Јас конечно завршив со диетата -8 кг за 20 дена, со резултат под очекувањата, од 4.6 кг. Како и да е, пошто целам на околу 10 кг, сега сум во дилема дали да ја продолжам истата за уште еден циклус, или да ја терам диетата на ирена. Ама мислам дека ќе биде диетата на ирена, затоа што ми здосади да носам храна на работа. За некој ден конечно ќе почнам и со пливање. Едај чекам.
Еве ме мене. За кратко време (скоро две недели) си ги ослабив тие 4 кг, секој ден вежбав и резултатите се очигледни и воодушевувачки. Човек кој цел живот вежба, колку и да се здебели или разболи, телото не го заборава времето поминато во вежбање. Си останува нешто и полесно е да се врати во форма. Тоа го имам приметено кај себе, многу лесно ми е да се вратам во форма. (да изгледам здраво, флексибилно, еластчно, а не како на сликите, не ни сакам да бидам како тие на сликите). Тешко е само на почетокот, додека навлезиш во шема, потоа се станува навика. И треба да научиме да не сме робови и зависни од нездрави работи кои не трујат. Претходно напишав и за некои кои ме исмејуваа (за тие 4кг. замислете), ама сега си штурат. Не слушајте ги другите, правете и бидете онака како вам ви е најубаво и како вие се чувствувате најудобно.
Ариел а зошто не ја пробаш УН диетата ? Навистина е добра и има добар ефект доколку се придржаваш на онаа што е пишано
Сум ја држела, знам дека има добри резултати. Таа е многу слична на оваа што ја држев, само што за појадок има овошје и распоредот на деновите е различен. А јас сабајле најмногу јадам, ако не се најадам за доручек, не можам да функционирам. Со УН го почнувам денот гладна, и тоа чувство на глад ме држи цели денови, без разлика што ручам и вечерам. Затоа диетата на ирена повеќе ми се допаѓа, за појадок најмногу се јаде, а за вечера нешто лесно. Навистина помалку се слабее, по 1 кг неделно, ама многу поподнослива е. Сега и не мис е ни брза со слабеењето, можам да си ги облечам старите алишта, иако некои пукаат на мене. Претходно се ми беше тесно.
чудна направија сум јас два пати ја држев УН диетата и двата пати немав резултат а се придржавав ептен после некој период се откажував а оваа протеинската па чудо едно за 10 дена симнав-4 килограми ми требаат уште 3-4 да симнам и сега си јадам од се по нешто ама гледам да сум со дефицит од 500 калории секојдневно и добро ми оди ова беше колку да си се окуражам сама себе
Дај препорачајте ми од тие белите корнфлејкс Spoiler незнам како се викаат, како снегулка што се ми здосади да јадам корнфлејкс секое сабајле Инаку денешно мени: една шака корнфлејкс со кисело млеко, супа и пречено мелено месо со кашкавал, габи и грашак, и за вечера ќе видам што ќе јадам
Овие два дена малку повеќе јадев Планирам утре да ми биде витамински ден. Денешно мени: две јаболки, две банани, мелено месо печено, супа и сок од портокал и лимон
дечки мајка ми ми купила некои интегрални колачи wellness и o'cake.дали се добри за на школо(5-6колачиња) на пр. да ги јадам или кога ќе ми се пријаде а брзо сум јадела?(1-2колачиња)?
Си се запишав на фитнес, трет ден денес. Фино е Возам орбитрејк, трчам, тегчиња за раце, вежби за нозе, стомачни.. Сите се на левел 2,3. Целта ми е да ослабам, а не додатно да пумпам мускули (I have them enough big!). Внимавам на исхрана, особено навечер. Ќе видиме резултати, овој пат сериозно Oние цртките дијагонални на стомакот веќе ги имам, само уште треба да го исфрлам масното ткиво на средиот дел.
Јас денеска требаше да имам овошен ден, ама ништо, ќе се потрудам утре да е. Денешно мени: две банани, едно јаболко, марула салата и мелено месо + габи + пире.
Овие сите ги повторував 5 пати на ден,а и малку е тоа.Треба повеќе,ама кој колку може. Правев и други.Можете на фб да отворете на една страна.Се вика Sixfackfactory.com и таму има многу убави вежби и диети.
прашањево и може не ми е на место но ај тука ке пишам Дали е нормално пред циклус да си потешка со кило -две и да си подуена ?Се осекам како балон
Денешно мени: едно јаболко, една банана, парче сирење и кашкавал, една чаша млеко, две чинии супа и две чаши домашен сок од кајсии.
Марун, која ти е целта што тука пишуваш што си јадела? Во УН диетата пишуваме за да си даваме идеи за оброците и заедно да одбројуваме денови. П.с. А да не зборуваме дека 500-600 калории на ден е премалку и штетно за телото.
Денес се чувствувам прекрасно! Убав ден ,јас полна со самодоверба и со енергија пред се. Само што се враќам од возење со велосипед,заедно со другарка ми извозивме 15 км. Иако непотребно кажувам но менито денес ми беше: појадок:семки од тиква и портокал Ручек(пред возење):1 парче леб со маргарин,парче кашкавал и салата од марула и сега после возење си изгрицкав една краставица Бидете упорни,и остварете ја својата цел. Јас во тек сум со мојата на забавен начин и во друштво.Секогаш така е полесно. Имајте убава вечер