И јас сакам ова да ве прашам,бејк ролс,сендвич со интегрално лебче или ѓеврек,дали е добро за на школо?
Женски да ве прашам, колку вода пиете во текот на денот? Јас со сила се налевам само , пијам вода ептен малце,па гледам да компензирам со цедени сокови и чај,ама општо малку течности внесувам. Колку е оптимум на внес на вода за жени. Неќам да е премалку,ама ни премногу и да ги оптеретувам бубрезите.
Јас ослабев 7 кг досега.Но за жал без диета,за два месеца.Почнав со диета и знам дека ке успеам,побрзо да ослабувам повеќе.И многу ги подржувам тие како мене што сакаат да ослабат.Респекти. Поздрав
Денешно мени: една шака мусли со кисело млеко, една банана, кисело млеко 2-3 лажици, јогурт баланс, сирење едно парче,2-3 маслинки и зелка салата.
Подобар избор би ти било соја за грицкање отколку ѓеврек или бејк ролс. И двете се полни со јаглехидрати и масти,плус без диетални влакна нема да те држи сита. Сојата е полна со диетални влакна и протеини. Или земи си мал јогурт нискомаслен со овошје. Ако не следиш калории тоа е најдобриот совет што би ти го дал.
Да се пофалам одлично ми оди за сега! Да, тешко беше на почетокот, цревата доживеаа шок бидејки драстично ја променив исхраната, да речеме од мрсна и полна со шекери се префрлив на повеќе зеленчук,овошје, месото и млечните производи ги отфрлив ама затоа преку др.продукти ги надокнадувам протеините... На почетокот не бев сигурна дали скроз да се откажам од месо затоа што пливам секој ден,ама еве се покажа дека оваа моја веган "диета" баш ме исполни со енергија а башка и намалувам килограми а јадам! Единствената разлика е што гледам да купувам органска храна, да не содржи глутен т.е да се сведува на свежо готвено и непреработено! Масло воопшто не користам а јадењата пак се убави,впрочем на се ќе навикне човек! Наутро гледам да јадам овошје што повеќе,понекогаш и овесна каша си правам па си додавам во неа свежо сецкано овошје,сушено,по некој непечен бадем,малце огрански мед и спремна со енергија за обврски! Е вечерата е секогаш најтешка во смисла што да се јаде... Гледам салати да си правам свежи,ама понекогаш сум гладна од пливањево па јадам половина од ручекот ако останало,печурки динстани со зеленчук,со варен компир,морков,брокула такви ствари... Мислам дека сепак треба да се биде умерен во конзумирањето,ама никако да се изгладнуваме зашто според мене ефектот е лош!
Денеска 18 ден, -6кг Денешно мени: една шака мусли со кисело млеко, една банана, пак кисело млеко и сега изедов една малечка колбаса
Мене онаа диетана -8 кг за 20 дена почнува да ми иде на живци. Веќе 8 дена немам мрднато од место, а ни утре нема да се смени нешто. По два дена можеби еден килограм затоа што ќе јадам само овошје и зеленчук, и толкку, повеќе не очекувам. Полоши резултати не сум имала до сега. Првата недела не беше лоша, -3.4, ама толку беше. Нејсе, уште неколку дена се, ќе издржам до крај, а после ќе терам по мое. Тоа што знам дека кај мене функционира, а тоа се житарки за појадок, шодае за ручек и јогурт за вечера. Па уште ако успеам по еден ден неделно да бидам на овошје и зеленчук, супер ќе бидам. Сепак комплиментите дека сум ослабела се веќе тука. Денес влегов во кафените панталони, чувството е прекрасно. Кога ќе размислам, со оглед на тоа што со оваа тежина сум веќе 10-тина дена, уште тогаш сум можела да влезам, ама кој да ти знаел И јас претерувам со тоа што сакам брзи резултати, ама кога си на ваква монотона диета, три недели ти се гледаат како цела вечност.
Јас еве веќе месец и половина конечно го средив јадењето а и вежбам по 4-5 пати неделно по 40 минути. Јадам за доручек смуди, за ручек гледам некој протеин со салата или јаглехидрати ама мултиграин. За вечера пак поминувам со супа или салата пак со протеин. Не јадам ништо пржено, прости шекери или грицки. Е сега вагата никако да мрдне ама алиштата ми стојат многу поубаво, барем јас си мислам така . Вчера сретнав братучедка и замислете ми вели Аа си се поправила Зошто по ѓаволите би му кажале на некој Си се поправил Како и да е си продолжувам да си јадам здраво па здравје може ќе дојдат поголеми резултати.
Дефинитивно потребно е трпение! Баш и не е здраво неделно да се губат по 3 кила искрено,по 3 месеци да речеме ќе се почувствува разликата... Ама знаете многу е од организам до организам,еве мајка ми почна да јаде како мене се слисти жената што се вика без мака за 2 недели а јас речиси и не мрднав! Така што ќе си почекаме ама упорност до крај! Помислете само после колку е убаво чувството се гледаш во огледало и си полн со самодоверба,зрачиш и одвнатре и однадвор,облеката почнува поубаво да стои,расположението се подобрува!
Можеби си добила на мускулна маса што е добра работа и во иднина ќе ти помогне да ја одржуваш тежината долготрајно за разлика од диетите. Земи почни да се мериш со трака на врат,струк,стомак,колкови,бутови и листовите и така ќе знаеш дали се прејадуваш или не. Вагата не е мерило за здравје,телесната композиција и колку % телесни масти имаш. Можеш со 60 кг да изгледаш воу,и со 50 да изгледаш никако.
Се фокусираш на погрешната цел и на тоа што топењето масти е долг процес. За да стопиш 1 кг масти се потребни 7000-8000 калории да потрошиш или намалиш од исхраната. За разлика од тоа да стопиш 1кг мускул ти се потребни 1200 калории и ако не внесуваш доволно протеини телото ќе почне да ги оксидира тие протеини од мускулите. И односот на слабеење ќе ти биде 50% масти 50 % мускули. Мускулите тешко се добиваат,а мастите лесно се губат. Се што треба е 20% да намалиш од твоите калориски потреби.
Не викам дека тоа што го правам е најдоброто решение. Проетенини внесувам, 2/3 од диетата е главно на протеини базирана. Само ме чуди зошто не функционира. Дури и да стопам 1 кг мускул, нели тоа сепак би требало да е 1 кг помалку на вагата? На страна од тоа што ја следам дитата, што значи јадам една иста храна 2-3 дена, ги следам и калориите и имам калориски дефицит од околу 500-600 калории секој ден. Првата диета ја држев пред 18 години, а од тогаш имам доста држено. Ама ваква стагнација не ми се случила никогаш. Сега ја држам чисто од љубопитност, да видам што ќе се случи до крај.
Ај и јас да си се искажам тука.. Отсекогаш, уште како дете сакав да вежбам и да правам активности, и отсекогаш сум слаба, со здраво и витално тело. Се хранам и здраво. Spoiler (Вежбањето и окупираноста за затегнато тело понекогаш ми станува и опседнатост ) Сега, месец Јануари, со празниците и со останувањето без работа, претежно бев дома само готвев и јадев. Се здебелив 4 кг преку ноќ што се вели. За некого се малку, но мене навистина ми пречат. И сега кога сакам да ги ослабам нив, некако се демотивирав..Повеќето мои пријатели (само женските уствари ) нема ден да не ми преречат дека сум ‘фрлила газ и стомак‘, си закачила ‘спојлери‘ и слични забелешки кои се намерно кажани. Ми прават да се чувствувам лошо и подебело од тоа што реално сум. (Зошто јас ни сега не сум дебела). Ме знаат дека вежбам и сето тоа, па сега како мерак да им е што малку се здебелив. На моменти се однесувам повредлива како некоја тинејџерка, ама ме боли кога сум ги замолила да не ми зборуваат, тие постојано да ме подбуцнуваат. За разлика од нив, никое машко не приметило разлика и не ми искоментирало нешто негативно, дури и оние кои лично ги прашав. Сега веќе една недела сум на моја диета, а тоа е, се си јадам исто, само количински помалку. И за 6-7 дена веќе изгубив 2 кг. Ако јадам помалку (и вежбам секако) одма слабеам. Исто така, гледам да правам некои замени во исхраната. Ако навечер ми се сојаде нешто, ќе си излупам јаболко (ем е здраво за забите навечер), ако ми се јаде благо, ќе си напавам салеп, ем е здрав, ем е благ, низ денот пијам билковити чаеви кои ми дваат колку-толку ситост, грицкам ореви, бадеми, суво овошје.. Леб, сложени десерти, тестенини, сосови, ги јадам многу малку или ги одбегнувам. Навистина, потребна е подршката од најблиските ако сакаш да ослабиш, но ако веќе немаш подршка, барем да немаш оддршка, т.е провокации, зајадливи коментари.
Па секој ден различно затоа што не мешам храна, јадам само по еден тип на храна дневно. Еве, немам мрднато од 29 јануари, па ќе ти ги пишам од тогаш: 29.01, 778 калории: масти 20%, проетини 68%, јаглехидрати 10% (пилешко и салата) 30.01-01.02. 816 калории, 21% масти, 43% протеини, 32% јх (риба и салата) 02.02 - 04.02, 974 кцал, 29% масти, 21% протеини, 49% јх (леќа, грав) 05.02-06.02, 929 кцал, 8% масти, 11% протенини, 79% јх (компир) 07.01-08.02, 875 кцал, 2% масти, 3% протеини, 94% јх (ова се овошни денови)
Како што мислев,внесуваш многу малку калории и се фокусираш на погрешната цел. Има нешто што се вика основен метаболизам и никогаш не внесувај под тие калории. Се лажете ако мислите дека ќе ослабнете со помалку калории,да ќе ослабнете но и ќе го забавите метаболизмот(што во иднина ќе доведе до повеќе добивање масти=јо-јо ефект) и не внесувањето на калории под препорачаното не ги внесуваш сите микро нутриенти(витамини и минерали) што во превод значи дека ќе имаш проблеми со расположението,со менструалниот циклус и со разни работи што со повеќе храна се решаваат. Мој совет е да се фокусираш на топење масти не на вагата. Земи мери струк,врат,колкови,стомак,раце и ќе видиш дали имаш прогрес или не. Треба да знаеш дека тие килограми не се само масти,може да се вода,мускули,коски? Запрашај се што сакаш да изгубиш? Второ земи искалкулирај колку калории ти требаат и држи се на ист макросооднос. Не манипулирај и ќе добиеш бавни но сигурни резултати и тоа ќе знаеш дека се топење масти,а не активна маса. Калкулирај овде. http://iifym.com/iifym-calculator/ Се ти пишува на страната. И погледни го видеото. http://www.youtube.com/watch?v=TqDu-DIs6LU