(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Жени дајте некоја диета за доилки :D ми треба да симнам едно 5 кила ама неможам да чекам додека го одбијам малиот. Знам дека не се препорачува диета додека се дои ама јас и така имам доста работи тргнато од исхрана,проблем ми е само честото јадење. Работава е како даостанеш сит подолго време :?:
     
  2. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Со јадење повеќе протеини и зеленчук.
     
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.446
    Допаѓања:
    143.642
    Сега и очајни станавме. Тууу, партал не' направи :D
    Со сета должна почит на желбата за помош, не е лошо да покажеш и малку почит кон оние што ја користат темава.

    Многу жени престанаа да пишуваат поради твоите критики. Темата е наменета за поддршка и ако некој пишува тука значи дека му е важно да сподели или да добие поддршка. Ако некој сметаме дека јаде премалку - сите реагираме, ама постојаното повторување дека вагата не е важна нема никаква поента.

    И не можеш да тврдиш дека не е. Ако јас сум решила да слабеам само со диета и свесна сум што тоа значи за моето тело, не мораш да ми повторуваш на секое дека вагата не е важна. Јас сум избрала мене да ми е важна, затоа што напредокот го мерам според неа и облеката што ја носам. Ако имам изгубено 6 кила, не ми кажувај дека се само вода и дека бројките не се важни. Се додека се губи околу килограм неделно, ок е.

    *******************

    Шест недели, 6.5 килограми помалку. Ајде, нека се множат :D
     
    На mimiiiii, Glasna, Hipster и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Стеф е тотално во право мускулот и салото не тежат исто, како што веќе милиони пати е кажано. Може некој со 56 кг да е дебел и истиот со 66 кг да е фит.
    Не е битна вагата, битен е одразот во огледало.
     
    На StefChef му/ѝ се допаѓа ова.
  5. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Јас 2 месеци сум иста килажа но изгледот ми е каде каде подобрен,сум намалил на телесни масти и сум зголемил на мускули,што во превод е вин-вин ситуација за мене.
    За разлика од тебе јас не станувам и се мерам,иако го правам тоа на 15 дена да видам дали има прогрес и кон што води тоа.
    Се мерам со калипери и мерам колку % телесни масти имам и колку % активна маса.
    Јас сакам да се ослободам од вишокот масти,затоа што тоа создава здраствени проблеми,мускулите,водата и коските се есенцијални за живот,мастите исто така но во добра количина не премногу.
    Еве што сакам да ти кажам.
    [​IMG]
    А еве мој пример.
    [​IMG]
    Можеби сум со поголема килажа,но сум со помал % телесни масти.
     
  6. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.181
    добро Cтеф ти машко си или женско????Kако можеш тело на маж да го ставаш на иста бранова должина со женско тело.целта на постигнувањето е различна,затоа и на различен начин се вежба.Mојот дома ,вежба над 20 и кусур години и тоа интензивно,знам на тежина колку дига ,колку и како се храни,така да јас паралелно со него истото да го правев од храна и вежбање ,немаше да личам на жена него на шварценегер :emo: ...
    знам сакаш да се истакнеш дека имаш некакво познавање,меѓутоа треба пред се да видиш ако има некаква смисла со твоиве совети,што според мене во погрешна насока водиш..
     
    На Sudika му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.446
    Допаѓања:
    143.642

    Јас совршено добро разбирам дека човек со поголема килажа може да изгледа подобро и позатегнато од човек со помала килажа. Ама и треба да сфатиш дека жена од 70 кг која не вежба, не изгледа исто како што би изгледала истата таа жена што не вежба со 60 кг. Ова се обидувам да ти го објаснам.

    Сите знаеме дека вежбањето и правилната исхрана треба да се комбинираат, ама има периоди кога човек се решава замо за едно, или е повеќе насочен кон едното од различни причини - време, некој здравствен проблем и слично. И само со исхрана се решаваат работите иако со помал успех отколку во комбинација. Ама се решаваат.

    Јас се мерам секој ден затоа што ми помага да не претерам со јадење, а во моментов тоа ми е многу важно. Во вакви периоди со премногу обврски знам да посегнам по храна повеќе од реалните потреби, па вагата ме потсетува дека не треба да се опуштам. Не викам дека нема друг начин, ама мене овој ми е наједноставен, затоа и сум го избрала.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  8. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Разликата помеѓу машка и женска анатомија е минимална.
    Ако имаш стереотипи,слободно реши си ги самата со себе.
    Нема специјално дизајнирана програма за мажи и за жени,90 % од времето истата програма функционира кај двата пола.
    Јас ви дадов пример од интернет и сопствен,а вие веднаш користите аргумент дека има разлика помеѓу маж и жена.
    Единствена разлика што го прави маж од жена е вкупниот тестостерон,се друго анатомски и физиолошки е исто.
     
  9. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    За да не претераш со јадење јади повеќе зеленчук и протеини и спремај ги оброците пред да си легнеш.
    Измери ги,спакувај ги во пластични контејнери и носи ги кај сакаш.
    Така од прилика ќе знаеш што јадеш и колку внесуваш.
    П.С вежбањето е битно за зачувување на мускулната маса.
    За да добиеш 1 кг мускул треба да се измачиш 3 месеци,за разлика да изгубиш 1 кг сало е 2-3 недели работа.
    И ако немаш време побарај 7 минути вежби.
    Еве ти ги.
    http://www.7-min.com/
     
  10. srekaa

    srekaa Активен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2013
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    2
  11. mentalist.mk

    mentalist.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Да ви кажам порано ова ми беше една од омилените теми, после мој фитнес ден и мотивации. Не прошуштав ден да прочитам кој колку извежбал, и што постигнал. Ме мотивираа да вежбам повеќе. Сега читам само препукување. Неколку пати се обидов да прашам конкретно на кој начин да си ги намалам нозете и задниот, а од Стеф добив само одговор дека сум се здебелила. Последниот период ми беше многу напорен и ослабев уште, мислеам дека сама можам да си ги избројам ребрата на грбот, но задникот е тука. Иако сум свесна дека градбата ми е таква, па кога Џенифер Лопеа ќе ја видам без задник ќе му поверувам дека и јас некогаш ќе успеам да ослабам во тој дел. Темава стварно стана демотивирачка.
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.275
    Допаѓања:
    67.883
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се согласувам.
    Прво, целта на темава не е барање и давање совети, има посебни теми за тоа во диети и фитнес, туку секој кој е во криза да прочита мотивирачки зборови, да си напише нешто за денот и како го издржал, заедно да се бодриме и како што вели насловот, да си дадеме поддршка.
    StefChef има забрана за пишување на темава поради полнење со оф-топици на истата.
    Слободно продолжете си да си пишувате и да се поддржувате. :)
    Патем, кога сум веќе тука, јас ја почнав УН пред една недела можеби, почнав и да вежбам. Зимава не беше баш благонаклона кон мене. :( Ама нели, се се може кога се сака. :muscle:
     
    На Sudika, Golden, Markusa2 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.955
    Допаѓања:
    164.215
    Абе у мое време... :wasntme:
    Џаст кидинг.
    2 кг помалку, ама ... сакам уште, а немам сила за уште. :(
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.402
    Допаѓања:
    17.645
    Пол:
    Женски
    Сакам да ослабнам некое кило ама немам бре орбитрек.
    Се шалам и само барам изговори, ама не е лошо сега за осми март (не ми се чека до роденден) да ми подарат еден орбитрек. Не дека тоа е единствен начин за слабеење и здраво тело ама е нај едноставен и практичен, не мора да излезеш надвор да трчаш, туку си седиш пред тв и си вртиш :rofl:
    А исто така и ако стоиш во автобус се трошат повеќе калории (не се заебавам).
    Ама лето иде и ќе мора нешто да се превземе околу тоа. А и нервозата дебелее (или барем се тешам со тоа)
     
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.446
    Допаѓања:
    143.642
    Јас кога доев ја држев УН, ама почнав бебето кога наполни 6 месеци. Немав никаков проблем во однос на доењето, ама ако е помало бебето мислам дека е рано.

    Ако е само честото јадење проблем, тогаш најдобро е тоа да пробаш да си го регулираш времето од еден до друг оброк. Гледај да ти поминат по 4 часа најмалку меѓу оброци, и зголемувај го полека времето до кај 5.5-6. Или види ја осумчасовната диета, ако успееш да ја издржиш. Или диетата на ирена, и кај неа се води сметка за пауза од оброк до оброк.
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mentalist.mk

    mentalist.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Од мое искуство ти кажувам дека осумчасовната диета би ти била многу напорна. Сум пробала, но изводлива е ако наутро го земат детето па да поспиеш повеќе и да јадеш од 12 до 20часот. Доколку немаш помош и стануваш рано со детето е неизводливо. Кога веќе јадеш почесто јади барем помали оброци. Јас не јадев после 20часот, а најчесто вечерата ми беше овесни снегулки со јогурт или млеко и четири семиња. Тоа ме држеше до утредента. Секој ден правев овошни шејкови и тоа ми беше појадокот. Гледај да јадеш повеќе варена храна. Не знам дали си физички активна, но со дозвола на гинекологот се дружев со орбитрекот секој ден.
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.446
    Допаѓања:
    143.642
    Каков нарцис сум станала, не можам да се тргнам од пред огледало. Конечно почнав да личам на себе :D

    Оној БМИ индексон не е за џабе измислен. Кога ќе влезеш во категоријата на здрава тежина навистина изгледаш сосема пристојно.

    Четврти ден од втората серија на Жан Митрев. Уште утре, па следната недела ќе паузирам, сп надеж дека ќе внимавам иако изгледа многу тешко. Ќе бидам во хотел со ручеци и вечери секој ден.
     
  18. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Проблемот е што во моментов не сум физички активна не сум во можност поради малиот. Само орбитрекот му е мајката само му се спремам оддамна :D Доста беа одлагања треба да почнам. Колку ќе има резултати незнам. Ја разгледував диетата на Ирена по препорака на Ариел и ми изгледа најприфатлива вреди да се проба. Иако благото ми е проблем незнам како ќе го решам |(
     
  19. Princezicka93

    Princezicka93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Здраво сакам да ослабнам. Дајте ми некој совет што да правам гледам Џинџер чајлд е многу активна дали може да ми предложиш кој е најдобар начин?

    Фала многу
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.955
    Допаѓања:
    164.215
    Абе и јас едно време мислев изгледот во огледало и тоа што влегувам во фармерки кои не сум можела е поверно од вагата, ама ќе излажам дека не сум била посреќна кога ќе сум видела помала бројка на вагата.
    Овие податоци кои Стеф тука ги пишувал нема врска и немаат научна основа.

    А јас еве сега јадам портокал и си замислувам дека е пица.
    Не сум баш со сите периодов, ама еве си поставив цел. Се ќе јадам од дозволено и не дозволено, со тоа што ќе јадам многу често и ќе биде од здравото може и цел оброк, а ако ми дојде пред очи некоја пица, ќе биде максимум два гриза колку стрвот да си го соберам.

    Мајка ми почнала некоја данска диета, не знам дали ја имаме тука, сега ќе побарам, ако ја нема ќе ја поставам. (ја имало)
     
    На Golden и Dream-Girl им се допаѓа ова.