Како што реков ВИТ е тренинг во кој одреден период го даваш својот максимум. Пример за ВИТ е во видеово. http://www.youtube.com/watch?v=quX_0cZkqFs Значи почнуваш 5 минути средно темпо за загревање. Почнуваш со интервалот 10 пати х 15 секунди брзо темпи и 10 пати х 45 секунди бавно темпо. Во тие 15 секудни даваш се што можеш,значи буквално идеш да се исцедиш. Тие 45 секунди ти се за да се одмори телото. Кога го шокираш така телото иде во анеробна зона и добиваш полезни дејства како повеќе хормон за раст и забрзан метаболизам. Прави го тоа 3 пати неделно и комбинирај вежби како чучњеви,склекови,исчекор напред,вратило и разбој. Прво вежбај со тежини после на орбитрекот. Второ исхраната е битно да следиш што јадеш,џабе ми викаш јадам здраво кога не знаеш колку калории внесуваш. Може да внесуваш 3000 калории,можеш да внесуваш 1000 калории. Затоа купи си дигитална вага и почни со сооднос 50/30/20 јаглехидрати/протеини и масти и дневните калориски потреби израчунај ги по формулата тежина х 20-25 калории. Ако ти треба калкулатор пробај го мојот на ателтикс или било кој.
Искрено, поради диетата која ја држев сега ми е тешко да си го најдам балансираниот секојдневен начин на исхрана. Нели кога бев на диета немаше три задоволувачки оброци на ден туку порциите ми беа преполовени. Е сега не знам како да се вратам во нормала. Не знам да проценам дали се прејадувам или пак се ограничувам(ова малку потешко да го правам). Колку е доволно да се јаде на ден? Сега зборувам за личности кои сакаат да се хранат донекаде здраво, но не да бидат на диета. И личности на кои им треба добра енергија за да го поминат продуктивно денот. Пример денес јадев: насабајле - несквик, порција макарони со печурки и сирење. поручек - таратор со две кришки од интегралниот леб со маслинки на Жито Лукс вечера - нескафе, две мали лажички крем и сончоглед Мислење ? И совет за некој план поврзан со здрава исхрана. Но не екстремно здрава.
Катастрофа ти е храната . Квалитетот е побитен од квантитетот. Во принцип една третина од стомакот треба да остане празна и после оброкот. Барем на два оброка 50% треба да бидат сурови продукти, салата, овошје, јатки итн .
Има многу фактори како се прави храна,не пиша активност. Ако немаш активност би ги намалил јаглехидратите и би ги зголемил протеините,за да чувстуваш ситост и да немаш проблеми со гладта. Пример за добар извор на протеини ти се: 1.Јајце 2.Млечни производи(Млеко,јогурт,урда) не сирење и кашкавал 3.Риба 4.Пилешко или Мисиркино месо(гради или над копан) 5.Говедско,свинско или јагнешко но да се деловите каде што се нај не мрсни. 6.Мешунки особено соја,леќа,грав,грашок,боранија 7.Киноа Ти ги уредив по квалитет,киноата има подобар квалитет од сојата,но полош од другите. Битно е кога одбираш протеин да е квалитетен затоа што го намалува губитокот на мускулна маса,важно при топењето маснотии. Протеините исто така имаат и ТЕХ од 25-30% што значи дека телото троши 25-30 % од енергијата за да ги дигестира во простата форма,амино-киселини. Протиените го регулираат и хормонот лептин,грелин и глукагон исто важни за топење маснотии,и бидејќи бавно се апсорбираат чувстуваш ситост и помалку калории внесени=повеќе топење маснотии. Тоа е науката сега да сведиме прост пример. Имај повеќе оброци на почетокот за да се чувстуваш сита и задоволна. Тоа значи 3 главни оброци и ужинка од салата и протеин или овошје. Во главните оброци да има јаглехидрати,протеини и масти. Во ужинката да има овошје,зеленчук и протеин. Пример за добар оброк ти е : Овесни снегулки,5 белки,овошје сецкано и го ставаш во микробранова и имаш брзо јадење,што е здраво и вкусно. Додаваш цимет и вола перфекција. За да не ти објаснувам што како прочитај ја целава тема,имаш добри информации. fitnes/rezim-za-topenje-masnotii-t18001/
Of lele. Ubavo si go staviv rucekot da mi krcka vo rerna, bese pri kraj slusam telefonot zvone, me baraat od rabota I hitno moram da odam, se oblekov se spremav I zaminav.. Arno AMA sirota jas mi se jade.. Odsabajle uspeav samo edno jogrutce da ispijam I tolku.. Ne mi e maka za drugo, nego za ribata, 300 denari si dadov za nea, aj nekaj parite, ami ligi mi tecat po nea, ko decata :''( muko moja. Vrti se Sega sto da ruckam, otidov kupiv leb, pasteta , zdenka, urda. Go gledam lebot, taka I.. Nesto ne mi dava da go zemam, aj go vrliv toa, ke odam da kupam stek vakumiran I jogurt opet.. Ne.. Stekot zavrsil, aj vidi bela. Ja izmanijaciv cela prodavnica nisto ne me bendisa,na kraj odluciv supa.. zemam supa I vikam ke baram nesto da ja svaram, zemav supata I urdata, pa Sega cekam da se svare I da jadam. nego rabotata bila za malce, kolku da se istormozam I ostavam jadenjeto. I Sega ko zadnja budala cekam da mi dojde vreme za smena. Uh.. o_O 'adenjeto, Sega ko zadnja
Spoiler Ама како би знаел некој што е квантитет. Сега зборуваме за здрава возрасна личност, која не се труди повеќе да ослабнува. Дали е доволно само во еден оброк да има присуство на јаглехидрати-зборувам за леб? Дали ете е доволно доколку на ден внесуваме само 2 кришки леб (нели покрај она останатото јадење, ете нека е манџа)? Мене ми се чини премалку е конзумирањето на две тост интегрални кришки на ден. Не зборувам сега за мешање на леб, месо и компири. Тоа и јас не го практикувам повеќе. Ок, убаво зборуваш за овошјето и зеленчукот. Тоа да! Конзумирам и јас. Ако ништо друго што е тараторот? Не се сеќавам кога точно завршив со диетата, но од тогаш до сега не сум поправена ни кило, сеуште имам 53. Намерно денеска се мерев специјално за да видам дали и со ваква исхрана сум ок. А како што кажав не јадам само овесни снегулки, овошје и салати. Ниту кога бев на диета не се ограничував од внесот на благо и нес, а не планирам ни сега, ни во блиска иднина. Само умерена конзумација, нели. И единствено од што се откажав целосно се газираните пијалоци. ова го ставам во спојлер дека и не е некоја мотивација за ослабнување .
Мислеше на квантитет или квалитет? Разликата е огромна, две кила бел леб ќе те најадат привремено (ќе добиеш енергија и лажна ситост) но имаат многу помала хранлива вредност од еден домат, две кромидчиња и порција свежа салата. Кристална разлика помеѓу квантитет и квалитет. Во принцип треба да се стремиме храната да е жива, односно соодносот жива и готвена храна секогаш да преовладува кон првото. Тоа носи не само енергија туку и здравје. Две кришки леб, за некого е доволно за друг е премалку во зависност колку јх внесуваш со другата храна. Има личности кои совршено добро функционираат на протеин и такви на кои им требаат јх за правилно функционирање. Самата треба да најдеш кој систем на исхрана кај тебе најдобро функционира. Јас ако не земам свежо (сурово) со скоро секој оброј осеќам дека нешто ми фали, ме научил организмот што му треба за оптимално да функционира. Што се однесува на прашањето колку е доволно на ден има еден одговор, толку што да имаш доволно енергија да можеш да трчаш, скокаш, вежбаш и на крајот на денот да имаш сеуште вишок енергија но истовремено да не се дебелиш или да губиш мускулна маса, тогаш си го нашла оптималниот внес на храна. Најтешко е да се научи да не се јаде непотребно повеќе отколку што ни треба зашто полн стомак не значи и здрав организам. Сепак во принцип ако повеќе внесуваш готвена храна повеќе ќе ти треба и количински внес, си бара привикнување и осет кога да кажеш стоп. Белиот шеќер кога можеш замени го со стевија, што помалку толку подобро, инаку ти слабее имунолошкиот систем (помеѓу другото). Битно е да си здрава и со доволно енергија, ако тоа го имаш си ја нашла правилната исхрана за себе .
Уфф многу се нервирам бидејќи скоро се ми се среди во исхраната освен она што во последните 2 дена знам дневно да изедам некаде половина тегла пинџур неможам просто да му одолеам а не сакам трудот што го вложувам во вежбање да биде залуден и да нема резултати.. барем 7 килограми да симнам.. единствена маана ми е тоа и тоа што не можам ден без благо... ова морма да го елиминирам.. помош, како?
Не обрнувај внимание на тоа што колку си изела,може да те доведе до булимија. Појди си на нутриционист,ќе ти направи режим,ако веќе толку сакаш да ослабнеш. А,инаку кога си веќе чокохоличарка,наместо млечно земи си темно чоколадо,или диеталното темно на Виталиа.Исто ќе те заблажат у мусли баровите на Виталиа,а можеш и една лажичка мед да сркнеш. П.С:Прочитај ја `Мажи,пари и чоколада`,сериозно ќе ти помогне.На некои им е досадна,но штом се мачиш со благото и слабеењето,топ е за тебе.
Се осеќам ко крофна од Хром. Домашната храна + бел леб + благо си го направи своето. Ама еве ме сега си се вратив Скопје, фрижидерот го полнам јас, а списокот за утре е подготвен што да купам. Според храната, УН диетата би ми одговарала. Таман ќе знам што да си готвам за денот, а не да мислам во последен момент. Очајно многу сакам да си продолжам на фитнес, ама треба прво да заштедам. До тогаш, ќе гледам што повеќе да пешачам и да вежбам дома. И не мора да почнувам од 1ви, што му фали на 29ти? Good luck на сите што почнале и ќе почнат
Јас веќе еден месец немам мрднато, дури имам и вратено кило и пол од тие седум што ги ослабев, ама тоа не е страшно со оглед на тоа колку многу не внимавав. Месецов повеќе бев по патишта отколу дома, па јадењето по хотели си го направи своето. Како и да е, морам да продолжам да внимавам, еве, од денес. Како станува се поладно, така се потешко ми е да јадам житарки со јогурт за појадок. Ми бара душава нешто мрсно, житарките со сила ги бутам. Туку со храната ќе се средам, ама со физичката активност никако. Повеќе од еден месец немам никаква физичка активност и веднаш почна да се познава. Престанав да одам на Водно пред работа - веќе денот е помал и во 5.45 се уште не е разденето. Планирам да почнам со пливање, сакав и од денес, ама малку сум настината. Само тоа ми е опција. Мислев да вежбам пред работа, ама некако тешко ми оди станувањето оваа година - лани беше полесно бидејќи подоцна почнував со работа. А и како доаѓа зима, се потешко ќе биде, кога ќе се разденува подоцна. Многу е тешко да се натераш да вежбаш кога се уште не е разденето. Попладне имам обврски со децата па не можам да вежбам, а навечер ако вежбам после не можам да заспијам. И така, проблеми еден куп Ај зека или некој друг диеталец нека се пофали со убав резултат, да ме мотивира.
Јас малку мрднав од колосек, неколку дена пред ПМСто ми беа вистинска тортура. Знаев дека грееешам, но неможев да престанам да конзумирам храна. Фала богу, овие 2-3 дена веке се вратив по старо, прекинав секоја диета и се одлучив да одам на калориски дефицит. Мислам така ке биде поодбро за мене, не што поздраво ке слабеам, него ништо не ми е уускратено, внимавам што конзумирам и колку па после доспеанта цел нема да се затрчам и да го конзумирам тоа што ми било забрането во текот на целата диета а во обилни количини. Не сум се мерила одамна,следната недела, си ветив, кај 10ти. па ке кажам резултат, голем мотив ми се алиштата и кога ке се погледнам во огледало старите голееееееемиииииииииииии алишта пополека ги фрлам, ги намалувам конфекциските бројчиња. Забавен шопинг кога одеш да купуваш гардероба но помала. Да кажам една случка. Некни одам во продавница, да видам некое фармерче какво што ми сака душичето сиве овие години, влегувам во еден дуќан и продавачката ми вели немам сега за тебе, ако сакаш почекај, идната недела ке се оди по роба ке ти чувам и ке ти се донесе најголемото бројче и си велам, што и е на женава, пак најголемо бројче? и велам на женава а очињата ми светкаат не, не не треба сега најголемото бројче, барем 3 бројчиња помали, дека сум ослабела некои 15 кг. Па жената и ми се извини бре, не ме видела убаво, дека имаше многу работа. Веднаш ми изваде фармерки, пробав и тоа беше. Нема нешто подобро од тоа, не ме интересира дали на некој му се допаѓа моето тело, што ке коментираат, ами јас да си бидам задоволна од самата себе. За денес си имав јогуртче за појадок и кроасан, за ручек суша и печено месо в рерна. Трнлив е пратот до победата но истата е јако слатка.
ова повеќе не го бива!!!!! демек пазам на исхраната, демек не јадам многу, а пак си се поправив. значи за мене само строга диета и да знам дека нема да се поправам. од утре планирам да сум на аткинсонова, двапати ја имам почнатo неможам повеќе од 3-4 дена да ја држам ама ќе се обидам пак! сакам 4-5 кг да намалам!! ај се надевам ќе успејам!
А зашто би почнала нешто што можеш да издржиш само 3-4 дена??? Прашај се себе? Имаш две работи што треба да направиш. 1.Намали на исхрана 2.Зголеми активност и јади повеќе зеленчук.
цело лето најмногу сум на овошје и зеленчук и како што кажав предходно се трудам да внимавам и да јадам помалку.тоа не успева (а требаше само 2 кг да намалам) наместо да намалам јас кладов. и сега на строга диета.
Да си се исповедам јас. Ете веќе 1 месец и 2 дена помина од кога сум на диета веќе другари/другарки почнаа да ми велат дека сум почнала да слабеам, а можеби зборуваат онака, колку да ме утешат кој знае, проблемот е што јас не гледам никаков резултат, дури понекогаш си мислам дека судено ми е да не ослабам. Ништо не сум погрешила, мислам не сум јадела ништо благо, пржено.. дури ни за проба, ама во последно не внимавам многу на калориите, јадам повеќе. Од почеток јадев најмногу овошје и зеленчук ама сега почнав да мешам повеќе работи тиква, јогурт со овесни снегулки.. ама мислам дека најдобро ми беше кога јадев претежно овошје. Е сега се нервирам дека неможам да најдам време за трчање или вежбање, немам ни деца за гледање, ни куќата не е оставена јас да ја исчистам, ама немам време бе луѓе, на училиште само 7 часа, да појдам-да се вратам 1 час, да поднаучам по нешто и немам време ни да се видам со другарките не па нешто друго. Си реков дека сум од поручек овај месец, само да се подобри времето и ќе пробам да најдам некако време за трчање, е тогаш ќе немам за учење ама се надевам дека ке успеам некако. А во зима? Ох мори мајко мила. Планирам од денес да ја почнам УН диетата, гледам многу се фалат дека имало резултати, ама неможам јас на училиште да одам со јајата варени, спанаќот и компирите ...ќе го решам и тоа некако.
Прочитај ја темата ќе ти се допадне. Тргни се од тоа размислување. Стави приоритет на кој храни треба да јадеш. Почни со минимум доза на кардио 20 минути. Зголемувај секоја недела и додај интензивно кардио. Додај и вежбање со тежини или со сопствена тежина. Биди трпелива и спиј 8 часа. fitnes/rezim-za-topenje-masnotii-t18001/
Мора да жртвуваш нешто за да добиеш тоа што сакаш. Но знај дека тоа жртвување го правиш за себе и ако сакаш можеш.
Ме интересира колку калории има во едно обично бомбонче? Пошто не сум многу по бонбоните ама не знам што ми бидна па крнав две бомбочиња
Денес ко `напалена тинејѓерка`(не пронајдов соодветен збор за да го доловам моментот ) земам вага и отварам ТАААААААП на вага - не сакам да погледнам, ај се измолив некако и гледам вагата оде надоле, чекај викам.. не сум расонета Да ДАА уф зекице, ајде пак, ТАП повторно исто, лелеееее не сум се излагала се запишав со уште 1,050 грама ослабнати и викам е браво бе Зекице, си се самата на себе. Ајде до 10ти ке пишам повторно резултат и симнати кг, до тогаш нема, ова дека се немав мерено 10тина дена. :geek: И така денеска за појадок јогуртче, потоа некое зрно грозје, за ручек грав и сиренце малце. кафенце мафенце и ојде и една тортичка од малите на винчини оние од 5 денари. Да се почастам де. Може изгледа малку за 10тина дена 1 кг, но јас сум задоволна и тоа многу. До нова година ми е цел 75 кг бар. Ке се помачам јас усште многу ама ајде, ке се исплати бар. И веке сум најголем критичар за диети што ветуваат БРЗИ ИНЗВОРЕДНИ РЕЗУЛТАТИ А ПРОСЛЕДЕНИ СО ЈОЈО ЕФЕКТ!!