Стеф те читам на повеќе места како си им пишувал на девојчињава дека за добар цитирам ГЛУТЕУС треба многу вежбање, ама си заборавил да им кажеш дека за добар задник треба само една вежба - ГЕНЕТИКА!!! Од сите трудења на другарки, вежбите само им ги направија помашки и онака слабите задници. За оние задници од мотивационите слики ви требаат само квалитетни масти, тие девојки имале веќе "богати" задници, со вежбањето само ги поткренале... Со напорно вежбање и онака слаба конструкција не се добива таков задник. Ги гледам примерите околу мене. П 90 Х и Инсенити се дискутабилни колку се за жени кои сакаат само да се обликуваат. Х мен арно ми викаше, за малце немаше да го послушам, ќе отидеа другаркиве за малку во неповрат. Или губиш гради или задник. Од лично искуство бразил бат лифт ми го имаше направено задникот подкренат и поголем од она што ми беше, па фармерките не ме собираа и покрај тоа што изгледаше подобро, беше ХЈУЏ, ама јадев нормално... Ноу-ноу комбинација. Не за џабе рекле,телото доаѓа од кујна,не од теретана. Или ќе јадете за повеќе задник и ќе вежбате или нема да јадете за да го смалите и ќе вежбате уште понапорно.
За добар глутеус треба прогресивно оптеретување на вежбите(зголемување на тежината секоја 2 недела) како чучњеви,исчекор напред,мртво кревање.глутеус мост итн. Сите овие вежби се објаснети овде. http://www.t-nation.com/free_online_art ... glute_myth Нормално дека исхраната кажува дали ќе добиеш резултати или не. Алгоритамот иде вака: Имам телесни масти во задникот треба да ги ослабнам. Треба да намалам на исхрана да направам калориски дефицит. Стигнувам до резултатот што го посакувам и тогаш во тој предел додавам мускулна маса. Треба време за да добиеш задник 1 кг мускул не се креира за еден ден,особено кај жените тоа е бавен процес. Во првата година ако накачиш 5 кг мускули тоа е супер генетика!
Денеска што јадев Значи науто јадев една шака мусли со кисело млеко, после едно парче сирење, една банана, и варен компир
Многу малку јадеш,ова не е ни 1000 калории. Минимум ти требаат 1500-2000 калории зависи до активноста и до колку масти имаш.
^ Ама јас така се чуствувам најадена Денешно мени: една шака мусли со кисело млеко, две банани, еден јогурт од 500мл и после ако ми се јаде ќе јадам цвекло.
Јас се враќам полека во колосек. :geek: Страшно ми е криво што си дозволив да накачам толку многу кила, откако ги симнав тие 40, сама сум си крива, воопшто не внимавав на исхраната, јадев како првокласно говедо, џабе ми беше сето тоа вежбање и психичко оптеретување, започнати - па недовршени диети, симнати - па дупло накачени килограми, башка подепре у живот не сум била, типичен пример за if you eat like a pig, you will look like a twig Spoiler pig ... се заебавам, pig боље се уклапа. Со Аткинс симнав сега за сега 5,6 кила, искомбинирано со аеробици, пилатеси и слични катастрофи секојдневно, ми фалат уште едно 10-тина кила да ги смкнам како ништо, енд ајм реди фор пром најт! Бичез, брејс јорселф!
^ И јас сум во истиот филм. Сто пати сум си рекла сега ќе ослабам и ќе ги одржувам, и ништо од бизнисот. Ама тоа е така затоа што и покрај годините што ги имам, не си го признавам типичното однесување за мене. А тоа е качување и симнување по 7-8 кила секоја година. Откако конечно сфатив дека тоа е тоа, сега не целам кон слабеење на 7-8, туку на 15-тина кила. Да си имам фора да се здебелам 6-8 кила, и пак да изгледам пристојно Со други зборови, и кога варирам да не гледам 7-ца напред, туку 6-ка. Ја почнав диетата -8 кг за 20 дена, и сега за сега сум ок. Три дена, денес ми е четврти, а веќе имам 2.2 кг помалку. Што е најважно, во понеделник ќе можам да одам на работа во пантолани, а не во фармерки, бидејќи само тие ме собираа. Мотивот ми се две многу важни свадби во мај. Чудно, ништо не ме мотивира како свадба. Додека секојдневната гардероба може да прикрие некој кг плус, свечените фустани те издаваат и тука нема компромиси. Барем не за некој како мене што не е љубител на црни фустани, т.е. на црна боја, генерално. Планот е сега да удрам еден циклус од диетата, а месец и нешто по завршувањето - уште еден. Наводно не било добро диетата да се држи во континуитет, а и верувам дека е така, исцрпува.
Ок да разјасниме нешто,ако јадете премалку под основниот метаболизам,освен што ќе го забавите метаболизмот и нема да ги внесите основните потреби за макро и микро нутриенти, ќе го направите погодсен за складирање масти. Што подразбирам под тоа е дека после одреден период на гладување телото не ги топи мастите туку мускулите или двете заедно. Затоа топење маснотии не е исто како слабеење и треба повеќе време. Килограмите и губењето тежина не се индикатор за прогрес,туку огледалото и % телесни масти. Сакам да кажам дека со повеќе килограми може да изгледате поубаво,но ако се мускули и поздрави ќе бидете. Тоа ќе биде долготрајно,слабеењето е краткотрајно. Се надевам дека ви расцетлив малку во вашите мозочиња,кој се споредуваат со модели или со нешто недостижно кое го сакаат за една недела или месец кое е нереално и треба време .
Денешно мени: една шака мусли со кисело млеко, две банани, малку грав, и марула салата За една недела имам изгубено 2кг.
Иста приказна пак. Ај што ги ослабев вишокот, пак ги накачив, сега имам 5 за симнување. Вечна борба. Еднаш ќе ги намалам и после мало невнимавање или невежбање(што е голем минус) повторно се накачиле, па некогаш и дупло. Работата е што мене овие 5кг ми се клучни за изгледот, и те како ми го менуваат изгледот. Без нив нема да изгледам анорексично, а пак ке бидам фит, неизгладнето. 30 ден од УН ми е, а не сум ослабена повеќе од едно кило(не е за утеха, ама не сум ни разочарана зошто си правев утки). Овие 2 месеца што идат нема правење утки, па Лукс да не се викам ако направам прекршок + ги правам вежбите од предизвиците за чучњеви и стомачни. Се надевам трудот ќе вроди со плод и ќе ве почастам со слика во темана пред и потоа. Ајде чаос сега.
Денешно мени: една шака мусли со кисело млеко, еден компир и 2-3 листа брокула (едвај ги изедов ) и после едно парче сирење, и вечерав една банана и една јаболка
Конечно успеав да влезам во црните панталони, иако уште пукаат на мене. Среќна сум што ова е прв ден после Божиќ да не сум во фармерки на работа. Всушност, втор е. Само на тој првиот беше ептен со сила и цел ден се мислев дали ќе добијам преплет на црева, или ќе куртулам. Денес барем можам да дишам. Сега за сега добро ја поднесувам диетата (-8кг за 20 дена). Мислев дека ќе ме фаќаат кризи затоа што не сум некој јадач на месо, ама многу добро се држам. Само на едно благо се настрвев кога бевме на гости, ама издржав. Мислам дека постот многу ми помогна во воздржување. Кога почнав да постам знаев да посегнам по нешто, но по некое време почнав да размислувам дали нешто треба или не треба да го ставам во уста, што во редовни услови не ми се случува . Иако со диетата почнав 2 недели по завршувањето на постот, не ја изгубив навиката за преиспитување дали нешто смеам да земам или не. Моменталниот резултат е -2,5 кг за 5 дена, толку колку што очекував. Се надевам дека ќе продолжам по план
јас сум толку разочарана то чудо е!!!! две недели бев на поседок кај сестрами и не пазев што јадам и кога, и се здебелив 4кг, а еве сега веке втора недела сум на диета и сум -2, јас незнам што орзанизам ќе беше ова.(а веќе една година редовно сум на диета и пазам што јадам, и пак не се враќам на старата килажа) од ѓумбирот сите читам слабеат, јас 2 месеци го пиев грам не ослабив! ја држев диетата со гравот и ништо не добив освен што ноктите ми се зацврстија, сега наместо грав јадам ориз, па да видиме што ќе биди. сабота сум на веридба, сакам фустанчето што ќе го носам да ми седи како што ми седеше порано на 52кг....
Idealno resenie za ova ti bi preporacala zdrav rezim na ishrana probaj na gladno sekoj den zelen caj, za dorucek balans jogurt so zitarki i leneno seme, za rucek vareno meso, zelena salata, moze i tuna, jajce...za uzina se razbira ovosje ova definitivno funkcionira go imam probano
Јас да се пофалам ослабена сум 1кг и 200-300 грама,по долго време конечно резултати,ова ми даде надеж да продолжам,се надевам ќе успеам тие 20те килограми да ги ослабам за неколку месеци барем до август.