Да се пофалам со мојот успех од почеток на јуни до сега. Ајде да испукаме сеир. 67,4 Spoiler Oва е некаде пред летото јуни почеток. и денешна мерка 62,1 Spoiler Уау, ептен сум ослабнала
Ете така. Можам слободно да се пукам! Секој, ама баш секој ден се таксувам: “Аха, денес почнувам со вежбање,“ и никако да го направам тоа! Порано почнав да ги правам вежбите на Jillian Michaels и ептен беа предобри! Ама почнуваше да ме мрзи и престанав. А тоа е најголемиот проблем! Ми треба една ОГРОМНА ПОДДРШКА од вас, девојки. Ке биде ли некоја од вас спремна да ми помогне?
Ајде еве ја имаш мојата поддршка....и мене ме фаќаше мрза и се залежав ептен со кола ваму со кола таму активност нула и ме фати инат и тоа голем сега нигде не одам со кола освен ако не морам плус пешачам секој ден барем пола саат а секој втор ден вежбам на орбитрек....ме мрзи ама се влечам буквално и не се предавам и кога ќе извежбам сум срекна.....и се осеќам поубаво..Така да секогаш кога те фаќа мрза сети се која ти е целта и резултатите нема да изостанат
За движење се движам,тоа не е проблем бидејки училиштето и не ми е баш така блиску од домот( скоро 1км). Но немам никаква самодоверба да почнам да вежбам дома сама,а тоа е голем проблем, нели? Ми треба голема морална поддршка, па затоа и се обратив тука. Се надевам дека ке успееме
Еве ти морална подршка,не биди бебе што плаче. http://www.youtube.com/watch?list=UUBDW ... detailpage
Се е до твојата психа напочетокот ќе треба сама да се натераш да вежбаш, а потоа ќе бидеш зависна од тоа, ќе ти биде навика.Предобро чувство после вежбање, убаво и пред се здраво тело е тоа што ќе следи подоцна.Ќе бидеш горда на себе и ќе се чувствуваш различно од другите онака некако по спешл.
Најтешко е да се почне, јас го мразам времето додека вежбам, значи ја мразам потта, ја мразам болката. Но, после некој месец кога ќе ги видиш резултатите, ќе сфатиш дека вредела болката, дека вредело сѐ и тоа чувство е безценето.
Не ти треба диета,треба да разбереш дека првите 2 месеци треба да уживаш во вежбањето и активностите,да имаш помалку стрес и да спиеш 8 часа. Нормално првото нешто што ќе направиш е да зголемиш внесот на зеленчук,овошје и протеини. Второ е да полека го зголемуваш интензитетот и да вежбаш да се потиш. И последно е да визуелизираш што сакаш да направиш,и да размислуваш позитивно. И ако од тоа ништо не успева побарај помош. Барем денес има се и сешто. И не ја гледај вагата,гледај како огледалото и облеката изгледаат
Мене послабо ми успева еве ја држам УН диетата и вежбам на орбитрекот секој втор ден а секој ден пешачам барем по 2-3 км незнам каде грешам...а еднаш ради тоа правев и проверка на хормоните и се беше во ред...до што е незнам
Здраво девојќи! Јас уште се обидувам да ослабам, но плановите за фитнес малку ги сменив бидејќи според многу коментари гледам дека ќе ги ослабнам градите а тоа не ми се свиѓа бидејќи сакам да го тргнам само стомакот, малку рацете да ги ослабам и нозете ептен малку бидејќи знам дека многу грдо ќе изгледам, а освен тоа сум и ниска и ќе изгледам многу грдо..Дали има некој вежби само за тоа, или некој начин на исхрана? Инаку сакав да направам липострукција но незнам дали во Македонија има, каде и колку пари, само според гледање на нет имам видено и би претрпела..Знае ли некоја?
Дечки отприлика од колку месеци одење на зумба можам да се затегнам или подобро на фитнес да си почнам ?
Фитнесот секогаш ќе биде подобар,размисли малце зашто е тоа така. Фитнесот има историја скоро 100 години,дури и повеќе и е ефективно и докажано за било каква цел. Од друга страна тоа што е лошо е тоа што не е групно и станува досадно и безмотивирачки,додека на зумбата е забавно и има со кого да споделуваш. Но никој ама апсолутно не ти гарантира дека ќе ослабнеш,ако не си ја средиш исхраната. Нормално дека има повеќе полезни дејства од кревање тежини и аеробични вежби отколку да се врткаш наоколу и да мислиш дека си правела нешто со своето тело. Да ќе те затегне на почеток било што,но потоа што правиме ако не прогресираш со интензитет,телото нема причина за промена ако нема стрес. Затоа не можеш да споредиш фитнес со зумба,зумбата е ново е во мода,но макотрпната работа и интензитетот никогаш не идат од тренд.
Нема вежби специфицирано за некој дел и мислиш дека тој дел само ќе ти слабее. Тој што ти го рекламира тоа е голем лажго и немаш потреба да веруваш. Што е до липосукцијата,тоа ти е решение за твојот проблем,но не е трајно решение,затоа што кога ќе ги извадиш мастите од телото пак треба да вежбаш и да се храниш здраво. Но со тие пари што ќе ги дадеш за липосукција дај ги на личен тренер,резултатите се долготрајни,бавно се добиваат,но ќе научиш многу повеќе за твоето тело отколку било кој што ќе ти каже за како да се одржуваш. Ако имаш потреба слободно побарај ме.
Тоа е затоа што ти наместо да правиш да го забрзаш метаболизмот го забавуваш. Аеробичните вежби се ок имаат место во тренинг програмата,но ако ти не додадеш интензитет и стрес во твојот режим телото нема да има причина за промена. Телото се адаптира на секаков стрес што ќе му го дадеш и затоа мора да се предизвикуваш. И плус таква диета каде што нема доволно протеини секој ден,доволно масти и не е разновидна е за луѓе што имаат премногу да ослабат. Тоа ти е краткотрајно решение,ќе ослабнеш 10-15 кг за 3 месеци и што понатака? Си рипнала до Водно и сега мислиш дека си го освоила светот,е тоа девојче не е така. Многу мислат дека кога ќе ослабат дека прекинале со нивниот проблем и го занемаруваат и идат во јо-јо тип на луѓе. Така да ако си го освоила Водно,сега треба Кораб итн. Ако ме разбираш што сакам да кажам,ќе имаш многу полезни дејства
Епа не вртам на орбитрекот цело време во ист интезитет менувам на секои 10 мин и на одреден период убрзувам со вртењето и успорувам баш заради интезитетот. Плус вртам и наназад.А што се однесува до исхраната знам дека се важни протеините па така секој ден за доручек јадам по 3 белки од варени јајца после вежбање пијам чаша јогурт или соја млеко така да обрнувам винание на протеините барем 3 пати неделно јадам риба а гледам да не ја мешам храната за ручек зошто имам приметено дека тоа и ми смета. Ок може грешам негде не викам не...ваљда ке откријам каде.А иначе вкупно имам ослабено 30 кг од кои само 10 имам вратено од причина што стварно баталив и активност и пазење на храна сега сакам да си се вратам во колосек