(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Ако со била активна и си ги потрошила калориите не гледам причина зашто да не.
    Број калории така најдобро ќе знаеш дали мпжеш или не.
    П.С ако се шеќери не значи дека се токсични...
     
  2. mala.mari

    mala.mari Активен член

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Диеталки, го ставата ли на мени лебот?

    Јас Да, оваа недела бидејки сум втора смена на работа. Насабајле си доручкувам со ЕДНА кришка леб, најчесто јајца, супа.. Пред да одам на работа, само зелена салата, и кај 19 часот салата и тоа што ни даваат од менза, најчесто се манџи. Знам дека треба на место на вечера да конзумирам за ручек и обратно, но тоа ќе биде следната недела, кога ќе бидам прва смена. И секако, тогаш и таа кришка леб нема да ја конзумирам..

    Стомакот си го осекам поднамалееен... ми сметаше за спиење, сега ми е Топ. За останати резултати е рано, но и тие ќе бидат. За месец дена, ветувам слики пред и потоа, можеби и сама ке си исплакнам очи :D со самата себеси. :$ Мислам дека имам премногууууууууууу вишок ке ми оде напочеток побрзо слабеењете за разлика од тие што имаат едвај 5-10 кг. Но не се брзам, тука сум, ке се бодриме, ке се подржуваме едни со други.
     
  3. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.383
    Допаѓања:
    92.594
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден читав дека наместо овошје навечер или салати подобро е да се јадат пуканки затоа што се многу здрави :) Така да можеш да си направиш со многу малку зејтин или без ич вкусни се и заситуваат :) Овошје не е добро да се јаде навечер
     
  4. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Јаглехидрати се јаглехидрати,ако не ги трошиш се складираат во гликоген во црниот дроб или мускулите,ако тие резерви се преминат тогаш се складира.
    Фруктозата е исклучок,таа се складира само во црниот дроб.
    Овошјето не е само фруктоза,тоа е микс од фруктоза/глукоза и диетални влакна.
    Не знам што тука е лошо,ако човек касне шеќер,па тоа и да е обичен шеќер рафиниран,нема разлика.
    Тоа што читате и тоа што е вистина е сосема друга приказна.
     
  5. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    И јас вака размислував како тебе. Еве не сакам ова да го пишувам, но морав. Татко ми премногу јадеше овошје, се додека на болница му изнајдоја шеќери и масти. Му забранија да јаде овошје навечер, а од страна на месо само печено. Сето ова во одредени количини.
     
  6. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.835
    Сакам да кажам дека јас не се одкажувам оо алкохолот.
    Знам дека не смеам, дека е многу калоричен ама не го бива вечерното излегување во петок и сабота без 2-3 чашки алкохол. :wasntme:
    Вчера испив 3 чаши коњак и сега ме гризе совеста, страв ми е да се качам на вага случајно да не ме разочара, ама неможам... се одкажав од благото барем со алкохолот ќе си се тешам. :P Нормално нема да претерувам.
    Овично пијам коњак или пак бело вино кога сум во кафана.
     
  7. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.723
    Допаѓања:
    2.985
    Пол:
    Женски
    Фала ви многу за мислењата за овошјето навечер, иначе ги трошам калориите секој ден, ама не ги бројам, јадам само салати, компир и тоа е :) А за пуканките добра идеја, знам дека се здрави, Фала :*
     
  8. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.524
    Го купив јогуртот од 0,9 масти и искрено многу благ ми беше :?: Јас ги сакам производите од Збрегов ептен, ама „благиов“ јогурт не ми оди во прилог со јајца многу многу :D
     
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.514
    Допаѓања:
    144.933
    Јас од понеделник ќе удрам 2 недели медицинска или Жан Митрев или кардиолошка, кој како милува. После ќе правам една недела пауза, па уште две недели диета. Или можеби една, па пауза две недели, па после уште три.
    Морам да направам пауза, нема да бидам дома, па нема да можам да извољевам и да барам варени јајца и 125 грама варено телешко.

    Мислев да ја почнам кога ќе завршам со обврски, ама не можам. Мора да биде одма, затоа што рачево многу ми се пушта по благо. Ако чекам, ќе ми отиде досегашната мака со -8кг за 20 дена , од која ослабев нешто помалку од 5 :D Ако знам дека сум на диета, си терам како што треба, не застранувам.

    Намирниците се набавени, се чека понеделник :D
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  10. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Реченицава е тоа што прави проблем.
    Не можеш да обвиниш една храна без да разгледаш цела слика.
    Прво треба да разбереш дека се што е претерано се складира во масти,освен протеините кој во редок случај се конвертираат во масти.
    Треба да разбереш дека тие фактори се од вкупниот калориски внес,не правилен избор на храна и комбинирано со не активност,тоа е рецепт за тие болести што ги пиша.
    Ако човек лежи и само јаде,тоа е маркер за секакви болести поврзани со метаболизам.
    Имаше една студија каде што луѓето беа поделени на група активни и јадеа многу и иста група исти калории без активност.
    Дури кога калориите беа зголемени,луѓето што правеле активност немале никакви негативни ефекти кон здравјето.
     
  11. QueenofPentacles

    QueenofPentacles Нов член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    32
    Предходната недела една другарка ми купила пуканки, читам на пакувањето Потекло: Америка и одма отиде во канта. Посебно внимавајте кога купувате пуканки или соја доста е голема веројатноста да се генетски модифицирани.
     
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.426
    Пол:
    Женски
    Разочарана сум ужасно многу од себе си и својата истрајност, вчера потклекнав, изедов благо, не нешто многу ама пак благо беше-јафа интегрални колачиња со црно чоколадо, 5-6.
    Дури и тренерот ми вика де е успех што издржав 21 ден без точка благо, дури и шеќер намалував кафе со една или ни една лажица, ама разочарана сум. НИ проклети 28 не издржав без благо, страшно. ПОрано ко од шала сум издржувала 30тина дена, а сега само 21.

    Најкриво од се ми е што одбив суфле, оние роличињата чоколадирани од мое колаче што ми се оргазам, ама на крај кикснав на Јафа колачиња. Глупача.

    Идеме даље, тапкам на 69 кила недела ипол, ама тоа е таа бројка, ѓаволска ]:) :lol:
    9 симнав уште 9 ми останаа, на пола пат сум, ма да сакам до Јуни т.е за месеци да ги симнам, што е малку мишн импосибл, ама ќе даадм се од себе.
    Веќе недела ипол почнав секој ден да одам во теретана, само недела паузирам, и накачив тренинг по саат и 20 минути, некогаш и по саат ипол.
    Никогаш во животов не сум била порешитела од сега и не сум имала повеќе воља да се стаам во ред и да изгледам барем приближно до Хали Бери, зашто она ми е рол модел за сесоќа и женствено тело...
    Ах уште 9 кила само и уште многу часови во теретана и многу, многу помалку салце на мене.
    Ај кен у ит :emo: :muscle:
     
    На anuskaNESTLE, anabel-a, thinkerbell и 4 други им се допаѓа ова.
  13. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Ако имаш проблем со благо земи стевија.
    Замени ги тие калории со протеини и ќе немаш толкаво барање за благо.
    Не треба секој ден да идеш во теретана,треба да внимаваш на исхрана и да посветиш време на други работи.
    Ако тоа те прави среќна немам ништо проблем со тоа,но сепак треба да знаеш дека треба да имаш живот,сепак ти не ги гледаш објективно работите а другите луѓе кога ќе те видат може да ти дадат комплименти и ти повеќе да се мотивираш и да знаеш тоа дали ти успева или не.
    За исхраната ако не ти се брои калории еве ти добар начин да ги контролираш.
    http://www.precisionnutrition.com/calorie-control-guide
    И имај протеин во секој оброк тоа е најдобрата работа за контрола на апетитот :).
    П.С протеини не се само прашоците(изолиран протеин) туку и јајцата,урдата,пилешки стек,мисиркино месо,риба и соја.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  14. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.590
    Допаѓања:
    14.188
    Пол:
    Женски
    Хипстерке знаеш ли каде е Јуни? До тогаш два пати по толку ќе симнеш.
    Инаку еве јас сум со килце помалку за една недела. Не сум ригорозна многу, комбинирам, знам да си направам и некој грев, како пола чоко бисквит во 1 навечер.
    Неделава затерав по кафани, ама строго јадев печурки на скара и некоја салата. Добро и по неколку ракиички.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  15. HappyMom

    HappyMom Нов член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2014
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Хеу дечки! Здр и од мене.,....одамна ве читам и еве конечно да се приклучам......Од утре планирам да ја почнам диетата со супа од зелка, па ќе ви кажам коке ќе оди! ПОззз до сите!
     
    На Marossa и Ariel им се допаѓа ова.
  16. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.424
    Пол:
    Женски
    Ее па и ти,не можеш без благо,шеќерот ќе ти падне. :)
    Доколку еднаш си згрешила,утре продолжи како ништо да не било. :)
    Јас сум на осумчасовна диета,денес 2 ден и одма направив еден грев,ама ајде добро,се мерев вагата не мрднала,ајде добро има време...
     
  17. mimoza.mk

    mimoza.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    927
    Еве јас ќе ти правам друштво,исто и кај мене,како јас да сум пишувала,намирници купени и еве дојде понеделник :) .Значи почнувам денеска,овојпат си ветив самата на себе дека не прекршувам па ќе видиме какви резултати ќе има.Инаку јас со оваа диета после првата бременост симнав 7 кила за три недели,и одтогаш стопати ја почнував ама ниеднаш успешно :$
    Со среќа нека ни е,па да пишеме убави резултати :hai:
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sudika

    Sudika Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2012
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    41
    Ете да се пофалам дека ослабев 6 кг за 2 месеци конечно мрднав, сега ќе почнам да вежбам, инаку скроз од исхрана исфрлив тестетени и благо, замена за благо ми е медот, повеќе овошје, зеленчук, протеини планот ми е до мај уште 9 кг да симнам па ќе видиме дали ќе успеам. :clap: :D :D :D :D :lol: :lol: :rofl: :rofl:
     
    На Ammy.Lee и Ariel им се допаѓа ова.
  19. Sudika

    Sudika Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2012
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    41
    Наместо благо и разни чуда, можеш да земеш мед, јас го јадам како замена за благо, 2 лажички мед, цимет и кора од лимон превкусно
     
  20. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Ногу ли голем грев е шо со нескафе, читај едно или два пати у ден, си ставам една лажица шеќер бел, и млекце малку, зависи 1.5 или некогаш 3.2 м. е?
    Горко не можам, луѓе не можам значи, а осеќам дека ме дуе малку шо го пијам вака, и знам дека сепак влијае.
    Мене лично млечните производи ич не ми пријат на организмот, ама па ако треба да пијам скрос горко кафе и црно, поарно не ни пијам кафе шо се вика...

    И уште нешто да прашам да не правам грешка, некогаш кога сум многу гладна за појадок, си правам јајца, или варени или кајгана, со јогурт или кисело млеко, и пијам секако цеден сок од лимон и портокал и после вода до ручек.

    Јас веќе неколку недели сум на здрав режим, на скоро истиот од тој што Цвета нутриционистот ми го даде пред 2 години кога одев кај неа и ослабнав најмногу у животот, но сега јас сама си се прилагодив и направив некои благи измени и оде вака.
    Појадок или овошје само или цеден сок цела голема литро кригла за пиво пијам, а ако сум повеќе гладна, ако не сум вечерала добро минатата вечер може и јајаца да си направам со јогурт/кисело млеко.
    После само вода пијам, и обично или сум на факс, или сум испадната, или па пешачам со кучето овој период.
    Ручек, без леб, или евентуално ако има пинџурче или некое гравче, манџа, една до две кришки(ама мноху ретко) и салата голема, со многу лимон во неа, или јадам компир печен со сусам со салата, или макарони со сос од домати, кромид, кисело млеко или некој си нискокалоричен сос, или спанаќ со ориз, или само ориз со салата и ајвар малку, или па месо/протеини само со салата и сос од домати евентуално.
    За вечера јадам или туна со салата, или некое месо, или па јајца пак, протеини со салата, а ако нема протеини пијам чај голема кригла и се молам да не ми се прејаде, или па некогаш ама ретко некој јаглехидрати ако сум имала за ручек, ама помала количина.
    Е сега сеуште правам некои ситни грешки, например некогаш сум некаде, или дома дечко ми јаде и знам да си земам парче кашкавал, или некогаш парче кулен/чајна, ова ми се слатки, најслатки навики, пошто во принцип сум месар, и сеуште ми е тешко скрос да го искоренам ова од навики, но со тек на време морам.
    Што се однесува на вежбање, вежбам само орбитрек( 40 минути максимум.) и чучеви (цел живот ги правам, и тоа по над 70 правам), пошто сакам да намалам на килажа за после да почнам со теговите на дечко ми да правам вежби за нозе, раце, газ.

    Ако видам дека нешто вака нема значајни резултати, или па видливи во брзо време, ќе го почнам режимот стрикно како ми е пишан од госпожата Цвета, зашто веќе ми е пробан и знам дека ќе ослабам доста многу од него.

    Ај на здравје!
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.