(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Bohn

    Bohn Активен член

    Се зачлени на:
    5 април 2014
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    7
    Некое време сум на режим на здрава исхрана и добро ми оди.Исто и физичката активност ми е на ниво :)
    Иначе, ќе прашував дали семките дебелат?Сончоглед знам дека е ептен калоричен и дека не смеам да грицам, не барем сега, али за семките незнам.
     
  2. mala-srnicka

    mala-srnicka Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    24
    Феминки со оглед на тоа што веќе одреден период сум физички активна,теретана,зумба и дома вежбање, ве читам и искрено коса ми се крена!
    Разбирам дека сите сакаме да симниме по некој кг да имаме убаво тело...
    Но!
    Она што ме преплаши е сите вие што сте на таа ун диета.
    Да сте мали деца ај ќе си речам ве излажале.Но гледам и феминки кои одамна ја поминале фазата на пубертет. Диета како диета е да намалиш јадење нездраво да се фокусиаш на здравото.
    Оваа ун диетата до кај што отворив се ужас ефекти начекав,секоја чест како издржувате цел ден само со овошје и зеленчук.
    Али немој да ме убедувате дека како доаѓаше 29ти ден од диета или нз кој по ред цел ден само вода пиете.
    Мислам сериозни сте?!?!?
    Минимум триста здравстевени проблеми ќе имате... Немате доволно внес на витамини и минерали.
    Секој организам е различен али дека со прегладнување и со раце тресење ќе ослабите,секоја ви чест на паметот.
    Времето се стоплува,ако не нешто отвори видео на интернет зума и скокај дома,купи си јаже и пред зграда/куќа скокај а за поабмициозните теретана и зумба според мене.
    Јас за 25 дена 5 кг симнав и тоа ЗДРАВА ИСХРАНА И ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ.
    Значи си јадев нормално тоа што е здраво (исфрлив леб од употреба,грицки чипс благо сокови ) и толку!
    Не знам јас со кој ум само ја правите диетата.
    Сепак само прашувам,и пак ќе речам секој си знае за себе но размислите и посоветувајте се со лекар колку голема грешка прајте.

    Мрднете го газот од пред лаптот,налет се има згодни момци у теретана,типки на зумба кој само ќе ви бидат мотив до подобар резултат.
    Среќно!
     
    На supersonic, Bohn и miljkovic им се допаѓа ова.
  3. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    Бидејки се разбудив многу рано а немав време уште одма да си спремам доручек, си каснав една краставичка.

    За доручек ке имам варено благо млеко и бискоти. За ручек ке конзумирам тоа што ке го има на работата, без леб. Во умерена количина.

    Не држам никакви диети, гледам само леб, газирано, благо да ги одбегнувам. А останато во умерена количина да го конзумирам, помали оброци.

    Здравје од утре трета недела ке почнам како внимавам на исхраната, супер!!! :clap: Морам да признаам дека се чуствувам многу подобро, до пред 2 недели имав потешкотии да клекнам и да станам брзо сега е веке многу подобро, спољерите ги немам... 2 а понекаде и 3 цм ослабена во обем... мотив... за 2 недели ке се мерам повторно во обем да видиме колку... :)
    На работа сум постојано активна, мислам дека тоа ми е плус, бидејки работата не ми е во седење.
     
    На Ammy.Lee и Lacrimosa им се допаѓа ова.
  4. lovehappiness

    lovehappiness Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    5
    Денес и вчера имав криза за благо и во секој момент мислев дека ќе се откажам и ќе се препуштам на едно 100 грамско чоколадо.. Па и не баш :lol:
    Изедов 2 реда чоколадо со бадеми вкупно па така јас веќе си го искористив денот за мамење (требаше да биде утре, но дека неможев да се стрпам и оваа недела го искористив порано). Инаку сум болна и сум на антибиотици, расположението ми е катастрофа и давам се од себе да продолжам, се мотивирам на секакви начини, не сакам да се откажам! Исто така денес јадев и слатко од смокви па си ја задоволив желбата за благо..
    Во одредени моменти мислам дека имам накачено 1 кг поради тоа што вчера внесов околу 1350 калории, а вообичајно внесувам до 1200 калории. Но, сепак некако продаоѓам нешто добро во сето лошо.
    За 2 недели симнав 2 кг, незнам дали денес да се мерам или во понеделник. Сепак официјалните податоци ќе ви ги соопштам во понеделник.
    Еве една мотивација за сите што имаат моменти на слабости како мене..
    Победници не се оние кои што никогаш не грешат, туку оние кои што никогаш не се откажуваат!
    Едит: Заборавив да додадам дека одам на теретана 5 дена во неделата, вртам јаже по 8 минути дневно, правам вежби дома за стомачните мускули а дека веќе нема да можам да одам на зумба од наредната недела треба да додадам плус кардио вежби од јутјуб (некако со тоа што вежбам се тешам дека можам повремено да внесам и до 1350 калории дневно)
     
  5. Grejsi

    Grejsi Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    73
    Да се приклучам и јас во ова друштво.
    Ваква е мојава состојба, целта ми е да ослабам 3-4кг, ништо повеќе, почнав да одам на фитнес минатата недела, гледам да пијам колку што можам повеќе вода, да избегнувам леб и благи работи. Не можам да држам некоја строга диета со определен вид на јадење бидејќи имам слабо железо во крвта па морам да внесувам определени продукти секој ден.
    Е сега, најголемиот проблем ми е што да јадам на училиште? Овај месец сум попладне и навистина не знам што би можела да јадам.
    Некоја препорака? Само да не е банана бидејќи навистина не ја поднесувам :!:
     
  6. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Имаш многу убави садчиња за храна,еве најефтини во Џамбо,земи си некое што ти одговара и можеш да си припремаш мусли со млеко/јогурт,овошје...
    Исто,банана миксана со корнфлејкс и чиа е нешто превкусно,иако е банана. :lol:
    Прави си smoothies,сигурно имаш некој соодветен сад,шејкер по дома,ама ете исто има и по Џамбото и такви.Изблендај што имаш при рака,плус зелените се многу поздрави,и полни железо....
     
    На Grejsi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Чисто информативно, само ќе си преведете :)
     

    Прикачени фајлови:

    • large (14).jpg
      large (14).jpg
      Големина на фајлот:
      60,7 KB
      Прегледи:
      322
  8. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.525
    Пол:
    Женски
    Се двоумев дали да пишам тука, зашто во последно време на кого и да кажам, добивам негативни критики заради начинот на живот и исхрана.
    Прво да кажам дека целта не ми е да ослабам толку колку што ми е да сум поздрава и полна со енергија.

    Отприлика можам да кажам дека сум веган поголемиот дел од времето. Млечни производи и јајца не јадам, од месо јадам само пилешко, и тоа многу ретко, а понекогаш јадам риба (повеќе од причина што не живеам сама, па не можам секој ден да готвам посебно за себе.). Јадам најмногу свежа храна, не јадам чипсови и слични грицки, никакви тестенини, леб, пици и брза храна. Тоа не значи дека јадам само овошје и зеленчук и ништо друго по цели денови, туку имам прилично разновидна исхрана и внесувам се што му е потребно на организмот во еден ден. Ако некој е заинтересиран, а блогов има еден куп рецепти од кај што си готвам најчесто http://deliciouslyella.com/

    Пред да почнам со ваква исхрана, јадев слично два месеци, само јадев и млечни производи и јајца, и повеќе месо, па малку по малку ги исфрлав. Исто така, не пијам алкохол, не пушам, вежбам јога и рандом вежби, зависи за што сум расположена дента, одам на масажи и спијам доволно.

    И можам слободно да се пофалам дека подобро никогаш не сум се чувствувала. Количински јадам многу, и не се оптеретувам со броење на калории, ниту со килограми, се мерам еднаш на две недели отприлика, а не само што слабеам и се гледаат промени на телото, туку и имам многу енергија за се.

    Знам дека звучи тешко, ама после којзнае колку пати измачување на организмот со диети, гладување и прејадување, јадење глупости, успеав да најдам нешто што ми одговара.

    А да, и не би ми пречело да стигнам до 60 килограми, моментално имам 64, ама не ми е приоритет.
     
    На macence85 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Да затоа Стеф 10 години се занимава со нутриционизам,вежбање и е посветен на својата цел.
    Да стане еден од подобрите тренери во Македонија.
    Не знам кој тука зборува за наука,кога цитирам студија или истражување ќе ме блокираат.
    Моето мислење на темава остана исто.
    Џабе ви се диети.
    Ова е животен стил,бара нега и дисциплина.
    Не е краткотрајно решение.
    Ако тебе вагата ти е мерило за изглед,слободно.
    Мерило за изглед е твојата лична перспектива за себе.
    Ако си задоволна со 60 кг ќе бидеш и со 65 ама ќе изгледаш подобро.
    П.С џабе ви е цело блокирање.
    Ме блокирате затоа што имате различни ставови на темата,а подржувате сосема алтернативни начини на размислување.
     
    На Elence93 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.525
    Пол:
    Женски
    Стеф, океј е, chill. Цело време си офтопик, смири се.
    Не мора сите да се согласуваат со тоа што ќе го кажеш, едноставно прифати дека неои работи не се исти кај сите луѓе. Тебе можеби те прави среќен физички изглед, некој број на вагата. Може заекогаш да се расправаш со сите и пак нема ништо да постигнеш. :)
     
  11. lovehappiness

    lovehappiness Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    5
    Да се исповедам малку... КРИЗА ЗА БЛАГО!! После 15 дена здрав режим почнав да попуштам. Овие 2-3 дена постојано поткаснувам нешто благо, посебно слатко од смокви, неможам да му одолеам. Треба да научам еднаш засекогаш да се контролирам бидејќи не сакам во вода да ми падне вложениот труд. Се молам да немам накачено некое кило.
    Ми треба совет. Наредните 4 недели сум 2ра смена на училиште од 1ипол до 7ипол два пати неделно, два пати неделно сум од 1ипол до 6 на училиште и еднаш неделно сум од 1ипол до 7 на училиште. Незнам што да јадам на училиште. Предлози? Инаку се будам околу 8-9 наутро.
     
  12. pato

    pato Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Штом стануваш во 8-9 доручекот ти е веројатно околу 9 и пол, што значи можеш околу 12 и пол да имаш ручек а во школо да имаш околу 3 и пол, 4 ужинка. Moже да бидат пуканки,јаткасти плодови,салата.
     
  13. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    И мене какви кризи ме маваат, тоа страшно нешто :D
    Сеуште сум -16кг, никако ни грам да намалам, ама не се откажувам :)
     
  14. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.353
    Oк ли се овие за ужина на работа, зашто ме држат сита, ама ме плаши да не имаат многу шеќери, па секојдневното јадење да премине во кг плус? :D
    [​IMG]
     
    На Dvolicen и nikiiii им се допаѓа ова.
  15. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    За вечера си спремам супа со таратора. Без лебче. Приметувам веке резултатииии, особено во делот на стомакот, нозете. :)))
    многу сум мотивирана и никако нема да се одкажам. Јас имам бајги за симнување, 30тина кг уште.

    Него, да ми дадете совет , вежби за бутовите?огромни ми се ;(
     
  16. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.149
    Nајмногу се нервирам што имам 5-6 кг вишок и со години не можам да се доведам до ред.
    Имам некој чуден метаболизам, храната многу слабо ми се вари и проблемите со стомакот се огромни.
    Пробувам овие неколку дена да внимавам, и за момент вагата може да покаже -2, па утредента тоа да се смени.
    Страшно фрустрирачки!!!!!!
    Во план сум да почнам со здрава храна, односно смуди да пијам насабајле па да ве прашам од каде набавувате бадемово млеко?
     
  17. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Немаш чуден метаболизам.
    Немаш правилен начин на исхрана и активност.
    Метаболизмот кај секого е ист,разликата е минимална и се движи од 10 %.
     
  18. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Јас не се расправам,сакам да помогнам на луѓето.
    Мојот начин е тој искрен и точно на поентата.
    Кажувам од искуство,не од истражувања кој ми даваат само прирачник за што треба јас да правам со своето тело и да го тргнам тоа што не функционира.
    Ниедна “диета“ не функционира,а тоа е затоа што резултатите се краткотрајни.
    Јади само 500 калории секој ден и ќе ослабнеш да,но после кога ќе се вратиш со јадење од 3000 калории дневно,се што си направила е само гоење.
    Треба умереност и стабилност.
    Фитнесот е животен стил,не е краткотрајно решение каде што вагата ќе ти покаже помалку и ќе се израдуваш што водата си ја изгубила.
    Ако е така земи исечи ја косата,земи лаксатив и диуретик и утредента ќе ти покаже и 3 кг намалени.
    Бидејќи 65-70% од телото е вода лесно е да се манипулира со неа.
    Тешко е да ги согориш резервите мастите,кој требаат време.
     
  19. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.525
    Пол:
    Женски
    Јас разбирам тоа се, и се согласувам со тебе. Само реков дека нема поента расправија која не води никаде и како и да е нема на нникого да смениш мислење. :)
     
  20. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Се иде чекор по чекор.
    Не велам дека ќе сменам нејзино,но ќе сменам нечиво мислење.
    Тоа ми е целта,не ми е целта да го сменам мислењето нејзино,доволно е едно кое е браво за мене.
    И не ми беше љутината за тоа,туку ми беше за тоа што селективно блокираат луѓе на форумот.
    Зашто имам различен став и веднаш блокирање.
    Разбирам дека сум претерал,но секој си има право за свое искажување на одредена тема се додека држи вода.
     
    На DAngel и crimson им се допаѓа ова.