(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Ми ја разбра погрешно реченицата и ти реков дека ограничувањето и сите диети може да ти дадат решение со килограмите краткотрајно но долготрајно што правиме?
    До кога нема да уживаш и до кога ќе си даваш на себе мачење?
    Сакав да ти потенцирам дека вагата е само една бројка за мерење вкупна маса,а не тоа што ти сакаш да ослабнеш тоа се складираната енергија мастите.
    Мастите зафаќаат повеќе волумен од мускулите и за исти простор тежат помалку од мускулите и ти даваат илузија дека си дебела,додека кога имаш повеќе мускулна маса ти тежиш повеќе но изгледаш поубаво и постегнато(тонирано).
    Затоа твојот фокус треба да е на топење на мастите со калориски дефицит,а не со диети.
    Има убава тема од мене напишано,прочитај ја и ќе видиш што сакам да ти кажам.
     
  2. The.Complicated

    The.Complicated Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Што препорачувате за 30-дневно, предновогодишно слабеење? :)
     
  3. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
  4. AquaBlue

    AquaBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    571
    УН диетата 8) И вежбај по 2-3 часа дневно ;) Одма ќе видиш резултати, уште на 10 ден ;)
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.869
    Допаѓања:
    163.498
    http://karas4training.com/mk/training/g ... -predizvik

    Јас каснам со време да го оставам ова тука. Ама само три дена се поминати, утре веќе доаѓа ден за одмарање,што значи може да почнете и како-така да стигнете.

    Гуд лак, само поупатен да не окуражи дека ќе има резултати на крајот.
    Јас имам само проблеми со tricep dips и се што е склек и бара потпора од рачен зглоб, имам повреда која никако да ја санирам, па се што правам, правам на боксови, не знам дали прави разлика.
     
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    ^ Не прави, можеш слободно да правиш со бокс, или па ако ти е мачен машки склек, прави женски, мене женски ми е каде, каде полесен од машки и помал отпор им даваш на зглобовте на рацете.
    Можеби некои сметаат дека машки си е машки, според мене и женски склекови ако се прават правилно имаат ист ефект-затегање на раце, стомак и гради.
     
  7. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Јас од утре почнувам со строг режим, направен од самата себе според тоа што најмногу ми одговара, но се двоумам многу за појадокот.
    Ако се водам според Цеце - Цвета Динева нутриционистот, (одев кај неа 3 месеци, ослабев да многу, но преригорозни режими дава според мене што мислам дека на долг период не би ги издржала, а поентата ми е баш сега да не се откажам доста долго време - по можност еднаш за секогаш да си се навикнам на овој здрав начин на исхрана), појадок би требало да ми е само овошје (до 1.5 кг) и вода 2литри до ручекот.
    Но, се двоумам дали да останам само на ова, или да направам комбинација житарки со млеко од 1.5 масленост, и едно овошје - (јаболко, цитрон, портокал) и водата.
    Да напоменам дека млекото и општо млечните производи не ми делуваат добро, слабост се и за мене и за мојот организам, најмногу се дебелеам од нив.
    Знам дека секако првите 2-3 недели ќе ми е тешко, и само со овошјето и само со житарките, но што мислете, што е подобар/поздрав избор?
     
  8. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    1 оброк јогурт со житарки по избор и 1 парче овошје
    2 оброк 4 белки 1 јајце,малку масло и печурки и кромид
    3 оброк салата со месо по избор
    4 оброк парче овошје и чаша јогурт
    И ако ти се пријаде измеѓу земи направи зеленчук и протеини оброк.
    Не мора да си ригорозна следи калории и намали ги за 300 секој ден.
    Такви нутриционисти што ограничуваат сеуште се тука заради името што го направиле,но не за долго.
     
  9. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.042
    Допаѓања:
    10.454
    Знаев дека сум се здебелила, ама дека до толку сум претерала не бев свесна.
    Треба да одам на свадба викендов и ко демек да видам кој фустан ќе го носам...каков шамар ми врза огледалото, уште ми жежи.
    Нема да следам некоја посебна диета, туку ќе се држам на општо познатите правила. Благото и газираното и онака не ги обожавам, проблем ми се млечните производи, на нив тешко ќе ми оди да им се воздржам и секако на лебот :doh:
    Сеуште не знам каква ќе ми биде физичката активност, опремена сум со сите реквизити, само уште да им ја забришам прашината што ја фаќале со месеци :devil: Не планирам да трчам на времево, се надевам дека ќе успеам дома да правам добри кардио тренинзи.
     
  10. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.905
    Јас сум на диета некое време. Наутро пијам чаша цеден сок од портокал, кафе со стевија и најдам овошје и пијам 1,5 вода до ручек. На ручек јадам варива,леќа,грашок,риба,телешко мевце,зелка и сл. зготвени со маслиново масло и салата. Вечерам салата. Имам и денови каде што само јадам овошје/зеленчук.

    Е сега има една работа од која не можам да се откажам,а тоа е сирење.Се трудам да го намалам,ама не можам да го исклучам од исхраната зошто нема да издржам ни 2 дена.

    Мислев да го заменам со урда,понискокалорична е или? Што ми советувате?
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    ^ Ако можеш замени го со младо сирење и ограничи се на максимум 120 гр. дневно.
    Пробај прво така, па почни да го јадеш преку еден ден... мислам дека ова е оптимално фер и дека ќе успееш. :)
    ~~~
    И јас се приклучувам во групата угоени прасенца.
    Си имам спојлерчиња, мешко, да ми се живи и здрави. Одам јас, а газот 16 минути по мене влегува во просторија. :(

    Си купив електрична цедалка и секое утро почнувајќи од утре ќе си правам цеден сок од лимон, портокал и цитрон.

    Ѓумбирот ми е пак на утринско мени со млака вода.

    Се решив да појадувам сендвич од 2 парчиња црн леб и тенок слој путер од кикирики, а за ужина јаболко или банана. Знам дека путерот од кикирики е калоричен, добро му го знам составот и намерно си го купив. Мене ми треба нешто што ќе ми даде енергија и ќе ме држи сита.
    Заедно со сокот и кафето, ова ми е и повеќе од доволно до 16.30, односно 17 часот кога се прибирам дома.

    Јас не можам да издржам на овошје цел ден до 5 попладне. Попрво коси ќе си искубам. :(
    Мислам, ми доаѓа да се самоубијам. После некое време ме боли и желудникот. Сакам многу овошје, немам проблеми да го јадам, ама до 5, не фала.
    Што е многу, многу е.

    После 5 попладне ќе се преориентирам на чорби и варива или протеини (месо, варени јајца) во комбинација со салата.

    п.с. За недај-боже, во ташна секогаш имам црно чоколадо од Најубави желби, само тоа е со 70% какао во составот, најдобро ми е. Исто така, имам ратни резерви на суво гројзе со неколку бадемчиња... За недај-боже... :?: мене секој ден ми е недај-боже. |(

    т
    е
    л
    е
     
    На Thallia, SexyLady, Mermaid и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Како пиздиња сите пред празници се редиме тука, една по една. :D

    Јас се осеќам млитаво, никакво, без волја, желба и енергија за слабеење, општо за живот, посебно здрав :D ... Најново откритие ми е брокулата, а најчесто и тоа ми е првиот, неретко и единствен оброк во денот. Додека досаѓав лани дека не можам да не јадам ништо цел ден, сега и те како можам. Немам време, некогаш јадам одејќи, понекогаш во автобус, неретко и додека чекам автобус, а најчесто не јадам ништо :D . Денот, кога сум била презафатена, ми завршува со млеко и бисквити, како врв на дебилизмот во мојата исхрана. |(

    Порано ми се лапкаше леб, сега ич не можам да го јадам, евентуално ако го потпечам малку, инаку ми е тегав и гаден, и така само јадам, без желба, ради реда. Имало чаре и за тоа нешто да се одвикне човек, едноставно ќе ти се згади по некое време.

    Моменталната состојба никако не ми помага во тоа да бидам малку поцврста и со малку поголема желба за слабеење, зацврстување или што и да е. Се тешам дека помала во живот не сум била, се спровирам во сите работи што си ги бендисувам, и тоа во минималните бројчиња во историјата на моето постоење, љубовниот живот ми цвета :D , сал ме носи момчето по ресторани и така завршува сагата и патњата на крајот на денот.

    Уствари, дојдов да кажам дека сакам пак да си го најдам убавиот начин на хранење, да ми светне малку лицето, на енергија да добијам, вака сум како мавната, море не мавната, како прее..... само кешки тоа да беше болката. :o :D
     
    На Shelea, Ariel и Ammy.Lee им се допаѓа ова.
  13. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.835
    Јас да ви кажам, си ги вратив килограмите. :x
    Ај си реков за роденденот ке баталам диета, ке каснам од тортата ама не престанав со јадење и си затерав така цел месец. И ноември си платив на фитнес за пола месец, појдов 3 пати и толку беше. Се качив првиот ден на вага да видам колку сум се здебелила и се уплашив и си се тргнав уште пред да застане стрелката на точната бројка, така да незнам точно колку сум се здебелила,ама одприлика колку што си бев пред да ослабам. :tmi:
    Си реков ај од 1ви ке бидам повторно на диета и бев.. ама до денес. Од памет не ги извадив три дена тие палачинките со еурокрем и денес ја извадив тепсијата, си направив палачинки и се изнајадов. :tmi:
    Ама од утре со нови сили продолжувам... :) не со јадење! туку со диетата. :D
     
  14. iloveugirl

    iloveugirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    217
    Џабе ни се сега сите предновогодишни кукања :D туку јас сакам да ослабам 5-6 килограми до пред нова година. Знам дека не е здраво но барем 4 или 5 килограми обавезно. Па после сите празници ќе си почнам некоја порелакцирана на подолг период диета но со траен ефект.
    Се мислам дали да ја почнам таа 20 дена диета - 8кг или онаа 7 дневната со која се губат демек 7 кг.
    И висока сум 164 а тежина 61 кг.
    Помош? И плус ке почнам да вежбам кардио секој ден по 20 тина минути.
     
  15. Dannyella

    Dannyella Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2010
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    17
    епа вака девојки ... периодов ослабев 15тина килограми и сега баш кога треба да сум најмотивирана пред празниците , јас забушавам ... Станав утрово да вежбам и на масата глеам чоколатце ... Фино лепо си изедов 3 реда и после отидов да вежбам ... е што фајде вежбањето .. морам овој месец уше минимум 6-7 кг да скинам ... а мии фали мотивацијаа ... ахх смотанааа јас ...
     
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.417
    Допаѓања:
    143.260
    И јас се приклучувам кон групата угоени пред Божиќ. Ако продолжам вака, за Божиќ може да ме заколат и да ме сервираат со јабука во уста.

    По претерувањето со кафиња, грицки, колачи и што уште не, наједноставно и веќе пробано чаре да се средам со исхраната ми е пост. И среќа што баш сега почна, затоа што оваа недела имав 3 кафани и една слава, па некако се извадив со риба и салата.

    За појадок јадам геврек или ако ептен сакам да се „замастам“ симит погача или пита со компир. За ручек манџиче без месо, и ако ме фати криза за благо навечер, јадам тиква со цимет и се преправам дека е којзнае каков десерт.

    Важно резултати има. Барем за почеток почнав да дишам во панталоните, а дишењето е важна работа :D
     
    На lunicka, Ammy.Lee, Shelea и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    21.159
    Ах ах тие екстра килограми плус. Јас успеав да намалам, ама скоро една година сум на тертип- со усул, или крст на челото. Не, не се скратувам од ништо конкретно. Најсреќна сум шо ме собира гардеробата од пред 2-3 години. Пошто лани и полани немав ама баш никаков избор за шо да си облечам. Оваа година сум си стално променета (шо би рекла баба ми). :lol: :lol:
    Имено, на работа, увидов дека можам да не појадувам. Тоа за мене беше научна фантастика, да можам да издржам до 4 саат гладна. Ама бивало.Може понекогаш да каснам 1 или 2 јаболка, или 1 банана. Е сега ако ме мавнат некои кризи, си зимам ѓеврече или долга сусам кифла (а неретко и 3-4 чоко бананки :tmi: ). Дома си ручам убаво околу 5 часот. И избегавам да вечерам. Ако ме мавне криза- тогаш гледам да направам салата, ама задолжително појачана со сирење оти онака ама ич место нема да ми фати- напротив- чинам уште погладна ќе станам. Но понекогаш знам и салатата да ја заобиколам и на цел ден слабо јадење- да репнам сендвич :@ . Отакако ќе го изедам ми доаѓа од г..от да си апнам , ама таа е. Добро е што е ретка појава.
    НО на благотиите не одолевам. Може да не почуствувам потреба за благо 3 дена, ама затоа четвртиот ден во серија да изедам 4-5 петденарски чоколатциња (белисимо, бананки, рум штанглица, блок еурокрем....), а може и цело чоколадо. :tmi:
    Не дека е нешто здрав режимов, ама јас имав ефект.Сакам уште 2-3 кг да симнав, без некој дјудејт, ама ќе треба да се ставам навистина на режим и сите овие екскурзии шо си ги дозволувам да си ги мавнам. Многу ефект имав еден период кога мавнав благо, газирано и леб. Лебот скрос го избацив, чоколадото 1 неделно, а газираното го косумирав ама не често (го консумирав со себеоправдување дека ми е низок притисокот па ми иде добро :tmi: ).
    А сега предпразнично една мотивација заедничка барем да не одиме на горе, ако веќе не одиме надоле ????
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    И јас сум од тие пресно здебелени со симпатични 6 кила вратени.
    Некои предлози за наутро за во школо како да се хранам и збор-два за бисквитите.Многу почнав да јадам бискивити во последно со се ги мешам , опседната сум.
     
  19. AquaBlue

    AquaBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    571
    ^^^ Може еден предлог :wasntme:
    Пошто сите кукаме дека сме биле како мечки, а сакаме да сме тип топ за празниците, да си се собереме заедно и да почнеме со една диета од утре/задутре :D И ќе си се известуваме која до каде е :$ Само предложувам :$
    Еве, јас прва се придружувам се надевам ќе си имам другарка за дружење :D

    Кој нарцис сум ]:) Се ова го правам во моја корист ]:)
    Ако почнеме сите, ништо нема да ми дава да се откажам, па што сте вие повеќе од мене да ослабнете :D
     
  20. malooto

    malooto Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    641
    Допаѓања:
    380
    еве ме мене само што јас веќе почнав денес мие 3 ден од режимот на ирена....
    иначе јас си броев( и уште бројам калории) само што сега фати зима и повеќе време сум дома и уммот само на јадење ми бегат :D посебно на благо :rock: и затоа си накачив две три килца и решив да почнам со ова барем ке можам да се контролирам