории што испадна и најефикасен. Но, тогаш почнав да јадам само овошје и зеленчук во 3-4 дена едно парче леб, никако шеќер и сол, без газирани пијалоци и нешто ме тресна по глав а дека не треба млечни производи да јадам освен баланс јогурт друго во уста 2 месеци нема ставено сирење, павлака, од пресно млеко почна да ми се гади. И така од средината на мај до средината на јуни јас бев на режим броење калории. Ама ептен интезивно. Се броев, требаше да внесувам по 1200 кцал дневно и јас доколку преминев со 100 калории веднаш се зафанував за некоја физичка активност за да ги потрошам. Имаше денови кога внесував по 700-800 калории на ден. При крајот на јуни почна да ми опаѓа косата. И уште ми паѓа. Што се не почнав да пијам и да употребував секакви шампони. Но што е трагичното почнав да јадам како ненормална. Ми скисна од броењето калории и дојдов до врвот кога внесував по 2500 калории на ден. И се си има последици. Во јуни јас бев 52-51 кг а сега сум 56 кг . Прекуумереното јадење беше последица и на досада. СЕдам дома нема што да правам ајде ќе јадам. И сега едвај чекам септември да дојде и со почнување на учената година ќе ми се среди распоредот и за јадење и вежбање. Порано одев на зумба и финес но сега летото прекинав Прашање ми беше: Дали опаѓањето на косата ми е резултат на не доволно внесување на протеини? (ја испитував крвта и железо сето тоа се ми е супер) По колку грами дневно треба да внесувам протеини за да не дојде и до некоја друга несакана последица: Бидејки гледам дека ти советуваш дека треба да се внесува повеќе протеини, јаглехидрати за да дојде до квалитетно слабеење. Помош?
700 калории на ден па ти се неухранета како децана во Африка ,не си внесувала протеини и витамни доволно и затоа ти паѓала косата еве ти табела и види си колку да внесуваш
Прво нешто што грешиш е 1200 калории се малку за тебе. Второ активноста не е само во калориските потреби има многу повеќе што додаваат во калроиите. TEF,NEAT и RMR се тоа што вистински додававаат во калориските потреби. Прво нешто RMR или BMR е тоа што на метаболизмот дневно му треба за да преживее. 60-70 % од калориските потреби испаѓаат тука. 10-15 % од калориските потреби се за TEF и NEAT што во превод е термички ефект на храната и NEAT се сите активности што не се поврзани со активности,ако е поголема активноста помал е NEAT,ако немаш активност тогаш NEAT спаѓа повеќе. Така да дур стоиш трошиш калории и тоа од 2-3 калории во минута. Тоа е целосна слика за калориските потреби,ако сакаш да знаеш. Значи никогаш не оди подоле од БМР затоа што на телото му се потребни тие калории. Во мојата статија за топење маснотии објаснив колку калории и како се калкулираат. Значи прво се калкулираат есенцијалните нутриенти,а тоа се протеините и мастите,и останатите се јаглехидрати. Бидејќи телото не може да ги земе тие амино-киселини од некаде и ако идеш на ниско калорична исхрана,погоди од каде ќе ги земе тие амино-киселини? Од мускулите секако. Зависи до активноста,интензитетот и бидејќи протеините заситуваат највеќе од било кој нутриент препорачувам од 1-2 грама протеин на секој кг. Протеините исто така го забрзуваат метаболизмот преку ТЕХ(термичкиот ефект на храната) и тоа 25-30 % од енергијата за дигестирање е исфрлена само за да се дигестираат во прости амино-киселини. Мастите се исто така важни и секако дека внесот треба да биде од 0.8-1.5 грама на секој кг. Кај жените повеќе затоа што менструалниот циклус е афектиран од внесот на мастите. Повеќе масти за жените значи и поквалитетен животен стил. Прироитет да ти бидат омега 3 и омега 6 масните киселини затоа што телото не може да ги произведе. На крај идат јаглехидратите како енергенс и како едни од најдобрите работи за спортистите и активните луѓе. И имај паузи на секој 2 недели. Еднаш во тие две недели имај ден за мамење,тоа ќе ги врати хормоните во 5-та брзина и ќе се чувстуваш помотивирана да успееш да продолжиш понапред. Калкулатор што ти го препорачувам е овој. http://iifym.com/iifym-calculator/