1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Ама сме се заредиле овде, ко во исповедалница :) :lol: :rofl:

    Исто е и кај мене, статус кво. Вежбам, ама ко да не вежбам. Си јадам од се’ по малку, еве веќе 4ти ден како забушавам и забаталувам диета. Денес конкретно, сум на мандарини, кафе, шопска во меанче и еве сега дома, поарно да не кажам што начекав.

    ТАЗЕ ЧВАРКИ И ТОПЛА ПРОЈА.

    Нешто како грев над гревовите. И изедов едно парче проја + малку од тоа мрсничкото. И готово, толку од мојот карактер. Морам да запнам и да се напнам. :@

    Утре одам на вежбање и почнувам со УН одново. Страшно колку човек може да си се замозалаже дека - ај само ова, ај само малку, пробај си... И отишле, и килограми во плус и деморализација исто.
     
    На Ariel и Ammy.Lee им се допаѓа ова.
  2. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Добра страна за броење на калории може некој да ми пише? Баш и не сум експерт за броење.

    И уште едно прашање од мене, дали вода може да се пие непосредно со јадењето, и мора ли да се чека 2-3 часа откако ќе се руча, додека да се испие првата чаша вода?
     
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Јас колку што знам правилно е додека да се јаде да не се пие ништо, ни вода нит алкохол,ама ретко кој го практикува тоа.
    Не мора да претеруваш па ти 2-3 часа, ќе пукнеш за вода, не пиј непосредно после јадење пример пола час.
     
  4. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Јас сум навикната од мала додека јадам да не пијам ништо, а откако бев на режим кога ослабев најмногу, во тие месеци откако ручав во следните 2 и пол часа вода не пиев воопшто, така многу побрзо се варела храната, и си го пикнав тоа у глава и издржував, се навикнав. Но, откако го прекинав режимот почнав да пијам и вода и сок, шо има тоа. И сега откако се ставив на диета пак, гледам сите лоши навики да си ги искоренам па да видам како вие стоете со вода пиењето.

    Инаку ја почнав диетата 20 дена-8 кг, не ни очекувам 8 да ослабнам, хах научна фантастика, никогаш толку брзо не слабеам па каква сака нека е диетата. После оваа, одам на Медицинска, и завршувам со режимот на Ирена за и после нова година таман да ми се фати. :)
    Се ми се јаде, се ми се пие, секогаш и секаде, психа ме уби.. Само на јадење мислам, нервозна сум и ќе ми требаат неколку денови да ми се смире организмот и психата од овој шок кој си го приредив. Ама ред си е ред, со чиста и мирна совест спијам! :lol:
     
  5. cocoa28

    cocoa28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    91
    На кратко да кажам за мене...
    Месец дена веќе пијам секое сабајле, одма штом ќе станам од спиење - пола лимон цеден во чаша со све пулпи внатре и чашата до горе ја дополнувам со топла вода...И така секој ден...После тоа си продолжувам со стандардни навики, јадам и пијам што сакам и колку сакам...Никакви диети...Имам 4 кила ослабено...
     
  6. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    6.709
    Пол:
    Женски
    Се придружувам во групата на сериски диеталци тука :lol: . Месециве само си подкаснувам нешто и си се поправив 4-5 кила. Секој ден си викам од утре ќе пазам и пак ништо, ко што иде нова година дури страв ме фаќа :lol: :lol:
     
  7. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски
    И јас се приклучувам кон групата на божиќни прасиња :rofl:
    Вежбам арно ама многу си јадам , во последно време па и експeриментирам со правење разни рецепти посебно месени работи а нели готвачот мора да проба :wasntme:
    Јадам и кога не ми се јаде , ладно е, па под кебенце серија и мезе онака доцна навечер |(
    Резултат 3 килограми плус :@ Пропратени со ударна доза целулит :worried:

    Од вчера почнав кажав не на леб , сирење ,пици , тостови ( благо секако не јадам ) ..
    Во план ми е овошје ,зеленчук, супи , јаткасти плодови , урда , јајца .. Немам на ум некоја диета ќе пробам вака , се надевам за месец време ќе се доведам во ред ..
    Проблем ми е алкохолот , оти знам да се напијам чаша вино на ручек или на излегување . Ќе пробам скроз да го исфрлам.
     
  8. iloveugirl

    iloveugirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    217
    Исто како и anushkaNESTLE и јас сум на 20 дневната диета и сум 3ти ден. Не верувам дека ќе симнам 8 кф ама барем 5 да бидат ќе биде супер. Ако може да се нарече проблем ми е тоа што еве денес за прв пат сум само пилешко и јадев 200 грама варено со вегета и веќе не ми се јаде. Иако вечер ќе излегувам до 12 нема да јадам ништо се до утре затоа што ми се лоши повторна иста храна.
     
  9. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Денес мене ми е првиот ден од втората недела откако држам диета (значи почнав точно од 1ви) :)
    Диетата сама си ја креирав:
    Неделава за појадок секој ден јадев или порција Виталиа Муслите кои ми се највкусни и голем + доволно се природно благи што не мора да се додава шеќер, а не се многу калорични... [​IMG]
    и нив ги правев не со обично млеко туку со соја млеко во прашок исто така од Виталиа (ги правев наизменично со овие 2 во средина - Натурал и 10 Витамини, за да одлучам кое е подобро но во глобала исти ми се така да не можам да се одлучам кое е подобро. [​IMG]
    Понекогаш додавав и сецкана банана за поубав шмек. :)
    Други денови јадев Јогобела овошен јогурт или тој што е со мусли или без, а еднаш во неделата јадев црн леб на тост направен како двопек со домати и кисели краставички (решив само еднаш неделно да јадам леб и тоа само за појадок 1-2 кришки црн леб).

    Бидејќи појадокот ми е прилично многу временски оддалечен од ручекот поради 2рата смена, морав во школо нешто да поткаснувам за да не колабирам :D Обично пиев пола литро Баланс+ јогурт со некаков мусли бар од Виталиа (пак - заклучок: станав зависна од Виталиа :angel: ). Омилен ми е бадем + мед. Иако мешам кисело со благо сепак вкусот е прекрасен![​IMG]
    Или пак носев од дома јаболко, банана, портокал, мандарини или шака ореви и лешници и си ги јадев со леден чај.

    За ручек јадев варен ориз со златна мешавина и туна или комбинацијата макарони со туна. Друг ден јадев печено бело месо со печени компри, или грав или што и да било само да е здраво подготвено (без прженици и леб) и многу многу многу салата - шопска без сирење, зелка, марула+јајца, павлака+кисели краставички.

    Вечерав многу ретко и тоа чинија супа или некоја чорба и салата.

    Во глобала гледав појадокот да ми е составен од јаглехидрати за да ме кренат и наполнат со енергија а во ручекот ги акцентирав протеините кои нели требаат за мускулите. Исто така гледав доколку појадокот ми е покалоричен, ручекот да е полесен и обратно (не ги броев калориите точно, туку приближно)
    Напоредно со ова ги вежбам вежбите од Insanity програмата. :)

    Мене лично не ми е битна вагата, таа ми е само како + резултат, а најбитен ми е обемот. Знам дека нема да ослабнам многу во килажа доколку салото ми се претвори во мускули поради тоа што тие повеќе тежат. Битен ми е изгледот! :)
    Сега за сега не сакам да се мерам, си се измерив во обем и килажа на 1ви декември и дури после еден месец ќе се мерам, значи некаде пред нова година - сакам да ми биде изненадување, се надевам позитивно! Исто така си се сликнав на 1ви за да можам да си направам слика before-after за да си се дивам! :D :) Мислам дека тие слики најмногу ме мотивираат зашто кога ќе се погледнам се срамам самата од себе во што сум се претворила!
    Сори за долгиот пост! :angel:
     
    На Gioia му/ѝ се допаѓа ова.
  10. iloveugirl

    iloveugirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    217
    На 5ти ден од 20 дневната диета јас прекршив... Си јадев цел ден само една чинија варен зеленчук со 1 варено копанче и сега ја прекршив изедов 3 парчиња пита од тиква, јаболка и ореви..... Последниве 2-3 дена на ден јадев по еден оброк. Ако ја продолжам дали ке имам резултати?
     
  11. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.835
    Готово, морам повторно да бидам на диета. Премногу сум се здебелила, катастрофа сум се напарвила, а толку малку ми фалеше да бидам како што сакам. :( Глупачка невидена!

    Од денес повторно почнав со диетата. Изедов мислам дека беа 5 мандарини, :$ 3 јаболка, едно јаjце и една кисела краставичка.
    Планирам да јадам 1 јајце, овошје и зеленчук и тоа минумално и секој ден ќе пишувам во темава што сум изела преку денот, единствено така ќе можам да успеам. И немојте да ме критикувате дека многу малку јадам бидеќи единствено така ќе се чувствувам подобро. Така планирам до нова година па за понатаму ќе видеме. Многу ми е тешко... :(
    И што мислите, можам некое килце да симнам до крајот на месецот?
     
  12. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Прасето не се грижи пред Божиќ, па ни ти не можеш за 3 недели да се промениш. Потребно е да разбереш дека на телото му треба секаква храна, но во умерена количина. Калориите се тоа што значат, ако не внесуваш доволно протеини ништо нема да направиш за да се промениш. А за да ослабне многу е подобро бавно по 2.5 - 5 кг месечно отколку 15 кг и идниот месец си ги вратила. Поздрав и фокусиран се на големата слика.
     
  13. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.835
    Смеам да јадам ваков нутри диетален леб од Жито Лукс? :)
     

    Прикачени фајлови:

  14. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.933
    Можеш но јас повеќе би ти препорачал двопек црн да си земеш.

    Еден двопек, домат и јајце. Тоа нека ти биде доручек и вечера. Т.е. вечера можеш и една супа да си направиш. А за ручек гледај нешто по-некалорично да јадеш. Гледај повеќе варени работи да конзумираш. Сокови батали ги скоро сите, освен цедевита. Цимет и мед јади ги заедно по една до две лажички мали навечер и насабајле.
     
  15. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Тој е добар избор има 278 калории на 100 грама,исто има и 22 грама протеини,44 грама јаглехидрати и 1 грам масти,8 грама диетални влакна.
    За мене тој леб е најдобар и за цена и квалитет.
     
  16. Florenca

    Florenca Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Би ти препорачала да ја зголемиш физичката активност паралелно со диетата :dance: . Мислам дека многу подобар ефект ке постигнеш доколку интезивно вежбаш секој ден , по можност и да трчаш. Мускулатурата ке ја зацврстиш и визуелниот ефект ке биде поголем . Поздрав и само напред :muscle: :up:
     
  17. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.430
    Допаѓања:
    6.954
    Пол:
    Женски
    После празнициве планирам да почнам со инсенити комбинирано со правилна исхрана и ќе ви се придружам на клубот за поддршка :)
    Машала вчера ќе облекував фармерчиња ги немам ставено од пред 1-2 месеци одвај влегов :tmi:
    Морам да слезам 5-6 килца! :!:
     
  18. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Дефинитвно од денес си имам нов фаворит!
    Не знам зашто дури сега го откривам. :o :D
    [​IMG]
    Ова за појадок, денес го земав тоа од јагода. Се изгубив од толку убавини! :inlove: :inlove: :inlove:
    За ручек варен ориз со златна мешавина + малкуцка варено компирче. :P Плус откако дознав дека ајварот нема никаква калорична вредност :!: си го лапкам често, скоро со секој ручек. Некако ми е замена за кечап (јес да кечапот се патлиџани, ајварот - пиперки, али ај f*ck my logic! :D )
    За вечера не планирам да јадам ништо, доцна е веќе, додека не легнам ќе пиувкам само вода (шишето е константно до мене зашто инаку нема да ми текне да пијам) :!:
    А за вежби место денес да вежбам а утре да паузирам, ќе направам обратно, со оглед на тоа дека утре имам повеќе време а треба две видеа од Insanity да вежбам. :)
     
  19. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Нека не те лажат Сексилејди дека ајварот нема калориска вредност, има и те како има, пржен, препржен зеленчук со тон зејтин и сол, по секоја логика е калоричен, дури и повеќе од кечапот. Затоа јас се чудам на нашиот менталитет што ајвар го ставааат во здрава храна кога не е. Зеленчукот е најздрав кога е свеж(жив) или кога е обарен, па на крај печен без зејтин. Се што е пржено, препржено не е здраво.
    Не викам да не јадеш, туку да не претеруваш.
     
    На Divajn, XMaN и SexyLady им се допаѓа ова.
  20. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Не.Ако веќе сакаш да слабееш,иди на здрава исхрана.Лебов,иако е деклариран како екстра здрав и полн со нутриенти всушност е ѓубре!
    Земи си интегрално брашно (мене најубаво ми е р`женото),прогуглај,најди си рецепт по мерка и сама направи го.
    Интегралниот леб е вистински само ако е збиен и тежок,така да теоријата дека овој од жито лукс е здрав не држи вода.
     
    На Marossa и Divajn им се допаѓа ова.