(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    150
    Вода пиев, инаку незнам дали ми се лоши од што наеднаш променив многу работи или од друго нешто е..
    Инаку гледам и разлика имав едни фармерки тесни ми беа а сега можам да ги носам :D
    Денес малку само изменив, за ручек имав месо ама така го изедов без леб, а сменив на црн леб и сабајле пола кришка изедов со многу тенок ајвар, и сега ќе вечерам супа, па мислам дека е доволно за денес, бидејќи незнам што да додадам друго..
     
  2. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Мене УН диетава ако ништо друго, ми го прочисти организмот.

    Веќе два месеца како појадувам овошје и супер ми е. Навикнав да издржам без да ми доаѓаат идеи во глава - земи бурек, земи лиснато... И да се товам уште во 8 наутро :) Килажата не е нешто значително сменета. 3 кг имам симнато, но тоа е само вишокот вода и отрови. Престанав со вежбање пред неколку дена, малку ми треба одмор пред одмор, но сепак режимот го почитувам, со тоа што правам мали испади доколку душава си побара нешто, но во мала количина - како вчера кога наместо парче торта или сладолед на јаглерохидратен ден, изедов куп карамели и чаша какао. Гледам да не се прејадувам и да бидам физички активна. Пешки или со точак на работа е добра практика.
     
  3. hamstika

    hamstika Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    9
    Ве молам помогнете ми! Кажете некој лек, бидејќи ова јас го зметам за болест, голема болест!!! Навечер пред да си легнам си велам од утре нема толку многу јадење благо, пола чоколадо или некое колаче.. Ноо, што се случува? Денот ми тргнува одлично, значи појадувам тост (две кришки црн леб и некоја занимација внатре, до 300 калории), по 2-3 часа јадам некое овошје (100 калории), па ручам нешто здраво (до 500 калории) и после ова ме фаќа неверојатна криза за благо и ајде ќе си земам едно парче но се повеќе и повеќе ме тера да јадам благо!! Ве молам помогнете ми, не можам да го замислам фактот дека ќе си останам ваква со салце!! Уфффф!!!!!! Некој лек ?
     
  4. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Ако те фати криза за благо, пробај да го замениш со лажица мед или пак ред црно чоколадо ( 75% какао ). И сѐ е до самоконтрола, најбитно е да се убедиш себеси дека ти е тоа доволно и така и ќе биде.
     
  5. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    2.948
    Пол:
    Женски
    Мене навечер еве сега тоа време најмногу ми се јаде. Што можам да јадам сега а да не внесам многу калории? Освен обошје :lol: :lol:
     
  6. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Зеленчук + протеини
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AquaBlue

    AquaBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    571
    Јас ја држев УН Диетата цела недела и ослабнав -3 кг.
    А откако ја прекинав (пред 2 дена) сум здебелена 1кг ;(
    Е сега, ми се деси нешто (да не ве заплашувам сега )
    Бевме на Брза Помош, од таму на болница
    Таму докторката ми даде еден совет во врска со исхраната :
    - Леб НИКАКО :P
    - Благи, бомбончиња, торти, лижавчиња, чоколотца, колачиња НИКАКО :P
    - Газирани сокови ни најмалку :P

    Само варен компир, бел ориз, супа, манџи, овошје, зеленчук..
    Ја прашав и за кечап (пошто ми е омилен) и ми рече да гледам што помалку кечап, значи дозволено е ама ептен малку.

    Желбата за благо да ја смирам со краставичка, морков или лупено јаболче.

    И :!:

    Цитрусни овошја ни на крај памет да не ми текнат :!:

    Значи Портокали, Мандарини, Цитрони, Лимони итн. итн. НИКАКО :P

    Од денес почнувам со овој начин на исхрана, и нормално ќе вежбам многу, многу.
    Сега планирам да си направам план на денот, да имам време и за учење, и за пишување, и за интернет (минимално) и за ТВ, и наравно повеќе време за вежбање :P

    Само сега ми е проблем тоа што пак немам поддршка. Од никого ;( Можеби минимална од мајка ми, а татко ми со сила ме тера да јадам.

    Сега барам поддршка од вас, се надевам ја имам :)
     
  8. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.687
    И кое и` беше објаснувањето за оваа изјава?
     
  9. AquaBlue

    AquaBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    571
    Нема никакво објаснување :tmi:
    Јас само да пренесам што ми кажа таа :rofl: :angel:
     
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342

    Во врска со ова и јас сакав да прашам, ама Моира ме претекна
    Имам дете во фамилија кое така е навистина дебело. Јаде нормално а можеби и малку за негова возраст ама буквално се дави во цитрусни овошја. Него на пр. секој божји ден доручек му е 1 кг мандарини на пр. или 1 кг лимон. Уште од мал е таков - забеган :) по цитрусно овошје.
    Не е генетика во прашање ниту пак некое пореметување (испитуван е...). Не сака благо ниту пак тестенини, пици, газирани сокови и сл. Мајка му буквално крие од него овошје, ама сега порасна и сам си купува :$. Јас не се сеќавам кога последен пат бил болен, дали од овошје, јак ли има имунитет, незнам...
    Значи која е таа материја во цитрусно овошје која дебелее ?!? :^)
     
  11. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Мислам дека треба да си упростиш и наместо да викаш ова не можам да го јадам,почни да размлислуваш дека телото не познава здрава од нездрава храна.
    Познава калории и три макро нутриенти јаглехидрати,протеини и масти.
    Човек може со брза храна да ослабе ако енергетскиот баланс е негативен(во калорски дефицит).
    Точно е дека брзата храна предизвикува пореметување во балансот на ситост (лептин/грелин) но исто тоа може да се контролира со вежбање и со аеробични вежби.
    Јас се фокусирам на дигање тежини затоа што во долг период тоа е подобро од само аеробични вежби.
    Почни со среден интензитет и со комплексни вежби како чучњеви,мртво кревање,бенч прес,вратило.
    Цели да вежбаш големите мускулни групи како нозе,задник,грб,гради и вежбај интензивно за да те предизвикува,за да телото да има причина за промена.
    Запомни дека тоа што сакаш да стопиш е мастите,не мускули затоа што мускулите согоруваат повеќе дур седиш и после вежбање.
    Затоа луѓето што се фит можат брзо да се вратат,а луѓето што имаат повеќе масти тешко слабеаат.
     
  12. AquaBlue

    AquaBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    571
    Можеби немаше да се одлучам на секакви диети ако само вежбањето ми помага ;)
    Секој ден трчав, правев секакви вежби, спортував, имав напорни тренинзи, пешачев и што уште не пробав ;)
    Ама после тоа вечерта така убаво ќе си се најадев, што наместо да слабеам, повеќе се дебелев.
    Штом сум на диета можам да се контролирам, некако не ми дава да посегнам по нешто мрсно, ама ако „јадам ама малку“, не можам да се контролирам.
    Само вежбање кај мене не дава никакви резултати додека јадам се и сешто
    Таков организам имам ;)

    Него сакав да прашам, стварно ли замрзнатото овошје дебелее, и е забрането во диетите ? :^)
     
    На Ammy.Lee му/ѝ се допаѓа ова.
  13. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Јас ти го кажав своето,јади повеќе зеленчук и протеини и пред вежбање никако да не си без нешто како ужинка или овошје.
    Примарно гориво за вежбање се јаглехидратите.
    Нема храна што дебелее и слабее,секоја храна ако не си активна може да дебелее и ако си пре активна да те слабее.
    Битно е да знаеш дека има 3 работи што прават да слабееш
    1 е исхраната и соодносот на калориите.
    2 е активноста
    3 е стресот и одморот и спиењето.
    Така да разбери и истражи малце,тргни се од размислувањето на диетите,земи долготрајно решение најди што успева за тебе,диетите фунцкионираат но се краткотрајно решение.
     
  14. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    824
    AquaBlue, точно StefChef, е во право 100%. Џабе ви се разно разни диети, што ви го трошат умот и ве фрустрираат . Кога ќе почнете да вежбате, но малку поактивно и поредовно ќе имате многу повидливи резултати од било која диета, а ќе си јадете здраво и поредовно во помали количини.
    Пр. сабајле јајце, јајцето е супер оброк, те држи сит подолго време, овошје сега барем има какво сакаш, можеш и сирење младо на пр. не ти е многу калорично. Јас многу сакам јогурт и во него ставам малини, боровници, аронија, така нешто, некое бадемче и мед 1 лаж. Ме држи до 15-16 сита. За ручек месо, риба на скара би било топ, грав, грашак, леќа, боранија со салата обавезно. И за вечера сега ми е хит жив лосос, мене многу ми се допаѓа, а кога немам тоа тогаш некое сиренце, салата со јајце знам да си направам.
     
    На AquaBlue и StefChef им се допаѓа ова.
  15. AquaBlue

    AquaBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    571
    Ајде ќе видиме, фала за советите :)
    Си го испланирав денот, така да имам 2 часа за вежбање преку ден и половина час преку ноќ :$
    Сега ни е периодот на тестови, така да ќе имам помалку време за вежбање, ама сепак ќе вежбам :P
    Ама помалку ќе јадам, не како во последно време :P
    Ќе комбинирам вежби од интернет+трчање, скокање на јаже итн :D


    И :!: Ако успеам ве честам, што и да сакате :!:
     
  16. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Прави ја секој ден по 7 минути и кажи како ќе се чувстуваш.
    http://7min.io/
     
    На AquaBlue му/ѝ се допаѓа ова.
  17. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Еве и јас да си се пожалам овде...

    Или имам некој проблем(здраствено) или пак не знам што се случува со мене! :)

    Еве веќе има две недели кај што почнав да ги бројам калориите и намести да слабеам јас сум плус едно кило.
    Ја спуштив апликацијата што е за на мобилен и според тоа се водам колку треба да внесам и колку во текот на денот имам внесено калории.
    Ми пишува дека треба во текот на денот да внесам 1200калории, и ако ми верувате никогаш немам внесено толку се гледам да внесам не повеќе од 700калории. А, да и да напоменам дека вежбам секој втор ден по 2сати.
    Одам на фитнес секој втор ден.
    Некој ќе ми рече не пиеш доволно вода, па зарем е малку секој ден 3литри вода да пијам...

    Ова сум јас и мојот чуден организам или пак е рано за резултати, не знам што да кажам сепак не се откажувам ќе продолжам понатаму :)
     
    На Ammy.Lee му/ѝ се допаѓа ова.
  18. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Па ти треба да внесуваш 1500 калории,ако скратиш на 50% или повеќе телото после 3-4 дена нема ништо друго што да прави освен да почне да ги зачувува калориите и да почне да ги гори мускулите за енергија.
    Друго 2 часа на тренинг е премногу,не знам дали правиш правилен тренинг,но повеќе од 1 час е претерување и не е ефективен,зашто кортизол нивоата се зголемуваат,комбинирано со ниско калорична исхрана тоа е убиство.
    Така да телото сака секогаш да одржува една хомеостаза и да преживува,во овој случај телото сака да складира енергија и се што прави е тие калории да ги складира во масти и да ги надокнадува од мускули.
    Комбинирано сигурно со аеробични вежби тоа е убиство,не знам зашто толку ниско идеш но јас би идел малку повеќе калории дури на 1800 две недели и би намалил.
    Запомни драстично намалување не значи веднаш резултати,туку иде обратно.
    1 чекор најди ги калориските потреби за одржување на една недела и прави така 2 недели.
    2 чекор намали секоја недела по 5% од калориските потреби.
    3 биди трпелива и имај ефективен тренинг.
     
  19. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Па не мислам дека се многу два сати, затоа што вежбам само 3пати неделно.

    За тоа си во право дека треба повеќе да внесувам со оглед на тоа дека вежбам, а дека трошам од мускулната маса, не размислив на тоа.

    Фала ти за издвоеното време ;)
     
    На StefChef му/ѝ се допаѓа ова.
  20. pato

    pato Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Подобро е да вежбаш секој ден по 30-45 минути отколку 3 пати неделно по 2 саата.Ако вежбаш секој ден имаш повеќе бенефиции, согоруваш повеќе калории за разлика кога вежбаш 3 пати кога согоруваш неповеќе од 400-500 калории.
    Иначе се согласувам со тоа што ти го кажа СтефШеф и јас би ти го кажала истото.ПОздарав :D
     
    На miljkovic му/ѝ се допаѓа ова.