^ Како ти што цитираш извори дека нема, можам и јас да најдам извори дека има врска. Всушност, некој и имаше погоре ставено линк. И така до задутре. Мене лично за резултатите никогаш не би ме убедила некоја статија, како што би ме убедил сопствен пример. Јас лично сум пробала и не само што се слабее, туку се чувствував подобро. Моја блиска другарка имаше постојано болки во стомакот, кои и престанаа кога лекарите ја советуваа исхраната да и биде повеќе алкална. Тоа беше пред неколку години и од тогаш немала проблеми, т.е. има секогаш кога не внимава. Мене алкалната исхрана ми ја препорача една пријателка која почнала да внимава на алкалност поради некој здравствен проблем (искрено не можам да се сетам со што точно имаше проблем затоа што пред некоја година правевме муабет), ама не можа да ти опишам колку беше променета од претходно, како да се работи за друг човек. Јас од љубопитство пробувам различни работи, имало периоди на пост, кога не сум јадела месо, периоди без глутен, дури и сум пробала да постам како муслиманите, чисто да видам какви се ефектите врз организмот. Алкалната исхрана најмногу ми годи, само мене тоа ми се гледа комплицирано затоа што од другите дома нема интерес, па треба посебно да готвам. И плус поборник сум на умереност во секој поглед, па е мислам дека здрав човек посебно треба да се напнува околу некој вид на храна, освен што мислам дека полуготови и процесирани работи се ѓубре што никој не треба да го внесува. За мене, се додека е природно и зготвено дома, е ок. Намерата на мислењето ми беше единствено да ти укажам на тоа дека треба да внимаваш кога даваш совети, затоа што некој ти верува и поради тоа може да си го зезне здравјето. На пример, да, од протеини најмногу се слабее, ама може да дојде до проблеми со бубрезите. И не е убаво да тврдиш дека нешто е вака или така, само врз основа на нешто прочитано на интернет. Особено ако има и многу статии кои го побиваат твојот став.
Spoiler Нема врска не се устручавам само за мускулна маса,се устручавам за секој да може да си дозволи како да си јаде здрава храна,препорачани од организации што истражуваат за тоа. Не му викам на секој дека мора по мојот пат,му велам дека секогаш има подобар начин од “гладување“ и “тренди диети“. Треба само да размисли дека храната е гориво на човекот и дека се му треба по малку. Можам да кажам што користам низ денот и тоа нема да звучи некоја посебна исхрана,но доволна да ги задоволи моите потреби(тоа не значи дека нема да функционира за вас,ако се намали количината). Мајка ми само што јаде прилично како мене ослабна 10 кг,но сепак додаде пешачење во нејзината дневна рутина за активност. Spoiler Сите студии направени за твоите тврдења се направени на луѓе со проблеми со бубрези или со историја на болести поврзани со нефункционирање на тоа. Ако имаш здрави бубрези немаш никакво лошо од повеќе протеини. Јас не реков да јадеш 3 грама протеин на секој кг,тоа не е за секој. Јас реков дека според твојата потреба и активност се прави исхрана базирана за тебе. Нормално како што се зголемува активноста така и потребата за протеини е поголема. Немаш друга резерва на амино-киселини од твоите мускули затоа чувај ги,затоа што мускулите и активната маса се индикатор за здравје,не телесната тежина. Може да човек има и 50 кг а да е со 25% телесни масти и со висцерална маст,што е штетна. П.С секој вишок протеини се конвертираат во глукоза и тоа не е ефикасно,али сепак нема штета од повеќе протеини од 1грам протеин на секој кг.
За ова со грамовите протеини не ми е јасно по 1рам протеин за секој килограм / Тогаш во пола кило стек варен колку протеини има? или во 5јајца варени или во една конзерва туна??? ова чисто за информација
Во сиров стек има 20 грама протеин. Во 1 јајце имаш 8-12 грама протеин и масти,протеинот највеќе е во белката дури 50%. Ако сакаш да провериш. Еве ти добра страна. http://nutritiondata.self.com/
Последнава недела со диетата на ирена во комбинација со 5:2 ослабев уште еден килограм . Значи 5 дена диетата на ирена, два дена овошни. Вкупно изгубив 5.8 кг за 4 недели. Барем сабајле беше така, а утре ќе видиме, со оглед на денешните гревови. Кога знаеш секој продукт колку калории има, немаш желба да посегнеш по прекрасното парче торта што ти се вртка пред очи. Се преиспитуваш дали навистина толку ти значи и дали ќе вреди маката кога ќе треба пак да слабееш поради таквите задоволства. А ако згрешиш, се каеш. Чудна работа е психа, што да се каже
Што се подразбира под „канче кисело млеко“? Цело паковање од 400 гр? Не разбирам, а многу често го среќавам по диетиве.
Подобро земи си јогурт со ниска масленост отколку канче јогурт. Разликата е 20 калории,но можеш да изедеш 30% повеќе за истата количина. Ако ти е до внес на протеини преферирај Збрегов,највеќе протеини има и е ефтин 49 денари е.
Јас ја започнав Јапонско чудо. Втор ден. Ок ми е, со тоа што ја модифицирав. Си внесов и по парче безглутенски домашен леб, што е релативно мало, чисто за да не ми се слошува и да не ми дојде нагло, како и да ми одржува шеќер во крв на какво-такво ниво. Може нема да имам уоу резултати како што ветува ради модификацијата, ама тоа е сега.
Скоро некаде прочитав информација дека ананасот бил најдоброто овошје при губење на килограмите и целулитот, па се надевам истата ќе ви користи.
Против целулит е кревање тежини и средена исхрана,види ги сите фитнењ,бикини модели како вежбаат и се хранат и ќе ти стане јасно. Не бидете како цацко,оваа храна дебелее,оваа слабее па на крај ќе јадете се освен ананас не . Создај доволно мускулатура и делкај ги мастите
Конечно,вагата мрдна луѓе,конечно,чудо некое. Месец ипол,цело време 76,2/3. Денес се мерам и гледам 75 рамно. Не гладувам,си јадам и благо и пијам газирано,само после 7 саат не вечерам,веќе 5 дена и ете ги резултатите,си доручкувам,јадам 2 пати,од ништо не сум се откажала. И по неколку минути на орбитрек,10минути не ни имам повеќе време. Мислам добро е за сега,само што имам уште многу,многу,за слабеење,но сепак полека,полека,никаде не брзам. Гладувањето не е опција,така јас порано и ослабев 5-6кг и за неполни 2месеци ги вратив и тоа 10кг,така да НЕ за гладувањето.
Лилит, пиши резултати и како се издржува кога ќе ја завршиш. Јас од 17 март планирам да држам некоја диета. Се двоумам меѓу јапонсково чудо и таа на Жан Митрев, па твоето искуство може да ми помогне да одлучам.
Најголема грешка е гладувањето,значи најголема. Јас така еден период буквално го исцрпував организмот со гладување до 16-17 часот,бидејќи и онака немав никаков апетит,а килограмите никако да ги намалев,не многу али и тие 5-6 кг ми беа постојан проблем. Сега се модифицирав малку околу режимот на исхрана и обавезно појадувам до 12 часот,а после 19-20 часот не јадам ништо,но пијам многу вода околу 2-2,5 кг и еве имам изгубено околу 4 кг за неполн месец.
Со на Жан Митрев тако звана медицинска, во 2010 симнав многу и не ги вратив долго. Ама некако трауматски веројатно ја доживеав и се ја почнувам и не ја довршувам, зошто билив ми се трудев и трпев... ама се исплатеше. А ова чудово, еве денес ја утнав... нема јадење што нема, не ни имав време да јадам, викам е ај двете јајца варени покасно и ќе вечерам по пропис. Мајка ми вика каков џем од малини сум купила...и ај... јес да две лажичиња беа у прашање...ама на залче лепче... и после доаѓа татко ми, лелеееееее како кајмак сум купил ,сега ќе го правам на лепчиња со лук...и една кришка тоа... Направив биланс (не знам кој ми е проблемот со зборов, мислам биланс, го пишувам баланс, ми оди шамар да си лупнам), имам 700-800 калории у цел ден...ама не е тоа тоа, јаглени хидрати доминираат. Утре продолжувам со третиот ден, поумна, барем вежбам. Ама барем од два дена подуваниот стомак ми го нема. Ќе ја терам до крај и ќе пишам резултати, ама поумна и без искушенија. За денес си опраштам, викам ама па добиено имам,душа сум .
Драги мои диеталки. Одлучив да ви се придружам, да си даваме подршка едни на други. Веке 6 дена внимавам на исхраната. Немам посебен режим на исхрана, гледам да се хранам со поздрава исхрана, во помали количини. Сеуште е рано за резултати, можеби за некои 2-3 месеца да продолжам на овој начин исхрана ке имам видливи резултати. За мене вагата не е показател дека сум ослабната, само огледалото и јас како се чуствувам! затоа и не се мерам. Секогаш викам јас имам 20тина кг за симнување, и кога ке ме прашаат јас ги кријам килограмите, дали од другите, дали од самата себеси... незнам.............. но јас, навистина, имам дури 45 кг за симнување за онаа, идеална линија. Сакам да успеам, многу сакам, Да ви кажам една пријателка успеа да симне 25кг со внимавање на исхраната, кога ја видов се зачудив, и велам како, ми вика, нема посебен режим, поздрава исхрана и помали оброци на ден, ослабена за 5-6 месеци. Одсекогаш сакав брзи резултати, можеби и тоа е причината поради која никогаш не успеав да ги симнам проклетите килограми... Сега уверена сум дека тоа е единствен начин, здрав, вреден. И тие месеци, не се ништо во споредба со тоа колку посреќни ке се чуствуваме после тоа, времето брзо лета. Утре планирам да си купам и Ѓумбир од виталија.. феминката Моира го има препорачувано и фали доста, исто така и други феминки. Никогаш не сум пиела некакви таблети, но мислам дека ѓумбирот е добар да се користи.
И јас една недела веќе сум на мој режим Се хранам поздраво,салати од краставица и домати,супи,грав(без запршка),леќата си ја правам само варена со суви пиперки,лукче и за да ми биде погуста еден компир варен гмечам со пипер .Наутро овошје,си цедам сок од портокал.И сега тркнав до една продавница за здрава храна и си купив мусли од Виталиа,Овесни снегулки и бадеми(непечени). Многу ме мрзи да вежбам и поинтересно ми е скокање на јаже,скокам навечер пред легнување и наутро кога ќе станам,почнав со 5 серии по 20,потоа 4х25 сега успевам и до 100 одеднаш само за една недела Сабота и недела возам велосипед. Е сега на училиште бидејќи сум втора смена незнам што да јадам,па најмногу енергија до вечерта ми даваат гранола баровите Си ветив себе си дека ќе го променам мојот начин на исхрана. Бидејќи не се може со диети,Ун стварно е добра и ефикасна и можам да ја издржам ама најмногу грешки правам во јаглехидратниот и се откажувам после тоа оти кога знам дека вечерта треба да јадам нешто благо само таму ми е умот и ќе изедам на ручек и после цело време ќе јадам што ми душа сака демек и така утнат ми е денот. За сега немам некои големи резултати уште е рано само сакам да се пофалам дека стигнав до 4тото дупче од коланот А предходно едвај на 1вото ме закопчуваше Само немам забележано колку време,сигурно не само од оваа недела
И јас ви се придружувам во темава. Денеска правам 10 дена откако сум на диета. За доручек јадам само овошје, житарици, млеко или јогурт, за ручек јадам готвена храна со двопек и за вечера само зеленчук (моркови, цвекло, зелка). Планирам и по еднаш неделно да трчам на кеј, а кога сум излезена секогаш одам пешки односно избегнувам автобус или такси. Пешачам доста... Навечер кога ме фаќа криза пијам пак јогурт Баланс+ ( не знам колку е дозволено). Не знам дали сум ослабена, но се чувствувам многу добро. Е сега ми се случува некогаш да каснам чоколадо по 2 3 коцки. Сакам да ве прашам колку парчиња црн двопек е дозволено да се јаде?
Сакав да знам дали е добро да се јаде овошје навечер 1 до 2 часа пред спиење, т.е јас кога легнувам пред да заспам гледам филмови и јадам по едно јаболко и портокал, а дали е добро тоа незнам ? ))