Моја препорака е да ја оставиш диетата на Жан Митрев бидејќи од тоа што си симнала-дупло ке се здебелиш,верувај.
Не ја гледај бројката на вагата, ако си ослабнала во обем е уште подобро, се приметува на тебе и ако си симнала веќе 20 кила можеби оваа ти е идеална тежина, ако си задоволна со изгледот во огледало. Или пак пробај некоја нова диета (УН, Аткинсова или пак смени ја комплетно исхраната) и повеќе вежбај. Јас имав пред некој месец 78, сега сум на 70 и по некоја случајност ми викаат дека сум послаба од лани (а тогаш имав 65) .Во секој случај ќе ја терам УН до крај, зашто сметам дека можам уште да слабеам.
Да,задоволна сум до некаде што се однесува на обемите пошто се доста намалени,ама ова не е мојата идеална тежина дефинитивно.Треба да симнам уште барем 5 кила да бидам задоволна Инаку УН ти е добра диета,баш со неа двапати симнував по 20 кила после бременост а Аткинс не би ја препорачала никому,ми направи хаос со здравјето.Јас сум ти стар диеталец со искуство Заврши ја УН супер е,стварно се слабее ама јас не можам да ја смислам веќе,здосадена ми е затоа барам алтернативи за побрзо слабеење.
Ох, од каде да почнам Денеска значи јадев многу, ама многу! Јадев корнфлејкс, една житна плочка(морав бидејќи лошо ми е, морав да внесам малку шеќер), после јогурт, па две сарми па кафе! Ај се тешам некако, дека треба да ми дојде утре-задутре, ама не бива, во четврток влегувам во 3 месец и ветувам дека ќе сум повеќе на зеленчук и овошје. Ветувам!
Со нејадење, не е решението. Така симнав три, а штом се вратив во нормала, качив пет. И се решив на УН. Денес ми е четврти ден, имам симнато три кила. Не се откажувам, минатиот пат издржав околу осумдесет дена ако не се лажам, ама сега одам до крај. Што сака нека биде, што сака нека биде. Вчера си јадев сладолед, оти нели јх ден. Сум заборавила која радост е да дочекаш јх ден. Ама еве, сега се потсетив. Инаку уз пат пешачам, шеткам, колку што можам повеќе.
Јас веќе 3 дена откако почнав да бројам калории. Симна апликација на телефонот и во неа запишувам се што имам јадено. Отприлика знам колку калории имам точно внесено само уште да си купам кујнска вага бидејќи со неа ќе имам поголема прецизност во мерењето на порциите. Искрено, незнам што да очекувам. Сакам да ослабнам 4 кг барем и се надевам дека за месец ипол ќе ги симнам. Одам на зумба 2 а некогаш 3 пати неделно, трчам 3 пати неделно по 15 минути (постепено ќе зголемувам), дома правам чучневи (тој 30 дневниот предизвик). Сега се мислам дали да почнам да ги правам тие вежбите од фемина за цврст задник и нозе или да почнам да одам на фитнес 2 пати неделно да вежбам со тежини т.е. на справи. И заборавив да кажам возам ролерки 2-3 пати неделно во зависност како имам време. Ваше мислење, дали треба да поправам нешто во мојот план, режим, нешто да додадам или исфрлам? И во најскоро време ќе почнам да скокам на јаже. А денес колку само се изненадив. Со јадење на само 3 локумчиња сум внела околу 280 калории. Леле луѓе за глава се фатив кога видов. Јас очекував најмногу 140 калории. Но ова...
Јас денеска изедов една житна плочка, ја купив од продавница за диетална храна Ох, грев врз грев Инаку, прегеска се мерев и имам изгубено 13кг, за неполни 3 месеци.
^ Девојче ти тоа сериозно?? :О Единствено нешто што имаш внесено во тебе денес е таа житна плочка што сигурно нема повеќе од 150 калории? Или покрај неа јадеше и овошје и зеленчук? Како и да е во двата случаеви правиш погрешно! Знам дека и јас не сум некоја кој знае колку запознаена со диети но сепак ти кажувам дека вака нема далеку да стигнеш. Почни да си јадеш нормално. Протеини, скроб, јаглехидрати (интегрален леб, интегрални тестенини, секаков вид на мешунки). Те имам читано и поназад и како што гледам на тој начин ти само ќе изгубиш вода (а не и масти, а тоа е тоа што ти сакаш). И плус нешто друго што е најважно, ќе си го расипеш здравјето. Со твоите постапки покажуваш дека воопшто не си запознаена со здрава исхрана и слабеење. Земи прогуглај малку, имаш тон страни на македонски јазик посветени за здравје и слабеење и содржат навистина корисни совети. Ти и покрај сите замерки од страна на феминките овде си продолжуваш по свое. Јас дојдов овде да ми дадат совет плус или некоја критика за мојот режим и план на исхрана и вежбање. Најдобронамерен совет престани со ваквиот нездрав начин на хранење(неможам да го наречам диета, бидејќи не е) затоа што во иднина ќе си патиш со здравјето.
^ Значи, јас мислам дека никаде не напишав дека на една житна плочка сум денеска, нели? Денеска јадев и месо, и зеленчук (зеленчукова чорба) и овошје сабајле.
^Па и ова е малку, најозбилно, да јадеше повеќе, но балансирано повеќе ќе ослабеше за 3 месеца.Јас пред две години за месец ипол ослабев 10 кг, а многу повеќе јадев од ова што го пишуваш.
Мене нешто ми се смачија диетиве. Толку што денес во емотивна криза изедов третина топол леб, во кола, чекајќи ги децата да завршат со една активност Генерално, не сум лоша, ама одам напред - назад, и никако да направам некоја драматична разлика. До сега можев да се стегнам и да завршам работа. Ќе видам уште оваа недела со жан митрев како ќе оди, а после може да удрам еден циклус седумдневна или да пробам нешто по мое, што сигурна сум дека нема да има резултати. Ме тепаат емотивни кризи, а тие страшно ми влијаат на линијата А нема ништо да биде поразлично во следните месец и пол.
Мене ми е уствари најтешко да го контролирам гладот додека сум на работа. Не знам дали на другите феминки тоа им се случува ама мене луѓе се нешто ми се грицка, само на храна мислам додека работам, не знам што да смислам за да го прекинам тоа. А кога ќе дојдам дома, гајле немам, можам до наредниот ден комотно ништо да не ставам во уста. :/
zdravo feminki jas sum nova za sjtot,ja pocnav un dietata, pa ke vidam kako mi odi, ariel jas koga imam emotivna kriza, ne jadam nisto gubam apetit za jadenje, ama kilogramite si stojat, zatoa sto sum sklona na debeleenje, koga se nerviram i koga imam nekoj stres.. taka da pomalku nervoza kaj mene pomalku kilogrami, a kaj tebe obratno.. inace i jas sum majka na 6 god dete, sakam vtoro, ama sakam malku da oslabam, pa da zabremenam,,
Девојки, ај малку помош... Не дека имам некој голем проблем со тежината, од секогаш си бев така ни многу слаба ни многу дебела, таман, ама сега можеби дека во пубертет и + 3 месеци пиев апчиња за прочистување на крвта (бидејки ми се појавуваа акни на лицето, грбот, градите) и од нив се поправив... И сега имам сало на стомакот и на нозете целулит и стрии , и во лицето се познава дека сум здебелена, мислам во образите . Почнав да се хранам поздраво, да вежбам и да пијам многу вода, па се чувствувам малку подобро сега. Прашањето ми беше, дали за 3 месеци ако продолжам вака можам да се вратам во иста форма како што бев? И уште нешто, правам по 400 стомачни на ден најмалку. Ако правам вака секој ден до на лето има шанси да ми се оцртаат барем малку стомачните мускули?
Ми се смачи од диети. Жан Митрев е супер за преку недела, ама за викенд, мајко мила. Периодов сум нешто емотивно растроена, со милион рокови што ги каснам и 1000 зошто, а ниту едно затоа во главава. И барајќи ги одговорите, не можам да не посегнам по нешто благо. Морам да издржам. Уште месец и нешто сигурно ќе биде вака, ако не и повеќе. Ама како, кога немам сила. Да биде бељата поголема, брат ми ќе дојде следната недела. Сигурна сум дека ќе морам да го шетам по најважните знаменитости по градов, како апче, шехерзада, пелистер, џино, и по дома торта од перфето и колачи од лапетит. Додека јас седам на работа и калапам целулит на задникот, тој ќе истрча 20 км и ништо нема да му се познава. Од гастрбајтерите човек не може да пркне, само некој доаѓа и пати по македонска храна. А ја што се погодив една атерџика, глава кршам - атер не кршам. Мора да се испоштоваат луѓето, па не се секој ден тука.
Абе од понеделник до петок нема проблем за воздржување.Само со овошје можам да издржам ...Ама кога ќе дојде викенд шо да ви кажам ..Јадам од чиста стрвост и се дадокнадувам ....Како да се воздрќам бе? Совет некој?
Значи овие денови колку благо ми се јаде Стварно неможам веќе, мислам досега не сум направила прекршок, не сум апнала благо или нешто друго, ептен ми сака душичката благо, ама тоа е, ќе терам така додека можам.
Не се измачувај ,ќе мислиш се на тоа верувај Касни си нешто благо нека ти помине од ум а и едно мало чоколатце или тортичка не е којзнае што,па после тоа терај си пак како што мислиш