AКо не ослабам на толку вежбање? Не ми е целта секој ден да вежбам, туку да ослабам... Мислиш дека ако целта ми е вежбање, дека ке ослабам секако?
Ти можеш и маратон да истрчаш и да не ослабнеш. Резултатите е ако количински се ограничуваш што јадеш -20% од дневните потреби. Вежбањето и членството во теретана не гарантира дека ти ќе ослабнеш. Така да прв чекор е да ја средиш исхраната а потоа да вежбаш разумно и интензивно.
И да ти додадам еден факт што треба да си го вметнеш во глава. Килограмите не се важни важен е резултатот. Ти можеш со 60 кг да изгледаш перфектно и со 50 да изгледаш не убаво. Еве ти доказ.
Фајн, намалив на храна, со вчерашните лоши моменти, ама порано многу побрзо и полесно сум слабеела отколку сега. За постите пред некој месец качив килажа и сега со месци не можам да ја симнам. Ете тоа ме зезна. Порано изгледа бев помлада и побрзо согорував. Ајде ке кажам за две недели како, што
Јас не можев да одолеам и се качив на вага денеска. Последен пат се мерев пред 4 дена. За истите имам симнато 1,5 кг. Повеке од изненадена сум, али можеби дека имам доста вишок па слабеењето ми оде и побрзо. Сега си давам чесен ПИОНЕРСКИ збор дека до понеделник за мене вагата не постои, ке ја спакувам во куфер, и ке ја качам на таван!
Ах колку време ехее го немав искусено искуството да застанам на вага и да покаже помалку килограми! Оваа година од кога застанував само накачени..и накачени и накачени килограми гледав. Но, пред некој ден се наканив, ајде викам или ќе се разочарам, или ќе е пак исто. Не ни очекував што ќе видам -3 килограми! Се зачудив кога го видов тоа чудо, и викам ајде да не е расипана вагата и мајка ми и татко ми проверија, а на нив исто како и порано им покажуваше! Леле какво е чувството! Сеуште имам многу за мојата височина но...ова е невидено! И да, денес за доручек си напраив овошна салата..Отидов до продавница и за 50 денари си купив јаболка, праски,банани,грозје имав дома, и сето тоа убаво го измешав и направив во сочна салата! Леле луѓе незнаете колку е убаво! Оргазми за стомакот! Се прејадов дури од толку и еве ниту чувство за глад, ниту потреба за благо. Калории, ќе ве победам!
Пола кило јогурт, 3 биквити досега. Да се разбереме од 8 сум станата. Имам две банани, па ке видиме како ке ме биде. Од 6 и пол сум на вежбање 2 саати. Оф леле
Браво за твојата промена што сакаш да ја направиш. Но сакам да ти кажам дека,додека се жалиш и додека чувстуваш дека нема да успееш нема никогаш да успееш. Ќе се зачудиш колку е губењето тежина повеќе ментален и психички тест одколку вежбање или држење диети. Не сакам да те разочарувам,но ако цело време гледаш пред тебе ѕид и ако не најдеш начин како да го срушиш,цело време ќе бидеш на истата точка кај што си почнала. Решение ти е да гледаш позитивно и да размислуваш позитвно за себе и да се запрашаш,дали вистински го сакаш тоа,колку си спремна од 1-10 да се промениш и повеќе дела од колку да се жалиш драга моја. Ова ти го кажувам од искуство 25 кг сум симнал и сеуште ги одржувам. Мене резултат ми е огледалото не вагата
Ова Стеф што го збори е чиста вистина. Наместо да се фокусирате на бројката што вагата ја покажува, обратете внимание на одразот во огледало. Не се битни килограмите, битно е како се носите со нив
ова е точно јас имам школска со која имаме иста тежина и висина и таа е згодна а јас прасе сум и двете се чудиме зошто така ама еве така е ах додека јас да го пратам мислењево еве ја дее над мене со истото
Фала ви луѓе, ама на мене се гледа дебелко СУм била до пред 6 месеци 62 кила, знам како личев. Сеа до 65 да дојдам, ке се радувам.
Тоа е затоа што телото е составено од мускули,коски,вода(активна маса) и масти. Мускулите зафаќаат по малку волумен од мастите за разлика од мастите што зафаќаат повеќе за иста тежина. Бидејќи сте жени и имате тенденција за да складирање повеќе масти од мажите,заради хормоналните разлики(помалку тестостерон,помалку мускулна маса) исто и имате тенденција да задржите повеќе вода заради естроген и во период на ПМС килограмите се качуваат заради тоа. Затоа секогаш советувам да имате стриктен план и да намалувате прогресивно и тоа максимално 0.5 кг неделно. Така ќе го задржите обликот на мускулот и ќе го добиете телото што го посакувате. Мускулите се вашиот одговор за убаво обликувано тело,мастите се тоа што ја прават фигурата и естетиката на една личност крупна и не посакувана. Нормално треба да се има здраво ниво на телесни масти а тоа се движи кај жени од 22 % па нагоре. Разликата помеѓу 0.5 кг мускули и масти. П.С имате иста тежина но девојката била благословена со подобра генетика
Плус голема е разликата за одржување 1 кг мускул и 1 кг масти. За да одржиш 1 кг мускул се потребни од 7-20 калории ако ништо не правиш,за мастите се потребни од 2-3 калории на секој кг. Луѓето што имаат повеќе мускулна маса и се активни повеќе имаат голема побарувачка за енергија и ги горат калориите по ефикасно од луѓето што имаат помалку активна маса.
Deneska bev na fitnes, Prva den. Edno pola saat, nemam kondicija, bev Mrtva umorna. Kako ke izminuvaat denovite taka ke nakacuvam pomalce I nabivam kondicija. Inace kako 2 nedeli sum prekinala da odam kaj nutricionist, za istite imam izgubeno 3.5 kg.
Денес не бев на трчање и многу ми е криво. Ама тоа е... Правев стомачни и чучњеви, ама џабе. Не е ист филинг како кога ке трчаш и се враќаш дома цел испотен и одиш право под туш. За јадење денес: Доручек: изедов 1 банана уште пред 7 часот и зелен чај Ручек: 5-6 лешници, салата со домат и пиперка, зелен чај, праска и јаболко Вечера: ништо. не ми се јаде воопшто
Подобро фокусирај се на калориски дефицит отколку да правиш милион километри кардио. Ако не си трчала не значи дека е крај на светот,намали на исхраната.
Стеф, како да намали на исхраната, па девојчево ништо не јаде! Чај не е храна. Денеска дали 200 калории внела, а ти и викаш помалку? Од ова помалку е да не јаде.
Не го кажав тоа во лош контекст,да генерално жените сакаат да гладуваат и да комплицираат. Исто така мислат дека ако се премногу активни ќе ослабнат а тоа е контрапродуктивно. Поголема активност со повеќе исхрана е подобро отколку никаква исхрана и никаква активност И благодарам за забелешката.
За гладување, не гладувам. Во овие скоро 2 и пол недели не сум почувствувала воопшто глад, кога јадам сум доволно сита и имам сила да си ги вршам работите како и порано. А за тоа дека мислам ако сум повеќе физички активна и внесувам помала количина на храна, во право си, не можам да те лажам ама не ми беше целта да гладувам, туку да ослабам, а и да бидам здрава.