Јас ослабнав три кила за една недела не бев несто на диета сомо го исфрлив лебот и брагото и газираното и пиев по една чаша зелен чај, е сега слабеев што слабеев сега стагнирав сакам да знам што да променам во исхраната?
Jaс летото 3кг ослабнав така што секој ден јадев овесна каша(со вода или јогурт) или мешани мусли со (вода или млеко) Секое утро така да си конзумирате без престан,вечерата да ви биде двопек со сирење или со јогурт или Фета сирење.. Вака само 3 недели бев. Јадев се што сакам колку сакам,обавезно овошје за ручек обавезно салата тогаш правена со свеж зеленчук. И така отидов на школо послабо за 3кг. ама од 43кг кога се вратив на школо пак на 7Days и сега 50кг. Значи ноуп красани и forever слаби
Калориски дефицит.Почни да броиш дневен внес на калории а со тоа ќе може да создадеш калориски дефицит.Зошто вака како што правиш неможеш да контролираш колку калории внесуваш во текот на денот а всушност броењето на калории и создавање на калориски дефицит се клучни во слабеењето.
Како и секогаш, стагнација во намалувањето на килограмите во втората недела од диетата. Вагата ги покажува истите бројки како вчера. Нема врска,знам дека е така, ништо ново. Сабајлево многу бев умна. Имавме тука на работа торта, и тоа изгледаше феноменално, баш по мој вкус. Ама не земав. Не сум прекршила до сега ништо посериозно, па нема ни сега. Единствен прекршок ми е млекото во кафето, ама од тоа не се откажувам никако. А и онака малку ставам, колку да смени боја Од денес ми почнуваат деновите со риба. Мртва гладна сум, а не си земав ништо на работа, се договоривме после групно да одиме на ручек. Ама тоа после ќе биде околу 1, а до тогаш ќе умрам За после работа ќе ме чека една Панга што секако ја имав дома, па си викам ајде да ја изедам, нема смисла. Да ми се мафне од фрижидер овие денови, ме нервира. Инаку многу ми е грда, ич не сакам такви риби без карактер. Никаков вкус нема. А јас научена на силни вкусови. Ама ќе ја средам, ќе и ставам зачини толку зачини што ни таа сама нема да се познае. И така, млаку по малку... ќе биде
Денешно мени: шака корнфлекс со кисело млеко, едно парче банана, зеленчукова чорба и пилешко месо со габи
Остај го девојчето, и пишувањево е некој вид поддршка. Јас не сум на некој определен режим, припазувам колку можам а ако претерам со јадење ондак наредниот ден претерувам со вежбање и некако одржувам баланс. Во глобала се воздржувам колку што можам од сваштарии ама па срце гурманско не издржува баш секогаш. Генерално се водам по режимот на исхрана на Ирена, наутро овошје, ручек дај шта даш и вечера зеленчук и млечни производи. Да бидам искрена доста често знам да згетам некое огромно сендвичиште или пица доцна навечер, ама па ко што не се слабее за еден ден така и не се дебелее од еден оброк (се тешам). Али тоа е, дежок живот ...
Девојки, Единствен начин за добивање а и задржување на идеална фигура бара максимално посветување. Тоа значи, правилна, здрава и умерена исхрана и физичка активност. Секој кој има волја ќе успее. Јас сум успеала да ослабам 10 кг со ваков начин пред 2 години и до ден денес си се држам на истата килажа. Има многу правила кои треба да се почитуваат, но пред се најважно е да сме психички спремни и да се решиме да направиме нешто за нашата фигура а и здравје воедно. Поздрав
http://karas4training.com/mk/nutrition/ ... so-pochnav П.С во такви години јас бев поим за Мишелин логото и уште повеќе,сега сум 97 кг со 20% телесни масти. Прочитај ги овие статии ќе ти стане јасно што сакам да кажам. http://karas4training.com/mk/news/kako- ... ni-naslagi
zdravo feminkii nova sum vaka:imam problem so debelinata navistina nezgodno mi e imam nekoi slabi drugarki pa duri mi e sram da zastanam do niv,imam takva konstrukcija slab stomak a debeli noze i zadnik sega pred 4 dena pocnav so dieta za dorucok jasam susen ananas,zitarki,dvopek..sakam da mi dadete podrska da prodolzam napred i do maj mesec bi sakala da sum barem 62 kg sega imam 68
Уште од 11 години сум свесна дека имам вишок килограми, но и покрај тоа си продолжував со истата исхрана.. Имам држено неколку диети како: Диетата на Жан Митрев - и сега неможам јајца да смислам; УН - диета - кај мене имаше контра ефект; Месечева диета - не ја држев редовно.. и уште некоја ама сега неможам да се сетам. Сите диети што ги држев досега ги држев без воља.. И еве после 2 и пол години свесност од понеделникот конечно се одлучив да си направам некој здрав режим: Појадок - овошје: 2 јаболки, 4 киви или 3 мандарини и сл.. - ќе го вклучам и овесот од другата недела Рчек - бидејќи сум попладне на училиште јадам или некој ладен сендвич со салата или пак кифла со спанаќ.. гледам да е нешто поздраво - од понеделник ке јадам дома затоа што сум претпладне на училиште па ќе го исфрлам и лебот од исхраната Вечера - гледам да е што помалку.. јадам салата и супа или манџа, а ако нема тогаш комбинирам малку месо со многу салата Од исхраната ги исфрлив газираните сокови, грицките и благото, па ми остана уште лебот.. А исто така и нејадам после 7.. Вечерата ми е негде околу 6 - 6 и пол.. Најголема грешка ми е тоа што можам да издржам и цел ден без вода.. Немам никаков аларм за кога треба да пијам вода, па еве сега пијам барем до 1 литар дневно и се надевам на повеќе.. Од вторник ќе почнам да вежбам 3 пати неделно и мислам дека ќе пијам повеќе вода.. Ако имате некоја идеја за да се мотивирам повеќе на водата ве молам кажете И кажете ми мислење за овој режим..
И јас сум на диета една недела. Последната година го претерав со јадењето и многу се поправив, се денес- утре, не се осеќав психички спремна за режим и дојде до тој степен да се поправам многу. Сега почнав да го заменувам доручекот со хербалајф оброк, ужина некое овошје јаболко или ананас, ручек салата со што има, дали риба или пичешко или печурки нешто во тој стил без вечера ако прегладнам ептен може залак два од ручекот. Кога ќе ме фати криза за благо земам 2-3 урми. Вчера купив од тие апчињата глукаман се мислам да ги уметнам пред ручекот, ама што знам да не претерам, во паника ги купив , ако не друго може на психата ќе ми делуваат
Три дена вагата нема мрднато од место. Иста бројка, до децимала. Знаев дека ќе стагнирам, секогаш во втората недела стагнирам, ама па 100 грама барем да покажеше помалку! А и јас што е право се подопуштив. Не дека правам богзнае какви грешки, ама и вчера и денес наместо риба печена во фолија си м'скам на скара, во кафанче А што да правам кога имам топ кафанче карши работа Затоа за вечера се казнив, туна салата со мала конзерва туна. И доста е. И утре ќе ја догрешам работата, ќе се почастам еден лосос на скара. Лиги ми течат уште од денес. Вечер ќе се искача. Трреба да одолеам на алкохол, каква жртва за некое кило помалку! И онака не пијам кога сум на диета или кога постам. Не знам, не ми го има алкохолот истиот вкус. Плус ме фаќа од 2-3 пијачки, срамота е , не ми личи на годините На ваква жртва утре вагата пак ако ми покаже исто, тешко неа!
Денешно мени: шака корнфлејкс со кисело млеко, едно парче кашкавал, ептен малку пилешко со габи (печено) една банана и 500г јогурт.
Ручеков не ти е за слабеење. Во ладен сендвич имаш и леб, и салама и кашкавал се измешано и протеини и јаглени хидрати, ај кифлата со спанаќ поминува некако, ама пробај да јадеш ѓевреќ или празна кифла... Јас па, скроз исфрлив леб од исхрана (пецива, лиснати, баници, тостови), ни двопек не јадам единствено од тоа само понекогаш бејк ролс во школо, ако не тоа јадам велнес или од виталиа житариците, и сушено овошје ќе почнам да си купувам. Мене благото ми е најголем проблем, поготово кога ми е дома не издржувам да к'снам еден ред чоколадо, или па 2-3 ресани.
Можеш еден ред црно чоколадо, дури и препорачливо е за диета. Јас си апнувам по 2-3 урми дека ми се по благи