Веќе 15 дена сум на свој режим со броење на калории!! Дневно внесувам 1200-1300 калории!!! Имам дневно по 5 оброци!! Значи денот ми започнува со непечен бадем па за доручек мусли со млеко и 1 лажица мед, па потоа јадам овошје и некоја гранола!! Ручам без леб со супа обавезно и со многу салата. За вечера или салата или ништо или некое варено јајце!! И секоја вечер (скоро секоја) со м.м. пешачиме по 7 км. И 1 неделно си земав ден слободен и се погоди да бидеме на роденден и си јадев се што сакам се разбира умерено. До сега имам изгубено 5 кг. се чувствувам одлично имам и сила и енергија!! Имам уште многу за губење уште 25 кг. ама ќе си продолжам вака супер ми е има резултати и се додека е убаво времето барем уште 1,5 месец ќе си пешачам а после здравје Боже ќе одам на фитнес малку на справи!! И навистина сум пресреќна
Браво сега само продолжи со тоа темпо и на овие УН луѓе да им покажеш дека не треба да се држи толку ригорозна диета за да го постигнеш истиот ефект. Тоа што го прават луѓето на такви деструктивни диети е тоа што јадат само еден тип на храна. Кажи им на луѓето дека бел леб јадеш и ќе мислат дека си луда што го јадеш тоа,бидејќи бел леб дебелее а мрзеливоста не дебелее и седењето на фејсбук... Само напред!!!
можеби нее за тука прашањево ама ајде... да не знае некој колку чинат “направите“ што мерат колку калории си изгубил во вежбање? мислам дека се како часовник... планирам да земам еден. и во спортска продавница може да се најдат?
многу ти благодарам за одговоров ама додека да појдам скопје којзнае колку време ке помине бидејќи сум од струга ама ке побарам по спортските продавници. а како точно се вика?
Колку сте силни девојки? Само да ви покажам дека тежината е голема лага и не треба да верувате на вагата. Еве на што мислам,која е подобра и позгодна девојка? Таа со 50 кг или таа со 60 кг?
http://brkajrabota.mk/lifestyle/zdravje/26676-turbo-dieta Еве ви една супер диета. Ми се допаѓа што вклучува разновидна исхрана и доволен влез на калории. Ќе ја пробам од 1ви да видам колку и се ефектите за 3 дена .
Од Велигден со дене=ен ден имам симнато точно 10 килограми. Почнав со УН диета и 72 кг ,продолжив со мој режим на исхрана и апчинња за слабеење. Имам уште 7 за симнување и ќе бидам пресреќна.
Ау какви кризи ме дрмаат оваа недела, чудо! Деновиве се утепав од јадење благо, не издржа срце јуначко без благо Веќе 8-ма недела како се пазам, ама веќе е извесно дека 8-миот килограм нема да го баталам оваа недела. Ќе почека за некои подобри времиња Тоа што дополнително ме плаши е што следната недела ќе одам на пат. Помал проблем е тоа што ќе јадам два оброка во хотел. Ме мачи тоа што ќе бидам на место во кое храната е изгор скапа, а највкусен и најевтин избор се чоколадите кои ги има во изобилие и се оргазмично вкусни! Да, да, за мене и чокладите се оброк, слободно можам да ги јадам како замена за било кој оброк. Вчера вечер ме фати таква криза за јадење, што превентивно земав да ги пробувам алиштата од лани, да видам што убаво ми стојат сега, со 7 кг помалку, и да замислам како ќе ми стојат со уште 3 кг помалку, колку што имав некаде до минатата нова година. Ама изгледа вечерва пак ќе треба да го правам истото, пошто другите механизми за мотивација ми се исцрпени
^ Во хотел нема да можам да готвам, а ако земам за носење едни шпагети со доматен сос што едвај ме најадуваат чинат колку 400 грама перверзно добро чоколадо. Проверено Знаеш какво искушение е тоа? Шала на страна, знам дека не треба да попуштам. Барем ако јадам чоколади, а сигурна сум дека ќе јадам, барем ќе се потрудам после работа да шетам, да потрошам некоја калорија. Па здравје. кога ќе се вратам ќе патам малку повеќе
Не би да демотивирам никого па подобро во спојлер да си се олеснам. Spoiler Јас си ги вратив сите килограми кои ги изгубив после бременоста, вкупно 7 на број. Постојано сум дома со бебушот и само поткаснувам нешто. Немам никаков ред на доручек,ручек, вечера. Постојано сум гладна и само чепкам низ фрижидер. Крајно сум разчарана во себе, алал да ми е. Немам мотивација ниту вода да пијам колку што треба. Чекам дури не сум мртва жедна да се напијам чаша вода. Ниту фармерки ме берат ниту шорцеви. Немам ама баш никаква идеја од кај да почнам дури сега. Се изморив од ово горе долу со вагата и никако да се сопрам. Ај ако има некоја мамичка овде како бре се мотивирате со сите обрвски со бебушите.
Јас повеќе би сакала да ослабам со нутриционист, сигурна сум дека ќе ослабам со помош на доктор, вака ми е многу тешко кога нема кој да ме поддржи
Почнувам од денеска со диета, еве што решив да јадам: сабајле пијам чаша млеко, потоа си правам сок во блендер, ручек тоа што има дома и салата, ужинка овошје, и вечера кисело млеко Ајде со лесно нека ми е.
Ако земаш нутриционист земи некој што изгледа нормално и тоа што ти го продава го прави лично на себе. Многу пати гледам клубови на нутриционисти што се дебели и на други им велат да ослабнат,а личен пример не даваат. Иако тие имаат цертификати и дипломи за мене ако не го практикуваш тоа што го продаваш не си нутриционист и џабе си на пазарот...