Имам пробувано многу пати да ослабам, но џабе, иако кога држев некои диети симнав дури и до 7 кг, пак ги враќав назад, дури и вишок. Свесна сум дека треба да ослабам, и тоа навистина да ослабам. Сега од годинава сум цврсто решена тоа да го постигнам. Нема да биде лесно оти имам во план повеќе килограми за губење затоа што имам многу вишок. Кога разговарам со луѓе на оваа тема многу велат дека најубаво е да се ослаби ако се јади помалку. Но, не се согласувам целосно со тоа. Мислам дека не треба да јадиш помалку, туку поздраво (се разбира, без претерување, иако е здрава храна сепак има калории). Сега само нека завршат празнициве (нели, нелогично е малку да се зафатиш да ослабуваш за време на празници) и одма почнувам со остварување на мојата најголема цел досега - слабеење. Овој пат сериозно, нема откажување. Сега само не знам дали тоа да го правам со некоја диета (како УН на пример) или да си следам мој план на исхрана. УН диетата е навистина добра, ја држев лани и симнав неколку килограми но пуста мотивација се изгуби. Овој пат, мора. Планирам и да вежбам на орбит рек, нели без физичка активност не може да се топи масното ткиво. Па, се надевам овој пат дека ќе успеам. Најмногу ме мотивира тоа што си го замислувам откако ќе ја постигнам мојата цел, како ќе изгледам и сл. Но не е доволно само замисленото, туку треба да се зафатиш со работа и да го оствариш. Еве нешто што многу ме мотивира, па сите вие што имате цел како мојава погледнете: http://funnieplace.com/24-unbelievable- ... ss-stories
Ехее времето кога нонстоп пишував на темава... али се враќа времето послем божик ќе ме гледате тука скеој ден Овој пат со иста цел да ослабам едно 10 кила иако сум 180 висока а имам 76 кила...Но нема откажување сега имам добра цел за тоа Сватив дека нема причина зашто некој ден да не вежбам.Планот е во подготовка односно коие вежби и диета ќе ја држам и идемее Исто така во меѓувреме станав луда по стомачни и морам да си направам а секако и одма слика тавам ако ги направам да се пофалам малцее а и да ве мотивирам сите вас. А и еве една добра сликичка
Џабе ви се сите диети ако сте пасивни. И тие килограми што ке ги изгубите со таква диета, без вежбање, ќе ви се вратат за месец дена.
Еве пола месец како почнав да водам поздрав живот. Не дека имам проблеми со килажа, ептен сум задоволна со телото (иако може подобро! ) ама заклучив дека треба да го почитувам телово и дупло ќе ми враќа. Имам повеќе енергија, поубава кожа, помалку стрес, повеќе концентрација, целата аура се менува и некако полесно се справувам со предизвиците на животов. Одам три пати неделно на пилатес, секое утро еден час вежбам јога и плус секој ден правам минимум 300 чучњеви и серија стомачни. Стомачните не ги бројам, туку континуирано ги правам додека гледам серија или некој филм, значи по 20 мин. дневно, отприлика. Секојпат кога ми е тешко си велам дека еден ден тоа ќе ми биде загревање. Пешачам што е можно повеќе и трчам на стаза по 1 час, два пати неделно бидејќи сепак студи. На пролет, лето и рана есен секој ден, некогаш и наутро и навечер барем така правев минатата година. Внимавам што внесувам, утрото го почнувам со чај од коприва и една чаша со млака вода, лажичка мед, рендан ѓумир, лажичка оцет и малку цимет (препорачувам, многу помага во прочистување и дава енергија а брзо ќе се навикнете на вкусот) во текот на денот си пијам разни чајчиња и навечер чај од ѓумбир. Притоа сум долгогодишен вегетаријанец. Е сега, љубител сум на брзата храна и признавам од време на време си јадам пица и пржени компирчиња ама гледам да не претерувам. И обавезно малку чоколадо, секој ден. Сепак, никако не сакам да се лишам од нив. Одлично се чувствувам и ќе продолжам вака. Сите што пробуваат да ги симнат килограмите нека продолжат. Внимавајте на исхраната и вежбајте, не за да сте слаби ами здрави!
Мора да се стаам на диета со оглед дека имам ептен вишок.Мора да им кажам збогум на слатките и смоките.Ќе ставам неколкку сликички за мотивација
Golden, гледам и ти се откажуваш од благото. Јас дури и го одвикнав. Само како да се организирам со храната ми е проблем. Дали е подобро диета да почнам, ја имам таа од Жан Митрев но знам дека ќе ми се лоши ќе ме тера на гадење..Гледам да јадам варива, грашак, леќа, боранија..После лебот го избегнувам, пржени такви работи исто..Салати гледам да јадам..Што е подобро?
Зашто да држиш диета за луѓе со срцеви болести, страдаш ли од тоа прво? Прочитај малце http://scoobysworkshop.com/fad-diets/
Ех ова благово вежбам ама никако неможам да се откажам од благово па после вежбање ми се јади повеќе благо послатко е Некој совет?
Не се терај со сила да избегнуваш туку прави го тоа постепено од причина што уште повеќе ќе ти се јаде наместо да ти се одјаде.Јади повеќе манџи и салати заедно Барем јас така ќе правам нема да држам некоја посебна диета туку ќе ги одбегнувам слатките,чипсовите и лебот и ќе јадам се што сакам со граница освен овие работи и ќе вежбам.Еве сега моментално барам некои лесни вежби за почеток
И јас исто, манџи, салати, се тоа јадам.Ама пак не е тоа тоа, од многу совети што ги имам зимано сите викаат побитно е да се јаде течно (манџи, супи) и чај и вода да се пие, не била диетата толку битна. Но ова се тие јадења што сите скоро ги јадеме и пак нема некој ефект..Колку време е најубаво ова да се практикува? Инаку дали некој што не држи диета туку што јаде здравоа храна и манџи знае како да брои калории?
Јас колку што знам пиши на гугл има сајтови каде што пишува секој продукт колку калории има Инаку вежбиве ги вежбав до 8 минута утре другата половина https://www.youtube.com/watch?v=i1ZzdBgLtZg
Да оздравам, па ќе се фрлам на симнување на некое килце со 5:2, кардио, уписала сам јога ( ), пилатес по дома и това. Ама држете среќа да не отидат во неповрат прилично квалитетен пар груди... мислам, вака нескромно,ама тоа е вистината, што ќе се правам лажно скромна. Е нив да ги чуваш бе лепотице!!! Е треба, ама ќе мора да отиде и некој грам од нив,ама да ја одржат формата само! Добро ќе дојдат типс енд трикс!
Празниците поминаа, па сега редно време е да се вратиме на темава. Да ги уништиме доказните материјали за изедените руски салати, кифлици, печења и баклави Јас среќа периодов постев, па не направив големи зулуми, освен што се изнајадов леб како никогаш до сега. Волку леб немам изедено откако сум родена, а јас вообичаено речиси и не јадам леб. Од утре се враќам на стандардната шема: 10.30 житарки со јогурт 15.00 овошје 17.00 ручек - што има дома 21.00 јогурт (ако ме фати криза)
Јас имам симнато 2 кг за недела дена заради болест и поради тоа што таа болест ја комбинирав со диета. Но јас сакам да прашам како да го израмнам стомакот кој го имам под папокот,затоа што над папокот немам стомак односно имам лажиче како што вели мајка ми.
Прво и најважно-Здрава исхрана. Можеш и диета да си држиш, некоја здрава и сигурна.. Без разлика што само долниот дел сакаш да го израмниш. Ќе имаш само позитивни резултати, можеш и да симнеш неколку килограми (иако малку потешко).. Чоколадото замени го за јаболко, тостовите за доручек со овесни снегулки и јогурт, желбата за благо смири ја со неколку кисели краставички. И уште нешто Ако ти се јаде нешто „водено“: компот, лубеница и што ти знам таму-Не посегнувај одма по нив. Напиј се една-две чаши вода, и желбата за јадење ќе ја снема (проверено). Второ-Вежбај. Секој ден трчај што повеќе, пешачи наместо да користиш превозно средство, вози велосипед. Па прави стомачни, врти хулахоп, џогирај во место и истегнувај се. Ова применувај го во следните 2-3 месеци, па пиши ни резултати И не очекувај за 2-3 недели да се срамни стомакот Бидејќи ти останале уште малку масти, кои се најтешки за топење. Поздрав.