Jaс пак наопачки. Штом гледам слики на интернет, некако најадено се чувствувам. Ќе глеам слики и веќе сита сум. Што ми е? Ако видам една слика, ми се јаде, ама ако продолжам уште слики да гледам, таман ми е. Ко прејадена. Не знам како да се настрвам. Пробајте вака, па ако сум ве зезнала... не знам што да ви кажам. Гледајте слики, се' додека не ви се одјаде. Само не ме пцујте, во случај на контра ефект. Иначе, со ун, 5 кг за 10 дена.
Еве ме и мене уште сум тука За месец дена симнав 4 кила со три недели Жан Митрев и една недела некоја моја исхрана додека паузирав.Вчера почнав уште еден круг од Жан Митрев па после ќе видам,во април имам неколку родендени,па Велигден,ама стварно сум решена да го симнам вишоков па ке видиме.Во сабота ке пишам резултати од оваа недела,се надевам барем кило ќе симнам
А бе женски мене тежинта ми е таман,ама што вели мама имам гуми околу стомакот. Епа како да ги изгубам гумите .Стомачните некако тешко одат. За диети мала сум.
Неема потреба од диети.Вежбај си,здрава исхрана и воода и резултатите ќе бидат видливи после 2 недела обавезно. Иначе, јас кај и да е ќе се мрднам.Кризи по благо, по мрсно пржено, по нездраво ме акнаја по глава .Хистерија ќе фатам готово.Али се воздржувам некако, зашо ако и барем малку каснам, за мене тоа ќе биде пропаст.Ќе се фрлам на гнетење одма после првата коцка чоколадо пример.Гревови суум, ненаститно дроцле.
Цветето, за диети може си мала, ама не си мала за здрава и правилна исхрана. Тоа значи на школо на голем одмор наместо пакетче чипс, изеди јаболко, наместо смоки изеди круша. И спортувај. Пешачи,трчај. Барем во тие години имате време за се,а богами еден ден ќе си бидеш благодарна што навреме си вовела квалитетен начин на живот. За спојлерите околу стомакот, ако толку ти сметаат, само хулахоп му е мајката. Купи хулахоп и врти, има да се обликуваш супер. Туку јас дојдов да ве прашам нешто. Секогаш сум имала нормална тежина, на периоди сум варирала со некое кило плус минус, ама ништо значајно. Пре две години се разболев од една доста тешка болест и поминав 3 месеци врзана за кревет. Од тогаш ми е забрането бавење со спорт, па ова резултираше со плус 15 кила верувале или не. Се ова ми дојде како шок, од 55 на 70кг. Пред месец и пол решив дека е доста и започнав со промена на режим на исхрана. Здравата храна во комбинација со броење калории доведе до минус 6 кила. Е сега тука е проблемот. Тие минус 6 кила, се она што го покажува вагата. Јас воопшто не се чувствувам дека сум ги изгубила. Облеката ми стои исто, во огледало се гледам исто, а вагата покажува минус 6. Другарка ми има многу убава дигитална вага која мери и грамови, па цело време се вагав и кај неа и исто покажува, така да исклучена е можноста дека вагата е расипана. Знае некој зошто е ова вака? Мотивирана сум, ќе продолжам со внимателно слабеење ( значи не повеќе од 4 кг на месец) зошто мора да внимавам многу на здравјето, ама ме интересира дали и некој друг се соочил со ваков феномен?
Спојлерите за жал најтешко се губат, јас веќе 5-6 месеци сум на режим и вежбам имам ослабено во килажа, лице, нозе ама тој дел не можам да го мрднам. Може ова до мојата градба е само, пред 2 години скрос стомакот го намалив рамен ми беше дури почна и да се стврднува ама спојлерите исти.
и јас го имама истиот проблем веке 1 месец одам на теретана 20 ми трчам на лента а 1 час вежбам и тоа само вежби за стомак и подигање на позадината имама чуство дека и 1 година да одам нема да ги намалам перниците внимавам на исханата а од утре ке почнам да вежбам и со тегови стомакот ми е камен тврд а салото усте си стои врз него од трчањето на лентата нозите ми се преслаби незнам како да ги намалам спојлерите уффф
Среда-катастрофа ден,буквално катастрофа. како и на училиште, така и дома.Се фрлив на јадење денес, скроз ме мана на психа се шо ми се дешаваше и ми се собра денес, и имав потреба да јадам.И не се каам којзнае колку, 1 ден во неделата нема да смени ништо, а јас се чусвтвувам посреќна моментално,а би требало да се каам. како и да е, денес ден за одмор, па од утре почнуваме пак со нови сили. Spoiler многу ве мотивирав,знам.
Ауууууу, една денеска што ми кажа, значи многу се разочарав, ама на , заинат ќе држам диета и ќе и докажам! Смрдла!
Инаку почнав да бројам калории од понеделникот засега добро ми оди. Почнав на фитнес (теретана) 3 пати неделно, на зумба 2 пати неделно и дома ќе почнам да правам кардио вежби од интернет. Нешто времето не е погодно баш за возење ролерки или пак трчање и плус дома скокам на јаже. Уф, денес имам страшна мотивација! Ах, вака само да продолжам
Утре ми е 10ти ден како пазам на исхранава, т.е се хранам здраво, пијам многу вода и гледам да не ја мешам хранава, пример протеини со јагленохидрати, и до сега дека сум ослабнала 3 кила, што е добро како за почеток. Си правам некоја своја диета, гледам секој ден различна храна да јадам, нешто слично како УН диетата што е. Само треба почесто да вежбам, за овие 10 дена два пати трчав по кеј и еднаш вежбав дома. Барем се движам почесто овие денови иако од петок решена сум и да трчам почесто, мотивирана сум ептен за да ослабнам Spoiler Незнам само како успеав да одолеам и да не ги пробам палачините што ги правеше дечко ми завчера. Па уште купил и нутела крем Може не учествував јадејќи ги, ама барем ги мачкав со кремот, банана и мелени ораси, и си реков ќе јадам кога ќе ослабнам (ова намерно го ставив во спојлер)
имам 70 килограми а сум висока 170 така да сакам да ослабам 10 и да станам 60.... што мислите ако јадам овошје (суво, свежо), зеленчук (замрзнат, свеж, салата), пијам многу вода и зелен чај со лимон и трчам секој ден за колку време ќе ослабам ?
^Па за месец два би требало да ги симнеш (зависи до организмот), не е голема бројка, ама ако бидеш ептен посветена во слабеењето.
За 2 месеци гарант Ама добро како што кажа Мона зависи и до организмот и како и колку ќе се придржуваш Јас за 2 месеци симнав 10кг со УН диетата и сеуште ја држам
Да и јас тоа го кажав и јас не мора да губам тежина туку треба да ги изгубам спојлерите.Или мама како што вика гумите за пливање. Висока сум 16о цм и имам 50 кг. На почетокот на школската година бев 153 цм и 43 кг. Ама на големите одмори за на школо ми треба храна богата со јаглехидрати.Красани,благо и сл. Инаку никогаш немам вртено со хулахоп,па сега ќе пробам. Фала многу. Мими123 ќе го пробам и твојов план! П.С. Долго време нема јадено чипси и смоки. Некако ги откажав,е сега и благото да го откажам треба или во најмала рака да го намалам.Пробвам на 2 дена по малку благо,ама некако не оди .
А почнав Аткинс диетата, денес ми е 5ти ден. Не ни осеќам дека сум на диета, освен нормално шо ме фаќа страшна и болна криза по благо и за чудо по некое овошје (а никогаш не сум го сакала овошјето!). Значи јас сум нулта негатив крвна група, незнам дали е до тоа, ваљда има удел и тоа, ама сум месар у душа, сакам секакво месо, не дескриминирам мевце во никој случај - пилешко, телешко, свинско, зајачко, јунешко и тако даље. И гледам дека не ми е проблем секој ден да го јадам само со салата и некој сос од зеленчук, ама ич не ми е, дури и едвај чекам утре пак да дојде, некој нов сос да направам и нова салата со мевце. Е вака сега, пошто имам повеќе кг за симнување, се решив прво со Аткинсот, пошто за 5 недели верувам дека ќе загубам повеќе кг, за да после продолжам со вклучување само мал број на јаглехидрати, и секако повеќе овошје. Сега моментално, мојата исхрана се состое само од месо, риба(панга најчесто јадам пошто имам уплав од коски), конзерви туна во маслиново масло, јајца, многу зеленчук, јогурт, печурки, чаеви и вода. Не пржам ич, или варам или печам, со extra virgin olive oil, и со ептен малку сол, други зачини не ни ставам, освен чат пат вегета. Салатите и рибата ги поливам со малку лимон, наместо со оцет, пошто така со години сум научена, уште од кога одев на нутриционист. За појадок јадам јајца, или варени, кајгана или на око, зависи како сум расположена, со мало филџанче јогурт, или па само јајца, или јајца со една-две виршли. Многу често и немам време за појадок, па само на горко кафе, и вода сум до ручекот. А за ручек имам месо или риба, со салата, и некој сос ако имам време да си направам од домати, печурки, лук, кромид. Вечерата ми е исто како ручекот, некое мевце, или една туна, или па риба парче панга со салата а некогаш ако не ми се јаде само ќе сварам две три јајца со малку сирење. И пијам многу вода и зелен чај. Денес ми е 5ти ден, а прв пат ја држам диетата. Зборував со мојот матичен и тој беше против да скрос ги изоставам јагрехидратите, ми рече еднаш у недела овошје да сум јадела или една рака макарони само, но нема шанса, 5 недели ќе ја држам Аткинсот баш како што треба, пошто ми одговара и се додека, не дај боже не осетам дека нешто не ми штима, да ми се лоше, или нешто слично не ја прекинувам - ептен ми е по мерак. И да кажам само дека сувомеснато не планирам во првите 2-3 недели да јадам, ептен ако ми дојде преку глава од риба и месо, шо не верувам, може последната недела после да почнам по малку да јадам, а може и ич, ќе ме известувам како ми оде. Кога ќе испаднам утре, ќе одам да си купам витамини-апчиња, Ц и Б само планирам, пошто не јадам ич овошје а без Ц витамин нема шанса. Единствен проблем у целата ситуација ми е кафето, мајко мила, ужасно ми е, горко и црно, без млеко и без шеќерче. Ај некој шо ја држел диетата да ми пише, дали ако го пијам кафето со малку натрен ќе биде проблем или не? Млеко секако нема шанса. И тоа е од мене. Најлесно е кога сум во ресторан со оваа диета, има најголем избор, со мерак да испаѓаш.
Јас имам уште 16кг за симнување, ама никако неможам да се откажам од млечните производи. Ќе гледам од утре понатака повеќе да сум на овошје и зеленчук, а да, си купив и зелен чај И страшно, ама страшно многу ми се јаде благо, ама нема шанси да си дозволам да апнам.