(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Katarina.91

    Katarina.91 Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    5
    Дечки, купивме Мелен Лен, ќе ја јадам со млеко ама незнам друго што да и додадам, сега ептен малку пробав ама ич вака не ми се допаѓа, советче?
     
  2. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Можеш да го замениш во одредени рецепти наместо јајца.
    Можеш да правиш палачинки од него,можеш во салати да го додадеш.
     
  3. Divajn

    Divajn Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    225
    Мене со јогурт ми е најубав ;)
     
  4. Katarina.91

    Katarina.91 Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    5
    Вчера многу добро поминав :)
    Го пробав мелениот лен со кисело млеко, и стварно е ептен вкусно :)
    За денеска:
    доручек: чаша млеко + некое овошје
    ручек тоа што има дома + салата
    ужина овошје
    вечера мелен лен + кисело млеко
    Ако ми се пријаде вечер ќе јадам краставица :)
    Фала многу за советите на StefChef и Divajn :hug: :hug:
     
  5. macence4

    macence4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    416

    еве јас сум мајка.кога останав бремена и не бев нешто мн слаба да речиш 84кг :D .но кога отидов да се пораѓам ги има ни помалку ни повеќе туку точно 103кг. хехе...откако излегов од болница се намалија на 93...па кога дојдов дома кога му седнав на тоа благото...бомбоњери,наполитанки абе се што ке ми паднеше во рака јадев.кога почнав да ги пробувам алиштата ама баш ништо не ми чинеше...со извинвање одвај гагите ги облекував...од вториот месец од кога се породив почнав да ја држам протеинската диета и за 2.5 недели ги симнав кг на 83...еве од денес ке се обидам пак да ја држам оваа диета за да симнам уште некое килце...инаку со бебето и јас немам ред за јадење тоа што има на маса тоа јадам и тешко е навистина да држи баланс со исхраната но малце од малце даима некој ред ...позз :* :*
     
    На macence85 и Katarina.91 им се допаѓа ова.
  6. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.835
    Од понеделникот сум на диета и ете 3 дена одам на трчање и ги вежбам вежбите на Jillian Michaels. Имам голема мотивација благодарение на една феминка што ја читав, нека ми прости ама заборавив како е подпишана. :wasntme: Поздрав до неа. :*
    Имам баѓи килограми за слабеење, одприлика 10-12кг, :( ама ете и вам ви ветувам дека нема да се одкажам се додека не стигнам до посакуваната тежина и изглед, плус оваа година ми е матурата па сакам да бидам убава и слабичка, а и фустанот што ми се допаѓа не е за некоја дебелка како што сум јас сега моментално, ама нема да бидам повеќе, ви ветив и ке го исполнам ветувањето. :!:

    За денес:
    Доручек: чаша зелен чај и банана
    Ручек: едно варено јајце и салата со се што имам дома од зеленчук, ама без масло и сол, без ништо ке си јадам. :D и една рака лешници
    Вечера: една праска

    И бев на трчање, истрчав 3-4 круга, ама со паузи, наместо трчање одам, неможам наеднаш не сум сеуште толку спремна + игралиштето кај што трчам е многу далеку така да и пешачам многу, направив 90 стомачни а за други вежби мака ми беше, денес многу се изморив, перевме теписи со мајками. :D
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Katarina.91

    Katarina.91 Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    5
    Денешно мени:
    доручек: салата со компири и карфиол
    ручек: компир манџа, супа и салата
    вечера: /
     
  8. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.835
    Денес ми е 7 ден од диетата, т.е една недела. :)

    Денес:
    Доручек: зелен чај и банана
    Ручек: Салата со домат, морков, краставица, магдонос и малку сирење и диња
    Вечера: Зелен чај и праска

    И истрчав 4 круга од кои се преморив, мачно ми беше многу денес. :whew:
     
  9. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Состојќи:
    200 грама грозје
    50 грама оризови колачи
    1 лажица микс од семки
    260 грама јогурт
    Цимет за вкус
    Доста вкусно мора да се проба.
    Доаѓа околу 400 калории и доста протеини.
    Вкусно ;)
    [​IMG]
     
    На macence85 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Treki

    Treki Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    113
    И јас сум мајка, која во текот на бременоста си накачи бајгиди килограми, ама благодарение на УН успејав да симнам околу 20 килограми. За мене, за одржување на килажата, полесни беа месеците кога бев на трудничко и бев постојано дома, неголи сега кога тргнав на работа. Ти пишувам бидејќи сакам да те мотивирам. За мене најголема мотивација беше форумов и сите можни сајтови за мода, па дури и на почетокот од диетата си купив алишта со S бројче. Исто многу ме мотивираа и блиските, вклучувајќи го и мажот ми, кои на мојот обид за диета гледаа со :rofl: , а ние жените работиме се за инает, така да епилогот беше -20кг ]:) . Имањето на еден тон обврски околу бебето нека не те спречува и нека не ти биде изговор дека не можеш поздраво да се храниш, а веруј ми коментарите од типот „како да нема родено“ и „како девојче е“ се бесценети. Сега, по завршувањето на УН, гледам да се хранам здраво и да стварам здрави навики за синот, но тоа не значи чат-пат да не си дозволам Доритос и блакце итн.
    Се надевам дека барем малку те мотивирав ... позз
     
    На macence85 и karenin им се допаѓа ова.
  11. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Само мал совет - пијте(јадете) и дополнителни витамини. Гледам една девојка многу малку јаде на ден. Мноогу малку е тоа. Да не спомнувам име, да не ја демотивирам, ама малку попретпазливо со диетите.
    Ако јадете по повеќе салата не е многу страшно.

    И само бидете упорни и ќе успеете во своите замисли ;).
     
    На StefChef му/ѝ се допаѓа ова.
  12. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.835
    Да не се работи за мене? :)
    Ако е за мене, мене ми е сосема доволно, воопшто не чувствувам глад, а мислам дека и на некој друг би му одговарало истото.
    Сум била на диета со многу малку јадење, само со 2 праски денот па ништо не ми било, само незнам до кога би издржала така, не дека не сум сакала да јадам, ама едноставно немав време за јадење.
     
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.811
    Допаѓања:
    142.189
    Повторно јас, после 2 или три години се враќам на форумов. Се враќам од истата причина, поддршката за слабеење што ја добив тука и ослабен 12 кила. Сека по две години, заради постот и легачкиот живот, пак сум 70 кила. Морам да симнам 10.
    Се обудувам да не јадам мрсно и други глупости, еве една недела одам на фитнес, ама резултати јок.
    Дај Боже, пак да ослабам и да заличам на нешто.
     
  14. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Уффф, и мене ми треба помош.

    Долго време се обидувам да ослабам, сите диети ги имам испробано и ништо.
    Овака, ослабнувам на почеток 5 кг и после стагнација, што и да правам.
    Не јадам многу. Нели пропишан е 1200 кал дневно за базален метаболизам, јас едвај и тие 1200 ги внесувам, водев евиденција 1 месец со програма од и-нет за внесување на храна во тек на сите оброци.

    Сум одела и по Силуете- Милуете, што пари сум фрлила, и секогаш само 5 кг, и толку и после за кратко време ако не пазам и тие пак ми се вракаат.

    Јас од секогаш сум имала златни 6о кг, поседниве 3-4 години качив 20 кг и сега сум 80 кг.
    Незнам како ги качив, а не јадам нешто многу!

    Сакам 10 кг да ослабам и супер би било.
    Лани цело лето се скапав трчајки покрај Вардар, бре диети, мачкање термокреми , де неопренски берамуди, антицелулитни масажии и пак ништо.
    Ова година ништо не правам само со тегчиња дома си вежбам и пак исто.
    Инаку не јадам месо веке 6 години и постам за време на пости. Ми се чини дека од тогаш почнав да се дебелеам.

    Има ли некој некоја идеја?
     
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.420
    Допаѓања:
    143.311
    Си купив џемперче М! Пробав L и кога видов дека ми е големо ми идеше да скокам од радост!

    Е сега каков ќе биде епилогот од чоколадите што ги јадам секој ден, ќе видиме кога ќе се вратам. Ама реков дека ќе се опуштам оваа недела, како и да е ќе се средам после. Којзнае кога ќе дојдам пак во татковината на моите омилени чоколади, па редно е да дадам се од себе додека сум тука :D За чудо, сум се одвикнала од јадење чоколади, не можам ни пола да изедам. Не бев ваква порано :D
     
  16. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.285
    Ква, а да испиташ хормони?
    Како што те читав прво мислев дека не вежбаш, па тоа ќе те соверував, ама после кога видов дека и покрај малиот внес на калории, и трчањето, пак немаш резултати- тогаш прво што ми падна на памет е да немаш некаков проблем на пример со Тироидната жлезда,.
     
    На kva му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mentalist.mk

    mentalist.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    kva ќе ти го напишам искуството на моја блиска личност. Со 162см висина имаше 53-4кг која ја одржуваше со нејадење и константно вежбање на орбитрек и 200 стомачни на коса клупа секој ден. Јадеше овошје, навечер после 8 не вечераше. На одмор за 8 дена добиваше 6 килограми, кои многу тешко ги губеше. На работа до 4 јадеше соленки или смоки и потоа дома уште еден оброк. И ништо. Последната година стигна до 57-8. Залудно беше и вежбањето. Толку спор метаболизам мислам дека нема никој. Последните три месеци реши да смени нешто. Се уште вежба, но најголемата разлика е што почна да јаде. Навистина. Не го прескокнува појадокот, јаде повеќе мали оброци во текот на денот, пие свежо приготвени овошни шејкови. Сега бројот на оброците и е 5-6 дневно. Смоките и соленките ги заборави, паштети и сувомеснати работи и порано не јадеше. Почна да пие и вода, што порано не го правеше. После 8 пак не јаде без разлика дали ќе си легне и во 3-4 наутро.Единствен порок и останува благото, кое не смета дека е толку страшно да си го дозволи понекогаш, затоа што вежба. А килограмите? Сега се 52. Кога некој ќе ја праша како ослабена, на сите одговара „почнав да јадам“
    Се надевам ќе ти помогне ова искуство
     
    На kva му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Ок Сесилија, ке испитам и тоа уште оваа седмица.

    Ти благодарам менталист, го знам тоа , во организмот кога малку храна се внесува тој го забавува метаболизмот бидејки се плаши дека ке има глад и штеди.
    Не сум тој тип. Јас си јадам. Цел живот имав 60 кг, без стоомак, без вишок кг. и никогаш не правев диети, се си јадев, но никогаш не сум се прејадувала. Ако не сум гладна незнам што да ми дава човек не јадам. Не сум љубител на благо, можам да не јадам колачи и сл. и по цел месец, но затоа овошје секогаш имам дома, одсекогаш. Колачи купувам само за гости. Грицки мицки никако.
    Порано за појадок ке си изедев бурек со јогурт, гајле си немав, а сега, совест ме гризе ако изедам бурек со јогурт :tmi: .

    Ако веруваш кога почнав со таа програмата да ги бројам калориите видов дека треба да се намачам да внесам 1200 калории. Мајка ми надобро ме знае. Кога одам кај неа ме гледа колку јадам, и ми вели абе ти не јадеш многу, исто јадеш како порано, што така се здебели?

    Еве на пример цели 6 месеци како сум јадела(последниве 6 месеци од февруари до јули)
    појадок 1 здела варен интегрален ориз со 1 лажица мелено леннено семе, 1 лажица мелен интегрален сусам, 1 лажица мед и малку цимет
    време на појадок кога станував од спиење, се средувам и одма го спремам појадокот и јадам

    ручек помеѓу 13-15 часот, грав, компири варени,грашок, буранија, лека,шпагети, нешто печен разновиден зеленчук. и секогаш со салата.

    од 16-18 часот овошје, што имам дома, а вечера, хм, па зависи ако сум многу гладна што ке остане од ручек, ако не некој морков, салта од цвекло, и сл....
    Месо не јадам, еднаш до два пати неделно риба консумирам, сирење,
    понекогаш за ручек јајца варени, со јогурт.
    Вода пијам мин по 2 литра дневно, ми сака организмот. А кога се горештини и повеќе.

    И за тие 6 месеци си останав иста, ама скроз иста, и последниов месец се наљутив па почнав и мајонез да јадам ( изедов две мали кесички :lol: :rofl: ) и плус сладолед, и неколку пати пиев пиво (за утеха :sweat: )

    леле, јас цел есеј сум напишала :lol:
     
  19. VACA

    VACA Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам дали во производите на Виталиа,на пример Гранола бар од брусница што ја вметнав во мојата здрава исхрана,или пак житарици има штетни шеќери и дали има мн калории незнам дали да верувам дека се толку здрави :^)
     
  20. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Шеќерите не се штетни.
    Јаглехидратите можат да бидат моно,ди,олиго и поли сахариди.
    Основен енергенс нашето тело е глукоза и структурата на еден јаглехидрат дали го прави сложен или прост е во тоа колку полимери на глукоза има врзано.
    Сите јаглехидрати имаат 4 калории на секој грам.
    Единствено што треба да се плашиш ако не си активна личност е калорискиот внес и соодносот на сите макро елементи протеини масти и јаглехидрати.
    Само фруктозата поминува на друг метаболички пат и ако ја преконзумираш од чиста фруктоза телото ќе складира масти околу црниот дроб и ќе ги конвертира во адипозно ткиво.
    Така да не ја класифицирај храната на добра или лоша,секоја храна може да дебелее или да слабее се е до колку си активна и колку трошиш.