Алиса,не знам ти кај си пресметувала,ама тоа е и нездраво.Ќе го најдам сајтот да видиш...Па ти како живееш?!Си проверила крв и слично?!Можеш да си го оштетиш телото ако навистина примаш под 1200 калории на долги стази. Самото се штити и после некое време кога зима помалку калории од потребното почнува да успорува и да складира,а не да троши зошто знае дека ќе му бидат потребни. Што јадеш ти по цела година не знам...едино трева и краставици цело време.Еве јас дека имам проблем со тироидата,мојата докторка често си ја прашувам за вакви работи и таа ми го има кажано ова.Ако го однесеш телото во глад на долг период доаѓа до хормонски пореметувања и на здраво тело,ослабува функцијата на бубрезите,плодност и слично...мислам не ми е поентата да те плашам или било кого тука,ама тоа ми го кажа медицинско лице...или бројчаникот не ти чини нешто...Јас да живеам под 1200 калории цела година....па ќе умрам...мене тешко ми е сега со по 600 до 1000 калории да издржам,еве утрово почнав да треперам... Волфче не знам,јас за својата тежина кажав...а сум просечна и по висина и по тежина. А и ова...конкретно за себе,за во лер состојба за мене,пресметано (таа ми пресмета),ми требаат 1300 калории.Ама под услов,да спијам и јадам до 1300 и толку.А со оптимална физичка активност 2200. Не си играјте играчки.Јас во принцип сум за брзи диети со многу гладување,зошто ми нема поента да сум на диета и рестркција 3 месеци мислам...досадно е и секој би се откажал на толку долги стази.Брзо ослаби ама одржувај се,тоа е моето мото,со се сите посластици после во разумно конзумирање.Ко што реков денес пица,утре и задутре јаболко и варено компирче едно просечно големо и толку,другите денови здраво и контролирано...
На мобилниот апликацијата што ми пресметува колку калории има секоја храна таму исто и ми пресмета толку да внесувам. Инаку сум проверувала и крв и се, скоро бев и на операција и ептен се детално ми испитуваа и се ми е океј. И ми работи нормално организмот. Еве пример сабајле станувам и зелен чај со јаболко - 100тина калории, потоа ручек мекдоналдс се прејадувам - 600 калории (и ова е многу, неможам да изедам цел) и после цел ден ништо, евентуално некоја банана до вечер или мусли - ајде и вечера да ставиме 200 калории со сила....пак ми излегува 900-1000, а ова ми е ден со прејадување. Ако јадам по дома ориз и салати и такви понекалорични работи нема шанси да стигнам до оваа бројка. Незнам, мене 2000 калории дневно ми се сајнс фикшн Може до мојот организам е, ваљда така сум навикната, од секогаш јадам вака (само последнава година бројам калории) а стварно никогаш не сум имала проблеми, 3 пати настинка ме има фатено во животов и толку *чука во дрво*
Епа не знам што да ти кажам...ондак ти немаш проблем со тежината. Во секој случај навика е во прашање,ама сепак,не е доволно од медицински гледан аспект.Јас првиот пат кога отидов кај докторката бев така,со солидна тежина,ама не препрепремногу.Нареден пат кога отидов бев сучка,кога ме виде...и ми одржа лекција солидна. Изгледа дека си навикната на толку,па и телото се научило да ти штеди и да складира,па затоа ги чувстува ко доволни.Зошто после одредено време си има ко механизам,успорува во трошењето без разлика колку и да си активен,па затоа и тебе ти се тамам.
И јас неможам повеќе од 1000 калории дневно, само 1200 викендот јадам дека пообилно јадам. Инаку се частив пола пица + 1 парче, а пицата колку и е мајката од калориите? После Чашавко и банана = 200 калории. Значи 1000 калории + пицата незнам колку е.
Па што сте на диета бре луѓе ако не можете повеќе од 1000 калории дневно?!Практично невозможно е да имате вишок килограми во тој случај.
Не сум на диета, тука сум за поддршка и може ќе споделам некоја корисна информација се осеќам ко тролче некое сеа се извинувам
Не бе ако,супер е и за недиеталци да се на темава со некој совет плус,нема везе тоа. Онака прашав...Гага беше саркастична?! Нема практична шанса да сте у плус ако внесувате само олку.
Според внесените податоци за да ја одржувате вашата моментална маса вие треба да внесувате околу 1403 калории дневно. - За слабеење околу 1121.75 калории дневно. - За екстремно слабеење околу 841.75 калории дневно. ова ми пишува па од утре почнувам да бројам калории Spoiler Телесен масен индекс Идеална телесна тежина Зголемување на телесната тежина. Што значи ова ли така пишува на секој?
Мунчајлд, па едниот калкулатор ти е за пресметка на идеалната тежина според висината, полот и моменталната тежина мислам, другата, според внес на калории и моментална тежина и посакувана тежина ти е калкулаторот за зголемување на тежина, а телесен масен индекс и мене не ми е баш јасно, јас си го пресметав и ми пишуваше 19 нормален, според градбата на телото (широка, тесна и средна) , значи лошо е каква и да ти е градбата индексот да не ти е нормален, толку знам.
Добро вечер Од кога сте почнале за калории да пишувате сите грешки дозволувате инаку јас денес јадев: сабајле малку макарони, за ручек салата една кај другарка ми, два цедени сока локнав, еден цел јогурт, едно наполитанче, и пола крембананче ( пола брат ми ми го грабна). Можеби пмс ме тепа, ама пак чим гладна се осеќам не сум внесла многу. Инаку сметав и јас на тоа, и сум пишала дека тежам 800 кила, и ми вика за експресно слабеење внесувајте 7500 калории Што му е си викам на бројачов збудалел начисто Ама јас изгледа сум збудалела. Инаку за слабеење, она брзото, ем со мирување треба да внесувам 1300 калории. Можеби зашто сум висока Сеедно бре, мене ми одговара. Се осеќам празнаааааааааааааааааааааааааааа ..... и фармеркиве малку ми шлапкаат, или јас бладам сеедно Да ми заврши пмс, да добијам, да ми заврши и тоа и го мерам пак обемот. Се осеќам полесно. Тоа е она што е битно.
А што е со сирењата женски, во смисла кое е нај некалорично. По логика ми доаѓа кравјото сирење ама неможам да најдам точна информација кое колку калории има никаде низ нетов. Особено ме мати ова фета сирењето. .
Поддршка и од мене за сите! Јас ослабев доста со ун-диетата,можеби не толку во килограми,колку во обем. Откако ја прекинав продолжив да барам некои други диети,со цел да ослабам уште едно 5-6 кг,но ништо,ми здосади да се хранам според строго зацртани правила и си направив сама програма. Сабајле обавезно цеден цитрон или лимон со млака вода и една супена лажица мед со цимет. Доручек овесни снегулки со кисело млеко или јогурт,па некаде саат-ипол после доручекот правев стомачни,скокав на јаже и некои вежби за затегнување на задникот, ручек што ќе подготват моите дома,меѓутоа во никој случај не прифаќав пржено,потоа сум на тренинг пак,активна ракометарка сум и после тренинг најчесто јадев супа или салата ако навистина ми се јаде,а ако не литро вода и кревет За 1 недела симнав 3кг и тука застанав. Сега почнав да одам на фитнес,секоја година овој период ми е резервиран за тоа,имам посебна програма за вежбање и за исхрана. Кога ќе го постигнам она што го имам зацртано,ќе ве известам Инаку,мајка ми ми пренесе од некоја нејзина пријателка,во 250мл кисело млеко или јогурт да се стави 1 супена лажица сусам,истолчен најубаво,за поубав ефект и насабајле на гладно срце да се изеде,па после тоа 3 часа не се јаде ништо и навечер после него ништо. Значи сабајле се приготвува за вечер и обратно,а се јаде нормално,во ограничени количини. Жената симнала 5кг за 1 месец,а дали била физички активна или не,навистина не знам. Мајка ми започна со ова и ми кажа дека најверојатно сусамот ја забрзува дигестијата и поради тоа ја тера често да оди во вц. Па пробајте
Ајде утрешно мени 2 банани и пред тоа [пред 30 мин.] 2 чаши вода. Ручек варени компири, вечера некое месо изглеа пржено со зеленчук.
е сега незнам дали сакате јас да ви одговорам ама бидејки ја имам листата ке ви ги пишам(калориите не ги измислувам туку така ми се дадени за секоја грешка јас не сакам да одговарам )се надевам нема пак да `скокнете` на мене, пишувам како ми е дадено во 100г свежо кравјо сирење има 104кал фета сирење 267 гуда кашкавал 382 моцарела 285 тофу 71 млеко1% масленост 41 млеко 2% млечна маст(масленост) 49 јогрут 1.5% 44 јогрут 3.5% 61 за оние кои прашуваа како се смета пр. во 100г кравјо сирење има 104кал 104делено со 100=1.04 што значи дека во 1грам има 1.04кал па ако има 80грама тогаш 80 по 1.04 =83.2кал
за активност за 60 мин.: одење 4km/h е 79кал одење 6 km/h е 111кал трчање 12 km/h е 456кал аеробик 218кал пливање 277кал
ЈАс од сабајле пиев соино млекце( чоколадно да напоменам), и изедов една огромна порција цреши и две бисквитчиња од велнес(со парченца чоколадо) и така. Стомаков ми кркори, не знам што ќе ручам. Во дилема сум, дали марула со туна, или макарони, ама ќе одам со марулата изгледа, некако ми треба освежување.