(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    http://www.youtube.com/watch?v=_dMWRT73 ... tQOrCqEZYc

    Комотно можам ко рингтон да си ја ставам песнава. |(
    Сабајле заклучив дека сум се подгоила (ко јагне пред Божиќ да не речам) добри 4/5 кила од јадење глупости. Да завршам неделава со полагање, и морам да се подредам. Многу глупав распоред имам на факултет, никако не можам да најдам нешто што ми одговара за јадење, се мислам да си купувам од јогуртите на баланс. Всушност, сакав активиа прво, тие што се и како овожни ама скапи се, 50 денари едно му доаѓа (лажам 47) инвестиција ми се. Некој да ме посоветува за практичен оброк за на факултет кој не бара многу време и средства за припремање? :^)
     
  2. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    824
    Стеф Шеф што би ми препорачал да вежбам додека имам повреда на коленото? Би сакала нешто за затегнување особено на стомакот и нозете. Пробав неколку режими ама претежно вежбите се со многу оптереување на коленото а тоа пустото боли корни? Некоја идеја?
     
  3. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Каква повреда се работи?
    Специфицирај зашто има повеќе видови на повреди?
    Зависи до кој степен можам да ти кажам какви вежби да правиш,иначе од мое искуство вежбањето чучњеви ја подобруваат состојбата на коленото.
    П.С не купувај никакви суплементи не вредат.
     
    На macence85 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Divajn

    Divajn Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    225

    Јас од вечер си спремам овесна каша , ја оставам преку ноќ во фрижидер, и си ја носам сабајлето на факултет. Пример, потопувам овесни снегулки во млеко, додавам банана и какао/ бадеми и цимет / со чоколадно млеко, лешник и парчиња црно чоколадно ( chocolate chips ) / или пак ја правам со Баланс и малини .. Има мал милион комбинации и нема шанси да ти здосади :)
     
    На tigerlady му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SmilerGirl

    SmilerGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    401
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Минатата недела бев во Туш и најдов шпагети од цело зрно (тие што ги викаат whole grain).Денеска мајка ми ги сварила и баш сега јадев и мене ми се дури поубави од обичните. Е сега прашањето ми е дали е добро да се јадат овакви тестенини од цело зрно или воопшто да не ги јадам?
    [​IMG]
    еве овакви се
     
  6. SmilerGirl

    SmilerGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    401
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Минатата недела бев во Туш и најдов шпагети од цело зрно (тие што ги викаат whole grain).Денеска мајка ми ги сварила и баш сега јадев и мене ми се дури поубави од обичните. Е сега прашањето ми е дали е добро да се јадат овакви тестенини од цело зрно или воопшто да не ги јадам?
    [​IMG]
    еве овакви се
     
  7. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Ако те заситуваат повеќе од нормалните шпагети не гледам зашто да не.
    Имаат 10% помалку калории од обичните,но се дупло поскапи,така да ако можеш да го издржиш тој финансиски терк,зашто да не.
    Иначе нема голема разлика од обичните тестенини.
    Јаглехидрати се јаглехидрати,на крајот на денот битно е колку ќе внесеш(количина) и колку ќе потрошиш(активност)
     
  8. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    А да те прашам: во што ја носиш? Имам еден термос од Џамбо ама знае да ми протече. Мајка ми едно време си носеше вака во тегличка ама она на работа и лажиче си имаше па фино ќе седне ќе се најаде. Да ми ја решиш уште оваа дилема... :)
     
  9. iloveugirl

    iloveugirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    217
    Тигерлејди исто така добар оброк за на факултет ти е пилешкиот стек, секако варен, динствуван или пак на скара, но најбрза алтернатива ти е стекот. Со варен зеленчук малку бибер и куркума(многу ефикасен зачин) и доколку сакаш интегрален ориз си свари или пка едно парче интегрален леб. Тоа е еден идеален и брз оброк што можеш да го спремаш вечерта или пак пред одење на факултет.
    А додека пак садови за чување на храна можеш да најдеш насекаде. Почнувајќи од Џамбо, Керфур и секој тип на продавница каде што се продаваат домаќински работи.
    Па исто така добра алтернатива ти се интегралните тестенини кои што пак јас сметам се далеку поздрави од оние обичните.
     
  10. Divajn

    Divajn Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    225

    Јас имам носено во мала тегличка, или во кутивче од сладолед, пример вакво
    [​IMG]
    , или некое слично , ќе го врзев убаво во оние мали ќесички за пакување што се и нема шанси да се истури , зашто овесните снегулки преку ноќ го впиваат млекото ( пола шоља овесни : пола шоља млеко сооднос ги правам ).
    Исто и лажиче си носам, и си јадам во амфи, на клупа , во пекара ( ако седнат колегиве )
    главна шема сум :lol:
    Или можеш сувите состојки од дома да ги спакуваш во нешто , и после да си земеш мало Баланс или чоколадно млеко, потопи ги и остави ги така на првото предавање, па ќе си ги јадеш пред да почне второто :D
     
    На tigerlady му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Јас на училиште имам носено корнфлекс,мусли и такви слични стварчиња во млекце/јогурт и ги имам носено во шејкер,и во едно од оние кутивчињата од Џамбо,ама дефинитивно подобра варијанта е шејкерот,во тие,како,што кажа самата тече.И со пластична лажичка за една употреба јадев.
    Туку,да ја прашам Дивајн,од кај наоѓа dark chocolate chips и малините свежи ли ги ставаш?
     
  12. Divajn

    Divajn Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    225
    После толку време конечно најдов во рамстор, од Ülker , слично во вакво пакување се [​IMG] ( не можам да најдам соодветна слика )
    Со 50 % какао маса , мада јас би сакала макар со 70 % да најдам .
    Ама и овие вршат работа, скоро ич не се благи :)
    Иначе малини свежи ставам , ама сега не им е сезона, така да во план сум да си земам некои замрзнати. Гледав од Фриком имаат убави комбинации - мешано шумско овошје, после брусница и боровинки ..
    Во комбинација со Баланс јогурт - фантазија :)
     
    На sofijanoka и tigerlady им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    ^ Јас многу сакам замрзнато овошје со јогурт. Кога се топи толку убаво се спојува со јогуртот... Малини, јаготки, рибизли, капинки... мислам дека вишните се незаменливи :)
     
    На sofijanoka, Divajn и StefChef им се допаѓа ова.
  14. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Јас да си се објаснам и оправдам :) :) :)

    Во Париз нема шанси диета. При сите тие сирења, кроасани, вино, мусови и чудесии, иди речи НЕ.
    Еднаш се живее!

    Се мерев вчера - едно кило сум вратила. Од 71 на 72. Супер. |( И сабајлево, кафе, јаболко и чаша џус од малини.
    Морам да се приберам. Од понеделник се враќам во вежбална, па да си ја продолжам радоста. Иако во Париз се убивме шетајќи и дневно трошев исто колку што и внесував, сепак хедонизмот си го направи своето.

    Ајде, па да кажам конечно дека имам 69 и дека секси тежината сум си ја остварила!
     
  15. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.933
    Јас си ослабев 9 кила за еден месец. :P
     
    На B-O-N-I му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.933
    Јогурт но оној битолскиот Баланс. Зелениот со помалку масленост. ем не дебели ем здрав е.
     
  17. B-O-N-I

    B-O-N-I Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    15

    Е како :P ај сподели
     
  18. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.933
    Па имам една листа. Све варено јадам, сабајле јогурт со овесни снегулки, навечер супа (вегета, морковчиња сецкани и овес). Тоа што го јадам повеќе може да се каже дека е здрава храна.
     
  19. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.933
    Корнфлексот дебелее.
     
  20. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Па ако јадеш едно кило на оброк,да,дебелее. :) Ништо само по себе не дебелее,клучна е количината.
    Според твојата теорија,јаболките не дебелеат и ако изедам 5 кила ништо нема да ми биде? :^)
    Во житарките важна е преработката,а кај нас скоро сите се рафинирани и полни со шекери,поаѓајки од муслите се до овесот,кој се смета за `најефективен`. :)
    Ама ни тоа не ме спречува да си ги јадам,вкусни ми се,мајката. :D :D