(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. HappyMom

    HappyMom Нов член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2014
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Здраво! Ја почнав денес диетата со супа од зелка.......и направив мали измени околу рецептот.....првин издинстав кромид, морков, целер, со ептен малц зејтин колку да не лепи на тенџерето, додадов патлиџан, откако убаво омекна се, додадов вода и на крај гфлавица зелка.Сето тоаубаво го зацинав со вегета, копар, буковец, бибер,сол...
    Откако се свари и зелката, половина од супата ја префрлив во друго тенџере, го испасирав и говратив повторно дапроврие,нооооо му додадов малце свежи шампињони...и знаете сто излезе? Наместо супа од зелка, крем супа од шапињнони и беше превкуснаааа.
     
  2. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    За едно (или понекогаш 2) нескафиња во денот мислам дека не треба многу да се секираш.
    Ако можеш намали на шекер, ама ако ич не ти е вкусно, не мора. (Сепак земи во предвид дека некој константно користи бел шекер во неколку чаеви, кафиња, сокови на ден).
    Млеко ставаш малку, и тоа не е проблем, а дали е 1.5 или 3.2 не е некоја голема разлика, повеќе е реклама отколку друго.

    Јас гледам да си јадам се што сакам, но со мерка. Ретко пијам нескафе, но наместо голема чаша си правам дупло помалку. И ете, задоволена сум.
    Ако умот ти оди на некоја храна ќе за земеш сега или после. Затоа земај си се, умерено ама.

    Мене многу ми се сојаде еурокрем. И поисплатливо ми е да купам големо пакување, но знам дека нема да му одолеам дома, па затоа кога ми текни си купувам едно малецко од 10-20ден. :lol:
     
  3. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Јас имам 52 кила и сакам да дојдам до 45 ама, мислам дека нема да успеам.Во план ми е да го измијам точаков и да почнам да возам.Јадам од 9:30 до 17:30 часот, после тоа пијам вода ако мо се пие или чај.Се надевам барем ако ништо друго ќе имам помалку од 50 кила. :lol:
     
  4. buterfly.fly.away

    buterfly.fly.away Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2012
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    20
    Јас имам 56 кила , а сакам да имам околку 50 , дека сакам да се запишам некаде за модел. Имате ли некоја идеја што би можела да јадам на одмори во школо ?
     
  5. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Значи ќе има маскенбал, и планирам да излегувам, е сега, смее да се пие алкохол за време на диета?
     
  6. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.411
    Допаѓања:
    143.182
    ^ Не би требало, затоа што алкохолот има шеќер. Од друга страна нема да се случи ништо драматично ако се напиеш чашка или две.

    Само имај на ум дека кога си на диета фаќа мноооогу побрзо од вообичаено. Ако да речеме вообичаено пиеш по 4 пијачки на излегување, овој пат подобро остани на најмногу 2.

    Јас така наивно се начукав минатата сабота, па во неделата пола ден го прележав.
     
    На Maroon5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.250
    Допаѓања:
    91.902
    Пол:
    Женски
    Винце 2-3 чашки друго мислам дека не смее да се пие :)
     
  8. tiph24

    tiph24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2014
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    177
    незнаев каде да ве прашам,па ајде тука.
    Братучедка ми од летово не јаде после 7,а друго све нормално си јаде(само што гледа да одбегнува леб),и е многу ослабена,мислам дека имаше 67 кила сега има 50.
    мислите дека е од тоа?би делувало ова?јас кога сум 2ра смена се враќам некогаш во 7 од школо,такада ако ова делува јас не би јадела после 7ипол.
    ваше мислење? :D
     
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Марун бело вино е најмалку калорично, ама пази да не претераш, повеќе од 2 чаши не.
    Малолетна си и плус навистина малку внесуваш калории на ден, многу малку ти треба да те опијани.
    Ти зборам од искуство и јас така пред нова година се зафркнав со пола литар вино, ај бе ништо не ми е, ама 12 часа после пијанството не можев да се опраам, ни да јадам ни ништо. Што релативно имуна сум на вино бело, можам доста да пијам а да не ме фати, ама тогаш си го зафркнав организмот, мислам само што не си ги исповратив органите :(
    И со сокче се слави маскембал :D


    Фала ви девојки на коментари и подршката, само погрешно сте ме сфатиле. Не сум манијак по благо, како што сум по солено и затоа решив да се лишам сосема од него барем овој месец барем да се исчистам колку толку од шекери. Не ми е прв пат, кога завршував средно пред матура, постев и плус не јадев благо скоро 2 месеци и вежбав плус. Не толку напорно како сега, ама вртев точак, орбитрек секој ден.
    И затоа вака си решив ама ете толку ми била издржливоста.
    Ќе пробам и март да го фурам вака без благо, зашто без крекери, пуканки не можам ни поише од 4 дена да издржам, така да од нешто мора да се скрати кога не можеш од сите задоволства.
    Во март сега имма едно решавање на судбоносно прашање, дали ќе се биде или не :D ако даде господ да биде се по план се ставам на некоја луда диета зашто ќе се напраам летово гица, прасица :(
    Стеф да ти одговорам за теретаната, задоволство ми е, ми го прави денот некогаш, а и издувен вентил ми е зашто имам премногу обврски и интелектуално предвици во денот, некаде морам да ја исфрлам таа вишок енергија, зашто по 10 саати на столече и пред компјутер не е здраво ни физички ни психички.
    За додатоци не сум размислувала, можда и тоа би не знам моментално немам време и тоа да го истражувам, пукнав од преведување и читање по интернет.
     
    На Ammy.Lee, Maroon5 и anabel-a им се допаѓа ова.
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.411
    Допаѓања:
    143.182
    Јас кога сум на диета главно се држам до неа, ама има и денови како денешниот, кога свесно подлегнувам на провокација :D

    Одолеав на солени и благи кроасани од пастел кои ги имаше во изобилство, ама не одолеав на едно швајцарско чоколадо што не можам да го најдам секој ден. Две коцки, доволно ми беа за екстаза :D

    Ако нешто ми е достапно тука, гајле немам, ама ако ми налета нешто од странство, што не можам да одам и да си го купам, е не му простувам. Особено на ако е белгиско или швајцарско :D

    Вечер пак ќе бидам под искушение, ама ваљда нема да има нешто неповторливо :D
     
  11. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Имам рецепта за домашна нутела без шеќер и маргарин и кога ми се јаде слатко си ја правам и тој ден сум мирен за слатки работи :D.

    Ако сакаш ќе ти ја дадам рецептата ама треба да ја криеш од децата пошто ќе ти ја испразнат теглата за 5 минути :D
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.411
    Допаѓања:
    143.182
    Охооо, децата ако ги одвикнам од нутела - частам, да знаеш :D
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Повеќепати го имам давано овој совет: јадете умерено, и не вечерајте касно. Вечерај најрано што можеш да издржиш до легнување.
    (кај мене тоа е околу 18ч) И секогаш кај сите успевало. Кога ќе си легнеш со попразен стомак, со уште попразен ќе станиш и поубаво од тоа нема. ;)
     
  14. HoneyAxl

    HoneyAxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    151
    И јас ги користам овие Vitalia Musli од банана и од чоколада но со обично млеко и обожавам да додадам малку мед или понекогаш ја ставам бананата во блендер место млекото ]:)
    И за ужинка во училиште си носам оние малите чоколадциња на Виталиа :inlove: :inlove: :inlove:
    Станав зависник од Виталиа :doh:
     
  15. lovehappiness

    lovehappiness Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    5
    Навистина ми треба морална поддршка! Ја држев ун диетата 30 дена и денес ја прекинав и се прејадов а енос е пладне. Бидејќи сум болна и сабајле станав ајде си реков ќе продолжам да јадам овошје за појадок поради тоа што така пишува во ун диетата и изедов 2 цитрони. Но веднаш после тоа бидејќи се чувствував толку многу гладна изедов.......... 5-6 парчиња интегрален леб со топено сирење и кулен и потоа јадев чоколади,наполитанки, сончоглед и што уште не. :@ :@ Девојки се чувствувам очајно, несакав ова да се случи. Зошто тој цел месец ми пропадна во вода, сега сум толку депресирана. Имам за симнување 7-8 кг, поточно висока сум 165 цм а тешка сум 59 кг. Со ун намалив 3-4 кг. Ама неможам да ја продолжам веќе поради притисоците од моите најблиски. Имам 15 години. Камо да беше само сон овој ден. :@ Планирам утре воден ден и ќе се измерав во петок или сабота, па ќе ви пишам за резултати.
    Туку зборот ми беше, што понатаму? Ајде за појадок ќе јадам по 2 овошја барем во наредниот 1 месец, колку што ја држев ун диетата само да не ги вратам тие килограми (иако после сето ова што изедов денес, сум поправена 1 кг сигурно!). Уште една недела сум 2ра смена на училиште, планирам да јадам по 1-2 граноли во училиште и после дома салата или една чаша јогурт. Тоа за наредната недела. А од понаредната кога ќе почнам прва смена, исто за појадок ќе јадам овошје, но што да јадам за ручек и вечера. Дали имате некој предлог, сакам да ги симнам до летото тие вишок килограми, ОЧАЈНО!
    Здосадено ми е секогаш така да се предавам на благото, мислам дека ми нема спас од благото. Инаку вежбам кардио фитнес 2 пати неделно, а за 2 недели ќе почнам и 2 пати на зумба да одам. Плус дома правам едни вежби ги постирав во темата мојот фитнес ден + мотивации но никој не ме забележа :|
    Што треба друго да правам, предлог некоја диета или било што да симнам барем 5 кг и ќе бидам најсреќна!
    Ви благодарам на тие што прочитавте, малку е подолго но наистина ми требаат совети и поддршка. :'(
     
  16. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    ^Јас мислам дека ти си уште мала толку да се замараш со тежината.
    Сега ти препорачувам да продолжиш со овошје насабајле,ама еден саат после овошјето имај обилен појадок,најубаво житарици.
    За ручек јади што имаш приготвено дома,само пробај да намалиш со лебот,по една кришка.
    Вечера нешто полесно,без леб,некоја салата или туна,најкасно до 18,19 часот.
    Супер е што си физичка активна,продолжи така.
    Не се прејадувај,јади полека,пиј вода повеќе,често си умислуваме дека сме гладни.
    Исто намали малку на благото и подобро јади го од сабајле,да може да ти даде енергија и да се согори во текот на денот.
    За газирано,чипсови и такви работи нема што да кажам,пробај целосно да ги искорениш од исхраната.
    Со среќа..
     
    На lovehappiness му/ѝ се допаѓа ова.
  17. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Не ти треба рестриктивна диета,каде што јадеш само одреден тип на храна и кога ќе видиш до тебе храна што ти е забранета и ќе води до прејадување.
    Треба да разбереш зборот “диета“,губење тежина е само мисинформација за тоа што вистински сакаш да постигнеш.
    Диета е животен стил и правилен начин на исхрана,кој не е рестриктивен,балансиран и долготраен.
    Губење тежина е губење на целосната композиција на телото (мускули,вода,коски,масти) а губење телесни масти треба време.
    За да изгубиш 1 кг масти е потребно дефицит од 7000-8000 калории,за разлика од мускулите кој треба 1200 калории за 1 кг и затоа луѓето кога ќе се качат на вага викаат ура,а јас велам тоа е лош прогрес.
    Затоа вагата не е мерило за прогрес,ако сакаш да мериш прогрес подобро ти е трака за мерење на струк,гради,раце,колкови,нозе и предели што се претежно на удар за складирање кај жените.
    Кога се работи за исхраната 80% од случаевите конзумирај здрава храна и готви си ја дома,така ќе знаеш колку внесуваш.
    Добар старт да се запознаеш колку една храна има калории е странава.
    http://www.fitness.com.hr/prehrana/nutr ... orija.aspx
    Испринтај си ја и закачи си ја на фрижидерот.
    Ако не броиш калории друга стратегија ти е со контрола на порции.
    Еве ти добар прирачник за тоа.
    http://www.precisionnutrition.com/calorie-control-guide
    Последното е да имаш краткотрајна цел и долготрајна цел.
    Ако немаш план,не можеш да се одбраниш од било каков напад.
    Почни да креваш тежини,во многу истражувања најдобрите резултати за подобрување на здравјето и телесна композиција е најдено дека комбинација од кревање тежини 2-3 пати неделно и аеробни вежби прават најдобри резултати.
    Кога се работи за вежбање,преферирај комплексни вежби што го вежбаат цело тело,не машините...
     
  18. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    @lovehappiness

    Направи мала (здрава) промена во исхраната и релативно лесно и брзо ќе дојдеш до твојата оптимална тежина :) .

    Исфрли ги или многу намали ги тестенините од бело брашно а посебно белиот леб, него најубаво сосема да го исфрлиш од исхраната. Намали ги многу сите сувомеснати и конзервирани продукти. Исфрли ги пржената храна, сојата, маргаринот и мајонезот и најважно сосема белиот или жолтиот шеќер во секој облик-колачи, слатки, торти, чоколади, вештачки сокови итн.

    Тоа не значи да се откажеш од слатки заводоволства туку да ги замениш со слични без шеќер (сахароза), два можни добри засладувачи се стевиа и урми. На нет има многу рецепти со урми така да во секое време имај дома едно пакетче и по потреба бргу и самата ќе можеш да си направиш колач или кекс што е здрав.

    Ова не значи да се внимава на исхраната како догма, повремено ако ти се пријаде чоколадо ќе си купиш ама да биде повеќе исклучок отколку правило, исто важи и за пица и слични храни кои не се баш најздрави за секојдневна консумација.

    На твојот тренинг му фалат и вежби за сила, додади ги и ќе имаш одлични резултати за брзо време без да внимаваш на посебна диета и да се прегладнуваш. Од тоа што го напиша се гледа дека си прегладнета а тоа постојано ќе те наведува да го прекршуваш режимот (што е и нормално).

    Храни се здраво, вежбај редовно и ќе бидеш спремна за лето :).
     
    На glosipgirl, Divajn, Gioia и 3 други им се допаѓа ова.
  19. malooto

    malooto Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    641
    Допаѓања:
    380
    Имам рецепта за домашна нутела без шеќер и маргарин и кога ми се јаде слатко си ја правам и тој ден сум мирен за слатки работи :D.

    Ако сакаш ќе ти ја дадам рецептата ама треба да ја криеш од децата пошто ќе ти ја испразнат теглата за 5 минути :D[/
    Moze ako ne tie tesko da go dobieme i nie receptot? Barav na internet ama nenajdov :$

    quote]
     
  20. lovehappiness

    lovehappiness Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    5
    Благодарам многу на советите. Денес денот ми е катастрофа и внесов премногу, па затоа утре планирам да држам воден ден, затоа ако не држам ќе се здебелам 1 кг сигурно. :@ Незнам дали ќе вежбам денес, преуморна сум. Од петок па се до 10ти март ќе јадам за појадок 2 овошја, а пред училиште 1 гранола на виталија или пак некаков здрав сендвич (две парчиња интегрален леб и салата) а потоа за вечера јогурт баланс една чаша или салата. А потоа од 11ти(од тогаш почнувам со 1ва смена на училиште) незнам дали да продолжам со ун диета, но не сум сигурна дали ќе имам резултати или пак да јадам од сабајле исто така 2 парчиња овошје, кога ќе се вратам дома да јадам кафеав ориз, компири, туна, грашок или слично (без потпршки) и за вечера салата или 1 чаша јогурт баланс.
    Нешто добро е тоа што немам проблеми со грицките (чипсови и сл.) и со газираните пијалоци. Нив не ги конзумирам, но затоа сум луда по благо, но ќе гледам да го елиминирам тоа со црно чоколадо (70% какао). :|
    И планирам да имам еден ден во неделата за мамење. Тој ден би можела за појадок да јадам пециво (штрудла), за ручек дома што има со леб и за вечера малку благо. Или пак не е добро така?
    Што мислите вие, како да продолжам? Дали би имала резултати ако ја почнам ун повторно за 2 недели или пак да си продолжам според режимот што го напишав погоре? И секако секакви предлози, критики се добродојдени. :)
    Повторно благодарам за читањето на овој подолг пост, но единствена утеха мислам дека ќе ја најдам овде.