Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    |( 5 кила крв
     
    На LadyN, mina, thinkerbell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Missy16

    Missy16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    17
    ама јас сакам 5кила за10 дена :( мислам може ама упорна да бидам треба а инаку сеа имам околу 70 кила морам до 56 :@
     
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Миси со таа исхрана нема да имаш сила ни пола саат да вежбаш, а не па саат.
     
  4. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Е за тоа, без разочарување ти требаат некаде добри 3-4 месеци, целосна промена на исхраната, вежби и трпение.
    Поинаку нема како, нагло така, само компликации, можеш крвната слика да ја пореметиш, да си направиш само дупли проблеми.
    Ти и вака и така и онака треба упорна да бидеш, дали сакаш да симнеш 5 или 15 ти треба упорност и никако одкажување.
    Треба само план за исхрана да си направиш и распоред за вежбање ако планираш да вежбаш, да исфрлиш нешто од исхраната, нешто да додадеш и да тргнеш на пат за саканата цел .
    Друго нема што да се кажува.
    5 кила за десет дена се многу во нормални услови, немој да си играш.
     
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Колку помалку имаш за слабеење, толку помалку ќе слабееш. Некој од 200 кг ќе ослабе побрзо 5кг за разлика од некој кој има 60 и сака да стане 55 кг. Не се напрегај за џабе, пет кила више мање... не е некоја голема разлика. |(
     
  6. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    11.670
    Пол:
    Женски
    Двечки килца сум ослабнала 8) . Знам, ништо не е, ич ништо, ама добив волја. Веќе не се мерам. После 15 дена пак
     
    На gaga.rocks, lolyta777 и zhap4e им се допаѓа ова.
  7. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    И додека изборите ја тресеа нашава државичка па и нашава Фемина, јас ги истресов килограмите :dance:

    Да се пофалам...за 13 дена практикувана диета на Иренна ослебев 5 кг. денес се мерев...ја започнав диетата со 66 кг., а денеска кога се мерев имав 61 кг.
    И веќе се приметува дека сум заслабнала, добив пофалби од блиските ми мои кои не ме виделе цела недела... и да, уште ова...каишот е едно дупче потесен :)

    Инаку денес се зезнав... доручкував пченица со ореви, кога видов колку калории има веќе беше касно :o :tmi: , за ручек зелка манџа со корка леб и салата краставица, мезе ми беа пржени компири (100 гр.- 220 калории, не се многу, па се почастив...заслужено нели :lol: ), а за вечера половинка варено јајце и патлиџан прелеани со јогурт.
     
    На irenna, gaga.rocks, LivingGlam и 3 други им се допаѓа ова.
  8. vaskatodi

    vaskatodi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    3
    аман што диета е тоа....кажувај оти ништо веке не ме собира,пиев и сеуште пијам турбофаст ама нема врска јас мислам дека уште повеке ми се јаде,,,а дали некој ја има диетата на Жан Митрев,,,да го пробам и тоа чудо имам 72 кг.како никогаш досега ....поздравче и помагајте
     
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    еј струмичанке, побарај ја, ја има во диети :) :D
    едит

    ДИЕТА ЗА 15 ДЕНА (од болница-Кардиологија)

    Доручекот е ист во текот на 15 дена, а се состои од 1 овошје (портокал, круша, праска, диња, лубеница, не смее банана и грозје) двопек, шоља кафе или чај без шеќер.

    1. ден

    Ручек
    1 портокал
    1 варено јајце
    1 канче кисело млеко

    Вечера
    2 домати или 2 дл. варени домати
    2 варени јајца
    1/2 главица зелена салата или краставица
    2 двопек

    2. ден

    Ручек
    1 портокал
    1 варено јајце
    1 канче кисело млеко

    Вечера
    125 гр.варено телешко месо
    1 домат
    1 портокал
    1 двопек
    1 шоља чај или кафе без шеќер


    3. ден

    Ручек
    1 портокал
    1 варено јајце
    1 канче кисело млеко
    1 главица зелена салата или краставица

    Вечера
    125 гр. варено телешко месо
    1 портокал
    1 двопек
    1 шоља чај или кафе без шеќер

    4. ден

    Ручек
    125 гр. кравјо сирење
    1 домат
    1 двопек

    Вечера
    125 гр. варено телешко месо
    2 домати
    1 јаболко
    1 двопек

    5. ден

    Ручек
    200гр.варено месо или риба
    1 домат
    1 двопек

    Вечера
    1/2 кг. варен зеленчук (морков, грашок, компир)
    1 варено јајце
    1 двопек


    НАПОМЕНА:

    Месото и варениот зеленчук се зачинуваат со вегета.
    6. и 7. ден се без диета.
    За време на диетата не се пие алкохол.

    После 5-тиот ден се губат 2,5 до 5 кг, а по два дена пауза диетата се повторува 3 пати (5 дена + 2 дена пауза) и се губат без последици по здравјето 15 кг. Килограмите нема да се вратат доколку по завршувањето на диетата јадете нормално освен секој понеделник. Во понеделниците треба да се консумира:

    Доручек: 1 чаша сок од лимон без шеќер
    Ручек: 1 јаболко,1 двопек
    Вечера: 1 варено јајце,1 домат,1 двопек
    Сите наведени намирници може да се земаат топли или ладни, но важно е да се земаат по наведениот редослед и да не се изостави ниту една. Ако не се земаат по редослед или ако се промени некоја намирница, нема да се постигне саканиот ефект.

    еве ти ја
     
  10. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Знам за една лесна диета, со која можеш да си јадеш што сакаш и како сакаш да комбинираш, а која е ефикасна во однос на распоредот на оброците.

    Пиеш многу вода, после половина час јадеш една овошка (јаболко, кајсија, неколку цреши, итн), после половина час е оброкот. Тука можеш да јадеш се, со мала доза на леб и благо. 2 часа после оброкот не конзумираш никакви течности, ниту било што.
    После тие 2 часа, може на ново истиов процес. Може и по повеќе од два часа ако не чувствувате потреба.
    Кафето и чајот се дозволени, а во третиот оброк се внесува нешто мало, а енергично, како мусли-бар, чинија пуканки, салата.

    Ја пробав еднаш и доволно сита се чувстував и со помало меше, но морав да прекинам зашто не се придржував чесно со оглед на обврските, односно не можев да постигнам се во свое време да направам.

    Пробајте, не е ригорозна.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Во истава категорија за диети, побарај ја темата- Диетата за физички неактивни...навистина е ефикасна...првите 10 дена се придржував строго до препорачаната храна, а сега уште построго-благо скоро ич не јадам (само житарки и мусли-оние на Виталија-слим 30%)...повеќе зеленчук и овошје, цел ден само едно парче леб само за ручек...и тоа е тоа :)
     
  12. gaga.rocks

    gaga.rocks Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    35
    Браво! Јас сум на таа, идам до недела [12 јуни] па да се измерам да видам дали има промени.
    Инаку бев на неа 3 дена па мислам дека ослабнав нешто ситно па се опуштив дека неможев во такви ситуации да издржам. [мислам пица пред мене а да не ја смотам :(]
    Инаку ете денеска од почеток, ќе ја држам 7 дена и да ти кажам не јадам благо, доручекот ми е 150 калории, ручекот 300 и вечерата 300 калории. Несакам да вежбам бидејки уште толку ќе ме тера на јадење.
    Сакаш да дадеш пример за еден ден што си јаделе?
     
  13. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Јас денес јадев сабајле парче од питата на мама (колку осмина бурек), пиев соино млеко, и до после ќе пијам вода па вечер туна и марула или нешто слично ќе смислам. :) Можеби некое печено месо. :)
     
  14. vaskatodi

    vaskatodi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    3
    одлучив да бидам на Жан Митрев...па да видиме..утринава доручкував портокал со две парчиња двопек .....ма да, да не се залажуваме оваа се вика ветер и магла ....ама ке се трудам...и се надевам оти ке успеам :))))))
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.179
    Допаѓања:
    156.651
    ^Јас лани ова време ја држев медицинската која е иста ко на Жан,со мали модофикации и не е ветер и магла.Се слабее побрзо од било која друга диета.
     
    На Trendafilka и vaskatodi им се допаѓа ова.
  16. gaga.rocks

    gaga.rocks Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    35
    А после се ли беше во ред со тебе? Бргу ли ги врати килограмите?
     
  17. a.nuska

    a.nuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    65
    Дај кажи како за 13 дена ослабе 5 кг

    Дај кази со диета држеше шо си ослабела за 2 месеци 20 кила :(

    ДО princezzza...а можеш да ја напишеш диетата со која си изгубила 5 кг за 1-ипол недела...фала

    Редактирано од модератор: Не пишувајте неколку мислења едно по друго, користете го копчето редактирај. Прочитајте ги правилата за пишување на мислење.
     
  18. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Џенски, за подобри резултати, на гладно, испијте 250 мл. млака вода, со пола лимон и малку (колку шеќер за горко кафе :lol: ) мелен ѓумбир, по некое време, 15-тина мин. пожелно е чаша зелен чај ... и појадувајте после 20-30 минути...
    Ова е за детоксификација, и за топење на мастите, а поради ѓумбирот се забрзува метабoлизмот и варењто.......
    Поручек, после вежбање испијте уште една чаша, сега може и без ѓумбир...
    Многу подобри резултати ќе имате ;) , јас ова го практикувам 2-3 години наназад... :)
    п.с ќе се редактирам за и овде, по таму петти пат да ви кажам, кога ќе ве фати ептееен зорт за спорт :lol: овај за јадење, имајте при рака едни соленчиња вики, од 5 ден :lol: , тие кутрите и 20 калории дали имаат :lol: , а заситуваат прилично... ;)
     
    На Phyramide, ludoto19, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.179
    Допаѓања:
    156.651
    Да бе,ок си бев,ама не ја ни држев целата.Не ги вратив килограмите,само зимава престанав да вежбам редовно.До душа јас варирам неколку килограми секогаш,ама ко што одам неколку горе,толку одам неколку доле,ама тоа не се дужи на диетата,туку на нешто друго.Мислам вежбав,ама два пати неделно по пола саат во просек,ама не беше доволно и некако...хм...смекнав и секако,со исти килограми,дури и помалце,зошто ми се намали мускулната маса,не бев истото што и лани со вежбање и диета,па затоа сега и диета и вежбање за да не се набилдам,туку само да зајакнам и вишокот масти да согорат.

    Советов на Енца држи вода и тоа многу,само уште ова ѓумбиров да им имаше поубав вкус...мене лично ми мириса на средство за миење садови...ама затнат нос и на екс!
     
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.392
    Допаѓања:
    250.194
    Јас појадува млеко околу 150-200 грама, една банана и 5-6 бисквита, сето ова во блендер. Кашичка :D
    Оваа ми е до ручек. Колку калории од прилика има?