Нели зборевме нутритивната вредност на житарките,а не која житарка колку сита те држи? И да,не сум јас на диета,само чат пат доаѓам во темава да посоветувам некого.
Мене овесните снегулку (5 лажици) со јогурт понекогаш ме држат 3 часа, некогаш после 1 час сум ептен гладна Зависи од телото. Јас денес официјално почнав со Focus T25 со Shaun T Wish me luck, a ако има резултати за 1 месец ставам и слика
^ мене 5 л. снегулки и јоурт ме држат до ручек па за ручек зависи и така со секој ден то за доручек ослабив 3 kg. јухуху
Поддршка и од мене до сите кои се трудат да го отфрлат вишокот на килограми особено на здрав начин... Не се сеќавам дали сум се изјаснила на темава ама и да се повторам за арно е Јас сепак мислам дека секој организам е различен и секој од нас мора да проба да си го открие и проучи добро телото ,каква храна и колку количински може да внесува-потоа е се полесно! Брат ми јаде половина леб за вечера и е сув како шајка,за разлика од мене... Си варирам доста со тежината,што не е добро,не драстично ама сепак одврме на време мешето ми се зголемува заедно со половината(обично тука ми иде вишокот)! Досега од искуство си забележав дека кај мене негативно влијае внесот на тестести производи,леб,лиснати теста,потоа мрсни благи-медени срца,колачи,торти,потоа сокови тетрапак,нескафиња со шекер и млеко...Убијци за мојов организам... Едноставно решив сите овие да си ги заменам за храна и пијалоци(никако нејадење) кои ќе бидат поздрави и со повисока нутритивна енергетска вредност...Јадам сега мнооогу овошје и зеленчук,јаткасти плодови,место колачи и мрсни слатки-сушено овошје било какво од ананас.папаја,суви смокви урми итн.. Кога ми се пие нешто си правам лимонада,чај од брусница,камилица,било каков...Многу салати,риба,месо... На почетокот е потешко да,ама ќе видите како полека полека организмот ќе си се навикне на ваквата храна и нема да ви бара да посегнувате по нездравите оброци! Одсекогаш сум се мачела да си пронајдам физичка активност во која ќе бидам истрајна,ќе почнев дома да вежбам и по една недела ме здомрзуваше,ќе почнев да одам во теретана ќе дојдеше зима,па де ладно,де ме мрзи итн.се додека не се запишав на пливање и мислам дека се преродив! Девојки на сите ви препорачувам најсрдечно да пливате и ќе видите какви позитивни ефекти ќе забележите на телото! Секако да се плива по 45 мин.дневно,ефективно некоја дисциплина или комбинација ќе видите каков благодет е тоа и за телото а и за умот! Јас несакајки намалив 5 колограми затоа што многу пливав еден период,а си се хранев без да пазам многу многу... Пронајдете го она што ќе ви прави задоволство и се ќе биде полесно! Еве јас почнав од денес малце да припазувам,гледам мешето ми се зголемило бајаги а и спојлерчиња од страните,најдобар показател ми се фармерките коа не можам да влезам лесно во нив! Се тргнувам од леб месецов па до нова година сигурно и на вежбање и пливање!
Ослaбев 6 килограми, сега малку стагнирам, барем овие 2 недели си стојам на килажата, малку ме демотивира, затоа што вежбам скоро исто како и секогаш,се хранам се поздраво и поздраво(освен алкохол кој решив и тој да го елиминирам барем до нова година ни капка), конечно решив да не мешам протеини со јаглехидрати нема да ме убие ако уште 3-4 месеци се лишам до задоволство на пилешко со ориз или компири. Ама ај се тешам дека барем не се имам здебелено, и ако ништо се позадегнато се осеќам и целулитов и без креми се намалува и намалува. Морам да сменам појадок, ми се смачи веќе од житарки со млеко и коцка темно чоколадо наутро, не ги можам веќе вкусот ми е станат одвратен. Инаку сите што се решени или се мислат што да вежбаат, а се спремни да удрат јако дефинитивно инсенити, од тие 6 кила само 3 ипол ги симнав во еден ипол месец одткако почнав да вежбам 3 пати неделно инсенити. Со оглед на тоа што не захтева ригорозни диети, бара посилна исхрана и доста протеини, мене ми е и повеќе од солидно, што не мора по секој цена да се лишам од леб барем по 1 до 2 парчиња во ден. Во просек по тренинг од 60 минути се согоруваат околку 700 калории, може и повеќе. Добро ми оди и за прв пат не ни помислувам на откажување, 63 кила ми се се поблиску и поблиску а на најздрав и убав начин со вежбање и балансирана исхрана.
ако може некој совет и за мене. висока сум 1.60 а килажата ја накачив на 66-7 што мислам дека е многу порано имав до кај 53 максимум и баш бев таман сега како топче се осекам Долго време не јадам благи работи, само некои житарки, црно чоколадо ептен малце, мед , суво овошје, свежо овошје, црн леб до 3 кришки максимум, манџички правам, интегрален ориз, од месо јадам само риба и пилешки стек ( на друго месо не сум ич љубител) ,тестенини не ставам во уста кој знае од кога, пијам сокови без шеќери, и порано ова ми успеваше кога бев тинејџерка ослабував за 3 недели значително ама сега јок нејке остарев ли што е работа Проблемот е поради здравствени проблеми неможам да се изложам на физичка активност, освен пешачење и што работам дома и на работа друго ништо не практикувам, може и ради тоа за 3 месеца ослабев само 1 кило Што ми препорачувате? Другарка ми имма масажер па ми го дава ке помогне ли тој нешто?
Барам предлог за салати што вклучуваат само зеленчук.Ама вкусни ако има такви,зошто цело време вртам еден ист тип на салати и ми се згади.
^ Брокула, или морковче (може и мешано, но мене повкусни ми се одделно). Брокулата ја разделуваш на мали китки и ја обаруваш 4-5 минути. Пожелно е да не биде подолго од тоа над оган, зашто омекнува премногу и не е воопшто вкусна, а исто и морковот. Мене ми е повкусен кога крцка. Ќе го зачиниш со малку вегета, магдонос, капка масло и малку Балсамико. Превкусна е салатата!
се мерев вчера сум симнала замесец време некаде 3,5-4 килограми а како и јас незнам едино знам дека немам апетит никаков јадам супи салати овошје многу леб благо и газирано дал еднас два пати и најрадосна сум што и лицето ми се среди колку толку
Што кога имам некој психички проблем? Сум на диета 3-4 дена и потоа 4тиот ден вечерта нападнам и изедам се што можам еве веќи 4ти ден бројам калории и денес внесов 1500 кцал а треба 1200 калории. Истото беше и со ун диета издржував 3-4 дена и потоа една вечер изедам цел фрижидер. Како да си помогнам во моментите кога мотивацијата ми е нула заборавам на сите мои цели и се препуштам на јадење? Ма какво згодно тело се пропадне во вода и почнам да јадам како ненормална. Незнам ми нема помош се осеќам.
Ако си решена да постигнеш да имаш неверојатно тело не постои нешто што ќе те спречи во тоа, но доколку ти е полесно да се откажуваш и да се жалиш нема да имаш резултати. Едноставно е- за да успееш мора да се посветиш.
Гледам имаш 15 год. Мој најискрен совет - не си ја мачи душата уште сега со калории и диети , уште си во пубертет, имаш потреба од истите за телото нормално да се развива , на тие години и метаболизмот е побрз , нормално е да ти бара повеќе храна. Фокусирај се на здрави навики , што повеќе движење, по некоја физичка активност ,постојана хидратација, јадење свежа, што помалку обработена храна ( овошје, зеленчук , житарки, семиња, јаткасти ) , избегнувај конзервирана и храна која иде од фабрика ( перфектно изрекламирано спакувана ) , појадокот нека ти биде рутина , не се изгладнувај, не се прејадувај , дозволи си понекогаш слатки ( секако, да не бидат како цел оброк ) , и најважно на се ова гледај како на еден маратон, а не трка на кратки стази, резултатите сами по себе ќе стигнат. А и калориите од храната , тоа е цела наука. Потруди се да обрнуваш повеќе внимание на тоа што содржи некој продукт , отколку колку калории има. Пример, 60 калории од јаболко во споредба со 60 калории чоколадо . Во чоколадото има прости шеќери кои многу брзо се апсорбираат , брзо се качува шеќерот во крв , што води до брзо излачување на инсулин во поголема количина , и следствено на тоа и брз пад на шеќерот - или во превод многу брзо по таков оброк си гладен , а инсулинот исто така е виновен и за депонирање на масти во масно ткиво, па гликозата во таква ситуација нема простор да се потроши и се претвора во масти. Додека јаболкото има голем процент на растителни влакна , кои процесот на апсорпција на јаглехидрати го прават побавен, така да не доаѓа до нагли успони и падови на шеќер и инсулин, повеќе те држи сит, а и сета онаа гликоза која минува во крвта има време да се потроши ( особено ако се јаде на гладно ). Иначе ова со диетиве и калорииве води само во еден circulus vitiosus ( зачаран круг ) - го навикнуваш организмот на помалку калории ( истиот наместо да троши почнува да штеди ) - потоа се враќаш на нормална исхрана ( со истата идат и дел од кг ). Краен ефект = секојдневна тортура
Нема разлика од 60 калории чоколадо и јаболка. Глукоза си е глукоза а ако си во калориски дефицит може и со брза храна да ослабнеш. Телото не препознава добра храна од лоша храна познава 3 макро нутриенти протеини,јаглехидрати и масти.