^^ Марула со туна... Јас си ги мешам пола туна..со марула..една чинија солидна си јадам и после сум сита. Омилено ми е тоа јадење. Инаку јас денес јадев печен стек и печени компири. Сега до вечер..некое овошје само..или зеленчук.
и заборавив да ви ја пишам мојата омилена активност купување за 60мин се трошат 52кал чистење по дома за 60мин 99кал а при готвење за 60мин 40кал има и други активности...напишани со калории-играње со децата, пеглање,кошарка...
Турско кафе со четврт лажичка шеќер? Колку калории се тоа? Ќе ме опседнете и мене со калорииве, ќе видите убаво. Ама баш сакам да си пресметам колку од прилика внесувам дневно.
Ливинг ме изнасмеа... Девојки зарем до толку пресметувате,за кафе,чај..сок?? Па според вас и пастата за заби има калории
Абе не пресметувам јас за ништо, ама сакам денес да пресметам за да видам колку внесувам во просек Не знаев дека кафето нема бе, не ме карајте, еве ви по едно
вака во турско без шекер има 2кал а само шекерот во 100г има 385кал(за белиот ти зборам) а кафениот 372кал или по наше во една мала лажица (не толку полна )има 12г бел шекер=46.2кал е сеа твојот четврт јас ке речам отприлика да има 5г =19.25кал што значи дека во твоето кафе има отприлика 21кал п.с.Ако станав досадна ставете ми едно црвено ѓаволче ке престанам (зошто мислам дека станав )
Леле Коловоз ти си саде инфо за калории ццц кафе лате прочитав дека има ЦЕЛИ 700 калории. Па избегнете го, можете подобро некој сендвич од 500 и нешто калории да изедете
Епа затоа јас вчера се чудев како многу им биле 1000 калории дури кога едно кафе има бабачко калории. Јас на пауза сум дечки,срценцево ми бие уз женски проблеми,па решив да забавам два-три дена.
Spoiler Коловоз а пицата колку има калории [капричоза]? Јас си ручав 1 чаша компири печени со 1/4 домат печен [посипени со едвај по 1/2 капка дека требаше да се стае само 1 лажица масло врз сето тоа ]. Али ме фати криза за благо дека сeкoja недела пo нaвикa јадам чајни колачиња и изедов чаша цреши и една банана. Денес се на се 3 банани имам јадено. Значии компирите+патлиџанче+3 банани+цреши=450 калории. Уште 550 имам до час да изедам . КЛИКНЕТЕ&видете нешто интересно во врска за калориите. Како го мерите овошјето? Јас зимам шоља типична од 250 ml и во неа ставам цреши до врвот и ете пребројав значи собира 25 цреши што е еднакво на 50 kCal.
^^^ Леле, се убив од читање на страницава и ништо не сфатив ... Демек се е до броење калории а не е битно што внесуваш ??? И правев некои пресметки, 1000 денови ќе ми требаат да сум ослабела, ваква останав Нема шанси, џабе се депримирам. Со 1000 калории дневно ќе сум губела 0,5 килограми неделно. Тоа ми е некако неверојатно .... Се изнервирав со страницата Си ја наполнив главата со непотребни работи. Едит, колку калории има туна во масло ?? ( една конзерва )
Мече, мече, мече. 0,5 кг. ќе губеш неделно ако јадеш и благо значи ако јадеш јаглени хидрати 250 gr, аkа нормално колку што треба дневно да се внесува. Тоа е да кратеш по 500 калории па да ослабнеш. А со друга диета, пр. твојана ако е со ограничување до 60 gr јаглени хидрати значи ќе ослабнеш до 2 - 2,5 кг неделно. Туната на 100 gr има околу 270 калории.
Ништо не разбирам од тие работи Гага, и тебе ништо не те разбрав Па секој производ има јаглехидрати .... или не ... Нема врска, немој да се мачиш да ми објаснуваш, ќе терам јас вака, сега ќе пробам на 1000ка да ограничам калории ( од прилика ), а треба да внесувам 1850, па ќе видам колку ќе слабеам
10 цреши се 60кал а пола банана(средно голема) ти е 50кал грешка ти е математиката! инаку само сакав да им помогнам на оние кои навистина сакаат , не грижи се нема повеке да пишувам на оваа тема...
Ех шо пресметав на апликации едната даваше 40 калории, едната 60 калории а едната 50 калории. [за 25 цреши]
И јас се придружувам во клубот Мојата диета е- не јадам леб... веќе 3 дена... па ќе видиме колку ќе издржам. Инаку вежбам 3-4 пати неделно, некогаш на орбитрек а некогаш пешачам по 5 километри дневно.
колку кила според вас можам да солабам за 10 дена со 1 јаболко на ден ,една салата и едно јајце плус вежбање по 1 саат на ден? не е здраво знам ама морам мн сум пуна
Зависи колку имаш сега Миси, не ти препорачувам така да слабееш, ако вежбаш по еден час на ден, треба да ја зголемиш исхраната т.е малку повеќе калории да внесуваш од тие калории што ги содржат јадењата што ги наброја. За 10 дена кило до кило и пол можда две, ама сепак е многу, ако се препорачува неделно по пола кило (мислам дека беше), 2 кила за десет дена се многу, ама можно е толку да се ослаби . Ти треба само трпение, што дека за кратко време ќе ги симнеш кога за многу побрзо ќе ги вратиш дупло. Затоа трпение-спасение .