Бонбони (во просек) содржи 381.00 калории - Храна 100g. Е сега рачунај ти колку калории има во 2 бонбони. Ама зависи и од бонбоните. Сигурно немаат исто калории и млечните и овошните.
Здраво. Се викам Миднајт и сум дебела. ( ) Да ви се придружам во клубот, повторно. Всушност јас одсекогаш сум си дебела, ама последнава година слабо ја читам оваа тема, па и оваа категорија. До сега од диети, најмногу успех сум имала со УН диета и паралелно на диетата - физичка активност: пешачење. Арно ама, сега некако не ми се држи диета, ниту имам време да пешачам. Ете вака, само ќе си се пожалам. Имав поприлично стресен и напорен период (од повеќе од половина година - скоро цела), последниве месец дена почнав да пијам и Б комплекс, па апетитот (што и онака си го имав) не можев да го контролирам. Времево залади, па од широки сукнички и фустани, си реков да си се облечам во нешто потопло, по есенско, арно ама: ништо не ме собира! И сега се две опции: да си купам нешто поширочко или да стегнам заби и да речам НЕ на калоричната и нездрава храна, а богами и на количината која ја конзумирам. Приметив деновиве многу повеќе јадам од останатите кога ќе седнеме заедно на маса , скоро дупло! Ете од каде се тие вишок 20 и кусур килограми! Не се од оние мааалечки апченца Б комплекс, не - не! И така, поздрав!
^^ Добредојде во клубот Миднајт Ако ти е за утеха и јас сум со некои 10 кг вишок, ама некако не се осудував да прозборам за тоа . Мислев дека ако јас си молчам и другите нема да забележат дека сум дебела . Шега на страна, си се поправив јас многу убаво после свадбата. И мојот проблем е што неможам да си го контролирам апетитот последниве две недели. На почеток на септември почнав да вежбам на Орбитрек и плус вежбите на Jillian Michaels но за беља си го повредив зглобот и месец дена се моткав по лекари и добив забрана за вежбање . Ама јас таа забрана за вежбање изгледа ја сфатив и како забрана за држење диети . Ајде од денеска се решив да одам со броење калории, па ќе видиме како ќе биде.
Јас немам проблем со апетитот, генерално, ама имам проблем со чоколадите. Поточно, чоколадите имаат проблем со мене, затоа што само што ќе видам чоколадо, безмилосно го уништувам. А кога имаш деца... имаш многу чоколади! Единствена надеж во која гледам спас е тоа што имам некоја нова страст за црните чоколади, а црно чоколадо не можеш да изедеш повеќе од еден ред. Чоколадите што ги иам дома ќе ги донесам тука на работа, да ги здебелам малку и колегите, а не само јас
еве ме и мене, да кажам збор два ! Како и вообичаено денот ми почна со јогурт и додадов само една серенатка. За ручек супа ( ке приметите секојдневно скоро ја конзумирам али просто ја обожувам) и панга со многу зеленчук. За вечер здравје, ми оде умот накај туна па ке видеме. Тоа е за денес тоа, ајде следната недела ветувам слики да ги поткрепам и моите досегашни постови Уф, се шалам. и Секако, заборавив ИМ ПОСАКУВАМ УСПЕШНО СЛАБЕЕЊЕ НА СИТЕ НОВИ, ИДНИ И СЕГАШНИ ДИЕТАКИ! Jas ne sum mnogu po blagoto, imam problem samo koga ke go vidam istoto najcesto koga odam v prodavnica ama uspevam da se zalazam i so edno belisimo od 5 denari Cesto se slucuva i da odoleam, zavisi i od moeto takozvano raspolozenie. Ajde, ajde. ke bide, sto ubavo ke bese blagoto da bese kako zelencukot, vo obilni kolicini i zagarantiran uspeh, Yeaaaaaaaaaa! ke mora moeto pametno mozoce da programira nesto, da da... :geek:
ете ме и мене, истата. само јас немам проблем само со чоколади имам проблем со се благо..... а последниот месец имавме 3 родендени во фам и јас како да морав по 5-6 парчиња јадев денот..... а стеф, стеф јас колку сакам така да биди, ама тешко дека имам време за вежбање. не дека е опрабдување мало бебе ама немам време.... а за спињето и за тоа потешко. јас ако спиам по 6ч во текот на ноќта без за да се разбудам 2-3 пати јас ќе бидам пресреќна.
И јас го имам истиот проблем Што и да треба нема да јадам ама чоколадо Почнав со Ун вчера,денес скробен, за појадок банана за ручек леќа,за вечера исто со зелка салата. Многу пати сум ја почнувала УН и сум се откажувала поради одење 2ра смена на училиште.Сега бидејќи сум прва смена ја почнав па после си викам по еден месец ќе ти биде потешко да ја откажеш... Најмногу сум издржала до 15ти ден,и ослабев 3кг.Иначе диетава најмногу ми одговара,сум пробала и други ама.. Ај со среќа нека ми е,да се надеваме овој пат ќе биде успешен..
Уф, јас сум прилично ниска. Имам едвај 160cm а тежам 72-73кг . Најубаво изгледам со тежина од 52-55кг. Но и со 62-65кг би била задоволна, сега за сега. Само не се чувствувам подготвена да се ставам на диета. Ќе се обидам да ја намалам количината на храна што ја јадам секојдневно, за почеток. Појадувам овошје (веќе подолг период), но сега ќе вметнам ужинка пред ручек, за да не се прејадувам за ручек, а можеби ќе треба да намалам и од грозјето (кое бидејќи дома го има во изобилство, го јадам доста) бидејќи има многу шеќер. За друго благо, многу ретко кризирам и не конзумирам многу, ама затоа за тесто, тестенини и леб со ајвар и сирење , сум душман. Газирано не пијам, долго време, од алкохол само вино (одвреме-навреме), кафе пијам без шеќер и без млеко (2-3 на ден). А од физичка активност ни Ф. На работа цел ден седам пред компјутер, дома имам домашни обврски и стресови разни (што ги компензирам со храна, јас сум од тие што повеќе јадат кога се под стрес а не обратно ). Сега за сега немам време, но кога ќе имам, ако не е многу ладно, ќе пешачам. И тоа. А да, бев прекинала со Б комплекс некое време, но пак ми се влоши здравјето и од денес пак.
zdravo... се секавам на тебе, лани или нешто пред тоа беше редовна во УН диетата, како и јас а зошто се откажа? Реално има многу успех, под итно пак за започни! јас ја почнав од некни, денес ми е 3 ден, па ќе видиме што ќе биде овојпат, минатиот за неполни 3 месеци симнав 7 кг, сеганемам толку вишок, најмногу 5, ама решив да ја повторам бидејки кога не сум на диета неможам да оддолеам на храната, јадам се, а сега ќе јадам само тоа што ми е предвидено во соодветниот ден ако имаш 20 килограми вишок, оваа диета е идеална за тебе, и овојпат нема откажување
Да направиме здружение на полнички и убави феминки. И да си одиме на кафе. Толку сакам да ослабам, ама толку многу сакам да јадам...обожавам храна. Посебно тестенини. Ах, треба 10 да симнам за да бидам совршена, ама и 5 за мене се бомба. Ама ај... Се трудам со храната, вежбам 3 пати неделно, одам пешки по 5 км на ден, месо ретко јадам, не пијам многу алкохол, освен пиво, торта дали еднаш у 3 месеци по едно парче, чоколадо малку повеќе, ама... Како бе пред 1 година бев слаба? И тоа, не сум од оние со 170, ама тешки 60 и сакаат уште 12 да симнат. Само сакам на мои скоро 170см, до 60 кг да дојдам.
Здраво Миднјат Еден и единствен начин на кој можеш еднаш за секогаш да ослабиш е броење на калории односно калориски дефицит и се разбира физичка активност.
Јас со задоволство би изела цело црно чоколадо со висок процент на какао, не ми е проблем да го јадам........ всушност не ми е проблем да јадам било какво чоколадо Од почетокот на летото значи јуни до сега се имам поправено 8 кг, денес истото во училиште го кажуваше и една друга другарка но за неа не ме ни зачиди бидејќи таа цело лето без проблем јадеше по 1-2 тостови на ден, сладоледи колку ти сака душа и се останато од не здрава храна.. јас се здебелив поради неконтролираната желба САМО за благо! И додека јас ги броев калориите и имаше денови и денови по ред кога козумирав и до 2600 калории, додека таа дури и повеќе внесуваше.. незнам не ми е јасно. Но што е тука е се надевам за 1 месец ќе бидам барем со 3-4 кг помалку. Инаку сега сум на режим броење калории и додека го пишував ова сфатив дека 2 дена немам во уста ставено ништо благо. ШТОО?? А последните 2 месеци едноставно не ми помиваше денот без благо, никако.
Уф, јас три пати се имам обидено со УН. Првиот пат (лани летото) издржав 3 месеци и ослабнав 9 кг. Потоа одмор, патувања...и си вратив 4-5 кг. Кон ноември повторно почнав, но имав некои приватни случувања кои ме разнишаа, и прекинав. Потоа се знае, новогодишни празници, ти реков- ми рече и оп: сите килограми се вратија. Во април 2013, почнав повторно (последните два обиди ми беа во друштво со либето). За 2 - 2,5 месеца ослабнав само 3-4 кг, а тој цели 12, а се храневме исто (но тој беше физички поактивен), бев разочарана и прекинав (прекина и тој). Мене повторно ми се вратија килограмите + неколку нови, а тој успеа да се одржува. Е сега, единствена причина зошто не сакам да започнам со УН диета, или со било која друга, е фактот дека веќе подолг период се обидувам да зачнам, па не би сакала било која диета негативно да ми влијае. Нешто слично планирам, само што навистина немам ни желба ни време да се замарам со тоа што колку калории има. Едноставно, ќе намалам од количината на храна која ја внесував до сега и тоа ќе биде. Физичка активност, сега за сега не можам да практикувам, но се надевам дека во блиска иднина ќе можам. Ви благодарам на сите за поддршката!
Пред околу 20тина дена почнав со УН диетата, а еве, пред два дена на систематски, вагата покажа 2 кг во минус. Вежбам трипати неделно, јадам регулирано, и прекршив неколку пати од диетата заради поводи (роденден, дипломска, ама со усул), но вака општо земено се чувствувам одлично. Малку ми е тежок овошниот ден, па го комбинирам со јаткасти плодови и многу супа за ручек за да не си приумрам, едноставно ми треба соленко нешто, но еве сега за сега е ок. Планот ми е да продолжам со ова темпо барем уште еден месец. И ако се симнат уште 2 кг, ќе бидам уште посреќна! Денес ми е скробен ден. Појадував банана и рака сушена брусница. За ручек имам салата од компир, зачинета само со придоден лимон, копар и малку маслиново, супа од Петел, без леб. За вечера, мајка ми ќе прави пире од спанаќ, и тоа така ќе го јадам, клот, без ништо. Инаку, со се сите обврски на светот, ако најдеш начин, можеш да ја издржиш дисциплината, впрочем оваа диета повеќе е регулирано јадење, одошто лишување од нешто. Имаш денови за секој вид јадење, практично. Така да, одиме напред со исто темпо! Ако не и побрзо
Јас комплетно ве разбирам и знам како е да немаш време. Но ако се сака се може нели. http://www.atletiks.mk/motivacija/motiv ... za-majkite Еве ти пример на синергија на децата и мајката,како работат заедно да бидат здрави. Ќе се најдат начини,дур спие бебето или најди некој да го чува,за 3 часа неделно во неделата се наоѓа време. Имам исто братучетка што има дете,па наскоро можно е да ми биде клиент. Ако ви треба било каква помош,слободно пишете ми
Добродојде во клубот, нема некој што не сака храна . Во последен период се ми се јаде, и тоа од онаа брзата храна што најмногу дебелее, чоколади, чипсови. Баш се мерев и од како ослабнав имам 10 кила качено . Добро е, јас очекував и повеќе да сум качила како што јадев што ќе ми текне. Ама морам построго веќе, на моите метар шеесет и нешто 70 кила изгледа премногу. Од понеделник стварно почнувам, секој почеток е тежок . Инаку ова со пешачењето, само јас мислам дека нема којзнае каков ефект ако јадеш се и сешто а се движиш. Мислам во секој случај движењето е здраво, ама во мој случај не помага во ништо. Само здрава исхрана е лекот, и секако со тоа физичка активност.
И јас сум истиот случај, ама помалку амбициозна од тебе .... на мои 1,70 барем до 65 да дојдам и пресреќна ќе бидам. Се и сешто пробав, ама пустиот апетит се ми уништува . Сепак јас мислам дека проблемот ми е во изгладнувањето од 7 до 17 часот додека сум на работа (иако во тој период гледам да внесувам повеќе протеини за да ме држи сита повеќе време, ама без успех ) па така кога ќе се приберам дома можам целиот фрижидер да го испразнам сама . За физичка активност незнам што да кажам, нула. Седење пред компјутер на работа и евентуално пешачење од и до работа (ама сепак ми е блиску работното место од дома, околку 600м) Знам каде е проблемот, само не знам како да го решам П.С да пробам да си носам сиров зеленчук на работа па секогаш кога ќе почувствувам глад да си грицкам, м ?
Ехх и јас сум висока 170цм, немам сериозни проблеми со тежината и изгледот, имам 63 кила ама си зацртав во глава дека сакам да стигнам до 58 (барем за почеток) и знаете што се дешава? ќе си ја почнам убаво диетата, ќе издржам ден - два, и после тоа магично мајка ми прави нешто превкусно, купила лепињи, направила мафини, или било што, и јас не можам да се воздржам. Немам поддршка баш од моите Во глава си имам слика за тоа каква сакам да бидам и таа слика е со мене се до моментот кога ќе видам нешто превкусно за јадење. Тогаш не мислам на ништо друго освен на храната и после се осеќам разочарано, затоа што не успеав. Истата приказна и денес.
Конечно и јас да видам резултати од диетата. Ослабена сум малку, а најмногу во градите. Тажно. Инаку денес ми е јагленохидратен ден и воопшто не ми се допаѓа. Не сакам да го држам, и нема да го држам, ми е гајле!