Можеш без диети да ослабнеш. Не ти треба УН,ти треба малку едуцирање за исхраната. Повеќе зеленчук,овошје и протеини во секој оброк
Епа тоа и јадам. Претежно јаболка, тикви, домати пиперки и јајца, исто како што ми кажа: овошје, зеленчук и протеини.
Јас сакам да го прашам СтефШеф бидејќи неможам само јајца и риба да јадам за да внесувам протеини, во која друга храна има богат извор на протеини? И дали постојат некои таблети како додаток што би можела да ги пијам или пак дали протеинските шејкови (прашоци) се здрави и корисни и каде и по која цена можат да се најдат?
Имаш колку сакаш извори за протеини што не се јајца и риба. Имаш пилешки стек,мисиркин стек,делот од свинчето каде што има многу малку масти мислам кременадла беше,имаш од говедско,јагнешко. Млечните производи со јајцата се најдобар квалитет на протеини. Тоа значи ниско-маслено млеко и јогурт и урда(Идеал шипка или здравје радово),младо сирење. Од растителни протеини единствен добар извор е киноата и сојата,но ако конзумираш доволно и ги комбинираш можеш да надокнадиш со сите видови на мешунки како наут,грашок,грав. Што е до додатоците во исхрана како прашоци и таблети со протеини,за мене не е замена за храна. Не дека се лоши,ако сакаш да промениш може,но го нема истиот ефект како храната. Бидејќи брзо се апсорбираат(а ти сакаш да ослабнеш),сакаш да имаш ефект да храната бавно се апсорбира и да те направи по-заситена. Но има исто така докази дека протеинот од сурутка е исто така подобар за ситост од нормалната храна. Единствено нешто што даваат предност е да не готвиш,ништо повеќе. Така да нема магично апче и нема магичен прашок. Има али е многу опасно
Јас сум во забуна. Еве ова утро неможев да одолеам на милка чоколадото со карамела и лешници и го изедов целото (540 калории -.-) Дали со овие 540 изедени калории од чоколадо имам помалку шанси да ослабнам отколку да јадев пример некој здрав оброк но исто со толку калории. До крајот на денот не планирам ништо да јадам само 3 чаши зелен чај, многу вода и една чаша шумливи таблети. Никако неможам да се откажам од благото никако и се си мислам дека нема да ослабнам ако не го исфрлам благото од исхраната. А сега ќе се префрлам и да вежбање колку толку да потрошам некоја калорија
Како планираш да функционираш во текот на денот само со 540 калории и тоа од чоколадо? И плус сакаш да вежбаш? Калории си се калории но разликата е во тоа што во чоколадото нема никакви хранливи вредности,не те држи сита повеќе од 1 час.А за разлика од тоа еден здрав оброк јајца,овесни снегулки и сл. кој содржи протеини,сложени јаглехидрати и др. те држи сита подолго време(3-4 часа).
Има се вика DNP многу опасна состојка и голема е шансата да умреш од неа. Исто и со T3,кленбутерол и тестостерон.
Не те разбрав баш добро. Мислиш дека воопшто не смеам да внесувам благо ако сакам да ослабнам? Ептен голем зависник сум од благото, не би го издржала таквиот режим. И дали доколку внесуваш на пр. дневно од благо до 500 калории има шанси (и плус околу 1000 калории од здрава храна) да слабееш или треба само здрава храна да се конзумира?
hamstika и јас сум зависник од благо. Кога веќе не можеш да се откажеш од благо ќе најдеш начин некако да ги потрошиш тие калории внесени од благото. Јас можам без леб, без месо, без се, ама без благо не. Се трудам да јадам здрава храна, овошје и зеленчук, но и без благо не можам па затоа вежбам на орбитрек. Е сега ако внесеш 500 калории ќе вежбаш еден час па сега види што ти одговара дали толку да вежбаш или да изедеш пола чоколадо за да вежбаш пола саат. Изборот е твој. Битно е да се троши вишокот на калории што си го внела. Се надевам ти помогнав. Поздрав
А еве едно златно правило 80% од храната што се јаде во текот на денот да биде здрава а 20% посто благо.Значи од 1800 калории на ден 300-400 да бидат благо.Ова е баланс неможе цело време од крајност во крајност.
Jas bi te sovetuvala ,bidejki imash problem okolu blagoto,bi ti preporachala kako za pocheten start da go zamenish samo so obichno crno chokolado ili suvo ovoshje,dodeka se priviknesh na poimot "ne tolku blago" a potoa postepeno odkazuvaj se(od crnoto chokolado)za da stignesh do onoj stepen kade shto i nema potreba za tolku redovno da konzumirash blagi raboti,ama i treba da si dadesh sve od sebe i da ne mislish tolku chesto na blago ,oti od tamu e mislata deka ne mozesh bez blago.
Еве мене денес ми беше 8 ден т.е овошен,па сабајлево извршив проверка и вагата покажа 2 и пола килограми помалку.Задоволна сум до сега, ма да секако сум и свесна зака на почетокот повеќе се губи. Така да еве ти подршка и мотивација а се разбира тука сум па ќе те дружам, нема откажување нели? Ќе одиме до крај
Мене навистина ми нема решение. МОРАМ АМА МОРАМ ДА ЗГРЕШАМ уф нема ден а да не изедам нешто благо а има и кога претерувам. Истото и со ајварот и пинџурот. Не, несакам се од почеток да почнувам. Не сакам времето потрошено во напорно вежбање да биде бадијала. А се потам ко свиња, вежбам многу.Но знам дека ми е џабе ако јадам како човек што не видел храна. Уф незнам што да правам, што да си речам кога ме фати кризата за јадење. Некоја алтернатива? Уште 2 недели и почнувам со ун, а до тогаш женски ве молам како да си помогнам, како да не се прејадувам? Сакам тој саат време што дневно го поминувам во вежбање да не биде за џабе
И јас сум една од тие кои држат диета.Порано бев баш згодна,но се поправив околу 10 кг и ми е баш тешко. Сега ја држам ун диетата па ке видиме како ке биде. Инаку јас имам можеби малку глупав начин да се мотивирам за диетата а тоа е секој ден кога помисам да се откажам од диетата пуштам некои згодни девојки на тв и тоа ме мотивира да продолжам. Како што кажав можеби е глупаво ама мене многу мотивирачки ми делува
И тоа како е мотивирачки да си видеш слики од пред година дена кога си бил 10кг помалку.. Манекенка ,сега претворена во подвижно буренце..хахаха.. Примав и хормонска терапија минатата зима,па тоа ме поду уште толку.. Инаку јас сакам да ослабам за да с чуствувам обро бидејќи сегашен сум воопшто задоволна од ништо. Планирам и да си формам семејство,но пред а станам мама сакам да си ја регулирам тежината за а можам да имам и полесна бременост,значи покрај тоа како сакам да изгледам,дупла повеќе ме мотивира тоа што сакам да сум мајка,пред се здрава мајка не акам да почнувам диети со некој специфичен режим,ќе почнам да се хранам со повеќе овошје и зеленчук. една другарка ми вели- абе што ќе слабееш кога ќе си трудна пак ќе се здебелиш е мислам не е исто да ставиш килограми во бременост која почнала со 60кг,и бременост која почнала од 75. Затоадојдов и на форумов, мотив имам, подршка очекувам од вас, а и нели во друштво побрзо се слабее,има подобри резултати. П.с. А за протеинската диета какво мислење имате? Мислам би ми одговарала на крвната група...