Мелани знам само дека за секоја диета е препорачливо да се направи мала пауза, доколку пак сакаш да ја повториш, пошто и не знам колку е здраво за организмот да веднаш почнеш со друга, пак и поригорозна диета. Пошто завршуваш со овошен ден посебно тоа ќе е шок мислам да одма нареден одиш на некоја екстремна диета. Направи пауза или види диета која првиот ден нема да е ептем строг. Во советите од УН нели има за ова посебно. А, за понатаму, откако ќе ослабеш довоно гледај придржувај се до овој на УН режимот, ако можеш со тоа што нема да е толку строг да се лишуваш од буквално се, да јадеш во таа количина во која е даден, него просто да не мешаш некои јадења.
Тинкербел...па до денес имам симнато -17 ама сакам уште, уште не се чуствувам добро. Инаку таратурот ти е салата а ти ако си на ун диетата можеш да ја јадеш само во протеинскиот ден(ама не во комбинација со др. продукти освен со др зеленчук) Жапче, потполно си во право, но според диетата треба 3 месеци да правам пауза...а баш тие 3 месеци се лето . Јас сум презадоволна до сега, ама сеуште не сум стигнала до моментот кога ке се чуствувам убаво во своја кожа... мислев да продолжам со овој начин на исхрана, ама повекето од главните јадења да ми бидат само салати во комбинација со млечни продукти или по некое варено јајце....и така барем до крајов на месецов. Појма немам...може и во овие 10 дена ке се случи чудо....
леле туго моја ми се згрози од маруливе...... ! тоа ги правам само со 1 лажица маслинов зејтин, без сол, бутам бутам, да се набутам наврзинка ! Aма ајде, уште денес ќе издржам утре фала богу патлиџан ќе внесам! и веќе не правам по 3 дена, туку по 2! т.е ако не ми се згрози по 3, ако ми се згрози по 2... ох, мори мајко! ајде феминки ако имате некои предлози дајте ми, јас сум исцрпена со идеи веќе! п.с морам да ви кажам дека уште денес ве дружам, морам да учам овие 2 недели, и после свечено се враќам, можеби видно ослабена ! фала ви на сите до една навистина ми бевте голема поддршка деновиве
Мислиш имаат 200 калории. Не не мислам 200...20 го кажав онака на шала, ама имаат мнооооооогу помалку од 200...бејк ролсот е 270, а овие ич грамски стапчиња имаат многу малку........ И бтв од кај ти е податоков ?
неее бејк ролсот на 90 грама со лук има 390 калории а на 90 грама со спанаќ 360 http://www.livestrong.com/thedailyplate ... ake-rolls/
Лудо бе, баш гледав минатиот пат на тие со пица, на 100 гр некаде 300 и нешто, а тие се по 75 грама... Пред една недела баш истражував...се мислам така беше, на нив пишуваше, не со вакви пресметки.. Ама соленките на вики сигурно немаат 200 калории, затоа што не се исти со останатите соленки, мене доктор ми го кажа ова, кога беше внук ми во болница, не смееше ништо да јаде, некој режим, диета му фураа и само соленки вики му даваа надвор од режимот, и тој ми кажа дека заситуваат а имаат многу малку калории, и се погодни во секоја диета... На нив не пишува калории, а неможеш тука да ги водиш како соленки, затоа што пак ќе кажам не се ист состав со останатите...
Да се пожалам.. Земам јаболка да јадам сабајлево, доручек нели. Ја измив, седнав да учам и си гризам по малку. И одеднаш чуден вкус. Што да видам, сакапана.. Ми се згади, одвратно. А многу убава беше од надвор. Си бев купила 2 за 90 ден. Како по сериине што им стојат во кујна беа. Ова за памет. Отсега ќе ги сечам. Мелани27 уште едно прашање ветувам Вежбаше редовно? Јас вежбам, ама неможам секој ден. Замарам знам
Вежбав да ама не секој ден... пр во текот на циклусот не, зашто имам големи болки...тоа се 4 дена ...2-3 пати неделно во просек...ама мене и работата ми е малку исцрпувачка.(посебно минатиот месец) па така надокнадувам до некаде
Започнете со вода! Пред оброкот, напијте се две чаши вода. Пиењето вода пред оброкот ќе ве засити, па со тоа ќе внесете помалку храна во вашиот организам, што секако, ќе ви помогне да ослабите! ^Во 20 страни го читам ова, а една феминка кажува да се пие вода 30 мин. пред. Сега што е корисно...
Вода не се пие минимум 20 мин пред и 30 мин по оброк, затоа што го разредува желудочниот сок пепсин, кој ја вари храната, и со самото тоа што се разредува сокот, потешко ја вари храната, и го успорува метаболизмот... Според ова пожелно е и да не се пијат и други течности како сок за време на јадење, суштината е таа, се создаваат многу проблеми...
Како бе не се пие вода за време на јадење? Мене пак ме учеа обавезно да пијам вода за време на јадење - а уствари јас поинаку и не знам да јадам. И сега? Морам да залеам со вода, пошто инаку ич не ми лизга низ грло, ми заглавува Плус јадам ко желка, и со тоа помалку јадам. Супер начин на диета Сега нешто прочачкав на нет, и стварно сум збунета. Не дека е битно, ама се исплашив дека треба да менувам цела навика на бавно јадење и залевање со вода, затоа што јас поинаку не ни знам. Spoiler
Па тоа и јас се мислам, ако не треба да се пие течности пред, за време и по оброк, која е тогаш логиката на супа за предјадење?
^ Или чорба за главно јадење...?! Инаку мене докажано, течност од типот на вода, сок, пиво, вино итн, за време на оброкот и непосредно после него ми прави тегоби во желудникот, а за пиење пред јадењето, не сум почувствувала некои маки.
Јас пијам вода пред и за време на оброкот. Ја одбегнувам после јадењето, како што пиша Енца. Слично како и Пирамид, не можам да јадам без чаша вода. Или две. На тој начин желудникот се полни побрзо и создава илузија дека е најаден, дури и со дупло помалку храна.
Mене многу ми е тешко од како ке се најадам,и мала количина да е,ме надува и после ми е тешко,не можам да си легнам,дури не ми се спушти храната Aма се чуствувам ослабена,навечер воопшто не јадам,сега јадев во 7(вечерав) сега е 10 и уште ми е тешко на стомаков
Точно, навика е навика, ама има и одвика Шала на страна, мене многу ме интерсира пустиов нутриционизам, се нервирам што се навлеков и нон стоп читам, и проблем ми е дефинитивно, внимавам и премногу, ама еве не тупам за се и сешто, ама ова се потенцира како една од клучните грешки во исхраната, и при диетите, затоа и ви потенцирав... Сега која е логиката на супа или чорба, значи тоа ти е јадењето кое го конзумираш и кое треба желудникот да го свари, оброкот кој треба да го имаш, е сега како што кажав, со внесување на дополнителни течности, се разредува пепсинот, и нормално потешко е да вари... Е сега, навика е навика, јас ова го дадов како информација, за сечие добро, кој сака кој може нека се придржува, би било добро, а кој не, здравје . Трендафил , чувство на ситост исто со бавно јадење се постигнува, немој да пиеш многу вода, за почеток само намали, па ако можеш ќе се откажеш скрос... Значи Пирамитке, бавното јадење е супер, со бавно јадење, добро изџвакана храна секогаш ќе имаш добра линија, само ова залевањето на храна со вода, создава проблеми, порано или подоцна, малку по малку одвикнувај се... Ете, јас неможам да јадам бавно, лапам ко да не сум видела, и тоа големи залаци, и мака мачам, дури бројам одреден број пати, 20 да го изџвакам залакот, за да се контролирам едвај успевам, маки, маки мачам.. . Едит - Пирамитке сега видов во спојлер, и се зачудив, затоа што скоро и да нема некое предавање на кое сум била, или книга од оваа област прочитана, а да не спомне да не се пие вода пред и по оброк, баш ме зачуде со ова...или јас сум у заблуда после толку читање на темава, или ова е некоја збунка... Логиката, пак ми ми оди натака, ако пепсинот и неговата концентрација се клучни во варењето, ако се разреди, по логика му е отежната функцијата... Ху ноуз, тогаш, најдобро е на кој како му кажува организмот....
Јас се навикнав на бавно јадење - една краставица ја јадам 15 мин. и едвај можам да изедам нешто друго. Ситост одма почуствувам. Бројам до 20 да џвакам, инаку ако не бројам заборавам и за 5 мин. ајмо све у желудац. То е. Јас веке 3 ден не пијам вода помалку од 30 мин. пред јадење, засега е океј али читам насекаде ПИЈТЕ ВОДА, ПИИИЈТЕ пред оброк...