Абе ти си издржала 2 недели,а што е со наредните 3-4 месеци што идат. Дали ќе го издржиш тоа темпо,не верувам. Секогаш ќе те победат хормоните и природата на човекот да јаде повеќе отколку што му треба. Тоа е затоа што така сме направени да јадеме што е можно повеќе и да преживееме одреден период без храна или кога има минимум. Заблагодари се на некој ген од нашите предци,но затоа сме тука. Тоа што сакам да ти кажам е дека ако внесуваш малку калории,не доволно протеини и масти што е есенцијално за човековото тело,го забавуваш метаболизмот и нема ништо да направиш,освен што ќе се фрустрираш и ќе си речеш,fuck it и ќе се вратиш на стариот начин на исхрана. Затоа научи што е енергетски баланс,како функционира нашето тело или плати на некој и ќе ти биде многу лесно за во иднина да не правиш грешки како другите
Шести пат на фитнес вчера, ама многу ми се мачни вежбите за раце...Мора да ги правам? И кардиото вчера 15 мин ми беше многу тешко, одвај издржав.
Ne pominuva den a da ne dobijam komentar deka sum oslabnata pa taka I ovaa den ne bese pokuso. Kolku ubavo se custvuvam, Abe sekerce Se topam, uh uh!
Решив да ставам КРАЈ.Решив да ослабам!Решив дека тоа е слабост во карактерот.Решив да го сменам тоа.Решив со себе. Се придружувам на оваа група зашто очајно ми треба морална подршка!!!! Висока сум метар и 60 ,може сантиметар плус,а тешка незнам колку.Не ми е важно колку ќе ослабам во килограми туку во струк.Држев некоја си диета и така малку се смали струкот,ама си ги повратив сантиметрите десетоструко.Значи во телото сум супер,ама стомакот .Неможам да се поднесам веќе ваква! ВЕ МОЛАМ СПОДЕЛЕТЕ СОВЕТИ,ОНИЕ ОСНОВНИТЕ,ЗА ЗДРАВ НАЧИН НА ИСХРАНА.Нема да можам да се држам до некоја си диета зашто финансиски не сум многу моќна.Но можам да се трудам да заменам пржено со варено,повеќе вода,помалку шеќер и сол. Од вечерва се менувам.Подршката многу ќе ми значи!
Една паста со доматен сос е ефтина и здрава. Битно е колку количински внесуваш и дали тоа ќе го трошиш. Бидејќи сакаш да ослабнеш повеќе зеленчук,протеини и здрави масти. Помалку шеќер,но не заборавај 1 месечно да направиш пауза од диетата.
Браво за тебе - првиот чекор го направи со тоа што одлучи дека сакаш да ослабеш, е сега за да го постигнеш тоа намали со благо, намали го белиот леб, како што и самата кажа варено јади, а не пржено, грицки никако или многу малку, не јади после седум, и вежбај, трчај, скокај на јаже, не е важно каква активност ќе избереш важно е да се приджуваш кон твојата цел и секако да си упорна. Само напред
Јас ослабев 7 килограми за 7 недели, но еве веќе 3 недели немам мрднато од мртва точка. Има такви периоди на стагнација, ама многу се демотивирачки. Се надевам дека наскоро работава ќе мрдне, да се мотивирам малку.
Браво Ариел на упорноста. Не се откажувај само, ке се исплати трудот на крај. Јас денеска бев и си купив 2 пара фармерки, многу поубаво ми стојат од предходните, уште малку ке достигнам до -15 кг ослабнати. Но искрено и си очекувам период и јас на стагнација, но решена сум, одеме напред. Месец ипол сум на разно разни режими и овие 3 дена од трка со времето не пратев никој режим. Насабајле јогурт баланс за ручек што има дома тоа и за вечера исто со многу салата. Благо, газирано, прженици, брза храна, њет! Со додадена физичка активност, секако. Јас бев 104,4 кг. догурав до 90 веке, мислам деценија се немам видено со оваа бројка, па со 65 кг? Таа ми е целта. И ке ја постигнам. За жал немам слики кога бев 104,4 кг, не се сликав воопшто. Имам само со 92 кг, али доста сум затегната, па највеке ми даваат до 80 кг и Еве, веке секојдневно добивам коментари дека сум ослабена, подразубавена. Лицето ми ослабна исто, па ми еваууууууууу! Не негирам дека истите ми даваат уште поголема сила, воља.
Да сумирам Прво, сите фармерки од лани ми се тесни скроз. Ме фати инает, и нервоза + и си реков - мамето, има да ослабам па што сака нека е. Се одлучив за диета што ја имам еднаш пробано, онаа со 4рите дена јадење во редослед, и трет ден сум со неа, успешно но и макотрпно. Јас сум човек кој јаде лудо. Мераклиски, лезетски, во големи количества, со желба да се проба се’, да се чапатка по сите ордевери на свадби/родендени. И ете ти милион кг плус. Но, и здравјето не чини да го расипуваш ради тие боемџиски трици. И реков. Ќе јадам редуцирано, ќе тргнам од репертоар чипсови, слатки, газирано, јадење доцна во ноќта, лесковачки, сосови и слично. Вчера цел ден бев на овошје и рака бадеми, едно украдено колаче и радлер на Пивофест. Кркорење црева, кенкање, ама јбг. Морам да се приберам. Денес утрово, кафе без млеко, едно јаболко и грозд грозје. Ден за месо ми е, па ќе си направам риба на пареа со малку зеленчук, брдо салата од цвекло и супа што ќе си ја носам на работа. Не очекувам премногу, но барем стомакот да ми се израмни. Почнав и со вежбање, па ајде. Сакам да симнам 5 кг, да влезам во фармерките и да речам - Јееиј, i made it. И да отидам во Париз частејќи си се еден сочен макарон од Ладуре. Дупол, со кафе и лешник
Сакам вакво стомаче, сакам, сакам. Spoiler Аман па. Само проблеми со него да си имам . Не е фер. Станувам насабајле супер ми е. Ставам нешто во него и веднаш се дуе. Почнувам од утре пак со Ун. Ама проследено со по нешто благо секој ден.
Каренин пробај да го намалиш благото. Или истрпи неколку дена без да јадеш благо. И ако продолжи со подуеност проблемот барај го во нешто друго. Јас имав исто проблем со подуен стомак ( не дека сега го немам, но е значително намален) Вината е во ЈХ, провери и пиши
Ве молам отворете Здраво на сите,јас сум нова тука и сакам само еден совет,го отворив профилов само за да го поставам ова прашање.Можеби ќе се смеете,можеби не.Но вака,тинејџерка сум,страшно сум опседната со мојата ќилажа,со моето тело,трчав,вежбам,на диети бев све направив за да ослабам зашто беше навистина тешко да слушаш како те навредуваат другите!Но сега навистина не ме интересира ништо кој што збори за мене.Идев на психијатар но порано,проблемот е тоа што неможам да се гледам во огледало иако ослабев 15 кила,имав денови што нејадев буквално ништо,и сега бев на диета неможев да издржам више,и имам денови што јадам јадам цел ден прекумерено,и после ме тера на повраќање или морам да повратам немајте појма таман си го оформив стомакот и еве утре пак ќе почнам по старо.Значи многу се нервирам незнам више што да правам.Знам ова е навистина сериозен проблем имам идено сегде и пробано све,од утре сакам само мусли и чајј за слабеење да јадам и да пиам и после пак ќе дојде тој ден кај што ќе јадам цел ден прекумерено и ќе се надуам .Знам за булимија но сите ми викаат за да ја имаш оваа болест треба да си премногу слаб.Се нервирам многу
Ве молам отворете Пред се немој да си помислила после секое јадење да повраќаш. Никако, никако! Убаво е што си ослабнала, готово немој да се опседнуваш Ти си во развој, со нејадење можеш големи проблеми да си имаш. Ако е потребно посети нутриционист и психолог. Не се преоптеретувај, си ослабнала толку многу, знаеш ли колкав успех е тоа? Јади во граници на нормала, колку што е потребно...пример една порција за доручек, ручек и вечера.
Денеска : пред да излезам сабајле,пред седум часот изедов две варени домашни јајца. Во текот на денот , околу 09 и 30 јадев пирошка.Да,сега знам дека е грешка.Плус прженото потешко се вари во желудник.После околу 14 и 30 испив чаша ипол баланс плус јогурт во комбинација со две зелени јаболки.Мене ми беше вкусно,ми се склопија вкусовите. Инаку јаболките ми беа исечени за во текот на денот,ама отидоа наеднаш.После си ја допив и таа пола чаша јогурт. Следи пак грешка знам,изедов 3 тортини (колаче),една политанка.И толку.Заборавив да допишам,во текот на доручекот несвесно,сосема несвесно изедов 5/6 chipsy оние со вкус на хот дог.Вечерва изедов 1 банана,3/4 сливи и три политанки.Сега ќе мијам заби и толку за денес. Да имаше undo ќе се воздржев барем од последниве политанки.Навистина не ми беа потребни.Почетокот е да се прилагодам јас,да не укинам се па после организмот да ми бара премногу од тоа што постојано го внесува а одеднаш го нема... ВАЖНО : се сликав синоќа,т.е. мојот стомак од кој не сумз адоволна за да можам да направам разлика во промената која сакам да ја достигнам.Успеав од тинекс да купам САМО баланс плус,без уште нешто ,како што си имав обичај. Карајте ме и поправајте ме,навистина сакам да ослабам! ПС : да не се одлучив на старт на една промена,веројатно денес ќе изедев од се ова.особено благото,повеќе количински.А и ќе докупев нешто за грицкање сигурно. Поздрави и ве читам,браво за сите што упорно се борат!
Ве молам отворете Да знам ама неможам навикната сум така тоа ми се случува некои денови кога иам вртоглавици и се прејадувам и повраќам после
Ве молам отворете Има доста методи, но јас би ти препорачала ако толку сакаш да ослабнеш, со редовно консумирање на здрава храна и од овој пијалок би ослабнала доволно но мора да паузираш на секои три месеци. Веројатно си чула за јаболков оцет. Да, значи не треба никаква строга храна и да гладуваш по цели денови. Значи за појадок се консумира чаша јаболков оцет мешано со кисела вода и мед еден час пред јадење, после не треба да појадуваш туку пиеш овошен сок ( природен) или пак јогурт мала чашка За ручек јадеш тоа што имаш за ручек но со 1 кришка леб и доволно е. За вечера смоки, нешто овошје... секој ден вака консумирај, но само еднаш неделно можеш да си дозволиш да јадеш колку сакаш и благи работи. Избегнувај газирани пијалоци и алкохол. Инаку девојче не е се во убавината и да ослабеш така си наштетуваш себе си, оваа диета јас имам пробано јас слабеев за матурата од февруари до април и после еден месец бев на пауза јас воопшто немав проблем по тоа со килограмите бидејќи се навикнуваш на тој начин на консумација на храна. Исто така може во почетокот ќе ти се гади но ќе се навикнеш. Мој совет ти е да не претеруваш со диетите вежбањето и разни препарати кои ќе ти нанесат само штета. Велиш дека си била на психијатар епа извлечи поука од тоа.
Ве молам отворете Не е точно дека за да имаш булимија треба да си премногу слаб. Луѓето со булимија се прејадуваат и потоа повраќаат. Со текот на времето,веќе во многу напредната фаза на болеста се забележува слабост.И булимијата и анорексијата водат до смрт,ако не се превземе нешто. Разговарај со твоите или со некој близок. И обавезно консултирај се со стручно лице.Со ваков проблем никој не може да се носи сам. Ама важно е да го направиш првиот чекор и пак да побараш помош од твоите родители.
Вчера почнав коминирани вежби, а кардиото не ми беше многу тешко. Јадев малку, јогурт и две банани, едно енерџи бар, кисело млко и лубеница. Ова ми е за цел ден. И кога требаше да прекинам, каснав маку пукани и 2-3 парчиња кашкавал Мислам дека денеска пакке одам да вежбам, 2 саати мачење, ама почнува убаво да ми е.
Точно е дека јаглехидратите врзуваат вода,но исто така и хомеостазата на натриум во телото. Солта е голем причинител за тоа,особено ако не се балансирани нивоата. Ако конзумираш повеќе сол,а помалку вода тогаш си во негативна хомеостаза и се случува подуеност. Ако конзумираш повеќе сол и повеќе вода имап балансирана хомеостаза. Така да не можеш да обвиниш еден нутриент,кога се друго може да предизвика надуеност. Особено кај жените и нивоата на естроген,кој исто така повлекува повеќе вода во ПМС перидот и после менструација. Исто може надуеноста да е и од обилен оборк па на желудникот му треба повеќе време да ја свари храната. А исто така и големото количество на телесни масти околу стомакот предизвикува мазен и подуен облик на стомакот.
Држи вода ова што го зборуваш. Посебно за конзумирањето сол. Јас ја обожавам а мислам дека треба да ја намалам ептен. Spoiler Искрено мене ова не ми се допаѓа. Ете нема фотошоп па гледате дека ова не е многу секси, туку преслабо Значи не се мачeте да бидете како нив. Нема потреба.